IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Ракополагање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ракополагање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Ракополагање
    Испратена: 11.Јули.2008 во 01:45
АСИА,
ОВА СЕ ТВОИ ЗБОРОВИ:
Site t.n. "crkvi", koishto nemaat apostolsko preemstvo, ne se i ne mozhat da bidat Crkva Hristova.




Се надевам дека под зборот преемство подразбираш ракополагање. Значи мора апостолите најпрво да положат рака на своите ученици, учениците на своите ученици и на крај денешните попови да го имаат тоа преемство, како што го нарекуваш.

Моето прашање до тебе е:

Дали според тебе Павле беше апостол?
Ако беше, Кој положи рака на Павле за тој да се нарече апостол и да биде дел од Христовата црква? Кој го ракоположи Павле, и што беше по чин ракоположувачот на Павле?

Очекувам од тебе исцрпен и Библиски одговор,
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2008 во 21:35
Одлично прашање gospel, инаку и да го ракоположил некој, според моето убедување он ништо заедничко немал со Христа со исклучок на тоа што во една прилика Христос го опоменал во визија да не го прогонува(му поставил прашање)но не го ополномоштил да проповеда и пишува библијски извештаји.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 08:10
За ракоположувањето
Апостолите не биле ракополагани, бидејќи биле Апостоли
Тие добиле посебен дар на Светиот Дух, кога Исус им заповедал:
Матеј 28* Ми се даде секаква власт над небото и над земјата, одете и научете ги сите народи
Крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал.
Ете јас сум со вас преку сите денови до крајот на светот, Амин.

Апостоли не е исто со Епископи и Презвитери
Апостолите имале задача да одат од град во град и да проповедаат и да ракоположуваат Епископи и Презвитери
А Епископите и Презвитерите се грижеле за црквите каде што биле назначени

Преемството на епископите започнува од учениците на Апостолите, како што се Игнатие, Поликарп Ипоолит ...
Според раните правила на црквата, треба три Епископи за да назначат еден Епископ
А еден епископ е доволно да назначи Презвитер
Преемството е од огромно значење во Црквата заради зачувување на Вистината
За да се знае кои се вистински ученици и носители на науката која доаѓала од Исус преку неговите Апостоли
Потоа, за да има ред во црковната хиерархија
Да има послушност, мир и дисциплина

Без оваа заповед, во она време не би се знаело кои се вистински носители на верата
Како што и денес човек многу лесно може да се збуни покрај толку многу цркви со различно толкување на Библијата, на Црквата, на Историјата
Секој си има своја историја, своја теологија, ...

Ако се погледне реално во историјата и единството на црквата, се гледа дека само Православната Црква има авторитет, искуство, преемство, сила, и сите аргументи да сведочи дека е Единствен Авторитет и Носител на Вистинското Евангелие
Односно, само Православната Црква е носител на Христос, Вистинскиот Бог, преку Светиот Дух

Надвор од Православната Црква има нејасна слика за Исус
Нејасна слика за Историјата, за Црквата, за Библијата, за Заповедите
Се е недоволно јасно, и води во големи искушенија
Пред се води во Гордост, бидејќи своеволното толкување на Светото Писмо, без искуството на Црквата е душепогубно

Затоа Ракополагањето на Апостолите е суштина на единството на Црвата
А со тоа на Вистината, која извира од Православната Црква

Изменето од Nikki - 12.Јули.2008 во 08:32
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 08:56
Ај одговорете ми на ова: кој им ги толкуваше посланијата на луѓето во времето кога биле испраќани тие посланија? Убаво си пишува во Библијата на пример: До Колосјаните- не се вели до колосјаните но толкувано од тој и тој. Туку убаво си вели: До сите Христијани од Колос! Посланијата му биле читани на народот и секој поединец на свој начин си го толкувал она што го слушал/читал.
И како вие сакате да ја читаме Библијата а да не ја толкуваме? Па тоа е еден природен процес, се што се рецепира мора и да се протолкува во човековиот ум. Ај баш некој нека ми докаже како е возможно да читам а да не толкувам, да не размислувам за тоа? Уште во второ одделение не тераа да го прочитаме некој текст и потоа да ја пронајдеме темата, мотивот и пораката која авторот ни ја праќа.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 16:46
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Ако се погледне реално во историјата и единството на црквата, се гледа дека само Православната Црква има авторитет, искуство, преемство, сила, и сите аргументи да сведочи дека е Единствен Авторитет и Носител на Вистинското Евангелие
Односно, само Православната Црква е носител на Христос, Вистинскиот Бог, преку Светиот Дух
 
Без навреда, но јас кога ги гледам историјата, учењето, искуството итн сите аргументи ми сведочат дека православието е најдалеку од Христовата црква и Христовото учење. Дури, многу подалеку и од Јеховините Сведоци со кои јас исто така (теолошки) не се согласувам.
 
Ако некој може да се фали со оваа човечка измислица "апостолско преемство" тоа се Католиците. Православните се одвоиле од нив (раскол) во 1054 при што добиле АНАТЕМА од тогашниот папа и согласно тогашните канони на католиците, изгубиле било какво преемство од апостолите и мајката црква.
 
Јас ни одблиску не се согласувам дека Католиците се вистинските Христови следбеници, туку само потенцирам на тоа дека ако се иде по овој небиблиски критериум за вистината (некакво си апостолско преемство) тоаш католиците имаат најмногу аргументи за тоа.
 
Инаку јас, согласно Библиското учење, сметам дека критериум за тоа која црква е вистинска, а која лажна, е Божјиот Збор - Библијата. Онаа црква која се држи исклучиво на Божјиот Збор е втемелена на Христос, а онаа црква која си следи некои свои ЧОВЕЧКИ учења, некакви си преданија, обичаи и др небиблиски учења, таа е, според мене, лажна црква, нејзин темел не е Христос и во неа не пребива Светиот Дух.
 
Значи пак ќе повторам, во Библијата нема да најдете ни "П" од некакво си "преемство", ни апостолско, ни презвитерско, ни што ти ја знам какво. За препознавање и утврдување во вистината Бог ни го оставил Својот Пишан Збор - Библијата - која е нашиот најдобар духовен компас во овој огромен лавиринт на разни религии, филозофии и духовни учења.
 
Кога Христос бил искушуван од еретичките предизвици и лажното учење на Сатаната, Тој во Своја одбрана го зел Мечот на Словото (Божјиот Пишан Збор) и му велел:
 
"Напишано е..."
(Лука 4:4)
 
Ајде да бидеме и ние вистински и доследни Христови следбеници и да го следиме Христовиот пример и со помош на Божјиот Збор - Библијата да се одбраниме од разните еретички учења кои ги проповеда овој свет (апостолски преемства, тајни учења на апостолите, некакви кодови, апокрифни и новокомпонирани турбо фолк евангелија итн.)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 18:24
ТОЧНО ТАКА ЕВАНГЕЛОС. И ЈАС СТОЈАМ НА ТОА ТВРДЕЊЕ.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 18:39
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Посланијата му биле читани на народот и секој поединец на свој начин си го толкувал она што го слушал/читал.


И крајно време е сите ние ова да го разбереме и прифатиме!

Изменето од zidarski - 12.Јули.2008 во 18:40
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 08:43
Да толкуваш Свето Писмо и да размислуваш за тоа е една работа, тоа може секој да го прави, и тоа е во ред
Но да создаваш нови цркви, тоа е манипулација на народот со цел на лесен начин да се дојде до пари
Штом од една Библија излегоа илјадници цркви со различно толување
Тоа значи дека се работи за голема злоупотреба и манипулација
Исто и прилагодување на текстот на Библијата кон своите потреби и страсти
Како ти некого ќе убедиш да дојде на пример во Евангелска Црква
Од каде да знае неупатен човек што се прави во Евангелска Црква
Дали се јадат луѓе, дали се зема дрога, дали се прават црни магии
Затоа луѓето низ цел свет од секогаш имале огромен страв од Секти

Црквата е Една, од Исус до денес и до крајот на овој свет
Останува на нас да се одлучиме која од овие илјадници цркви е Христова Црква
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 17:53
Токму затоа на форумов инсистирам да не се напаѓаат туѓите цркви и начинот на верување, туку да се презентира сопствениот. Секогаш кога не се согласуваме со некого, тоа можеме аргументирано да го направиме преку презентирање на сопствениот поглед на тоа прашање.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 23:27
Nikki баш ме интересира како тоа се прават пари преку Евангелските Цркви? Можеби ќе оформам и јас една штом толку лесно се прават пари. Патем и едно потпрашање: чии високосвештеници се возат во скапи автомобили? Колкави плати земаат? Кој ги води финансиите на секоја црква? И само една информација: свештениците во УЈП се водат како трговец-поединец!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 23:49
АлДра - зборуваш за проблематика која или не ја познаваш доволно или ја познаваш селективно.
Свештениците се приморани од глупоста на постоечкиот закон за социјално и пензиско осигурување да се регистрираат како трговци-поединци, затоа што инаку црквата ќе треба да се регистрира како фирма, а не како религиозна институција. Провери во законите, достапни се секому (мислам дека ги има и на веб, не сум сигурен).
Колку до возењето во скапи автомобили и слично - Архиепископот се вози во државно возило и има државно обезбедување, од проста причина што уште од моментот во кој е поставен на таа функција имаше неколку конкретни закани за неговиот живот и безбедност, и неколку обиди да му се нанесе штета... Државата е таа која инсистираше да му се доделат такви услови, затоа што негова смрт или повреда би довела до размирици во целата држава и дури и до посериозни последици. Претходно - истиот тој Архиепископ, додека беше Владика во Штип беше возен од неговиот внук (без надомест!), со лично возило.
Има неколку од владиките од старата гарда кои возат скапи возила и уживаат во некои луксузи, но тоа е многу погрешно и е доста критикувано од сегашното раководство. Постепено работите се менуваат на тој план.
Истото се однесува и на свештенството. Веќе дискутиравме на оваа тема - реформа во МПЦ е почната, но ќе треба многу време за да се оствари како што треба.
Е сега... да се вратиме на некои од Евангелистичките и останати протестантски деноминации...
Не знам како е конкретната ситуација во Македонија, но можам да ти кажам дека на континентов на кој живеам разните самонаречени евангелисти живеат во луксузи и во услови кои кај нас се незамисливи дури и за најбогатите македонски бизнисмени. Нивните таканаречени цркви се претворени во буквални машини за правење на пари и единствена цел е само и единствено тоа. Некои од нив, тоа дури и отворено го проповедаат.
Околу исправноста на ваквите организации кај нас - како што реков, не знам доволно, но знам на пример дека во Бугарија пред неколку години имаше огромен скандал затоа што неколку протестантски цркви вршеа финансиски малверзации од невидени размери - и ја оштетуваа и државата, но и голем дел од сопствените членови. Судските процеси и ден денес траат.
Затоа - како што многу пати потенцирам - секој нека си зборува за сопствениот двор, нека се труди да го исчисти, да го среди, па потоа нека дава совети и критики кон останатите (ова не е упатено кон АлДра, а кон сите)...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:31
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Да толкуваш Свето Писмо и да размислуваш за тоа е една работа, тоа може секој да го прави, и тоа е во ред
Но да создаваш нови цркви, тоа е манипулација на народот со цел на лесен начин да се дојде до пари
 
1. Православието не учи така. Православието учи дека не може и не смее секој да го толкува Светото Писмо туку само тоа смееле и го направиле "светите отци".
 
2. Нема стари нови цркви, има само една Христова Црква (сите верници што го следат Христовото учење) чиј темел е Христос и еден куп лажни цркви чиј темел не е Христос и кои следат разни луѓе, самопрогласени светци, бизнисмени, циркузанти, пари, слава итн.
 
3. Најголемите пари во Македонија ги врти православната црква.
Сепак секој индивидуално ќе си одговара пред Бог за злоупотреба на пари дадени за служба на црквата.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 15:34
1. Православието не учи така. Православието учи дека не може и не смее секој да го толкува Светото Писмо туку само тоа смееле и го направиле "светите отци".

MORA DA SE IZRAZAM VAKA KOLKU BEDNOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOO

zar BOG e za nekoj svetciiii lugjeeeeeeeeeeee osvestese vo oci na BOG site sme ednooooo

se izvunuam ne se derev samo da zabelezite so sakam da kazam

ve saka PENTA...


i sekoj ima pravo da go tolku svetoto pismo
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2008 во 16:01
Гледајте си прво во својот двор и откако ќе го исчистите, тогаш помогнете на останатите...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.