|
Силата на Светците |
Внеси реплика | страница <1234 21> |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И старо-заветните пророци се сметаат за Светци во Православието.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo hristijanstvoto sto se odnesuva do cudata koi gi pravele svetcite i starozavetni i novozavetni ima eden golem broj na primeri .....
|
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислам дека е нелогично да веруваме и да се молиме на светци. Оној кој ја прочитал Библијата и се држи до Неа ова му е јасно како бел ден.
Самиот Исус рекол: ,,И што и да побарате во Мое Име ќе направам, за да се прослави Синот во Таткото. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направем.’’ а не рекол: ,,Молете се на овој или на оној светец’’. Пример-молитвата која ни е дадена Лично од Него почнува вака: ,,Оче наш...’’ што јасно укажува дека нашите молитви треба да бидат упатени кон Бога, нашиот Небесен Татко. Тоа се зборови директно од Светото Писмо. А еве зошто сметам дека е нелогично. Дали доколку Ви треба нешто од вашиот татко би оделе кај комшијата и би го замолиле да го замоли Вашиот татко да Ви го даде она за што сте молеле? Што се однесува до наводното исцелување кое го вршат светците мојот одговор би бил следниов: Во Дела на апостолите (3то поглавје од оваа книга) кога Петар и Јован го исцелиле некој човек кој бил инвалид, му рекле: ,,Во име на Исуса Христа Назареецот стани и оди!’’ Не му рекле дека тие го исцелиле. Дури и апостолот Павле кога отишол во Листра (опишано во Дела 14:8-21) и кога започнале тамошните жители да му ги бакнуваат нозете (зашто и тој исцелил некој инвалид од раѓање пред нивните очи) и да го слават како бог тој се спротиставил на тоа и им рекол дека и тој е обичен човек како и тие. Апостолот Јаков пак на едно место во неговото послание (1глава 17 стих) вели: ,,Секој добар дар што го примаме доаѓа одозгора’’. Не од нечии мошти или икони туку директно од Божјата рака! И во посланието до Филипјаните Павле ни вели: ,,Бог ќе ја исполни секоја ваша потреба според своето богатство во Христа Исуса’’. Апостолот Јован пак во неговото прво послание ни вели вака: ,,и што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.’’(1.Јо 3:22). Треба да сфатиме дека единствено Исус умре заради нас. Тој Својот живот го даде за ние да се спасиме па затоа единствено Тој е заслужен за обожавање. Зошто онаа Параскева или како и да се викала не е важно заминала во пустина и живеела аскетски живот? И не само таа туку и многумина други го правеле и сеуште го прават тоа? Зар Бог сака така човекот да се мачи? Зар преку тоа самоизмачување ќе добијат милост и спасение? Еден е Патот до Бога и не постојат други патови. Се друго е ќорсокак. Со која цел одат тие луѓе живеат аскетски и се лишуваат од многубројните благослови кои Бог неизмерно ни ги дава? Зар не вели Светото Писмо дека ние треба да си помагаме еден на друг? Кому му помагаат тие? И каде ги упатил Исус Неговите ученици? Во манастир? Во пустина? Не туку меѓу луѓето за да го шират Евангелието и да помагаат на оние кои имаат потреба од тоа. Да сублимирам: Верувам дека молитвите треба да бидат упатувани директно до Бога, дека за секое добро (па и за казните кои следуваат заради нашите грешни и несовршени природи) треба да му бидеме Нему благодарни. Но поважно од сето ова е да веруваме дека Исус умре на крстот за нас и со Неговата крв ние сме очистени. Треба да правиме добро и љубовта да ни биде водилката низ животот. Тоа се заповедите кои доаѓаат од Бога. Изменето од AlDra - 06.Јули.2008 во 07:20 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AlDra - и во православието - чудесата не се извршуваат од Светците, а од Бога, преку нив (како во примерите што ги наведе со Петар и Јован).
Во врска со аскетскиот живот и замонашувањето... во претходен пост, даваш самиот пример со промената која настапила кај Павле, заради видението кое го имал. Тој почувствувал повик од Бога да го направи тоа кое што го направил. Соодветно - многумина чувствуваат повик од Бога да се замонашат, да живеат аскетски живот, да се откажат од земните добра, да живеат повлечен живот посветен само на молитва. Дали е тоа нешто кое што апостолите го правеле? Веројатно не. Но дали е тоа лично прашање на секој еден човек и личен негов "разговор" со Бога? Да, апсолутно. Тоа што јас и ти не сме добиле таков повик, тоа е наша работа. Не сме добиле ни видение одејќи по патот за Дамаск, па ете, тоа се случило на некој друг, зарем не?! Во крајна сметка, не човекот, а Бог ќе суди дали биле во право или не... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не смееме да ги глорифицираме таквите личности кои се оддале на аскетизам. Само за пример ќе Ви ги предочам резултатите од една анкета спроведена во Италија: голем дел од испитаниците (простете ми не го знам точниот процент) се молеле на некојси Падре Пио, па следувала Богородица, и на крајот Бог. Кажете ми: во право ли се за ова? Па ако продолжат вака ќе дојде ден кога поважно ќе биде она што го рекле оние кои го толкувале отколку она што го вели самото Свето Писмо.
Навистина има многу начини да му се служи на Бога. Но во псалмот 37:27 вели вака: ,,Отстранувај се од злото и ПРАВИ ДОБРО и ќе останеш довека’’. Кому му служат таквите луѓе-аскетите? Кому ќе му сторат добро со тоа што ќе се повлечат во самотија и изолираност? Сигурен сум дека таквите луѓе имаат голема вера во Бога, но повторно ќе се повикам на апостолот Јаков кој вели: ,,Верата без дела е мртва’’ (Јк 2:17) Дури и демоните веруваат во Бога. Што се однесува пак до оние кои живеат во манастири и кои се лишуваат од личностите од спротивниот пол би ги запрашал: зар не се сеќавате што им рече апостолот Павле: ,, Не лишувајте се еден од друг... за да не ве искушува сатаната заради вашата невоздржаност’’(1. Кор 7:5) Најтешко е верата да се проповеда и да се живее според Божјите правила меѓу грешниците а многу полесно е тоа да се стори во самотија. Сите сме подобри кога сме сами а во друштво на други луѓе честопати бидуваме заведни од нивните ставови. Сметам дека никој не е имум на тоа. Со самоказнувањето не постигнуваме ништо. Само се уназадуваме. Зар со тоа што нема да живееме подобро отколку што моментално го правиме тоа ќе придонесеме за бришење на гревовите? Зар Бог сака ние самите да се казнуваме заради страстите и потребите кои Тој ни ги вгради при нашето создавање? Па зар Бог од некого ќе побара да се изолира? Бог е љубов и нам ни заповеда и ние да се љубиме еден со друг. А љубовта подразбира активен однос помеѓу најмалку две страни. Не може некој да рече дека ги љуби луѓето ако за нив нема ама баш ништо добро сторено. Љубовта подразбира меѓусебна блискост и активна грижа. ,,Кој знае да прави добро, а не го прави, грев му е’’(Јк 4:17) |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AlDra, во право си дека тоа може да доведе до несакани последици, но не ја исклучувај можноста овие луѓе да биле повикани од Бога да го направат тоа. Ти дадов конкретен пример - ниту мене, ниту тебе ни се јавил Исус додека сме оделе по пат... но тоа се случило со Павле. Бог Е сепак Семоќен и Неговата Воља е над се. Ако некој смета дека извршува Божја мисија и дека со тоа што ќе се моли, прави добро за луѓето и за светот воопшто, тогаш не можеме ние да ја судиме таа негова постапка... Секој го врви својот пат и секој го носи својот крст. Тие луѓе (аскетите) се барем искрени во својата намера... како што кажа ти самиот во другата тема - зарем некој би се откажал од земните добра, од позицијата која ја има во општеството и од удобствата на секојдневието, ако не се чувствува навистина повикан од Бога?
п.с. Заборавив прееска да кажам - добредојде на Форумот! Се надевам дека ќе имаме интересни и корисни дискусии. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako sto rece zidarski Svetcite cudata gi pravat vo imeto na Isus i vo imeto na Boga, znaci onie svetci koi jas gi znam ne pravele nisto loso tie - na nekoj nacin vo ime na Boga i na Isus ete za vreme na nivniot zivot napravile nekoi cuda (definicija za cudo e mnogu shiroka) no kako i da e, tie toa go pravele, vo isto vreme go shirele Isusoviot zbor.... jas mislam deka ne treba po sekoja cena da begame od niv i da gi omalovazuvame zasto toa ne bi bilo fer isto i niv crkvata (mislam na modernata politicka ustanova) gi ima na nekoj nacin iskoristeno vo svoi celi...
|
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве уште еден вистински и доследен Христов следбеник - AlDra
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zosto me prasuvas dali ima drugi takvi primeri???? |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најпрвин да се заблагодарам за топлото добредојде и за пофалбата од EvAngelos. И јас слично како и повеќето овде се обидувам да живеам богоугодно и се молам љубовта да преовладува во сите мои мисли, чувства, дела и зборови. Се трудам да бидам што е можно пообјективен и со моите ставови никого да не повредам. Искрено се надевам дека ќе имаме интересни дискусии од кои сите по нешто ќе научиме и ќе ја зацврстиме нашата вера. Во таа насока треба да се движат нашите дискусии- во слога и меѓусебна љубов. Да не дозволиме расправиите во нашите теолошки сфаќања да внесат отклонување од Христа. Баш напротив треба да претендираме да се зајакнуваме меѓусебно. ,,По тоа ќе познаат дека сте Мои ученици- ако имате љубов помеѓу себе!’’(Јв. 13:35)
Што се однесува конкретно на темава:никој не може да го ограничи Бога! Ако Тој сака може да прави чуда и преку некои луѓе. Во Библијата имаме примери на исцелувања кои дошле преку Исус, преку апостолите и тоа обично со полагање раце- нешто што е денес подзаборавено и кога се практикува се прави само за инаугурација на некое свештено лице. Повторно ќе се повикам на апостолот Јаков кој во неговото кратко послание ни дава во изобилство многу практични совети. Тој вели:,,Ако некој меѓу вас е во неволја, нека се моли. Ако е весел, нека пее песни на благодарност. Ако некој е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазат со маслиново масло во името на Господ. Ако се молите со вера ќе му помогнете на болниот. Господ ќе го оздрави и ако направил грев ќе му прости... молете се еден за друг за да бидете исцелени. Енергичната молитва од праведен човек има голема сила.’’(Јк. 5:13-16). Но внимавајте тој вели ,,молете се еден за друг’’ а не вели:,,Молете се на мртвите да се молат за вас.’’. Како што јас знам смртта е состојба на целосно бездејствие. Не може мртов човек нешто да стори. ,,А мртвите не знаат ништо, ниту веќе имаат награда, зашто се заборава и споменот за нив. Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и зависта, и веќе немаат учество во нешто што станува под сонцето.’’(Проповедник 9:5,6) Во посланието до Евреите апостолот Павле пак вели:,,А без вера не е можно да Му бидеме угодни на Бог. Секој што сака да дојде кај Бог, мора да верува дека Тој постои и дека ги наградува оние кои искрено Го бараат.’’(Евр. 11:6). Ова јасно укажува дека не ни треба вера во нечии мошти, свети води и икони! Единствено ни е потребно вера во Бога и во смртта и воскресението Христово. Пред неколку години баш пред Велигден на телевизија гледав една анкета на тема: дали веруват во воскресението? Од 40 испитаници: 36 се изјасниле како Христијани. Од нив само 20 верувале дека Исус навистина дошол на земјата. И од сите тие 36мина само неколкумина изјавиле дека веруваат дека Исус воскреснал. Очигледно дека кај нас повеќе внимание се обрнува на симболиката: на боењето на јајцата, палењето свеќи, носењето зејтин и слични подароци на црквата. Сме го испуштиле од вид важното за сметка на неважното. Зар е возможно прошката и спасението да дојдат преку човек и преку такви мртви форми? Еден е Патот, Вистината и Животот! Да не бараме други патишта! Имитирањето на Неговиот начин на живот и исполнувајќи ги Неговите заповеди, честите молитви и обиди за лично усовршување и богоугодност се вистинското нешто кое ни е потребно. |
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
[QUOTE=AlDra] Ова јасно укажува дека не ни треба вера во нечии мошти, свети води и икони! Единствено ни е потребно вера во Бога и во смртта и воскресението Христово.
Пред неколку години баш пред Велигден на телевизија гледав една анкета на тема: дали веруват во воскресението? Од 40 испитаници: 36 се изјасниле како Христијани. Од нив само 20 верувале дека Исус навистина дошол на земјата. И од сите тие 36мина само неколкумина изјавиле дека веруваат дека Исус воскреснал. Очигледно дека кај нас повеќе внимание се обрнува на симболиката: на боењето на јајцата, палењето свеќи, носењето зејтин и слични подароци на црквата. Сме го испуштиле од вид важното за сметка на неважното. Зар е возможно прошката и спасението да дојдат преку човек и преку такви мртви форми? Еден е Патот, Вистината и Животот! Да не бараме други патишта! Имитирањето на Неговиот начин на живот и исполнувајќи ги Неговите заповеди, честите молитви и обиди за лично усовршување и богоугодност се вистинското нешто кое ни е потребно.[QUOTE] Vidi sega se soglasuvam so pogolem del od toa sto go velis no nikoj ne smee da ja zaboravi i podceni vaznosa na Svetcite koi imaat dlaboki koreni vo hristijanstvoto, tvoeto interpretiranje na biblijata e vo red no toa ne znaci deka nema i druga interpretacija..Velis deka ne ni treba vera vo nekoi moshti no eve da te prasam sigurno si cul za Sv.Vasilije Ostroski na planinata Ostrog vo Crna Gora ima negov manastir kade se cuvaat negovite mosti i tamu se ima sluceno bezbroj cudni izlekuvanja za koi i naukata nema objasnuvanje kako se slucilo i tamu ludjeto palat sveci i nosat zejtin, sto e najbitno site tamu odat i se molat Na Sv.Vasilije toj da se moli kaj Isusa za niv no isto taka ludjeto direktno mu se molat na Isusa kako i da e najbitno e deka site VERUVAAT i se HRISTIJANI i sega dali tuka se raboti za nekoja visa sila ili pak za nekoj psiholoski fenomen fakt e deka tamu (samo kako primer go zemav mestoto) slepi progledale, i bolni ozdravele, nesrecni sreca nasle a site od tamu zaminale so edna rabota a toa e pogolema i pocvrsta verba vo Isusa ... e sega kazi mi ti sto ima vo toa loso, sluckite na ozdravuvanje isceluvanje ne se izmisline tie se vistinite kolku i nerealno da izgledaat i da nemaat naucna osnova, tie sepak se slucile, znaes li po kolku ludje se sobiraat za vreme na nekoj svetec vo razni manastiri mnooooogu site se zbiraat da go slavat svetecot voedno slavejci go imeto Isusovo se splotuvaat kako hristijani zaedno, mnogu crkvi i dobrotvorni akcii se napraveni vo toa ime VO TOA E SILATA NA SVETCITE koja ne moze da se potceni i da se namali zasto tie sem sto lecat ne splotuvaat kako hristijani i ne drzat zaedno ne bitno dali si katolik ili evangelist ili pak pravoslavec bitno e deka na toj den site se tamu kraj manastir kraj crkva i go slavat imeto Bozje ....da nosat zejtini i palat sveci no vo toa nema nisto loso.....sto misis ti deka ima loso vo toa ???? A za dedo mraz rekov ednas i pak ce recam leno ni e nas ovdeka da se pravime mangupi i dokazuvame deka dedo mraz ne postoi (sto i mozebi e tocno) no dali toa vooposto e bitno, ajde neka mi rece nekoj dali e bitno, ne e e voopsto bitno, otidete vo dom za deca bez roditeli probajte na tie decinja da im objasnite deka dedo mraz ne postoi ce ve gledaat i nema da vi se nalutat, no nivnata verba nema da ja pokolebate zasto cela godina tie decinja bukvaln ziveaat za toa koga ce dojde dedo mraz kaj niv, koga ovaa nase opstestvo ce se seti na niv, a se secava samo za nova godina preku dedo mraz....vo toa e silata na dedo mraz.....i sto ima loso vo toa ?????? Izvini po nikot mi licese kako na zensko... Изменето од Templarius - 08.Јули.2008 во 13:13 |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Templarius си ми го смешал полот. Но се разбира не се лутам за тоа. Ако можеш измени го тоа те молам ако не- не нора.
Еве што сметам дека е лошо овдека: луѓето мислат дека Бог само таму(на тие определени места) и само преку таквите молитви до тие светци доаѓа решението на нивните проблеми. Не сакам да се повторувам но ќе морам: Бог е дециден околу прашањето кому да се молиме. Исус тоа многу јасно ни го кажа кога ја држеше прочуената Беседа на гората. Молитвите треба да бидат упатени стриктно до Него. Кој ги прогласил таквите луѓе за светци? Некојси црковен собор? Се собрале луѓе од крв и месо, грешници исто како и ние и се осудиле да некого прогласат за светец. Овде доаѓа до израз човековата гордост. Но честопати низ историјата се случувало со смена на високото црковно свештенство да се сменат и светците кои биле обожавани и нивните дела да бидат спалувани. Со сето ова на народот му се мачкаат очите и човек кој никогаш не ја читал Библијата ќе помисли дека така требало да биде штом некој свештеник така вели. Сите оние собири кои се прават за да се прослави некој светец се традиционални. ,,Така требало’’. Се губи суштината на христијанството. Каде е сега ,,Љуби го ближниот свој како себеси’’? Многу ретко се слуша тоа. Далеку поважно е денес да се слават определени денови и да се изговараат зборови кои за оној кој ги изрекол немаат никаква смисла зашто едвај да го разбира значењето на тие зборови во кои патем и не верува. Да се вратам не темата. Искрено не верувам дека молитвите упатени до светците имаат моќ. Молитвата подразбира комуникација а комуникацијата меѓу жив човек и мртов е невозможна. Имаше еден пример во Библијата кога Саул го повикува мртвиот Самоил. Кога доаѓа духот на Самоил му вели на Саула:,,Зошто ме вознемируваш?’’. Не му рекол дека добро направил што го повикал туку го опоменал, велејќи му: ,,Зошто ме прашуваш мене, кога Господ се одвратил од тебе и ти станал непријател?’’ со што е јасно дека тој немал никаква моќ. Ќе те молам уште еднаш добро прочитај го мојот последен пост на оваа тема зашто искрено не би сакал да се повторувам. Изменето од AlDra - 07.Јули.2008 во 02:52 |
|
GABRIEL_DESTROYER
Сениор Регистриран: 23.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 122 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чекај сега вие мислите дека светците имале моќи немале никакви ај ке кажуваме така за да има верба ке си праат некои фантастични филмови режисерите за религија ај сега ке стаиме дека исус оживува мртви како да не тогаш во тоа време луѓето можело да се излажат,тогаш си можел да им речеш дека ногата ти стои кај главата и си мжел да ги увериш во тоа да поверуваат и тогаш почнувала таа нивна смотковност да се пренесува и почнале да се појавуваат уште неколку докази и така и ние сме почнале да веруваме.СВЕТЦИЦЕ БИЛЕ САМО ПАМЕТНИ ЛУЃЕ КОИ СИ ГО ВРТЕЛЕ МАЈТАПОТ СО НИВ.А со тоа сакале да останат вечно почитувани.
Изменето од GABRIEL_DESTROYER - 07.Јули.2008 во 13:43 |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas uste ne mozam da raberam .......sto e sporno tuka????? dali treba da se pocituva covek na kogo bog mu daruval sila da pravi natprirodni raboti??????
ili mozebi ----smee li da se povikuva vo molitva posle negovatafizicka smrt smrt?
mislam deka premnogu voopsteno se komentira!
sto konkretno podrazbira inicijatorot na temata pod poimot ,,svetec,, mozebi treba da prokomentirame........
|
|
Внеси реплика | страница <1234 21> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |