IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Борење и стил
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Борење и стил

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Борење и стил
    Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:41

БОРЕЊЕ - ПО ПОВОД "МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР" ФБСМ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Македонија со две селекции

По повод претстојниот 32. меѓународен турнир во борење "Македонски бисер", вчера, во Сојузот на спортови на Скопје Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) преставувана од новото раководство, од в.д. претседател Чедо Николовски, смена која е верификувана и во Централниот регистар на РМ, одржа прес-конференција.

Беше речено дека оваа година "Бисерот" ќе се одржи во Пробиштип (27 - 29 јуни), а ќе настапат околу 50 - тина борачи од Унгарија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија, кои се сигурни, додека Грција, Албанија и Израел иако се поканети с$ уште се неизвесни. Нашата земја ќе биде презентирана со две екипи, "А" и "Б" селекција, што значи со 14 бодачи - по еден во категорија.

"Со оглед дека борењето се наоѓа во криза, која е евидентна, одлучивме од оваа година Бисерот да го одржуваме во различни градови со цел да ја анимираме јавноста и во помалите средини, да го вратиме нивото на борењето првенствено во клубовите. Ова е само една од мерките со кои сакаме најтрофејниот спорт да се врати на сарите патеки. Што се однесува до Пробиштип, имаме поддршка и од локалната самоуправа, што за нас како федерација значи многу", рече Николовски.

На пресот беше загатнато и прашањето околу неодамнешната смена во ФБСМ, за што говореше Глигороцв.

"Смената на раководството се случи пред две недели, кога се одржа Вонредно собрание. Од 13 клубови колку што првично беа присутни - 11 со полномоштва, два ја напуштија седницата, се побара смена на комплетното раководство, што и се стори. Причини за ваквиот чин има многу. Делегатите најмногу беа револтирани од фактот што во олимписка година Собранието доцни 6 месеци, што е недопустиво. Втора работа е лошата финансиска состојба, долгови по разни основи (неплатени хотели, подготовки, исклучени телефони, делегати, судии, невратени средства кон селектори, тренери, набавка на телефони без одлука...), не функционирање на комисиите... Сепак, мора да нагласиме дека добар дел од проблемите вклучувајќи и дел од финансиите се наследени. Не постои тенденција некој да го оцрниме за другиот да биде прав. Смената беше неминовна за работите да тргнат на подобро. Ако не покажеме резултати и ние ќе си одиме. Колку можеме ќе туркаме", истакна Глигоров.

"Наша задача, во нареднот период ќе биде да овозможиме перманентна присутност на нашите борачи на турнирите кои сметаме дека се значајни. Тоа се ЕП за кадети и за младинци како и на турнирот 'Дан Колов' во Бугарија. Сето останато ќе го работиме во од, согласно приоритетите", рече вд. селекторот Димков.

Инаку, на пресот присуствуваа Страшо Глигоров, Чедо Николовски, Марјан Атанасов и Траче Димков.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:00

БОРЕЊЕ - ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИИТЕ ВО ФБСМ СТАНАА КАКО ШПАНСКА САПУНИЦА

Бисерот одложен!?

Во два дена две прес-конференции и двете на иста тема само со различна содржина. По завчерашната која ја одржа в.д. претседателот Чедо Николовски и најави дека Бисерот ќе се одржи викендов во Пробиштип, вчера контраудар, од раководството кое не ги признава промените од членовите на УО каде претседател е Шабан Сејдиу. Ваквиот начин на работа с$ повеќе наликува на шпанските сапуници во безброј продолженија. Засега само три, ќе има ли крај?

Инаку, повод за на вчерашната прес-конференција на која присуствуваа Фадил Орана и Исмет Гури како членови на УО кои не ја признаваат промената беше одложувањето на традиционалниот турнир во борење "Македонски бисер".

"На седницата одржана на 19 јуни, а по консултациите со МОК и со Агенцијата за млади и спорт и препораките добиени од нив одлучивме Бисерот да го одложиме, односно да го одржиме некаде по ЛОИ, во септември или октомври, термин кој дополнително ќе го конкретизираме. Во вакви услови турнир со толкава традиција нема да дозволиме да се одржува, да му го нарушиме реномето кое го ужива во светот", беше кусата изјава на Орана, кој доаѓа од БК "Скопје" клуб кој требаше да биде технички организатор на турнирот.

А, пак, за последните случувања во ФБСМ говореше Гури.

"Смената која се направи пред десетина дена за нас е нелегална. На решението од Централниот регистар на РМ со кое е извршена смената на Шабан Сејдиу како претседател поднесовме жалба, жалба која е поткрепена со низа докази, докази за извршен фалсификат, за што е известено и МВР. Дали ќе има санкции против луѓето кои го направиле тоа, не е наше да судиме. Има обвинителство кое веруваме дека ќе си ја заврши работата", рече Гури.

Дека состојбата во ФБСМ е сериозно зовриена може да се заклучи од тврдиот став на Гуру и на Орана, кои најавија дека скопските клубови Лирија Тефејуз и Скопје нема да учествуваат на ниту едно првенство кое ќе се одржува на домашен терен.

"Овие три клуба ќе продолжат да работат. Активностите нема да ги запреме, но нема да учествуваме во натпреварите кои ќе бидат организирани од в.д. претседателот Чедо Николовски. Ја имаме Бугарија, Албанија, Косово. Ќе н$ чини поскапо, но ќе истраеме. Вистината е на нашата страна", категорични се и двајцата.

Д. Ѓ.

Канцеларијата на ФБСМ со нова брава

Меѓу бројните обвинувања, како најнова информација беше речено дека в.д. претседателот со луѓето блиски до него вчераутро извршиле смена на бравата од канцеларијата на ФБСМ.

ЗА КАДЕТСКОТО ЕП ВО ЛЕТОНИЈА

Тројцата репрезентативци извисија

На пресот беше присутен и младиот борач, кадетотот Риад Мемиши (42 кг), член на Лирија, кој бараше објаснување зошто не може да учествува на ЕП кое од вчера стартуваше во Летонија.

"Уредно и на време се пријавив, ги поднесов сите документи. Згора на тоа и трошоците паѓаат на товар на моите родители. Истата судбина ја доживеаја и Скендер Красниќи (46 кг) и Ваљон Иљази (100 кг). Кој е виновен што Македонија ќе нема свои претставници на ЕП", праша Мемиши.

Одговорот кој гласеше дека ФИЛА не доставила писмо со кое се потврдува настапот на нашите борачи, писмо кое воедно се користи и за добивање виза очигледно не го задоволи Мемиши, а богами и присутните.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 13:16
Борењето го има мислам дека во два стила, едниот го учев до пред неколку месеци, отакако се повредив престанав да го изучувам овој спорт...
Го учев слободниот стил!
Може да ми објасни некој каков е Грчко-Римскиот стил?
Кон врв
Љупчо Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Љупчо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2009 во 11:51
Токму така.Постои борење слободен стил кое е предходница на борење грчко римски стил.Ке образложам повеќе за слободниот стил по што потоа лесно може да се направи споредба.Онака како сум изучувал...борењето слободен стил (кое единствено се негуваше во Македонија,која е и колевка на борењето) располага со разновидна техники,и тоа познава техники во стоење,и техники во партер.Слободниот стил на борење познава и техники со нозе и на нозе (секаков вид на сопнувања,лостови со нозе на нозе,со раце на нозе - во стоење и партер)(Којзнае можеби ова било предходница на современата ѓу-ѓуцу).Додека како самиот назив што кажува грчко-римскиот начин на борење(кое се утемелува покасно од слободниот стил), не практикува вакви техники,туку е строго ограничен на борење од тло каде противникот се доведува од стоење во партер-на тло,и се изоставени одредени техники.Но сето ова во модерно време еволуира и се воведуваат современи правила се со цел да се намалат повредите.А со воведувањето на натпреварување и со правила на борење се редуцира фондот на техники.Своевремено имаше книга од македонски автори со назив „Борење слободен стил“,која може да се каже беше учебник за борењето во Македонија.
Можеби поинтересно би било да потражиш на Википедија-енциклопедија.Сигурно има повеќе информации.
Поздрав.

Изменето од Љупчо - 10.Септември.2009 во 11:53
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2009 во 14:49
Se iscezna so tekot na vremeto, se sekavas li pred nekoja godina koga imase i borac legnat na grb pa protivnikot mu se kacese, pa prodolzuva borbata od taa pozicija...
Toa poveke go nema.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.