IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Атлетика
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Атлетика

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Атлетика
    Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:16

АТЛЕТИКА - И ПОКРАЈ ТОА ШТО ГО СРУШИ НЕГОВИОТ СВЕТСКИ РЕКОРД

Роблес признава: "Лиу уште е фаворит"

Новиот светски рекордер на 110 метри со пречки, Кубанецот Дајрон Роблес, вели дека очекува тесно финале на Олимпијадата во Пекинг и додава дека домашниот фаворит Лиу Ксијанг е фаворит за златото. Кубанецот минатата недела го сруши рекордот на Лиу на митинг во Острава, Чешката Република, а кинеската ѕвезда беше само четврта.

"Кога се сруши рекордот, тоа беше грижа за него. Тоа покажува дека ривалите се во добра форма. Мислам дека најмалку пет атлетичари можат да победат во Пекинг, иако Лиу е големиот фаворит. Од почетокот велам дека тој ќе има огромна поддршка, но ќе се обидам да ја привлечам публиката", вели Роблес.

Кубанецот истрча трка без грешка за 12.87 секунди подобрувајќи го претходниот рекорд на Лиу од јули 2006 за една стотинка.

24-годишниот Лиу пак има доста проблеми во последно време, откако во мај се повреди и пропушти две американски трки, а минатата недела беше дисквалификуван од трка на Префонтејн Класик во Орегон поради погрешен старт.

Одложено судењето на Кедерис и Тану

Грчкиот суд го одложи за следната година судењето на олимписките спринтери Костас Кедерис и Катерина Тану, кои беа вклучени во допинг-скандал за време на Олимпијадата во Атина во 2004. Кедерис, олимпискиот шампион на 200 метри од Сиднеј 2000 и Тану, која беше втора на 100 метри во Сиднеј се обвинети за лажно сведочење, откако за полицијата изјавија дека имале сообраќајна несреќа со мотоцикл и дека затоа ги пропуштиле допинг-тестовите пред Игрите во 2004. Судењето се одложува повеќепати. Тану и Кедерис отслужија двегодишна суспензија и можат да се натпреваруваат од декември минатата година.

Словенците ја ослободија Јаворник

Словенечката атлетска федерација реши да ја ослободи од допинг-обвинувања специјалистката за трки на долги патеки, Хелена Јаворник и покрај двата позитивни теста и побара од ИААФ да се крене привремената суспензија. 42-годишната Јаворник беше суспендирана минатата недела по позитивен тест на ЕПО во мај и јуни, но тврди дека е невина и се подготвува за Олимпијадата во Пекинг. Шефот на Анти-допинг комисијата на словенечката федерација, Тадеј Маловрх, тврди дека тестовите биле под "стандардите на ВАДА". Јаворник е словенечка рекордерка во сите далечини од 1.500 метри до маратонот.

ПЛИВАЊЕ - ПО КОМЕНТАРИТЕ НА НЕЈЗИНАТА ГЕРМАНСКА РИВАЛКА ШТЕФЕН

Трикет: "Костумите нема да прават разлика"

Високотехнолошките костуми за капење нема да ги претворат просечните пливачи во олимписки шампиони во Пекинг, вели австралиската светска шампионка Либи Трикет. Австралијката одговараше по коментарите на нејзината германска ривалка Брита Штефен дека костумите го направија пливањето слично како формула 1, каде што подобрата технологија победува.

Штефен додаде дека би сакала пливачите да носат конвенционални костуми наместо тие како Спидо ЛЗР Рејсер, како што носи Трикет, или новиот костум на Адидас, кој го користи германскиот тим. Пливачите со Спидо ЛЗР Рејсер срушија 35 светски рекорди од промоцијата на костумот во февруари, но Трикет вели дека разликата не е толку голема.

"На крајот, опремата не го прави пливачот подобар. Просечен пливач никогаш нема да сруши рекорд со ЛЗР Рејсер. На крајот, се работи за тоа како луѓето се чувствуваат удобни. Мислам дека е најважно да биде фер", вели Трикет.

Французите со европски рекорд на 4х100 слободно

Франција го подобри машкиот европски рекорд на 4х100 метри мешано на Париз Опен пливачкиот митинг во четвртокот. Амори Лево, Фабиен Гило, Фредерик Буске и носителот на индивидуалниот рекорд Алан Бернар испливаа 3:12.54 за да го подобрат рекордот поставен од Италија на СП минатата година за 1.50 секунди, а беа на само 0.08 секунди од светскиот рекорд кој Американците го имаат поставено на 19 август 2006.

"Беше многу блиску, а уште подобро е што уште не сме физички во најдобра форма. Добар резултат пред летото", вели Гило.

Олимписката и светска шампионка Лор Манаду, која за првпат по четири години загуби на 400 метри слободно пред два месеци, стигна до победа со време од 4:07.69 во Париз пред Јужноафриканката Венди Трот и Романката Камелија Потек. Времето е далеку од светскиот рекорд на Федерика Пелегрини.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:28

АТЛЕТИКА - ОТКАКО ИСТРЧА 9.96 НА ШАМПИОНАТОТ НА ТРИНИДАД И ТОБАГО

Пауел подготвен за пресметка со Болт

Асафа Пауел вели дека не гледа подалеку од Јамајканскиот национален шампионат оваа недела за да го пронајде најголемиот предизвикувач за олимпиското злато на 100 метри во Пекинг.

"Усаин Болт е мојот главен ривал", вели Пауел, избирајќи го сонародникот пред американскиот светски шампион Тајсон Геј по одличната трка со време од 9.96 на националниот шампионат на Трининад и Тобаго во саботата.

Ова беше прва трка за Пауел од повредата на рамото во април и претставуваше одлична најава за дуелот со светскиот рекордер Болт од петок до недела на Јамајканскиот шампионат во Кингстон. Тоа ќе биде прва трка на 100 метри на двојката, која сега има седум најбрзи времиња во дисциплината. Но, Пауел вели дека нема да се работи за вистинска пресметка.

"Не сум сигурен дека таму ќе има некаков натпреварувачки дух", вели 25-гоидшниот Пауел.

Вистинскиот предизвик доаѓа на Олимпијадата во Пекинг во август, ако Болт реши да трча на 100 метри покрај неговата специјалност 200 метри. Болт е освојувач на сребро на Светското Првенство на 200 метри, и не е сигурен дали ќе трча на 100 метри и покрај тоа што постави светски рекорд од 9.72. Пауел вели дека е добро Карибите да имаат шанси за повеќе медали на 100 метри.

"Возбуден сум бидејќи атлетичарите од Карибите се се подобри. Тука се Дарел Браун и Марк Барнс од Тринидад и Усаин Болт. Геј е единствениот тркач надвор од Карибите кој може да не предизвика", вели Пауел.

И покрај тоа што Пауел го има поставено или израмнето светскиот рекорд на 100 метри четири пати, тој нема голема титула, завршувајќи петти во Атина во 2004 и трети на СП во Осака во 2007. Освојувачот на четири олимписки медали во спринт, Ато Болдон од Тринидад вели дека рекордот на Болт го трга притисокот од Пауел.

"Мислам дека Асафа е поодморен пред големо првенство од било кога предходно. Тој не е најбрзиот човек на светот, ниту најбрзиот човек на неговиот остров и тоа може да му помогне", вели Болдон, кој освои олимписко сребро и бронза на 100 метри и две бронзи на 200 метри.

Гетлин "мора" да трча на Американскиот Шампионат!

Американскиот федерален судија издаде наредба со која официјалните лица нема да можат да го спречат олимпискиот шампион на 100 метри, Џастин Гетлин од натпреварување. Оваа одлука стои до следното сослушување, што значи дека Гетлин може да се натпреварува на олимписките квалификации на САД следната недела.

26-годишниот Гетлин беше суспендиран четири години за позитивниот тест на тестостерон од 2006 година, а поради тоа што беше позитивен и во 2001 на амфетамини во неговите лекарства, тој бараше од американските власти да ги почитуваат законите за луѓе со недостатоци во одредувањето на суспензијата. Судот за Арбитрација во Спортот (ЦАС) овој месец одлучи да го отфрли барањето на Гетлин, по што тој се реши да оди пред федералниот суд во САД.

Фримен со совети за Лиу

Кети Фримен смета дека Лиу Ксијанг треба да се однесува кон Олимпијадата во Пекинг како кон само уште еден митинг и да го игнорира притисокот. Ако некој знае како се чувствува Лиу пред домашната Олимпијада, тоа е 35-годишната Австралијка со абориџинско потекло, која го запали олимпискиот факел на ОИ во Сиднеј во 2000 пред да го освои златото на 400 метри.

"Не можев да си дозволам да станувам сентиментална, бидејќи тоа ќе ме уништеше. Тој мора да ги знае своите приоритети. Веќе покажа дека може да се натпреварува под притисок и треба да продолжи така. Ова е само уште еден ден на работа и емоциите ќе однесат до врвот", вели Фримен.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:43
koj moze da mi kaze
koga kje se obori rekord za zeni na 800 metri? тага
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 00:56
Originally posted by anakin anakin напиша:

koj moze da mi kazekoga kje se obori rekord za zeni na 800 metri? тага

друже иди ти нападај на рекорд..... ќе навиваме за тебе
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:46

АТЛЕТИКА - ВТОР ДЕН ОД ЕВРОПСКИОТ КУП ВО СЛОВАЧКА

Селман со рекорд

Македонскиот репрезентативец Реџеп Селман постави нов македонски сениорски рекорд во троскок. Тој во натпреварите од Европскиот куп во Банска Бистрица во Словачка прескокна 15 метри и 46 сантиметри со што го подобри досегашниот рекорд за 14 сантиметри, рекорд кој беше стар цели 36 години поставен во далечната 1972 година во Загреб од Бранко Стојановски. Со овој резултат Селман го освои 5. место во Словачка. Покрај Селман добар настап имаа и Васко Најдов во фрлање ѓуле, на 8. место (13, 75 м), и младиот Јоваче Јанковски во скок во височина (9. место, 195 цм).

Кај девојките најдобропласирана беше Ивана Рожман на 100 м (8. место). За одбележување е пласманот и на Ирена Темова во скок во височина (9. место, 171 цм).

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:14

АТЛЕТИКА - ИОЦ И ИААФ ОСТАНУВААТ НА СВОЈАТА ОДЛУКА ЗА ОЛИМПИСКИОТ ШАМПИОН НА 100 МЕТРИ

Гетлин не може да трча надвор од САД

Додека американските спортски официјални лица мораат да се придржуваат до судската одлука и да му дозволат на Џастин Гетлин да трча на олимписките квалификации, светските тела останаа јасно на својот став дека суспендираниот олимписки шампион на 100 метри нема да може да оди на Олимпијадата во Пекинг, ниту на било кој друг интернационален митинг.

"Нема да биде дозволено тој да влегува на меѓународни натпревари во текот на неговата суспензија", изјави портпаролот на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), Ник Дејвис.

Оваа изјава на Дејвис од седиштето на ИААФ во Монако доаѓа откако претходно сличен коментар даде Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

"Поради санкцијата која г. Гетлин ја доби како резултат на анти-допинг прекршок, тој нема да може да учествува на Олимписките игри во Пекинг", велат од ИОЦ во писмо до Американскиот олимписки комитет (УСОЦ).

Гетлин беше суспендиран на четири години за позитивниот тест во 2006 на тестостерон и неговата жалба беше одбиена од највисокото спортско судско тело, Судот за арбитрација во спортот (ЦАС) во Лозана. Но, федералниот судија во неговиот домашен град Пенсакола, Флорида, донесе привремена одлука според која ИААФ, УСОЦ, Американската атлетска федерација (УСТАФ) и Американската анти-допинг агенција (УСАДА) немаат право да го спречат Американецот да се натпреварува на американските квалификации кои стартуваат в петок во Јуџин, Орегон. Адвокатите на четирите спортски организации тврдеа дека американските судови немаат јурисдикција на неговата суспензија.

"Ние сметаме дека одлуката на ЦАС е конечна и обврзувачка, а американските судови дефинитивно немаат јурисдикција над интернационалната атлетика", вели Дејвис од ИААФ.

Гетлин тврди дека четирите тела го кршат Американскиот закон за луѓе со недостатоци откако неговиот прв допинг-случај во 2001 го сметале за допинг-прекршок, по што ја зголемиле казната на Гетлин на четири години за прекршокот во 2006. Спринтерот беше позитивен на амфетамини во 2001, кои беа во неговите лекарства за нарушувањето на концентрацијата.

Гетлин го освои златото на 100 метри на Олимпијадата во Атина во 2004, среброто во 4х100 метри штафетата и бронза на 200 метри. Една година подоцна тој победи на 100 и 200 метри на Светското Првенство во Хелсинки. Во 2006 тој го израмни светскиот рекорд од 9.77 поставен од Јамајканецот Асафа Пауел. Од тогаш рекордот е намален на 9.72 од уште еден Јамајканец, Усаин Болт.

ОЛИМПИЗАМ

Кинеската влада "суспендираше" половина од своите автомобили

Половина од сите автомобили во сопственост на владата и на Комунистичката партија се надвор од преполните булевари во Пекинг, како дел од обидот да се намали загаденоста на воздухот во престолнината пред Олимписките игри. И покрај оваа забрана во Пекинг с$ уште јасно се гледа смогот, а метежот на Чанг Ан авенијата не е намален. Половина од сите владини автомобили нема да се користат од понеделникот до 19 јули, а од 20 јули, доаѓа ново правило според кое половина од 3.3 милиони автомобили во Пекинг ќе мораат да се менуваат на системот пар-непар во однос на табличките на автомобилите.

На помалку од 50 дена пред Игрите, Кинезите остануваат уверени дека можат да го исполнат своето ветување за "Зелена Олимпијада".

"Околу квалитетот на воздухот, сигурни сме дека Пекинг ќе ги оствари своите ветувања. Ќе додадеме 2.000 автобуси, три нови метро линии и ќе го намалиме загадувањето од 10 до 60 проценти", вели Ду Шаожонг, директорот на Бирото за екологија на Пекинг.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:20
АТЛЕТИКА - ПРЕД АМЕРИКАНСКИТЕ ОЛИМПИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ ВО ОРЕГОН

Судијата се предомисли, Гетлин нема да трча

Американскиот федерален судија го блокираше обидот на суспендираниот олимписки шампион на 100 метри, Џастин Гетлин да се натпреварува на Американските олимписки квалификации овој викенд. Судијата Лејси Колие ја отфрли својата предходна одлука за суспендирање на казната за 10 дена со што 26-годишниот Американец ќе можеше да се натпреварува овој викенд.

Интернационалната Асоцијација на Атлетски Федерации (ИААФ) и Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОЦ) предупредија дека дури и Гетлин да се квалификува за Игрите нема да му биде дозволено да се натпреварува на Игрите.

Американецот не успеа да ја преполови својата четиригодишна суспензија пред Судот за Арбитрација во Спортот (ЦАС), која ја доби во 2006 по втор позитивен тест на тестостерон. Гетлин тврди дека првиот тест во 2001 на амфетамини не треба да се смета бидејќи тој дошол поради користењето на лекарства за проблеми со концентрацијата.

Најостри допинг мерки во историјата во Пекинг

Анти-допинг контролите на Олимпијадата во Пекинг ќе бидат најголеми во историјата, вели потпретседателт на ИОЦ, Томас Бах. Бах, кој исто така е претседател на Германскиот Олимписки Комитет и на дисциплинската комисија на ИОЦ вели дека целата анти-допинг програма е унапредена по сите скандали на ЛОИ во Атина во 2004 и ЗОИ во Торино во 2006.

"Игрите во Пекинг ќе бидат најригорозно набљудувани во историјата на спортот. Направивме голем чекор напред. Покрај 4.500 допинг тестови, сега имаме и пософистицирани тестови, поголеми казни и ако има позитивни тестови тогаш се докажува дека системот функционира", вели Бах.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:36

АТЛЕТИКА - НЕВЕРОЈАТНА КОНк*рЕНЦИЈА ЗА ТИМОТ ВО ПЕКИНГ

Геј главна ѕвезда на американските квалификации

Двократниот светски шампион Тајсон Геј и редица водечки атлетичари ќе бараат место во олимпискиот американски тим на квалификациите кои стартуваат денеска во Јуџин, Орегон. Стриктниот формат кој дозволува само првопласираните тројца по дисциплина да се квалификуваат за во Пекинг остава можност за големи изненадувања на 10-дневниот митинг, но американскиот тим секако ќе биде фаворит во речиси сите дисциплини на Олимпијадата.

"Ова ќе биде нашиот најдобар олимписки тим. Кај мажите и кај жените. Имаме одлична мешавина на искусни ветерани и млади таленти", вели тренерот на женскиот тим, Џенет Болден.

Геј, олимпискиот и светски шампион на 400 метри Џереми Воринер, светската шампионка на 200 метри Елисон Феликс и фаворитката на 400 метри Сања Ричардс се ѕвездите од кои се очекува многу на Хејверд Филд патеката на Универзитетот во Орегон.

Женската трка на 100 метри со Феликс и екс-шампионките Лорин Вилијамс и Тори Едвардс сигурно ќе биде супер-интересна. Ако фаворитите ги преживеат квалификациите, Американците ќе можат да се надеваат на 1-2-3 победа во машкото трчање на 400 метри со пречки.

"Ќе биде брутално", вели олимпискиот вицешампион во фрлање ѓуле Адам Нелсон, кој ќе биде предизвикан од светскиот шампион Рис Хофа и светскиот шампион во сала, Кристијан Кентвел.

Интересен ќе биде двојниот обид на светскиот шампион на 1.500 и 5.000 метри, Бернард Лагат, кој ќе ја има првата Олимпијада за САД, откако двапати освои медали на 1.500 метри за Кенија.

Но, најмногу внимание сигурно ќе предизвика Геј, кој ќе почне со натпреварувањата в сабота.

"Во 2004 само се обидував да влезам во тимот, а сега работата е да се биде брз и да се победи. Олимписките години се многу тешки", вели Геј, кој е фаворит за на 100 и 200 метри.

Писториус добива нова шанса

Јужноафриканецот Оскар Писториус доби дополнителна можност да се квалификува за Олимпијадата во август. Судот за арбитрација во спортот (ЦАС) во мај одлучи дека Писториус, кому му се ампутирани двете нозе (на 11 месеци старост) и трча со специјална протетика, може да се натпреварува на ОИ во Пекинг.

"Имав состанок со мојата федерација и тие дозволија да го бркам времето до последниот митинг од Златната лига во Луцерн на 16 јули. Најреално е да очекувам место во штафетата", вели Писториус.

Шампионот на 200 метри на Параолимпијадата во Атина во 2004, мора да истрча 45.55 да се квалификува за Пекинг, а неговиот личен рекорд е 46.33.

Гетлин со нов "очаен" обид

Суспендираниот олимписки шампион на 100 метри, Џастин Гетлин побара итна судска дозвола да се натпреварува на американските квалификации кои почнуваат денес. Откако федералниот судија во Флорида му забрани настап, легалниот тим на Американецот поднесе тужба до апелациониот суд во Атланта за 26-годишниот Гетлин да може да се натпреварува во Јуџин.

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ФРАНЦУСКАТА АНТИ-ДОПИНГ АГЕНЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈВАЖНАТА ТРКА

Тур де Франс почна со допинг-тестовите

Француската Анти-допинг агенција веќе изврши допинг-тестови на 30 велосипедисти за Тур де Франс и планира нови тестови пред стартот на трката следниот месец. Тестовите не се направени случајно и велосипедистите биле цел по "информациите од федерациите, тимовите и весниците", призна шефот на агенцијата, Пјер Борди. Пред стартот на 5 јули се планираат нови тестови на 30-тина велосипедисти.

ТдФ во последните две години имаше серија допинг-скандали. Шампионот од 2006, Американецот Флојд Лендис, стана првиот велосипедист кому му била одземена титулата поради позитивен тест на тестостерон. Минатата година лидерот на трката Михаел Расмусен беше пратен дома поради пропуштање на позитивни тестови пред трката, додека фаворитот пред трката Александер Винок*ров беше позитивен на трансфузија на крв.

Цабел ќе одлучува за иднината по ТдФ

Германскиот ветеран Ерик Цабел вели дека ќе одлучува за неговата иднина во спортот по Тур де Франс. Договорот на 37-годишниот спринтер завршува во декември.

"Сакам да се концентрирам на трката, а потоа во август ќе ја направам својата одлука. Но, тоа може да биде и во првиот лош хотел и на првата дождлива етапа. Можеби тогаш ќе се прашам дали е вредно да се продолжи", вели Цабел.

Германецот ќе ја стартува својата 14. Тур де Франс трка во јули во тек на која ќе наполни 38 години. Тој има шест зелени маички за најдобар спринтер на трката, од 1996 до 2001, и беше втор на Светското Првенство во 2004 и 2006. Во 2007 тој призна дека експериментирал со ЕПО во средината на 90-тите, но не беше казнет.

Колумбија со силен тим

Лидерот на тимот на Колумбија, Ким Кирхен, ќе има одлична поддршка на ТдФ, во американскиот ветеран Џорџ Хинкапи, победникот на Трката околу Џорџија Константин Сјуцу и Томас Ловквист. Покрај тоа тука е и 23-годишниот британски спринтер Марк Кавендиш, Гералд Циолек, Маркус Бургхард и Бернхард Ајзел. Тим Хај Роуд на оваа трка ќе биде спонзориран од американскиот производител на спортска опрема Колумбија, а тие беа познати како Т-Мобиле, пред германскиот телеком гигант да се повлече поради серија допинг-скандали.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 17:23

АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНЕЦОТ СО НАЈБРЗА ТРКА НА 100 МЕТРИ БЕЗ РАЗЛИКА НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ

Геј како молња до 9.68 секунди, но со ветер во грб

Светскиот шампион Тајсон Геј ги истрча најбрзите 100 метри на сите времиња за да победи на американските олимписки квалификации во Јуџин, Орегон, истрчувајќи неверојатни 9.68 секунди со ветер во грб. Со победата Геј влегува во првиот олимписки американски тим, но ветерот од 4.1 метри во секунда во грб значи дека 25-годишниот Американец нема да биде светски рекордер. Само времиња со ветер до 2.0 метри во секунда во грб се земаат во предвид за рекорд.

"Ова време значи многу бидејќи тоа е времето кое мојот тренер Џон Драмонд ми го поставуваше во главата долго врмее, дека можам да истрчам 9.6. Не ми е грижа колку беше ветерот", вели Геј.

Јамајканецот Усаин Болт е светски рекордер со време од 9.72 секунди, додека предходното најдобро време под било какви временски услови е 9.69 на Обаделе Томпсон од Барбадос во 1996.

Геј, кој постави национален рекорд од 9.77 во саботата, имаше солиден старт и по 40 метри беше во контрола на трката, втор беше поранешниот колеџ шампион Валтер Дикс со 9.80, атрет Дервис Петон со 9.84 секунди. Двократниот светски шампион ќе се обиде да влезе и во тимот на 200 метри во петок.

Олимпискиот шампион во скок во далечина Двајт Филипс нема да биде во Пекинг бидејќиу беше само четврти со скок од 8.20 метри со ветер во грб. Тревел Квинли победи со 8.36 метри пред Брајан Џонсон и Мигуел Пејт. Во скок во височина влегоа двајца ветерани, 35-годишниот Дере Мајлс (5.80) и 40-годишниот Џеф Хартвиг (5.70) и светскиот шампион Бред Вокер (5.65). На 400 метри со пречки победи Бершон Џексон пред Керон Клемент и Анџело Тејлор.

Британските олимписки легенди против Чејмберс

Двејн Чејмберс доби јасен сигнал дека нема да биде добредојден во британскиот тим на ЛОИ во Пекинг. Откако истрча квалификациско време во Германија во саботата, Чејмберс, кој беше суспендиран во 2003 поради користење ТХГ, отиде пред Врховниот Суд во Лондон во обид да влезе во олимпискиот тим. Реакција веднаш дојде од најуспешните британски олимпијци, Кели Холмс, Стив Редгрејв, Крис Хој, кои потпишаа петиција против негово учество во тимот.

"Како Олимпијци ние сме чувари на идеалите на сите спортисти - фер-плеј, почит и пријателство, а некој кој користел допинг-средства не треба да биде меѓу нас", се вели во петицијата.

Болт и Кемпбел со победа на 200 метри

Усаин Болт го обезбеди своето место во јамајканскиот олимписки тим на 200 метри со победа со време од 19.97 секунди на националниот шампион. Марвин Андерсон и Кристофер Вилијамс ќе се приклучат на светскиот рекордер на 100 метри, Болт на ОИ во Пекинг. Во женската трка, актуелната олимписка шампионка Вероника Кемпбел-Браун го стави своето разочарување од испаѓање од тимот на 100 метри зад себе со победа со најдобро време во 2008 од 21.94, пред Керон Стјуарт и Шерон Симпсон.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 15:44

АТЛЕТИКА - АМЕРИКАНСКИОТ ДВОКРАТЕН СПРИНТЕРСКИ ШАМПИОН СО НЕЗГОДНА ПОВРЕДА

Нема двојна програма за Тајсон Геј

Соништата за светскиот шампион Тајсон Геј за олимписки двоен триумф завршија со болка откако испадна од четвртфиналето на 200 метри на Американските Квалификации во Орегон. Веќе квалификуван за 100 метри во Пекинг, Геј истрча само 12 чекори и 40 метри пред да се фати за левиот бутен мускул и да падне на тартанот. Тој лежеше неколку минути пред да биде изнесен од стадионот.

"Пред да излезам на патеката почувствував мала болка во бутниот мускули и имав доста лошо чувство. Кога излегов од првата кривина, првите два чекори беа добри, а потоа почувствував остра болка. Кога бев на тартанот не болеше толку", вели Геј.

Повредата беше голем удар за американските надежи во Пекинг, бидејќи под стриктните правила на квалификациите само топ 3 финишерите влегуваат во тимот. Изненадувачката трка наликува на олимписките квалификации во 2000 кога светскиот рекордер Мајкл Џонсон и Морис Грини испаднаа од финалето на 200 метри поради повреда. Џонсон победи на 400, а Грини на 100 во Сиднеј.

Геј победи на 100 метри минатата недела со 9.68 време со ветар во грб, најбрзо време во историјата под било кои услови, откако предходниот ден постави национален рекорд од 9.77. По вестите за повредата, светскиот рекордер на 100 метри, Јамајканецот Усаин Болт му посака побрзо опоравување на Геј.

"Навистина штета што тоа се случи, но сепак ќе се видиме во Пекинг", изјави Болт.

Болт победи на 100 и 200 метри на јамајканските квалификации во Кингстон.

Влашиќ ја продолжи серијата

Хрватската светска шампионка Бланка Влашиќ стигна до својата 31. победа по ред, откако прескокна 2.06 метри на митингот во Мадрид, на само еден центиметар од нејзиниот личен рекорд. Таа не успеа да прескокне 2.10 метри, со што ќе го подобреше светскиот рекорд од 2.09 од Бугарката Стефка Костадинова. Нејзината најголема ривалка и актуелна олимписка шампионка, Русинката Јелена Слесаренко беше трета со скок од 2.01 метри, зад Шпанката Рут Беитиа Вила.

"Очекував да прескокнам најмалку 2.03 метри, но јас сум многу конк*рентна атлетичарка и морав да одам повисоко", вели Влашиќ.

Помеѓу подобрите резултати на најголемиот атлетски митинг во Шпанија, беше победата на Шуранди Мартина на машките 100 метри со време од 10.03. Мартина го совлада Португалецот со нигериско потекло Френсис Обиквелу кој имаше време од 10.08. Португалскиот светски шампион Нелсон Евора победи во трискок со 17.40, далеку послабо од неговите 17.74 од СП во Осака.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 16:45

АТЛЕТИКА - РУСКАТА СВЕТСКА РЕКОРДЕРКА ПЛАНИРА ДА ТРЧА ОВАА СЕЗОНА

Печонкина демантира дека мисли на пензија

Светската рекордерка на 400 метри со пречки, Русинката Јулија Печонкина нема да се откаже од атлетиката и покрај тоа што се објави дека нема да оди на Олимпијадата во Пекинг поради проблеми со срцето. Главниот тренер на рускиот национален тим, Валентин Маслаков, кој исто така е и нејзин личен тренер, изјави дека таа нема да оди во Пекинг, и најави дека може да се откаже.

"Таа имаше здравствени проблеми од април, прво синуситис, а потоа и посериозните проблеми со срцето", изјави Маслаков.

Но, нејзината менаџерска компанија демантираше дека таа е подготвена да се откаже, и додаде дека веќе продолжила со тренинзите и дека 'планира да трча оваа година'. Според нив изјавите дека таа нема да оди во Пекинг се поради тоа што ќе го пропушти рускиот шампионат.

На квалификациите, најдобрите две во секоја дисциплина се квалификуваат, но таа може да добие трето место како вајлд-карта ако импресионира на другите митинзи.

Печонкина ја освои својата светска титула во 2005 во Хелсинки, а заврши и како втора во 2001 и 2007. Олимпијадите не и се силна страна откако во Атина во 2004 заврши последна во финалето. 30-годишната Русинка го постави светскиот рекорд од 52.34 во 2003, совладувајќи го осум години стариот рекорд на Американката Ким Батен.

Попеску исфрлена од романскиот тим

Романија ја исфрли специјалистката за трки на средни патеки, Лилиана Попеску од олимпискиот тим за Пекинг поради позитивен допинг-тест, објави Романскиот олимписки комитет (ЦОР).

"Комитетот реши да ја исклучи Попеску од делегацијата за Пекинг поради позитивниот тест на 29 мај во Алжир. Сите членови на романската делегација ќе одат на анти-допинг тестови пред Олимпијадата за да се избегне финансиска катастрофа", вели Октавијан Белу, претседателот на Националната Спортска Асоцијација.

Според Белу, позитивен тест во Пекинг може да донесе казна од 100.000 евра. Попеску, која победи во неколку трки оваа година на 1.500 метри, беше една од најголемите надежи за медал во атлетиката за Романија.

Продолжена суспензијата за Гезиеле

Француската тркачка на средни патеки Бушра Гезиеле доби зголемување на допинг суспензијата од шест месеци на четири години откако се жалеше на првата одлука. 29-годишната освојувачка на бронза од СП во 2005 година имаше позитивен тест на ЕПО во март.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 16:55

АТЛЕТИКА - АМФ НА ДВА ФРОНТА

Јуниорите во Турција, сениорите во Грција

Викендов, во Турција и во Грција стартуваат Балканските шампионати во атлетика на кој меѓу земјите учеснички ќе настапат и нашите атлетичари.

Имено, во Бурса, Турција, каде се одржува јуниорското БП нашата екипа е далеку побројна отколку во Костор, Грција, каде ќе учествуваат сениорите.

Во однос на резултатите тие се предвидуваат во рамките на можностите.

За потребите на БП во Турција селекторот Димитров се одлучи за 13 атлетичари во машка (Ефремов, Тодоровски, Јанковски, Мирчевски, Љушев, Дамчевски, Милчевски, Јованов, Шандов, Кафтановски, Павловски, Нуцовски и Егзим) и 10 во женска конк*ренција (Рожман, Х. Ристеска, Митроска, илипова, Крстева, Петреска, Спасеска, Ф. Ристеска, Станкоска и Терзин).

А, пак, на БП во Костур во Грција боите на нашата земја ќе ги бранат 8 во машка (Спасовски, Трпоски, Даутовски, Мартиновски, Трендафилов, Најдов, Кираџиев и Селман) и 2 во женска конк*ренција (Тасевска и Темова).
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 14:16

АТЛЕТИКА - ЈАМАЈКАНЕЦОТ ПОЛН СО САМОДОВЕРБА ПРЕД ПЕКИНГ

Пауел ветува олимписко злато

Асафа Пауел ги отфрли критиките дека му недостасува ментална сила да стане олимписки шампион ова лето. Поранешниот светски рекордер на 100 метри се уште нема голема глобална титула и покрај тоа што е еден од топ спринтерите во последните 4 години.

"Тоа не ме плаши. Момците против кои ќе трчам во Пекинг се истите против кои трчам цела година. Нема ништо поинаку на Олимпијадата, тоа е само име и не треба да размислуваш за тоа се додека не ја поминеш целната линија", вели Пауел.

Бидејќи светскиот шампион, Американецот Тајсон Геј се мачи со повреда, додека новиот светски рекордер Јамајканецот Усаин Болт се уште не се обврзал дека ќе трча на 100 метри во Пекинг, Пауел е првиот фаворит за титулата. 25-годишниот Јамајканец има најмногу трки под 10 секунди од сите активни спринтери.

Пред четири години во Атина тој заврши само петти, додека минатата година на Светското Првенство во Осака падна трет зад Геј и Дерик Еткинс.

"Ако се погледне назад тогаш е јасно дека Атина беше моја прва Олимпијада, а го имав и личниот рекорд во финалето, така што не знам зошто сите велат дека не сум најдобар во финалињата. Во Осака беше единствен пат кога работите не тргнаа како што очекував. Направив грешка која нема да се повтори", вели Пауел.

Гебре подготвен за последното "ура"

Двократниот олимписки шампион, Етиопјанецот Хаиле Гебрселасие вели дека е целосно подготвен за нов обид за титулата на 10.000 метри. Етиопската легенда, која се мачи со повреда на бутниот мускул, се врати на тренинг во Адис Абеба за неговата последна Олимпијада по златата во 1996 и 2000.

"Се чувствувам многу добро во моментов. Почнав да спринтувам и подготвен сум за добра трка во Пекинг", вели Гебрселасие, кој се откажа од маратонската трка во која е светски рекодер со 2:04:26 поради загриженост за здравјето поради астмата.

Израелец пуштен на кауција во Етиопија

53-годишниот Израелски олимпиец Ајеле Сетенг беше уапсен во северна Етиопија за обвиненија за измама, но беше пуштен со кауција. Сетенг, кој е роден во Етиопија, а ќе биде единствениот маратонец од Израел во Пекинг беше уапсен бидејќи наводно земал пари од двајца локални тркачи ветувајќи им пат во Израел.

"Ајеле Сетенг беше пуштен со кауција по краткото појавување пред судот во Гондар. Судот доби барање од Израел и доби гаранција дека Сетенг ќе се врати по Олимпијадата", вели локалниот обвинител.

Еврејската држава почна со преселба на етиопските Евреи во раните 80-ти, а сега во Израел има десетина илјадници Етиопјани.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 18:06
Џонсон го врати олимпиското злато



Американскиот атлетичар Мајкл Џонсон го исполни ветувањето и го врати златниот олимписки медал од Сиднеј 2000, што го освои во штафетата 4 пати 400 метри. Светскиот рекордер на 400 метри во мај годинава вети дека ќе се откаже од медалот, ако се докаже дека неговиот колега од победничката штафета Антонио Петигру бил допингуван. Петигру призна дека шест години користел забранети супстанции, па со него и петкратниот олимписки шампион Џонсон остана без едно одличие. Тој ни испрати писмо со силна порака. Тоа е фер потег, што само потврдува дека Џонсон е голем спортсмен - изјави Томас Бач, потпретседателот на ИОК. Покрај Петигру и Џонсон, без злато останаа и браќата близнаци Алвин и Калвин Херисон. Во последните 8 месеци Американците вратија девет медали освоени на ЛОИ во атлетските дисциплини. Сите пет што ги освои Мерион Џонс не важат, а некогашната прва дама во спринтерските дисциплини патем заврши и во затвор, поради лажно сведочење. Таа од 11 март годинава одлежува 6-месечна казна во Форт Ворт, Тексас, а медалите и' беа одземени поради допинг.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.