|
Тарот - карти |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Јуни.2008 во 01:22 |
КОЛКУ ВЕРУВАТЕ ВО ОВИЕ КАРТИ И ДАЛИ НЕКОЈ СЕ ОСУДИЛ ДА МУ ГЛЕДААТ
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prasanje e dali nekoj ke se osudi da mi gleda...
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a so woodoo kje bidit? |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таротот претставува таинствен шпил карти, чиешто потекло не е познато, односно не се знае каде и како настанале. Картите се претпоставува дека се стари осум века и дека претставуваат претходница на денешните карти за играње. Низ годнините и генерациите кои ги практикувале овие карти, ликовите кои се прикажани на нив биле подложни на промени. Се смета, односно тие што ги практикуваат сметаат дека ТАРОТ КАРТИТЕ се карти на ЖИВОТНАТА МУДРОСТ. Во никој случај не смее да се гледа на Тарот како средство кое служи исклучиво за гледање на судбината, бидејки Тарот картите всушност претставуваат карти преку кои патуваме во нашата сопствена длабочина, во скриената страна од нашата потсвест. Тарот картите се состојат од 56 карти наречени Мали аркани и 22 карти наречени Големи аркани, или вкупно 78 карти го чинат шпилот на Таротот. Малите аркани како и современите карти за играње имаат по четири знака или ''бои'', со по десет нумерирани карти. Четирите знаци на Таротот се нарекуваат стапови, пехари, мечеви и монети. Овие знаци се претопени или пресликани, како повеке милувате, во денешните треф, херц, пик и каро. Кај Тарот картите секој знак има по четири ''дворски'' карти: Крал, Кралица, Џандар и Витез. Не е познато како и зошто оваа последната карта, Витез, исчезнала од денешните карти за играње. Истотака на таинствен начин се изгубени и Големите аркани од денешните карти за играње. Големите аркани се состојат од 22 адути кои не припаѓаат на ниту еден од четирите наведени и познати знаци. Секоја од овие карти има свој лик, име и број, I - Волшебник II -Паписа (жена свештеник) III -Царица IV - Цар V - Папа VI - Љубовници VII - Кочија VIII - Правда IX - Пустиник X - Тркало на среката XI - Сила XII - Обесени XIII - Смрт XIV - Умереност XV - Ѓавол XVI -Кула (Божја кука) XVII - Звезда XVIII - Месечина XIX - Сонце XX - Суд XXI - Свет XXII - Дворски шут ...продолжува... Изменето од moira - 17.Јуни.2008 во 16:45 |
|
la fille
Модератор Регистриран: 21.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 42032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koi teski gluposti se tarot kartite...ne mi se veruva deka postojat luge koi veruvaat vo gatanje na tarot karti
|
|
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lele moira cela istorija ja znaes za kartive bravo ne deka mn. veruvam vo niv ama sepak interesno e
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не верувам, како што не верувам во гледање на кафе, но е интересен начин да отепаш време
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПАПИСА (Свештеничка) Оваа карта прикажува свештеничка. Во историјата никогаш не постоела жена-свештеник. Легендарната личност која била свештеник е Папа Зоан и преданието вели дека таа се маскирала во маж и на крај се воздигнала дури до ПАПСКИОТ ТРОН. Никој не се посомневал дека Папа Зоан всушност е женско, се додека вистината еден ден не искочила на виделина на помалку непријатен начин, односно за време на папската процесија таа ненадејно се породила! Оваа приказна не се базира брз практичниот живот, но како и сите преданија и митови содржи внатрешна вистина, која е толку очигледна, но секогаш се игнорира. Главната творечка енергија и активност која ги разликува Папата (маж) и Паписата (жена) е раѓањето на дете. Дарбата за раѓање која е опишана во преданието, всушност треба да ја претстави тајната мок на жената, а тоа е раѓањето. Иако правиот Папа може да владее со бројни духовни и земски кралевства, тој не е во можност да го направи најголемото чудо-раѓањето на еден живот, кој за жената претставува природна и нормална состојба. Мажот може да го проповеда и слави божјиот дух, но само преку жената, тој дух добива свој облик. Жената е таа, која ја фака божествената искра во својата утроба, ја штити и храни и на крај ја подарува на Светот. Внатре во утробата на жената се одвива целата трансформација… Забегав малце, да се вратиме на поентата односно на Тарот картата со број 2...значи на оваа карта седи ЖЕНА. Иако се нарекува Паписа, таа во буквална смисла не ја претставува жена на Папата. Паписата ја поседува мудрост на свештеник, така да во некои шпилови на Тарот карти е наречена и Првосвештеничка. Паписата го симболизира ЈИН, женскиот аспект на божественото. Нејзиниот број е два, број кој е свет и е карактеристичен на сите женски божества, но и број кој порачува: 2 е број на животот, бидејки 1 сам по себе, не може ништо да направи. Да би се создала една целина, потребни се двајца, едниот е потребен на другиот. На картата, Паписа е прикажана како седи, како да е устоличена. Таа носи церемонијален плашт и тиара на црквата, што всушност прикажува дека нејзината духовна мок е надвор од нејзината личност. Во раката држи отворена книга, симбол на божјето слово. Книгата е отворена, но таа не гледа во неа. Можеби ја држи книгата отворена како би можеле да го видиме она напишаното… Доколку внимателно се загледате во картата, ке го приметите жолтиот ремен поставен преку нејзините гради. Тој ремен означува дека Таа ја има прифатено својата судбина, дека ке го носи своето бреме со голема трпелливост и дека понизно ке служи на духот. Пораката уште повеке се истакнува со хоризонталната оска на крстот, која всушност ја претставува димензијата на земската реалност. Таа ги поврзува на практичен начин десната страна и левата, свесното и несвесното. Токму затоа и нејзината десна и лева рака се соединуваат, како би ја држеле книгата на Пророштвото. Паписа на главата носи капа на три нивоа. Капата ја претставува нејзината мок, која ја има во трите Света: на Небото, на Земјата и под Водата. Позади Паписата виси огромна завеса која е закачена на два столба. Столбовите постојано потсетуваат на дуалноста, која е потврдена и со Паписиниот број кој го носи, а тоа е бројот Два. Може да се забележи дека таа седи на влезот, кој можеби претставува влез од некој храм или пак некое мистично место кое таа го чува. Можеби таа позиција ја претставува женската духовна мистичност?! Можно е дека Паписата всушност ги крие четирите женски тајни, а тоа се: Создавањето, Чувањето, Хранењето и Преобразбата. Паписта е прикажана како да и мокта на нејзината природа е скриена, дури и од самата неа. Раѓањето на дете одсекогаш претставувала СВЕТА ТАЈНА, и то ЖЕНСКА Света Тајна. Папистата владее со бескрајната истрајност, љубов и женска трпелливост. Нејзината мок е водата, ладна, темна, течна…месечева мок! Погледот на Паписата е сталожен, доста смирен и далечен, вперен кон протекот на времето. Паписата ја носи следната ПОРАКА: Оваа карта ја симболизира МУДРОСТА. Таа е спремна да го сподели своето знаење со другите и советува лично преиспитување. Слушајте го она што другите го говорат, но секогаш внимателно анализирајте ги сите пораки. Бидете добро организирани и разумни, можеби постојат скриени влијанија. Паписата се грижи за вашето здравје, како и за начинот на вашата исхрана. Може и да ви порача да ги преиспитате тие две животни полиња. Доколку Паписата е во: Правилна положба: Паметна, сакана и мудра жена или мајка; интуиција, чувства, снаодливост, вест која некој ја прикрива од вас, пасивно посредништво; Спротивна положба: себична женска особа, незнаење или неукост, игнорирање, омраза, желба за освета, илизија, неприподност, вообразеност; * Според некои автори Папа Зоан не била легендарна личност туку вистинита личност. ...продолжува... Изменето од moira - 17.Јуни.2008 во 23:34 |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Легендарната личност која била свештеник е Папа Зоан и преданието вели дека таа се маскирала во маж и на крај се воздигнала дури до ПАПСКИОТ ТРОН. Никој не се посомневал дека Папа Зоан всушност е женско, се додека вистината еден ден не искочила на виделина на помалку непријатен начин, односно за време на папската процесија таа ненадејно се породила!
Јас ова го знам за папата Јована, поточно има книга за неа, се смета дека била вистинска личност, ако ве интересира земете си ја многу интересна книга е |
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
GABRIEL_DESTROYER
Сениор Регистриран: 23.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 122 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сакам да ми гледаат ама нема кој .Иако викаат дека нетреба мене не ме интересира тоа кого може да навредам измисалениот бог.Само да има прилика да ми гледаат одма ке седнам и со задоволство ке слушам .
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога moira ќе заврши со објаснувањето т.е. за толкувањето на картите.........ќе научам ја напамет и че ти глеам |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ке гледам вечерва да продолжам, но ако не утре сигурно...promise... |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦАРИЦА На прв поглед оваа карта личи на Паписата, но се разликува од неа по тоа што Паписата ја претставува духовната женственост, а Царицата ја претставува земската женственост, односно владее со земското кралство. Златниот жезол кој го има Царицата го претставува кругот на земската реаалност, а на врвот на кругот се наоѓа Крст кој го претставува духовниот Крст. Способност на Царицата е да ги поврзе Небото и Земјата, духот и телото, всушност претставува еден од нејзините главни атрибути и мок. Златниот орел кој се наоѓа на нејзиниот штит укажува на врска со духот. Таа го држи штитот во прегратка, а орелот како да го претставува нејзиниот љубовник. На оваа Тарот карта, на која е прикажана кралицата, орелот посочува на движење, слобода и промена, нешто што ги поврзува Небото и Земјата. Орелот претставува и симбол на женственоста. Царицата не го држи жезолот во исправена положба, туку жезолот е необавезно потпрен, што упатува порака дека Царицата владее по принципот на интуиција, Ако внимателно се погледне оваа карта, положбата во која Царицата го држи жезолот и начинот како го има прегрнато штитот, укажуваат на тоа дека она можеби и ке дозволи жезолот да и падне на земја бидејки цврсто и силно го има прегрнато штитот. Очигледно е дека неа помила и е љубовта од моктта. Рацете на Царицата се отворени...што укажува на нејзината отворена природа. Нејзината коса не е прекриена со прекривка како кај Паписата, туку слободно паѓа, а со тоа Царицата се покажува себе како жена...женствена и ПРАВА ЖЕНА! Царицата не е ограничена со столбови од храм, туку е прикажана на отворен, слободен и природен начин. Основни разлики помеѓу Паписата и Кралицата се: Паписата е Првосвештеничка и Девица. Царицата е Мадона и Кралица Паписата му служи на духот. Царицата го сочинува духот. Паписата трпелливо и пасивно чека. Царицата е активна и носи напред кон целта, кон остваруваањата. Со Паписата владее љубовта. Царицата владее со љубовта. Паписата чува нешто старо. Царицата открива нешто ново. Паписата ја држи книгата наа пророштвата. Царицата ги исполнува пророштвата. Книгата на пророштва не е повеке потребна, бидејки е роден новиот Крал. Бројот на волшебникот еден и бројот на Паписата два, го чинат бројот ТРИ, бројот на Царицата. Воопштено ако зборуваме, функцијата на бројот Три се однесува на Тројството: Отецот, Синот и Светот Дух. Или пак...минатото, сегашноста и иднината...или татко, мајка и дете...Изида, Озирис и Хорус. Третиот член од овие тројства секогаш претставуваа фактор на рамнотежа и комбинирајки ги родителските броеви, создава нова реалност. ПОРАКА: Да се има доволно самодоверба и одлучност во ситуации кои се однесуваат на финансиите, но и во дипломатијата. Доколку се спремате да донесете важна одлукаа, таа Ве предупредува да не одите по линијата на помал отпор. Самосвесниот пристап носи успех. Можеби на вашиот партнер му е потребна помош, охрабрете го и подржете го, но немојте да бидете премногу посесивни. Дадете отопр на искушенијата каог е во прашање клевета или расипништво. Доколку Царицата е во: Правилна положба: Природна, слободна и женствена жена, трудна жена, свадба, пороѓај, добиток, плодност, љубов, чувства, благосостојба, одговорна жена, Спротивна положба: Суетна жена, страв, губиток на концентрација, жена со илузии, решавањето на актуелните ситуации ке се одолговлекува, лоша жена, пометнување. |
|
titanik
Група Регистриран: 09.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 55 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
strasno
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |