|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика | страница 123 18> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Јуни.2008 во 16:46 |
Македонија има адути и за Рејкјавик
Машката ракометна репрезентација на Македонија на првиот меч против Исланд во баражот за СП 2009 оствари одличен резултат (34-26), но што е уште поважно, на теренот одигра зрело, координирано, плански. Успехот против големиот фаворит, кој патем, треба да се завери на неделниот реванш, дефинитивно, не беше само моментен блесок или спортска среќа во новата сала. Напротив, тоа е плод на темелна, студиозна работа и максимална ангажираност на играчите, на стручниот штаб и за наши услови „новитетите“, стручниот аналитичар Андон Бошковски и спортскиот психолог Ленче Алексовска-Неделковска. Нивната помош се покажа драгоцена во подготвителниот период пред баражот, тоа го нагласуваат и ракометарите и селекторот Илија Темелковски, а се виде и на дело. - Имаме поголема студиозност во работата, тоа е сигурно. Добро ја проанализиравме играта на Исланд многу работи излегоа токму така како што планиравме и тоа донесе резултат. Но, тоа не е максимумот на оваа репрезентација, иако на прв поглед изгледа така. Не ги откривме сите адути, имаме нешто и за реваншот во Рејкјавик. На првиот меч, на пример, Исланѓаните не видоа ништо или многу малку од можностите на Гоце Макалоски, Филип Лазаров, Влатко Митков... Имавме и мали слабости, пред се во фазата на одбрана, кои ги увидовме по прегледувањето на снимката од мечот, а кои треба да ги коригираме до недела - вели аналитичарот Андон Бошковски. Исланѓаните, можеби, беа затекнати и изненадени на првиот меч, но сигурно ќе сторат се тоа да го исправат на реваншот на домашен терен. Сепак, според Бошковски, македонските репрезентативци сами ќе си ја решаваат судбината и пласманот на СП во Хрватска. - Исланд ќе стори нешто да ги исправи грешките и да се извади за поразот. Сигурно ќе имаат поразличен пристап во играта, ќе бидат многу поагресивни во одбраната, па дури и груби. Но, сепак, мислам дека крајниот исход, сепак, зависи од нас. Имаме големи шанса да се пласираме на СП. Имаме добар резултат и на реваншот ќе патуваме во мирна и релаксирана атмосфера. Верувам дека и во реваншот ќе одиграме според планот и ќе го оствариме тој долгопосакуван успех да играме на светскиот шампионат. А, потоа ќе славиме - најавува Андон Бошковски. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ацкоска во Германија, Наумоска во Кометал ЃП?
КИЧЕВО. - Весна Ацкоска, организатор на играта на ракометниот вицепрвак Кале-Кичево, се наоѓа на проба во германскиот прволигаш Бломберг, екипа за која изминатата сезона настапуваше поранешната кичевка Даниела Новеска. Ова е вторпат Ацкоска да бара ангажман во странство, по едно и полгодишниот престој во Грција. - Не сме наполно сигурни дали Ацкоска и дефинитивно ќе го напушти нашиот клуб. Ако се случи тоа, ќе побараме адекватно засилување на нејзината позиција, така што воопшто нема да бидеме послаби на европските натпревари од досега. Имаме најави дека нашиот клуб ќе го напушти и голманот Дијана Наумоска, која води преговори со шампионот Кометал ЃП. Ако се оствари овој трансфер, ќе мораме наскоро да размислуваме за доведување и на квалитетен голман - ни рече спортскиот директор на Кале-Кичево, Муарем Коџаџиклиоски-Масаро. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕЧОТ НА ИСЛАНД ПОД КОНТРОЛА НА БАУМ И ГОРАЛЧУК ОД ПОЛСКА
Познати имиња на центарот Мирослав Баум и Марек Горалчук од Полска се судиите кои ќе треба да обезбедат регуларност на натпреварот во Рејкјавик. Баум и Горалчук се едни од најискусните судии во Европа во моментов. Уште од 1994 година се на ЕХФ листата. Немаат судено на машка македонска репрезентација, но неколкупати му имаат судено на Кометал Ѓ. П. (финалето во Будимпешта со Херц, 2002; 1/2 финале во Волгоград 2000; два дуели со Шлагелсе). Во Скопје му имаат судено и на Вардар во 2002 против романскиот Фибрекс. Неколкупати му имаат судено на Исланд, а врвот на кариерата го достигнаа дури лани, кога судеа финале на Лига на шампиони и тоа мечот по кој се додели шампионскиот пехар (Кил-Флензбург). Постојано се на ЕХФ листата и главно во последните сезони судат мечеви на силни екипи (Сиудад, Адемар, Флензбург, Загреб ...) . |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
nikuch
Група Регистриран: 04.Април.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 94 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕКОГАШ ГОЛЕМИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ИГРААТ И ПОВЕЌЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ МОЖНОСТИ,
ЗОШТО ЕДНАШ И НИЕ НЕ ОДИГРАМЕ КАКО ГОЛЕМА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА, СЕГА Е ТВОЈОТ РЕД ДА НАПЛАТУВАШ СТАРИ ДОЛГОВИ Изменето од blueprayer - 15.Јуни.2008 во 20:10 |
|
ГОЛЕМИНАТА НА НЕШТОТО СЕКОГАШ НЕ СЕ МЕРИ ВО САНТИМЕТРИ ИЛИ КИЛОГРАМИ
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА УТРЕ ПАТУВА ЗА ИСЛАНД КАДЕ В НЕДЕЛА ГИ ИГРА РЕВАНШОТ ОД БАРАЖОТ ЗА СП 2009 Со умерен оптимизам за Рејкјавик Сениорите со осум гола позитива утре ќе патуваат за Исланд, каде в недела ќе се обидат да дојдат до резултат кој ќе ги одведе на Светското првенство во Хрватска на почетокот на следната година. БАРАЖ ЗА СП 2009 Атмосферата е на истото ниво коешто го достигна и пред одигрувањето на првиот меч така што сите ракометари се подготвени за она што ги очекува. "Постојано работиме на психолошката подготовка на ракометарите за мечот кој ни претстои. Знаеме колку беше тешко да се направи разлика со која ќе стигнеме до добар резултат на првиот меч, но свесни сме сите дека сега ќе ни биде уште потешко на реваншот", вели селекторот Темелковски на ден до патувањето на реваншот. Што се однесува до очекувањата, не се зборува премногу за мечот туку како што беше кажано и на пресот во мир се извршуваат последните подготовки пред заминувањето. "За Исланд ќе патуваме со умерен оптимизам. Имаме резултат, имаме услови и се обидуваме да се смириме пред одигрувањето на овој меч. Атмосферата и натаму ја одржуваме на истото ниво како што беше и пред првиот меч. С$ е сосема нормално и знаеме што н$ чека на реваншот во Исланд. Јасно ни е дека домаќинот ќе брка резултат бидејќи има негатива, но јасно ни е и дека нема нешто премногу да смени во играта". Вчера се анализираше играта од првиот меч со Исланд и се бараа добрите и лошите страни во играта. Целта е да се надминат слабостите и да не се повторат на дуелот во Рејкјавик, но воедно и добрите страни да се повторат и да се одигра на уште повисоко ниво. "И понатаму одиме со истиот план со кој работевме и пред првиот меч со Исланѓаните. Вчера работевме наутро во салата за кревање товар, а вечерта тренингот беше чисто на тактички план. Ќе работиме и на тактиката и во текот на денешниот ден за да можеме акциите да ги подобриме уште повеќе. Воедно ја гледавме и снимката од мечот од неделата. Ги бараме грешките за да можеме да ги поправиме. Можевме да видиме каде беа нашите слабости, а каде беа на противникот, па ќе се обидеме на реваншот да одиграме уште поквалитетно отколку на првиот дуел во Скопје. Создадовме предност која мораме да ја потврдиме. Оваа генерација мора да покаже дека има зрелост и квалитет да издржи со една ваква предност и да обезбеди пласман на СП бидејќи мислам дека тоа и го заслужува", заврши Темелковски. Во секој случај реваншот в недела репрезентацијата на Македонија ќе го почне со осум гола предност. Сите би биле презадоволни кога ваква предност би остала и по завршување на мечот во Рејкјавик бидејќи тоа ќе значи и пласман на СП. Македонија покажа дека може да игра против учесниците на Олимписките игри на свој терен. Време е да покаже дека знае како се игра против овие селекции и кога се игра на гости. Денеска прес во 12:30 часот Во просториите на РФМ, со почеток во 12:30 часот денеска ќе се одржи прес-конференција на која ќе стане збор за натпреварот што ќе се одигра в недела во Рејкјавик. Овој прес ќе биде на ден до заминувањето бидејќи репрезентативците патуваат утре рано наутро. Со 15 ракометари на реваншот Според информациите во моментов на реваншот во Исланд ќе патуваат вкупно 15 ракометари. Сепак, кои ќе бидат тие,ќе се знае дури вечерва откако ќе се одржи и последниот тренинг во Скопје. Дури потоа ќе биде познат и списокот на патници за реванш средбата. И утре со тренинг Иако утре рано наутро се патува за Исланд, сепак, во план е да се одржи тренинг во салата каде што в недела ќе се игра реванш дуелот против Исланѓаните. Од информациите кои ги имаме редоследот на летовите е таков што ќе се стигне навреме за да може и да се одржи тренинг. В сабота тоа ќе се случи сигурно во терминот на одигрување на средбата. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК СО МАЛКУ СРЕЌА ЌЕ СЕ НАЈДЕ МЕЃУ 32-ТЕ ЕКИПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ Лесно за Металург? Македонскиот првак Металург не би требало да има поголеми проблеми
за да стигне до пласман во натпреварите по групи во Лигата на
шампионите. ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2008 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
nikuch
Група Регистриран: 04.Април.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 94 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИСЛАНД 30:24 МАКЕДОНИЈА
НАЈСЛАТКИОТ ПОРАЗ ДОСЕГА БРАВО ДЕЧКИ ГО ИСТОПИВТЕ ЦЕЛИОТ ИСЛАНД, КОЈ ТРИПАТИ НЕ СМРЗНУВАШЕ ДОСЕГА ЧЕСТИТИКИ, ЧЕСТИТИКИ И САМО ЧЕСТИТКИ Немора да не оќоравуваш Изменето од blueprayer - 15.Јуни.2008 во 20:10 |
|
ГОЛЕМИНАТА НА НЕШТОТО СЕКОГАШ НЕ СЕ МЕРИ ВО САНТИМЕТРИ ИЛИ КИЛОГРАМИ
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo momci, navistina prekrasno.
Cestitki i mnogu sreka vo Hrvatska. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАРИ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО
Крај на постот, Македонија оди на СП! ИСЛАНД - МАКЕДОНИЈА 30:24 (13:13) Таму каде што почна црната серија на македонскиот репрезентативен
ракомет, таму и заврши. На Исланд, во Рејкјавик. Вчера македонските
ракометари го тргнаа прашалникот од прашањето која ќе биде последната
европска репрезентација која ќе оди на мундијалот во Хрватска. Можност за пречек на ракометарите Изменето од blueprayer - 16.Јуни.2008 во 18:01 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2009
Прекин во Сараево! БиХ - Унгарија 24:27 прек. (25:27) Мечот во Сараево меѓу БиХ и Унгарија не го дочека крајот! Револтирана од судењето на Леифсон и Палсон од Исланд публиката во "Скендерија" (околу 7000) почна да фрла предмети на теренот по што мечот беше прекинат. Унгарците се повлекоа во соблекувалните, а делегатот процени дека нема услови да се продолжи натпреварот. Сега на ред е Дисциплинската комисија на ЕХФ да ја донесе конечната одлука. БиХ очекуваше пласман на СП по тесниот пораз од два гола разлика во Унгарија. Но на реваншот во Сараево, Унгарија играше далеку подобро и на полувреме имаше водство од шест разлика. Во вториот дел БиХ заигра подобро, ја намали разликата и се чинеше дека има шанса да стигне, но тогаш прво беше досудено едно сомнително пробивање на Доборац, а во следниот напад исто така сомнителни две минути на Терзиќ и тогаш дојде до ерупција од незадоволство во салата по што се случи и прекинот. Србија низ иглени уши СРБИЈА - ЧЕШКА 29:24 (33:38) Србија успеја во меч со драматичен финиш да ја елиминира фаворизираната Чешка и во јануари ќе игра во Хрватска. Голманот Димитрије Пејановиќ е нов херој на српската репрезентација бидејќи успеја да скроти 23 топки вклучувајќи го и клучниот напат во последната минута. Станиќ одбрани 8 и со вкупн 31 одбрана Србија стигна до посакуваните плус пет. Нервите на навивачите во Ниш постојано беа на испит со оглед на тоа дека Србија водеше со 6 во 38 минута, за по тоа да биде на само плус 2 во 45 минута. Во финишот како и да е Србија имаше 29:24, но топката во последната минута и пол беше во посед на Чешка. Пејановиќ ја спаси ситуацијата, но Србите веднаш во нападот погрешија и им дадоа уште 10 секунди шанса на Чесите. Но, гостите се сплеткаа и ја испратија домашната репрезентација на мундијалот. Ц. Гора, елиминирана |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РЕПРЕЗЕНТАТИВКИТЕ СЕ СЕЛАТ НА ЈУГОТ ОД ЗЕМЈАТА Од денеска надвор од Скопје Женската јуниорска репрезентација на Македонија по тренинзите во
Скопје, во салата во Автокоманда во следните седум дена ќе се
подготвува надвор од главниот град и заминува за Негорски бањи. Ова ќе
биде базата во која ќе се одработат вкупно 12 тренинзи бидејќи ќе се
претстојува вкупно седум дена. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВЧЕРА СЕ ВРАТИЈА СО КРЕНАТИ ГЛАВИ ОД ИСЛАНД ОПРАВДУВАЈЌИ ГО ОПТИМИЗМОТ СО ПЛАСМАНОТ НА СП 2009 ВО ХРВАТСКА Величествен дочек за хероите Вчера беше прекрасно да си Македонец бидејќи целиот ракометен свет
зборуваше само за едно, за големата победа против учесникот на
Олимписките игри, Исланд. Македонските репрезентативци по големиот
успех пристигнаа на аеродромот во Скопје "Александар Велики", а беа
пречекани на величествен начин.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАКОМЕТАРИТЕ ГИ ИЗРАДУВАА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА СПОРТОТ ВО ДРЖАВАТА Македонија во мундијалски транс Исланд е силен тим составен од врвни професионалци. Исланд е и добро организиран и скап и ги има сите услови. Исланд ќе игра и на Олимписките игри во Пекинг. Но, на Светското првенство во Хрватска - не! Таму ќе оди Македонија, најголемото изненадување во квалификациските бараж натпревари.Македонските играчи го спуштија на земја учесникот на олимписките игри само две недели по нивната "сензационална" елиминација на Шведска во квалификациите за ОИ. Конечно, по безмалку 10 години чекање најдобрите македонски ракометари се враќаат на светската ракометна сцена. За само десетина дена по вторпат се во насловите од извештаите во ракометна Европа. Од денеска почнува нова ера во машкиот ракомет. Конечно е свртена нова страница, страница на која ќе се пишуваат резултатите од големите натпреварувања, а не од неуспешните квалификации. Последниот рецепт се покажа успешен. Репрезентацијата беше на големо искушение во овие квалификации. Не само од силата на противниците кои никако не се потценување (Исланд, Португалија). Причините што мораше да се чека 10 години, сега се виде, во најголем дел лежеле во македонскиот табор. Ракометарите, конечно, решија сами да стават крај на сето тоа. Созреаја и како играчи и како личности и дојдоа до нивото каде што веќе мораше да се отиде чекор напред. Побараа шанса самите да излезат на крај со Исланд. Побараа да се прекине практиката да се носат странски тренери кои имаат познати имиња и резултати со некои други репрезентации. Секоја чест за нив, секој од нив доследно си ја работеше својата работа, но за овој тим очигледно дека беше потребно нешто друго. Слобода да одиграат како што знаат и како што мислат дека треба. Па што биде, нека биде. Побараа шанса со Темелковски на клупата да се обидат да го победат Исланд. Ја добија и ја искористија. Докажаа дека ако се склопат сите коцкички и ако секој на свој начин си ја одработи својата задача во цел да се постигне резултат, резултатот ќе дојде. Мундијалскиот транс кој ја зафати Македонија ќе мора да трае. Резултатот остварен на Исланд не значи дека работата е завршена. Напротив, дури сега почнува. Ракометарите обезбедија место меѓу најдобрите, но, сега, кога добија шанса да "пливаат" со големите риби, мора и да се однесуваат како нив. Ако досега се импровизираше на многу полиња, сега тоа не смее да го има. Мора да бидат елиминирани сите слабости кои на еден или друг начин ја сопираа Македонија минативе десет години за оваа шанса докрај да биде искористена. Десет години беа потребни да се изгради тим и да се најде начин како да се стигне до мундијалот. Многу малку, можеби само една грешка би била доволна да се вратиме назад. Сега ракометната репрезентација е на позиција која мора по секоја цена да се одбрани. Ракометарите ќе можат заслужено да уживаат во своите "пет минути" слава. Тие се нашите спортски херои и заслужија да бидат под светлото на рефлекторите уште долго време. Честитки стигаат од сите страни и што е посебно важно од сите институции. Радоста ја делат сите, победата над Исланд сите ја чувствуваат како своја. Тоа е убаво, но тоа ќе треба да се запамети и кога еуфоријата ќе стивне. Наскоро, за нешто повеќе од три месеци овие момци одново ќе бидат на бојното поле, а тогаш, веројатно повеќе од кога и да е, ќе им биде потребна помош од сите. Играчите го направија најважниот чекор, ја однесоа Македонија на СП. Сега на сите останати е одговорноста да направат стратегија како овој моментен успех да го претворат во траен. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ДИРЕКТНО СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО НАТПРЕВАРИТЕ ПО ГРУПИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кометал избегна квалификации! За разлика од машкиот првак, Металург, кој ќе мора да одигра едно
квалификациско коло, женскиот шампион, Кометал Ѓ. П., и оваа сезона ќе
игра директно во Лигата на шампионите. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница 123 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |