|
Сон |
Внеси реплика | страница <1 3738394041 55> |
Автор | |
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според традиционалното народно верување, змијата значи непријател, злобник. Но не мора секогаш да е така. Кај Фројд, но и кај современите толкувачи на соништа (од психолошки аспект, се разбира), змијата може едноставно да биде фалусен симбол (на машкиот полов орган). Змијата се поврзува и со сексуалната енергија, воопшто. Толкувањето на соништата не може да се смести во строго определени рамки. За некого еден сон може да значи едно, а за друг истиот сон може да има и поинакво значење. Важно е на сонувачот да му се дадат некои показатели, некои упатувања на симболите, кои потоа самиот ќе треба да ги препознае и да го пронајде нивното значење. Инаку, јајцето би требало да значи некој нов почеток, нова идеја, нешто скриено и неизвесно што наскоро доаѓа. Може да значи и идеја што веќе созреала во тебе и време и` е да излезе на површина, односно да се роди... |
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
Astra
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 297 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bravo Dudulovski ova e mnogu tocno sto go imas napisano. Конечно некој нешто асално да каже за соништата.
Кај духовњаците на пример кај јогистите змијата може да значи и будење на кундалинито.Змијата означува и мудрост и созреаност итн. Се зависи од сонувачот па од тоа ќе зависи и толкувањето. Дудуловски благодарам за напорот за толкување на мојот сон со полицајците специјалци. Навистина ми е интересно твоето видување и стварно го ценам тоа. Има нешто во твоетое толкување што важи за ситуацијава, но мислам дека ова не е целата приказна, фали уште нешто, што за сега неможам во целост да го фатам. Полицијата претставува и е чувар и на системот, државата, владеењето и се грижи за негово одржување. Во сонот изгледа дека јас сум против системот(или сум излегла од него)и сега се праќа полиција по мене за да се „корегирам„-најверојатное ова во прашање. така да мање више се поклапам со твоето толкување, со мали корекции. Во секој случај сум благодарна. Ако смеам да си дозволам дрскост би ценела твое мислење т.е. толкување за уште 1 мој сон. У ставри сонот го сонував веќе 2 пати во разни верзии. Во двете соништа е следната симболика: Некоја куќа на рид(на Водно), излегувам од куќата, си заминувам, куќата ја заклучувам, тука има одма убава ограда од ковано железо, клучот го оставам зад оградата, вртам грб и почнувам да се спуштам надолу. оставм се зад мене. Пред мене додека се спуштам по патот, поминувам низ некакви градини и дворови од други куќи. Наидувам и на некое куче(веројатное ова некој мој верен пријател)тоа прво лае, го погалувам и се смирува.И патот така продолжува се надолу низ тие градини. Градините се убави цветни или со висока зелена трева. Тревата отприлика досега во висина до мојата половина. Толку е сонот. Значи во двата сона се симболите: -куќа на рид која ја заклучувам и го оставам клучот на скалите или во дворот на куќата. -заминувањето и симнувањето -одењето низ градини со убава трева Ако имаш некое видување за овој сон навистина би сакала да го изнесеш. |
|
What you see,hear and feel is not always true.
|
|
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти благодарам за убавите зборови и за тоа што мене ме прашуваш. Сепак, не сум до толку. Читав една многу добра книга од двајца американски психолози. Таму имаше многу убави толкувања на симболите од соништата. Ама тоа беше пред скоро 3 години. Нешто се помни, нешто се заборава. Куќата би требало да ја означува твојата личност и потсвест. Напуштањето на куќата може да значи дека оставаш нешто зад себе. Но само го оставаш, привремено. Тоа што си ја заклучила куќата значи дека сепак нешто ти значи. И сакаш да ти биде на сигурно. Лани читав една книгичка од доктор Јунг, Архетипови на колективното несвесно - според него, симнувањето надолу претставува симнување во самиот себеси. Без разлика на тоа каде се симнуваш. Мислам дека тоа значи пат, или желба за пат, кон твоето длабоко несвесно. Можеби желба поубаво да се запознаеш себеси. Убавите куќи и дворови покажуваат дека длабоко во себе носиш убави нешта, кои треба да ги пронајдеш. Големата трева значи таинственост. Можеби и некој заборав што треба да излезе на виделина. Во секој случај, мислам дека сонот е убав. |
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
Astra
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 297 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da Jung e eden od najdobrite tolkuvaci i poznavaci na toj del.
Blagodaram za trudot navistina si se potrudil.Kje pisam povekje drug pat, sega sum samo na pominuvanje i vo brzanje.izvini. Se citame pak naskoro. |
|
What you see,hear and feel is not always true.
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај сега едно општо прашање за експертите.... Вечерва си спев многу убаво и се изнасонував.... Мислам дека сонував цела вечер.... а соништата ми беа многубројни и најразлични.... Јас тоа го забележав, бидејќи како некако да претчувствував дека ќе биде така пред да си легнам... и скоро по завршувањето на секој од соновите, влегував во некој така да речам полусон во кој се трудев да ги меморирам и да ги раздвојам еден од друг.... Кога станав сватив дека, нормално, последниот сон, како најтазе, ми беше некако најжив.... но помислив дека.... кога не би се потрудил да се сетам и на другите би го раскажал само овој, последниот сон. Е сега, за толкувачите на соништата.... прашањето е .... зошто од, да речеме 10 сона кои сме ги сонувале во текот на една вечер, ние да толкуваме само еден... и да анализираме само од тој аспект и да ги донесуваме нашите заклучоци само врз основа на тој еден сон???? А што е со оние другите.... Па баш можеби тие на кои не можеме толку добро да сетиме, носат некоја поважна информација отколку овој на кој се сеќаваме... Еве во мојот случај сите соништа беа прилично различни... се случуваа во многу различни средини... со различни детали.... Но еве како помош... скоро се што видов во сите од соновите ми беше нешто ново... што никогаш не сум го видел досега во реалниот свет.... иако се беше реално ..... природа, куќи, луѓе... но и скоро сите луѓе кои ги видов и со кои контактирав беа непознати.... досега никогаш во живот не сум ги видел.... Па... баш ме интересира мислење??? |
|
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно е дека мозаикот е непотполн со заборавените соништа. Но мислам дека донегде може да се склопи и со тој дел што си го запомнил. Секој сон може да означува различен аспект од твојот живот, од секојдневнието, од љубовниот живот, работата.......од минатото или иднината. Некои соништа се обични, секојдневни, но некои оставаат силен впечаток. Така што, одговорот на твоето прашање е: што повеќе соништа анализираш и помниш, толку се поголеми и шансите да дојдеш до некој заклучок. Да одгатнеш барем делче од мозаикот. Ова го зборам за психолошките соништа, кои во себе носат скриени пораки. Виденијата и да не ги споменувам. Тие не предвидуваат (врз основа на веќе познати факти), туку ПРЕТСКАЖУВААТ. Таков е примерот кога Линколн, неколку дена пред да биде убиен, си ја сонувал смртта.(Ова не е гласина, туку е документирано.) И јас имам примери на соништа што всушност биле виденија и за нив нема рационално објаснување. |
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
james dean
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 4476 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала ти на објаснувањето Dudulovski.... Го потврдуваш она што си го мислев.... Значи се сложувам со сето ова што го кажуваш, освен за предвидувањето.... околу тоа не сум баш сигурен, па не би сакал ништо да тврдам... |
|
Astra
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 297 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дудуловски добар опис за сликичката од сложувалката за соновите на Џејмс.
* Околу мојот сон, се сложувам со тебе. Да куќата сум јас,но за ова со заклучувањето не сум сигурна. Помислувам т.е. ми делува како да оставам 1 начин на живот позади себе и сега терам нешто друго,односно се симнувам се подлабоко во себе. Како кога заклучуваме 1 кутија(карикирам)со играчки, ја оставам по страна и зимаме нова.Сонував повторно пред некој ден дека полагав испит и од 3 прашање знаев 2, третото прашање не го знаев, па овој сон ми се надоврзува со оној со куќите.Нагласокот е на внатрешната анализа. Ми се допаѓа ова што ми го рече со тревата-ми делува како кога човек се пробива низ густа шума за да го најде патот. Мислам е комбинација од двете.се сложувам со тебе, сонот е убав.Ти благодараммногу. |
|
What you see,hear and feel is not always true.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas vo princip ne veruvam vo nikakvi pretskazuvanja (gledanje na kafe, na karti, na sliki, gatacki, bajacki.. i slicni budalastini)!..
Ama koga se sonovite vo prasanje, mnogu cesto pred nesto loso da se sluci, sonuvam nekoi cudni sonovi, koi sekako imaat nekoe znacenje ili ne znam sto e... ne mozam da si objasnam!.. I toa otkako mi se sluci nesto sto me pokoleba vo moeto neveruvanje!...
Bev vo osmiot mesec od bremenosta, koga edna vecer go sonuvav mojot dedo, kogo mnogu si go sakav i bev mnogu povrzana so nego. Vo sonot mi se pojavi taka visok i stroen kako sto si bese, oblecen vo eden bel kostum, beli konduri... prosto svetese! Kolku sto se sekavam nisto ne mi prozbore, samo me gledase so eden spokoen i prodoren pogled, kako so ocite da sakase da mi kaze nesto!... I tolku!..
Utredenta se javiv kaj majka mi da prasam dali e se vo red, me uspokoi deka dedo mi e zdrav i ziv i deka nema za sto da se sekiram.
Posle 2 dena od mojot son, dedo mi pocinal ama mene ne mi javija od strav poradi bremenosta, da ne mi se sluci nesto, zatoa sto znaeja deka tesko ke ja primam vesta!..
Mi kazaa duri posle 3 meseci... I toa taka sto majka mi samo me potseti na mojot son... i veke znaev!..
Ne mozam da si objasnam kako e mozno vo sonot da ni se pojavuvaat vakvi raboti, so elementi na PRETSKAZUVANJE, kako sto vika Dudulovski, koi se odnesuvaat na idninata?.. Se vo red so sonistata koi se odnesuvaat na naseto minato ili segasnost, od psiholoski aspekt mozat ubavo da se objasnat i da ni prenesat vazni informacii... ako znaeme da si gi protolkuvame !
Ama sonot da ti prenese poraka za nesto sto ke se sluci vo idnina?.. Za sto se raboti?.. Intuicija li e vo prasanje?.. Kolku tuka ima vlijanie kolektivnoto nesvesno?.. Ili nesto sosema treto???...
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ух, сонував една личност што не ја знам... мислам, не знам како изгледа, а во сонот некако изгледаше... е ај сега
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nepoznati luge, baknuvanje dodeka se vrtam vo krug i razdelba....
i utrovo si go dobiv odgovorot na mojot son
|
|
superboy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Добар човек Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не верувам во никакво претскажување (да не набројувам).Сепак сонувам многу работи кој навистина ми се случуваат после сонот.Навистина е малку чудно но тоа е.
Поздрав |
|
Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хеј, гледам овде имало еден човек, налик на Јосиф од Стариот Завет кој мошне убаво ги толкува соновите...со ник дудуловски.
Па во тој контекст, јас би те замолила почитуван форумџијо, кога ќе имаш време да ми напишеш нешто и за мојот сон. Имено, имам 3-4 “филма“ кои се повторуваат во разни верзии, но воглавно се се сведува на исто. Еден таков сон, кој никако неможам и не умеам да си го протолкувам, а често ми се сонува е следниов:
Треба да се мажам, за некој човек (секојпат е тоа некој безвезе лик од секојдневието), и пази сега, треба да се омажам за него, а јас сум всушност мажена, и пот ме облева, како да му го кажам тоа на овој, што ќе ме “жени“, и така се будам на тоа место. (Инаку приватно, сум омажена). Што е ова, мајко му стара, со години ме мачи?
Поздрав....
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | страница <1 3738394041 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |