|
КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА? |
Внеси реплика | страница <1 3132333435 55> |
Автор | ||
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I LOVE ISLAM!
|
||
Vikentij
Нов член Регистриран: 29.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во денешно време сите ние се наоѓаме во животна ситуација во која на никаков начин и со никакви ѕидови не можеме да се одвоиме од светот што нè опкружува. За каква ситуација станува збор? Ние живееме во светот на религиозниот плурализам. Се соочуваме со мноштво проповедници, и секој од нив ни предлага свои идеали, свои норми на живот, свои религиозни погледи. Постарите сигурно не би ни завидувале на ваквата ситуација. Порано било поедноставно. Основниот проблем, пред кој биле исправени луѓето во блиското минато, бил проблемот на религијата и атеизмот.
Денес се манифестира нешто многу поголемо и многу полошо. Дали Бог постои или не постои – тоа е само првиот степен. Но, добро, човекот се уверил дека постои Бог. А понатаму? Вери колку сакаш – кон која да се приклучи? Христијанин... а зошто не муслиман? А зошто не будист? А зошто не кришнаит? Нема да набројувам понатаму. Вие самите знаете колку многу религии има. Зошто, зошто, зошто...? Но, добро, нека човекот, минувајќи низ таа многурелигиозна џунгла, на крајот станал христијанин. Зашто разбрал дека христијанството е – најдобрата, најисправната ... религија. Но кое христијанство? Тоа е толку многулико! Каков да биде? Православен, католик, пентакостен, лутеран? Повторно мноштво. Ете пред каква ситуација денес е исправен секој млад човек. Притоа, претставниците на старите и на новите религии, претставниците на неправославните конфесии, по правило, се многу погласни и имаат значително поголеми можности за пропаганда во средствата за масовна информација одошто ние, православните. И така, првото со кое се соочува современиот човек е – множеството вери, религии, светогледи. Затоа би сакал денес накратко да поминам низ таа долга низа соби коишто се отвораат пред множеството современи луѓе коишто ја бараат вистината, и да погледнам, макар и во најопшти, но принципиелни црти, зошто човекот е должен – не само дека може, туку дека навистина е должен – врз разумни основи да стане не просто христијанин, туку православен христијанин. И така, првиот проблем: „Религија и атеизам". Се случува, на мошне важни конференции и слични манифестации, да се среќаваш со луѓе коишто се навистина образовани, навистина учени, коишто не се површни, и се случува постојано да се судираш со едно и исто прашање. Кој е Бог? Постои ли? Дури и прашањето: Зошто е потребен? Или: Ако постои Бог, зошто не настапи од говорницата на Обединетите Нации и не се објави? Ете, дури и такви прашања можат да се слушнат. Што може да се каже на ова? Ова прашање, како што ми изгледа, се решава од позиција на централната современа философска мисла, којашто најлесно може да се искаже преку поимот егсистенцијалност. Во што се состои основната содржина на постоењето на човекот, на смислата на човековиот живот? Да, се разбира, пред сè во – животот. А и како би било поинаку? Каква смисла јас доживувам кога спијам? Смислата на животот може да биде исклучиво во спознанието, во „вкусувањето“ на плодовите на својот живот и на својата активност. И досега никој не можел да смета, и во вечни векови нема да може да смета и да тврди дека смислата на човековиот живот е во – смртта. Тука лежи непремостивиот јаз меѓу религијата и атеизмот. Христијанството тврди: човеку, овој земен живот е само почеток, услов и средство за подготовка за вечноста; подготвувај се, тебе те очекува вечноста. Христијанството вели: еве што е потребно да сториш, еве каков треба да бидеш за да влезеш во вечноста. А што тврди атеизмот? Нема Бог, нема души, нема вечност, и затоа верувај, човеку, дека те очекува вечна смрт! Каков ужас, каков песимиза, каков очај – морници низ грбот минуваат од овие страшни зборови: човеку, тебе те очекува вечна смрт... Не, избавете ме од таквата вера! Кога човек ќе се изгуби во шума, го бара патот да излезе од неа, бара начин да се врати дома, и штом ќе сретне некого, го прашува: „Има ли излез оттука?“ Ако тој му одговори: „Не, и не барај, подготви се да останеш тука.“ – дали ќе му поверува? Се сомневам. Нема ли да продолжи да бара понатаму? И ќе сретне друг човек кој ќе му каже: „Да, има излез, и ќе ти ги кажам знаците по кои ќе можеш да излезеш оттука.“ Нема ли да му поверува на овој човек? Истото се случува и во сферата на изборот на светогледот, кога човекот ќе се најде пред лицето на религијата и на атеизмот. Сè додека во човекот има искра на барањето вистина, искра на барањето смисла на животот, тој не може, психолошки не може да прифати концепции коишто тврдат дека него, како лчичност, и – следствено – сите други луѓе ги очекува вечна смрт, за чие достигнување е потребно создавање што е можно подоби економски, социјални, политички и културни услови за живот. А понатаму сè ќе биде О.К., утре вие ќе умрете и ќе ве однесеме на гробиште. Колку „восхитувачки“! Ви укажав само на едната страна, психолошки мошне суштинска, којашто, според мене, му е доволна на секој човек со жива душа за да разбере дека само религиозниот светоглед, кој за своја основа го прифаќа Оној Кого ние го нарекуваме Бог, дозволува да се зборува за смислата на животот. И така, јас верувам во Бога. Ќе сметаме дека минавме низ првата соба. И, откако поверував во Бога, влегувам во втората... Боже мој, што гледам и што слушам тука? Полно народ, и секој вика: „Единствено јас ја зборувам вистината“. Има и муслимани, и конфучијанци, и будисти, и јудејци, и кои ли сè не... Многу има и од оние меѓу кои денес се наоѓа христијанството. Ете, стои и тој, христијански проповедник, среде другите, а јас барам кој е тука во право, на кого да му верувам? Тука има два пристапа, можеби и повеќе, но јас ќе наведам само два. Едниот од нив, кој на човекот може да му пружи можност да се увери која религија е вистинита (односно која објективно соодветствува на човековата природа, на човековите барања, на човековото поимање ма смислата на животот) е споредбено-богословската анализа. Ова е мошне долг пат, потребно е добро да се проучи секоја религија. Но, секој не може да тргне по тој пат, потребно е време, многу усилби, па дури и соодветни способности за да се изучи сето тоа – а згора на тоа, тоа ì одзема и многу сили на душата... Постои и друга метода. На крајот од краиштата, секоја религија му се обраќа на човек, таа нему му говори: ова е вистината, а не нешто друго. Притоа, сите светогледи и сите религии кажуваат една едноставна работа: сегашната ситуација, сегашните политички, социјални, економски, ... духовни, морални, културни и др. услови во кои живее човекот – сето тоа не ненормално, сето тоа не може да го издигне човека. Па дури и ако некого тоа лично го задоволува, огромно мнозинство луѓе на еден или на друг начин страдаат од таквата ситуација. Таа не го устројува човекот во целина, таа бара нешто друго, нешто поголемо. Човек треба да се стреми некаде, кон некоја непозната иднина, да го очекува „златниот век“ – сегашната состојба на нештата не може никого да го издигне. Оттука станува јасно зошто суштината на сите религии, на сите светогледи, се сведува на учењето за спасението. И ете, тука некаде и ние се судруваме со тоа, што веќе ни дава можност да извршиме обоснован избор кога ќе се најдеме пред лицето на религиозното многуобразие. Христијанството, за разлика од сите други религии, тврди нешто што другите религии (а дотолку повеќе нерелигиозните светогледи) едноставно не го знаат. И не само што не го знаат, туку, кога ќе се судрат со тоа, го отфрлаат со негодување. Тоа тврдење се заснива на поимањето за т.н. првороден грев. Сите религии, па, ако сакате и сите светогледи, сите идеологии, зборуваат за гревот. Навистина, го нарекуваат различно, но тоа не е важно. Но, ниту една од нив не смета дека човековата природа, во својата сегашна состојба, е болна. Христијанството, пак, тврди дека состојбата во која сите ние, луѓето, сме се родиле, во која се наоѓаме, растеме, се воспитуваме, созреваме – состојба во која се насладуваме, се забавуваме, учиме, откриваме итн. – сето тоа е длабоко болна состојба, длабоко повредена состојба. Ние сме болни. Се разбира, не станува збор за грип или за бронхитис, ниту, пак, за психички заболувања. Не, не, ние психички сме здрави, и физички сме здрави – можеме да решаваме задачи и да летаме во вселената – ние сме длабоко болни од друг аспект. Во почетокот на човековото постоење се случило некакво чудно трагично раздвојување на единственото човечко битие на автономни и често противречни меѓу себе делови: ум, срце и тело... Какво апсурдно тврдење од страна на христијанството, нели? Сите се бунат: „Јас ненормален? Простете, другите можеби се болни, но јас не сум.“ И ете тука, доколку христијанството е во право, се наоѓа коренот, изворот на она поради што човечкиот живот – како во индивидуална, така и во општочовечка смисла – води од една во друга трагедија. Зашто, ако човекот е сериозно болен, а не го гледа тоа и не се лекува, болеста ќе го погуби. Другите религии не ја признаваат оваа болна состојба на човекот. Ја отфрлаат. Тие сметаат дека човекот е здраво семе, но кое може да даде и нормален и ненормален плод. Неговиот развој е обусловен од социјалната средина, од економските услови, од психолошките фактори – односно од многу нешта. Затоа човекот може да биде и добар и лош, но самиот тој, по своја природа, е добар. Тоа е главна антитеза на христијанското спознание. Не зборувам за нерелигиозното спознание, таму и нема што да се каже, таму, општо земено, важи: „човек – како тоа гордо звучи“.Само христијанството тврди дека нашата сегашна состојба е состојба на длабока повреда, и тоа таква повреда којашто, на личен план, човекот сам не може да ја исцели. На ова тврдење е изградена величествената христијанска догма за Христос како Спасител. Оваа идеја поставува принципиелен јаз меѓу христијанството и сите други религии. Сега ќе се обидам да покажам дека христијанството, за разлика од другите религии, има објективна потврда за своето тврдење. Дозволете да се повикам на историјата на човештвото. Да погледнеме како човештвото живее во текот на сета своја историја. Кон што се стреми? Човештвото сака да изгради Царство Божјо на земјата, да создаде рај. Едни со помош на Бога. И во тој случај Бог се разгледува само како средство за стекнување изобилие на земјата, но не како повисока цел на животот. Другите – без Бога. Но, нешто друго е важно во двата случаја. На сите им е јасно дека таквото Царство на земјата е невозможно без такви елементарни работи какви што се мир, праведност, љубов (само по себе е јасно каков е тој рај во кој царува неправда, злоба, во кој се води војна), заемно почитување. Односно, сите прекрасно разбираат дека без таквите темелни морални вредности, без нивна реализација, не може да се достигне никаква благосостојба на земјата. На сите им е јасно? На сите. А што прави човештвото во текот на сета своја историја? Што правиме ние? Ерих Фром добро рекол: „Историјата на човештвото е напишана со крв. Тоа е историја на насилство коешто никогаш не престанува“. Навистина. Дваесеттиот век – според идејата, е век на највисок хуманизам. И тој го покажал тој врв на „совршенството“, надминувајќи ги, според пролеаната крв, сите претходни векови. Доколку нашите претци би можеле да видат што сè се случило во дваесеттиот век, тие би затрепереле пред размерите на жестокоста, неправдата, измамата. Некаков недостижен парадокс се содржи во тоа дека човештвото, со развојот на својата историја, постапува сè поспротивно и поспротивно во однос на својата основна идеја, цел и мисла кон кои во почетокот биле насочени сите негови усилби. Задавам реторичко прашање: „Може ли така да се однесува словесно битие?“ Историјата просто ни се потсмева, иронизирајќи: „Човештвото, навистина, е умно и здраво. Тоа не е душевно болно, не, не. Тоа само ги прави нештата малку подобро или – понекогаш – малку полошо отколку што истите тие нешта ги прават во домовите со умоболни.“ Но, тоа е факт од кој нема каде да се избега. И тој покажува дека во човештвото не се заблудени поедини единици, не и не (за жал, само единици не се заблудени), туку дека се работи за некакво парадоксално сечовечко својство. Ако сега погледнеме на одделен човек, поточно, ако некој човек има морални сили „да се сврти кон себе“, да погледне на себе, тој ќе види не помалку впечатлива слика. Апостол Павле точно ја окарактеризирал:„Беден човек сум, не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам“. И навистина, секој што макар и малку обрне внимание на тоа што се случува во неговата душа, секој што ќе се судри со самиот себе, не може а да не види колку е духовно болен, колку е повреден од дејството на различни страсти, колку им робува. Бесмислено е да се прашува: „Зошто ти, беден човеку, се прејадуваш, се опиваш, лажеш, завидуваш, блудствуваш итн.? Ти со тоа се убиваш самиот себеси, го разурнуваш семејството, ги расипуваш своите деца, ја труеш сета атмосфера околу себе. Зошто се удираш самиот, зошто ги губиш своите нерви, својата психа, своето тело? Тебе ти е јасно дека тоа е погубно за тебе.“ Да, јасно ми е, но не можам а да не го правам тоа. Св. Василиј Велики рекол: „И не се роди во душите човечки попогубна страст од зависта“. И, како по правило, човек, страдајќи, не може да се справи со самиот себе. Тука, во длабочината на својата душа, секој разумен човек го постигнува она за што зборува христијанството: „не го вршам она, што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам“. Дали тоа е здраво или болно? Заради споредба, погледнете како може да се промени човек со правилен христијански живот. Оние, коишто се очистиле од страстите, го стекнале смирението, „го стекнале – според зборовите на преподобниот Серафим Саровски – Светиот Дух“, дошле во состојба којашто е најинтересна за психолозите: тие почнале да сметаат за себеси дека се најлоши од сите. Св. Пимен Велики говорел: „Поверувајте, браќа: каде ќе биде врзан сатаната, таму ќе бидам врзан и јас“; лицето на ава Сисој Велики, додека овој бил на умирање, светело како сонце, така што во него не можело да се гледа – а тој го молел Бога да му даде уште малку време да се покае. Што е тоа? Некакво лицемерие, лажно преправање дека се работи за скромност? Да не даде Бог. Тие дури и во мислите се плашеле да не згрешат, затоа говореле од сета своја душа, го говореле она што навистина го доживувале. Ние тоа воопшто не го чувствуваме. Јас сум преполн со секаква нечистотија, а се сметам за мошне добар човек. Јас сум добар човек!! А ако и направам нешто лошо – па, кој е безгрешен...; другите не се подобри од мене, а јас и не сум толку виновен како другиот, како другата, како другите. Ние не ја гледаме својата душа, затоа и сме толку добри во своите очи. Колку драстично се разликува нашето духовно гледање од духовното гледање на свет човек! |
||
KarolinaXP
Група Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 39 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Самиот збор религија е верување, значи преформулирано кое верување е вистинско,а вистината е една од заповедите НЕ ЛАЖИ,....Или дали веруваш во вистината?Дали веруваш дека не лажеш?
И сега ако веруваш значи ако си религиозен и ако ја сакаш вистината одговорот е апсолутно јасен -БОГ Секој од нас има слободна волја да одлучува и избира избор има колку сакате нели?! На Вас е да се решите по која патека ќе тргнете ЕДНА Е ВИСТИНСКАТА, ВЕРУВАЈ ВО ВИСТИНАТА, ВЕРУВАЈ ВО АПСОЛУТНИОТ БОГ И НЕМА ДА ПОГРЕШИШ Моето познавање , верување, религија како сакате земете си за право, е мало , а во исто време и толку големо што понекогаш размислувам не само за други цивилизации од минатото туку и за иднината,размислувам за нашата Планета Земја каква им ја оставаме на нашите деца,...Љубовта кон Природата, Човекот и Бог се ЕДНО ТРОЈСТВО,....Како сакате формулирајте го ова прашање Вистината е ЕДНА и секогаш победува,....а најубаво е да размислите за неа, ако не друго ке научите дека пред се сме обични луѓе на оваа Планета која треба совесно да ја чуваме од нас самите, бидејќи се повеќе Човек кон човека е волк,....сакајте се и љубете се,мирот нека царува во вашите души,смиреноста и трпеливоста ќе ве однесат кон Вечноста.Амин |
||
Ebu-Hurejre
Сениор Регистриран: 03.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 667 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Islam je jedina vjea primjena kod Allaha s.w.t
gord sum sto Allah s.w.t mi ovozmosil da bidam Musliman. Изменето од Ebu-Hurejre - 10.Јуни.2008 во 02:06 |
||
Vikentij
Нов член Регистриран: 29.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај да расчепкаме малце и за исламот
Значи на почетокот од 6 век, Саудиска арабија, е на маргините на Византија. На нејзините граници доаѓаат разни еретици кои се протерани заради своето учење. Самите Арапи, се делимични поделени. Едни ја држат старата многубожечка религија, други се обратуваат во Еврејство, а дел во Христијанство ( кое тогаш е едно неподелено) Треба да се напомни дека сите ереси кои се осудени на 7 Вселенски собори , циклично се повторуваат преку нови секти до ден денес, а тогаш веќе постојат сите, и ариевци (1 ВС 325) , несторијанци ( 2 ВС во 431), евтихиевци ( 3 ВС 451) , македонијани.... Значи го цитирам проф Бузе ( германец) од книгата во оригинал ,,Die Theologiscen Beziehung des Islames zu Judentum und Christentum,, Darmsrtadt 1988 str12. Тој нагласува исто и дека во Сирија има Несторијанци, па западното крило се поделило на Православно (халкидонско) и монофизитско. Па Египет бил под монозитско влијание ( Коптите) и тоа се ширело кон Абесинија. Да не претерувам во цитати имало и заратустризам, како и гностици (манихејци). Големи групи Евреи се селат во Арабија, после падот на Ерусалим (70год) и востанието на Бар Кохба ( 132-135). Проф. Th.Noldeke, ( Geshishte der Araber und Perser zur ZEit der Sassaniden, Leyden 1879, str.200) вели ,, А голема идеја на јудаизмот за ветениот Месија секако, доколку би избегала од контрола, би представувала опасност по арапската околина. ВО Мека има една затворена јудеохристијанска заедница. Да ги спомниме и оазите Hedschas, Fadak, Taima, Chaibara i Yatrib - poznata sega i kako Medina ( madinat an-nabi;gradot na prorokot). Tamu se poznati pleminjata Banu qainuga, Banu Nadiru, Banu Quraiza. Ако ја видите сурата ( El-Hadid, Zelezo, 57,27 ќе видите како сиријско монаштво има значајна улога во преобратувањето на арапите во христијанство. Да нагласиме чии потомци се Арапите ( уШте еднаш) На Агара ( слугинката) и зато се викани Агарјани, односно на нејзиниот син Исмаил ( и поинаку ги викаат Исмаилитјани). Исто се 12 племиња како и Евреите и го имаат истиот татко за основач - Аврам ( Ибрахим). Малку од контекст , Исмаил не е тој што Авраам го носи како жртва на Бога и кога му се јавува овенот ( к*рбанот). Е СЕГА ОДИМЕ 5 ГЕНЕРАЦИИ ПРЕД МУХАМЕД И ЌЕ ОПИШИМЕ ИМИЊА И РИТУАЛИ КОИ МУСЛИМАНИТЕ ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНААТ КАКО СВОИ. Тогаш најистакнато владарско племе било Quraysch, по потекло од Мека, основач на култот на Каба - та.Културниот сојуз на чие чело биле Коришитите, стекнал во поголемиот дел од Арабија висок углед. За време на појавата на Мухамед, Каба-та била официјално посветена на богот Хубал. ПАЗИ СЕГА:Ритуалот подразбирал да се помини околу Каба 7 пати, додека церемонијалот во Мина се остварувал со фрлање на камчиња и принесување на жртви, а местото Арафат ( брдо) во непосредната близина го представувало најважниот центар за ходочастие. Во близината на Каба имало и уШте 3 светилиШта, посветени на Алаховите ќерки ( banat Allah), кои исто така се спомнуваат во quranot - al-Lat, al-Uzza i Manat (види сура Ен-Неџм, Ѕвезда 53,19). ВООПШТО ЗЕМАЈЌИ, АЛАХ Е СМЕТАН ЗА НАЈВОЗВИШЕНОТ БОЖЕСТВО НА АРАПИТЕ.... ПОТВРДА СУРА Ез-Зумер, Дружини 39,38! Имено Меканците веруваат дека Алах е Бог кој го создаде светот, но од друга страна почитуваат и се обраќаат на трите женски божества, а тоа се вика хенотеизам, почитување на еден врховен бог. Уште малку и ќе одмориме! Да го објасниме и поимот Gahiliya - незнаење. Се подразбира староарапското многубоштво, во кое и Мухамед пораснал. Тој многубожечки култ и верување во небесни тела;Сонце, Месечина и ѕвезди ( види сура Ер-Рахман, Милостивиот 55,5-13), веројатно придонеле во Мека како посебна светиња да се почитува црниот камен.Тој бил вграден во надворешниот ѕид на Кабето, коцкасто формирана тврдина, кој важел за седиштето на божеството. Како што кажавме, почитувано е племенското божество , машкиот бог Хабул и трите женски Уза, Лат и Манат. Семитскиот поим за бог бил општо прифатен. Тој поим е ilah ( evrejski = eloah), i so prefoksot al (ilah) znaci pak isto Bog.Секако дека во предисламска Арабија имало мноштво разни богови, кои во Quranot, се означени како Мухамедови верни примери .Па да цитирам нешто ,,Не оставјте ги никако божествата ваши, и не оставајте ги ни Ведд, ни Суваа, ни Јегус, ни Јеук, ни Неср,, сура Нух, Нух 71,23. Ваквите формулации ни покажуваат колку политеизмот бил цврсто вкоренет. Значи да ја видиме формата на ходочастието во Мека и на брдото Арафа. Има два различни ритуали; седум пати се обиколувало околу Каба ( со допирање на каменот) и седумдневно трчање помеѓу двете брегчиња Safa i Marwa.A BE POZNATO VI E OVA I OD KADE? Обредот на светото место Арафа, се состоел во процесионо одење од Арафа до Muzdalif i Mina. Целиот ритуал бил условен од годишното доба, на пр.,,големото ходочастие,, на Арафа се вршело во одредени денови на месецот Dulhigg ( esenski praznik), а ,,малото ходочастие,, околу Мека било најверојатно во месецот Ragab ( proleten praznik) koj zaeedno so mesecot Muharam ( shto znaci zabrana) predstavuvale sveti MESECI VO KOI VLADEELA NEKOJ VID NA BOZJI MIR ( за ова види повеќе кај R.Paret,,Muhamed un der Koran,, Stuttgart 1980) . Дека овие празници биле строго почитувани и имале големо знечење сведочат зборовите ( немам време да цитирам види сура Еш-Шуара, Поети 26,67 и спореди со Ен-Немл. Мравки 27,91. Ајде да ги спомнеме ДВАТА ГОЛЕМИ СТАРОАРАПСКИ НЕЗНАБОЖЕЧКИ ПРАЗНИЦИ Haddj i Umrah, кои изворно означувале обиколка на светите места и религиозната благодарност за првите жртвопринесувања на малото ходочастие. А, повеќе Quranski стихови ни говорат за Хаџ и Умрах како религиозни обврски на муслиманите sura (тука би сакал да направам дигресија. Потеклото на Богородица е многу лошо прикажано и измешани се неколку имиња.Но тоа е во повеќе случаеви, бидејќи, Мухамед лично не читал и според кажувањата кои биле конфузни пишувал) Ali Imran, semejstvoto Imranovo 3,97, sporedi so Ел-Хаџџ, Хаџ 22,25. Видете и сура Ел-Бекаре, крава 2,196 - малку подолга, ама објаснува! Значи од погорното се гледа деда хаџот е пета заповед, задолжителна и за мажи и за жени.Обавезните обреди се вршат со чинот ihram ( baraj kaj N.Smailagic,,Leksikon Islama,,Sarajevo 1990, str647). За тој законик види и кај Th.Juyboll,,Handbuch des IslamischenGesetzes,,Leipzig 1910, str 138-158. Да не нагласуваме дека овие разни правила на меканскиот хаџ се под влијание на локалните светилишта.Како такви тие во себе содржат племенски и куќни божества со елементи на магијско-култен облик. Тие се без сомнеж поврзани со верата во духовите ( ginn, ganna), кои ВЕЌЕ ПОГОДУВАТЕ ги има исто така во к*ранот.Природата на џините е неселена помеѓу духот и телото. Обично тие се невидливи за луѓето, ама тие и јадат и пијат, смртоносни се и можат да убиваат. нивната природа се разбира како телесно-материјална и важат за битија обдарени со разум.Можат да добиваат и потомство ( машки и женски духови), а можат дури и со луѓе да се обединат, живета во цвеќе, дрвја, ама најчесто во животинска форма(облик).Нивните места за престој на тешко пристапни за луѓе места( пустиињи и стари рушевини). Во природата важат за предизвикувачи на необјасниви феномени, а кај луѓето непознати болести. Кога еден човек ќе биде обземен се нарекува magnum ( кај нас бесомачен, симнат од ум). во самиот к*ран, Мухамед спомнува дека него многубожците го нарекувале bihi gina ( vidi 7,184;23,70;34,46). Osven toa postojat i pozitivni svojstva, pa iprijatelski vrski i taka togash se duhovna zashtita i inspiracija. Pa takvite se smetaat za predskazuvaci, vracari, ( kahin), poeti, muzicari ( vidi 52,29 i 69,42) Паметните, ќе видат дека ,,Божјата објава,, и не е нешто ново, посебно копирана од политеизам.Па гледате и хаџот е истиот.Имам уште да пишувам, но разјаснетет ми ако не друго што со џините.За тие што не знаат пример за џин е духот од Аладиновата ламба. А, бе исламот изворно е приказни од 1001 ноќ со Шехерезада. Читајте к*ран и ќе ја видите конфузијата.Прво пишале хронолошки, па измешале и слично. Ако е Божествена објава од пред сите векови, зошто се потврдува Тората и Евангелието. Па, Исус Христос е опишан кога ќе дојди, како и од кого ќе се роди, бегството во Египет,како ќе биде распнат и за колку пари, ( читај Исaија). Изменето од Vikentij - 10.Јуни.2008 во 10:35 |
||
So krstot pobeduvam!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма немој? Во што тоа неправославните конфесии (жити зборов недоквакан ) имаат значително поголеми можности за пропаганда од православните? Ајде одговори ми кои тоа можности им се ускратени на православните, а пак им се удостоени на неправославните верски заедници?
Во тоа што некои верски заедници немаат ниту еден свој храм, наспроти 2000 храмови што ги поседува МПЦ
Во тоа што додека другите верски заедници со децении се борат за да добијат само маркица за градење на храм, додека православните годишно добиваат по десетина БЕСПЛАТНИ храмови од "секуларната" држава?
Во тоа што МПЦ добива државни пари за градење свои храмови?
Во тоа што МПЦ добива бесплатно земјиште од, повторно ќе кажам, "секуларната" држава?
Во овие работи ли неправославните верски заедници имаат "значително поголеми" можности од МПЦ?
Во тоа што (по притисок на неправославните верски заедници заедно со Европската Унија) веќе 5-6 пати се врши ревизија на верскиот закон во Македонија затоа што истиот е наклонет кон МПЦ и крајно недемократски кон другите верски заедници? Во овие работи ли се "ускратени" можностите на МПЦ? Во тоа што цел свет ни фаќа резил како не можеме во 21 век веќе неколку години да составиме демократски и секуларен верски закон, само затоа што МПЦ се има до гуша исплеткано во политиката?
Во што им се ускратени можностите на МПЦ? Во тоа што имаат благонаклонетост (непотизам) од власта, од премиерот?
Во тоа ли им се ускратени можностите за пропаганда на МПЦ?
Заклучок: На МПЦ не и се ускратени можностите за пропаганда, туку напротив, на сите други верски заедници им се ускратени оние демократски права кои им следуваат согласност верскиот закон на РМ, а МПЦ има значителни НЕДЕМОКРАТСКИ и НЕУСТАВНИ ПРИВИЛЕГИИ во Македонија.
МПЦ има огромни можности за пропаганда, но таа не ги користи затоа што не сака да ги користи, затоа што воопшто не и е гајле за духовната сотојба на своите верници, затоа што таа (според мое убедување) не се грижи за спасувањето и вечниот живот на нејзините верници, туку само се грижи како поуспешно да ги молзи нивните материјални добра, како да им наметне повеќе слави, како да им продаде повеќе икони, крстови, свети водички, амајлии, како да ги натера повеќе да даваат во црквата и сл.
Зошто да се мачи г.г..г..гг..г Стефан да проповеда евангелие, кога може удобно да си седи во фотељата и да си ги џвака привилегиите што му следуваат како "великодостојник"? Зошто да се замара со обичните селани, кога може да се шета со премиерот по состаноци, по амбасади, по други држави итн.
Засрами се за изјавата што ја пастираше Vikentij!
Јас прошетав низ сите твои соби и детално го прочитав твојот пост и сеуште не дознав зошто е "потребно" јас да не си останам едноставно христијанин, туку дека е потребно и дека сум должен да станам православен христијанин. Ќе те замолам да не ми постираш огромни постови од други страни, туку децидно да ми одговориш на ова прашање (секако доколку имаш што да кажеш на истото)
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
KarolinaXP
Група Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 39 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
EvAngelos te pozdravuvam javno i Bravo za tvojov komentar
te podrzuvam a Vikentij mnogu cepkas i razmisluvas glasno prvo preslusaj se vo sebe ili na hartija, malku zborovi ponekogas na pravo mesto poveke tezat otkolku celi tomovi bla bla lomotenje a toa vazi za site na Forumov , koncizno i jasno, zarem nasiot Bog Isus ne im odgovaral taka, neli?! |
||
Vikentij
Нов член Регистриран: 29.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
прости ми евангелосе ако те навредив, немав таква намера и сметам дека е преусилена твојата реакција. Види вака, факт е дека христијанските групи (ако така сакаш) кои се многу посилни на запад, многу повеќе се пропагираат (самите тие) одосто Православието. Тоа е вистина и не е така навредливо, секоја религија има право да се рекламира. Тоа можеби повеке го напишав како еден мал пропуст на Православната Црква (тоа што недоволно е запознаен западот со нејзиното ученје). За случајот во македонија, јас немам ништо против да ви дадат да изградите храмови ( но оноклу колку што има потреба).
За тоа зошто баш Православен Христијанин напишав погоре и тука не барам да се согласиш, тоа е мое мисленје а ти каролина ако имаш некоја забелешка те молам покажи ми каде, а околу долзината на моите постови, прости ми ама јас не сум Христос, па некаде ми е потребно повеќе да пишувам |
||
So krstot pobeduvam!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koja religija e vistinska?
Onaa vo koja veruva sekoj chlen od ovoj forum. Imeno, iako prashanjeto zvuchi logichno i ima praktichna vrednost za lugjeto, vo osnova nema smisol. Bog go sozdade svetot, no ne ja sozdade religijata. Zatoa imame tolku mnogu religii. Religiite se chovechka tvorba i se baziraat na osnova na nash*te interpretacii na Kreacijata kako i megjusebnite dogovori okolu nashata socijalizacija - sto e prifatlivo, a sto ne vo nash*te odnosi. Preashanjeto vo sushtina glasi - kakov nachin na zhiveenje vrednuvate vie? |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Vikentij
Нов член Регистриран: 29.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
e ama ne moze da ima mnogu vistini za Boga, "eden e Bog i edna e verata" kako sato veli Sv.Apostol Pavle. Mora da ima samo edna vistina, a drugoto e nevistina-laga
|
||
So krstot pobeduvam!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Da, ima eden Kreator i bezbroj interpretacii za Nego i Kreacijata.
Veruvanjeto e veruvanje bidejki toa ne se fakti. Institualiziranoto i dogmatizirano veruvanje e religija. Zatoa religijata ne e nauka. Koga e toa veke taka, togash kakva apsolutna vistina(dokolku taa voopshto postoi ili mozhe da se osoznae) barash od veruvanjata i religiite ? Veruvanjeto i religijata mozhat samo da pretstavuvaat edna mozhnost ili edna opcija na postoenje za koi nie se dogovarame da gi prifatime, sledime i zhiveeme kako nasha realnost vo momentov. Изменето од Messenger - 12.Јуни.2008 во 22:01 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Bez obzir vo sto veruvate, bez obzir od koja vera doagjate, vie ste Negova kreacija, vie ste Negovo chedo i Toj ve saka podednakvo kako i site drugi lugje.
Nemozhnosta da go osoznaete vo celost ne ve pravi pomalu vredni za Negovata ljubov. I prviot i posledniot megju vas se ednakvi pred Nego. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ние сме еднакви пред Него, но Тој не е еднаков пред нас. Некои го сакаат и почитуваат, а некои го мразат, непочитуваат, хулат, исмејуваат итн. Затоа и Тој ќе постапи различно со секого, како Он што сака и мисли дека е праведно. Кон оној кој покажал милост, ќе му покаже милост, а кон оној кој не покажал милост, нема ни Тој да покаже милост. Господ прво ни ги прати, еден по еден, Неговите слуги пророците, ние ги убивме, сите до еден. Најпосле ни го прати и Сопствениот Син, и со Него постапивме исто. Затоа Бог во Својот праведен гнев одлучи секој оној кој ќе го прифати Христос за свој Господ и Спасител, а Неговата жртва како откупнина за своите гревови, да биде спасен и да го наследни Божјото Царство!
Праведна е Неговата одлука и Неговиот Суд, а Неговата љубов е достојна за слава!
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
I ednorodniot sin mu poracha na svojot tatko: prosti im oche za nivnite dela, bidejki tie ne se svesni sto pravat.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <1 3132333435 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |