IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Еден сведок дека Мехамед е пророк
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Еден сведок дека Мехамед е пророк

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
Автор
Порака
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 00:30
Originally posted by Ebu-Hurejre Ebu-Hurejre напиша:

Procitaj ja knigata "Zapecaceni dzennetski napitak (Sira Allahovog Poslanika savs).
 

PA SE KE TI STANE JASNOнамигнување



Ti procitaj ja ISTORIJA ZA 8 oddelenie pa togas ce zboruvame......
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:08

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:18
Aha, тоа е целиот пробем!
 
Некој заглавил во основно, па не сфаќа покомплексни работи.
ок.
Ај се враќам кога ќе матурираш, па ќе зборуваме, во ред?
 
 
П.С. Сите ли сте заглавиле во основно?
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:23
Инаку, еве, сведочам јас, сведочат 1,500,000,000 муслимани, како и следниве личности и нивните изјави кои ќе ги повторам, па ако се плашите од изјавитте на вистината, ќе ги избришете:
 

Гете

 

Вели: „Извонреден човек, светлина од Бога, се потруди таа светлина да ја рашири во светот, но светот стана против него. Принуден е на компромис, сè додека не дојде времето за да влијае врз нив. Во историјата го побарав примерот на некој извонреден човек и тоа го најдов кај арапскиот пратеник.“[1]

„Тој е Пратеник, а не поет...“[2]

„Чудо не можам да направам, рече

Пратеникот,

Најголемото чудо е што сум[3]

Поглавар на создадените битија / Мухамед“[4]

„Исус се чувствуваше чист и мирно размислуваше

(за) само Едниот и Единствениот Бог;

Кој го претвори него во Бог

Ја понижи неговата света волја.

И вака треба правдината да осветли

Тоа што зеде Мухамед;

Само со концептот на Еден (Бог)

Тој целиот свет го надвладеал.“[5]

„И сега ми доаѓаш ти, со знак

Обесен, што меѓу другото...

Повеќе го презирам.

Сето ова модерно лудило

Ќе ми го донесеш во Schiras!

Требало јас, во сета нејзина опсесија,

Да пеам за два вкрстени дрвени дела?“

„Сакаш да направиш за мене Бог

Од таа бедна фигура во (тој дел) дрво!“[6]

„Таканаречена мухамеданска розара, во која Алаховото име се возвишува со деведесет особини, е таква литанија на пофалба. Потврдувачки и негирачки особини го посочуваат неконципираното Битие (Wesen); оној што се моли останува вчудоневиден, се покорува и се смирува.“[7]

 

Ламартин

 

Еден од најголемите поети на Франција, во делото “Historia de la Turqiue” пишува за величественоста на Мухамед (Божјиот мир нека е над него):

„Никогаш човекот, доброволно или обврзувачки, не си поставил себеси повисока цел... Да се срушат бездните кои биле поставени помеѓу човекот и Создателот... За човекот да му се врати на Бога и да се обнови оправданата и ненадмината идеја за божеството, во време на хаос, на материјализам и на идолатриските визии за Бога кои постоеја тогаш.

Никогаш човекот не прифатил таква обврска недостижна за човечката способност, со толку слаби можности, затоа што, како во идејата така и во примената на тој голем план, немал никаква посебна подготвеност ниту помош, освен од една група прости луѓе кои живееја по ќошињата на пустината.

Никогаш човекот не направил таква голема и продолжена револуција во светот, затоа што за помалку од два века по неговото појавување, исламот преку убедувањето и силата, во името на Бога, доминирал долж цела Арабија, Персија, Хоросан, Трансаксонија, Индија, Сирија, Абисинија, долж сите познати места на Северна Африка, островите во Медитеранот, Шпанија...“

„Ако величественоста на целта, скромноста на мислењето и постигнатите резултати се три мерила за човечката генијалност, кој може да има храброст да го спореди кој било голем човек во историјата на човештвото со Мухамед (Божјиот мир нека е над него)?

Најпознатите луѓе воспоставиле само војска, закон и држава. Тие не формирале ништо повеќе од материјални потенцијали, кои често бивале уништени пред нивните очи. Овој човек не ги започнал само војските, законодавствата, државите, династиите и народите, туку милиони луѓе, една третина од населениот свет во тоа време, дури и повеќе, повеќе од ова: тој ги смени олтарите, божествата, верите, идеите, верувањата и душите. Според к*ранот, со секоја буква што стануваше закон, го изгради душевниот национализам, кој е прифатлив за луѓето од секој јазик и раса. Тој ни ја оставил, како неизбришлива особина на муслиманскиот национализам, омразата против лажните божества и стремежот кон еден нематеријализиран Бог. Оваа отпорност на патриотизмот против сквернавењето на вербата во Бога, им дала храброст на следбениците на Мухамед (Божјиот мир нека е над него). Освојувањето на една третина од светот преку неговата вера беше чудо од негова страна.

Идејата за единството на Бога, што ја прокламираше помеѓу измислиците за различните божества, беше таква што успеа да ги сруши сите антички храмови на идолите, инспирирајќи една третина од светот со својата вера. Животот, размислувањата и својата храброст и ги посвети на борбата против божествата. Неговата храброст во противставувањето на идолатријата, истрајноста во текот на 13 години живеење во Мека, прифаќањето на луѓето јавно понижени и скоро притиснати од современиците, неговото непрекинато проповедање, борбата против нееднаквоста, непоколебивото верување во успехот, натчовечкото трпение во текот на искушенијата, скромноста во победата, неговите амбиции свртени кон една идеја, бескрајната и продолжената борба, мистичните разговори со Бога, смртта и триумфот по смртта, сите овие нешта сведочат не за измама, привид или лага, туку за неговата цврста решителност да се обнови верата.

Оваа вера има два основни принципи: Бог е Еден и Тој не е материјален. Првиот принцип кажува каков е Бог, а вториот каков не може да биде Бог.

Мухамед беше разурнувач со сабја за лажните божества, воспоставувач на идејата со зборови. Филозоф, говорник, учител, законодавец, борец кој се бореше за неговите идеи, обновувач на рационалното верување и обожавање без слики, основач на дваесет земни и на една душевна империја. За Мухамед (Божјиот мир нека е над него) земајќи ги предвид сите мерила со кои може да се мери човековата големина, со право може да прашаме: Зарем постои поголем човек од него?“[8]

 

Лав Николаевич Толстој

 

Голем руски писател, во трактатот „Пратеникот полномудар Мухамед“, меѓу другото вели:

„Нема сомнение дека пратеникот Мухамед е еден од најголемите реформатори на човештвото. Нему му припаѓа најголемата заслуга за упатството на човештвото кон светлината на вистината, на правдата и мирот. Тој го спречил крвопролевањето на невините и го отворил патот кон напредокот и просперитетот. Ова големо дело не можел да го направи никој друг освен тој човек којшто е заслужен за секаква почит, восхит и разбирање. Мухамед е пратеник на исламската вера. Роден е во Мека, 571 година по Исус. Во младоста чувал стока. Од самиот почеток неговото битие тежнеело по медитацијата за Создателот на универзумот. Неговиот народ бил оддалечен од Бога, молејќи им се на голем број идоли, а стигнал дотаму што живи ги погребувал женските новороденчиња. Мухамед го кренал гласот против верата на татковците и идолатријата на прадедовците. Тој го поканил својот народ да го обожава само Алах, Еден и Единствен Бог. Упатувал на верата во Бога, во која Нему не му се придружува ниедно друго божество. Алах е Праведниот и Сомилосниот. Човекот е одговорен за сопствениот живот. Кој ќе постапува според законот Божји, ќе живее среќно на овој и на другиот свет, а кој не Му се покорува на Бога, него ќе го следат тешки проблеми на двата света. Сè е минливо. Само Алах е Вечен, Голем и Благороден. Без вербата во Алах, без да постапуваме според Неговите наредби и без да се оддалечиме од гревовите што Тој ги забранил, невозможно е на овој свет да се помине добар живот. Возвишениот Алах наредил луѓето да го обожаваат Него, да му се покорат на Неговиот пратеник и меѓу нив да владее љубовта.

Обожавањето на Алах се манифестира преку намазот,[9] додека меѓусебната љубов се постигнува преку заемното дружење, со заемно помагање во добро и во зло. Совладувањето на слабите страсти и избегнувањето на опојните пијалаци се обврзувачки услови за секој верник муслиман. Исто така, борбата против робувањето на материјалниот свет, работата, обидот да се биде стрплив во несреќите на животот, се меѓу условите на вербата. За муслиманите, Алах и Неговиот пратеник треба да бидат сакани повеќе од себеси, од децата и богатството. Мухамед не рекол дека тој е единствен пратеник, туку напротив, верувал во пратеничката објава на Мојсеј и Исус. Тој го спомнал (к*ранскиот ајет): „Во верата нема насилство, објаснет е вистинскиот пат од беспаќето“ (Ел-Бекаре: 256)

Во почетокот на неговото пратеништво, Мухамед им одолеа на сите искушенија и беше стрплив и упорен во ширењето на дадениот aманет.“[10]

 

Волтер

 

Мислењето на Волтер за Мухамед (Божјиот мир нека е над него), кој во претходното поетското дело се прикажува магливо, подоцна еволуира во двете поглавја од неговото историско дело, во VI поглавје, „За Арапите и Мухамед“, и во VII поглавје, „За к*ранот и муслиманскиот закон“. Волтер, од предрасудите што ги имаше, постепено го развиваше мислењето за Мухамед (Божјиот мир нека е над него).

„Внукот на Абдул Муталиб, Мухамед, кој подоцна ќе го смени ликот на поубавиот и поголемиот дел од земјата, на 40-годишна возраст ја носеше сабјата во борба долж сириската граница. Беше учен и скромен, поет, астроном, го реформираше арапскиот календар, беше законодавец и лекар. Во текот на еден период од три века, генијалноста на арапскиот народ која ја придвижи Мухамед, направи извонреден напредок. Сето ова го направи самиот. Кога не би постоел Charles Martela, Франција би била муслиманска област. Муслиманскиот владетел Харун Рашид го оживеа знаењето, додека неговиот современик, Големиот Карл, на мизерен начин уби 4600 поробени Саксонци, на брегот на реката Алер. Дури во вториот век по хиџра, Арапите стануваат учители на Европа во знаење и уметност, додека христијаните учеа на запад, кај муслиманите.“[11]

 

 

Наполеон Бонапарта

 

Вели: „Мојсеј верата во Бога му ја објавил на народот, Исус на римскиот свет, а Мухамед на целиот свет. Арабија била паганско место. Шест века по Исус, Мухамед го запознал светот со верувањето во единствениот Бог, кој е Бог на Авраам, на Мојсеј и на Исус.

Аријаните и другите секташи го полудеа светот со дискусиите за тројството: Отецот, Синот и Светиот дух. Во меѓувреме, Мухамед објави дека Бог е еден, а тројството ја наметнува идејата на идолатрија.“[12]

 

 

Принцот Ото фон Бизмарк

 

Политичар и голем државник, основач на Германија, познат кај народот како „железен лидер“, вели:

„Мухамед е неверојатен човек. Не случајно Бог не извади некого друг на светската сцена на настаните. Мухамед, жалам што не сум твој современик. Оваа книга, чијшто учител и проповедник си ти, не е твоја книга. Таа е божествена книга. Да го негираш неговиот извор е исто толку смешно колку да зборуваш за неточноста на егзактните науки. Затоа човештвото само еднаш виде таква уникатна личност каква што беше ти, и веќе нема да има можност да види некого сличен.

Јас, со најголема почит, се поклонувам пред твојата величествена појава.“[13]

 

Махатма Ганди

 

Во “Young India”, печатена во “The Light”, Лахор, 12 септември 1924 година, вели:

„Имав желба што подобро да го запознавам животот на човекот кој денес несомнено има беспрекорно влијание во милиони човечки срца. Уверен сум, повеќе од никогаш порано, дека не е сабјата она што на исламот му го обезбеди местото во светот. Не, не е сабјата, туку полната скромност, еднаквоста на пратеникот, исполнителноста кон обврските, неговата длабока почит кон родителите и пријателите, храброста, неговото непоколебливо верување во Бога и непоколебливоста во неговото пратеништво.

Токму овие работи, а не сабјата, ги придобија срцата и им дадоа сила да ги надминат сите тешкотии. Кога завршив со читање на вториот дел од неговата биографија, ми стана жал што нема повеќе да читам за тој голем живот.“[14]

 

Ј. Лал Нехру

 

Политичар од Индија, бил претседател на Конгресната партија на Индија. Имал важно место во министерството на Индија. Роден е во 1889 год. и се сретнал и со Ганди.

„…Поради тоа што тие императори и водачи доживеаја задоволство од тој човек (Мухамед), кој преку пораките ги повикуваше да се убедат. Испраќањето на пораките укажува на неколебливото убедување на Мухамед во неговата мисија и во себеси. Со такво убедување и верување, тој на уметот му ги подготвува причините за силата, големината и добрината. Ги престори од жители на пустината во водачи кои ослободија половина од светот. Мухамед умре откако ги соедини арапските племиња кои беа во непријателство меѓу себе, правејќи ги една заедничка и компактна заедница.“[15]

 

Томас Арнолд

 

Познат англиски ориенталист и историчар, во неговата многу ценета книга „Историја на пропагирањето на исламот“, вели:

„Вистина е дека Мухамед бил ентузијаст и дека поседувал верска љубов и огнен блесок. Тој го пренел овој неверојатен квалитет кај сите негови следбеници...

Не треба да се заборави дека аџилакот е Мухамедовата врска со Авраам, чијашто вера ја обновува неговата мисија. Нема проникливост на верските гении која можела да замисли порационално средство за запечатување во душата на верниците, смислата на нивното заедничко живеење и на братството во верските релации.“[16]

 

Едвард Гибон

 

Генијален историчар, во познатото дело „Историја и падот на Римската Империја“, меѓу другото, вака се изразува:

„Мухамед имаше одлична меморија, хумано однесување, праведен суд и одлучувачки став. Беше храбар во идеите и во дејствувањето. Првата објава која ја доби од Бога, остави длабок печат кај него до крајот на неговиот живот.

 

 

Симон Оклеј и Едвард Гибон

 

Во „Историја на Сараценската Империја“, Лондон 1870, стр. 54, пишуваат:

„Бесмртното верување на Пратеникот ја заслужува нашата восхит, како пред, така и по победата. До ден-денес, по сите тие векови на развој и напредување, идејата за еден Бог не можела да се помрачи со какви било идоли, ниту неговиот доблестен живот не се свел на сомнеж, а содржината на тој живот е верувањето во Бога и етичкото однесување.

Колку неправедни се известувањата на луѓето од Западот за Мухамед, кој сам во тоа време, во далечната пустина, инсистираше на тие принципи, опфаќајќи ја и објективноста и обидот за знаење.“[17]

Тие исто така велат:

„Ние веруваме во еден Бог, а Мухамед, Неговиот Пратеник, е скромната и неменливата појава на исламот.“[18]

 

 

Џон Девенпорт

 

Голем научник, во неговото дело „Апологија за Мухамед и к*ранот“ вели:

„Мухамед беше достоинствен со возрасните, а скромен со младите, предизвикувајќи збунетост кај нив. Иако неучен, влијаеше врз луѓето исто како учителот на децата. Никогаш не посакуваше да се издигнува над другите. Постојано ја повторуваше еднаквоста меѓу луѓето како божји созданија и го делеше парчето леб со поранешните робови.“[19]



[1] Мислењата на еминентни светски личности за Мухаммед, (Божјиот мир нека е над него) Дитуриа исламе, Приштина 1991, бр. 25, стр. 24.

[2] Divani, Wa I, 7, 32, види: Шејх Абдулкадир ел-Мурабит, оп. цит, стр. 23,

[3] Гете го акцентира негирањето на неверниците кон Мухамед (Божјиот мир нека е над него), кои бараа од него да направи чуда. Paralipomena III, од Divani, Wa I, 41, 307, види: Шејх Абдулкадир ел-Мурабит, ibid, стр. 17

[4] Вака пишува Гете во еден ракопис во Paralipomena III, на дата 27.01.1816, Wa I, 6, 482, ibid, стр. 18

[5] Гете го отфрлува христијанството мислење околу Исус и го потврдува единството на Алах, во една од неговите песни во West-Ostlicher Divan, ibid, стр. 7.

[6] Гете чувствува многу презир кон крстот како симбол, ibid, стр. 8.

[7] Во поглавјето на “Divan”, за Руми, Гете го опишува вртењето со молби и пофалби, кон Алах и благодетта за ова, ibid, стр. 9, 10

[8] Улфе Азиз-ус Самед, оп, цит., стр. 25-26.

[9] Намаз - дневна, редовна и задолжителна молитва (заб. на прев.)

[10] Мухарем Омердиќ, „Толстој за исламот и Мухамед (Божјиот мир нека е над него)“, оп. цит., стр. 7-9.

[11] Во писмата што им ги праќа на неговите пријатели, Волтер се изразува на најубав и најискрен начин. Од времето на пишувањето на неговата трагедија за Мухамед, тој не само што се оправдува пред неговите блиски пријатели, туку и се поправа и признава дека згрешил за историската вистина кон Мухамед, забележувајќи ги овие факти и претставувајќи го на лажен начин неговиот карактер. Види: Енвер бин Тахир, Волтерова трагедија „Мухамед или фанатизам“ и некои негови подоцнежни дела, оп. цит., стр. 262-263.

[12] „Велики људи о Мухамеду“ (Божјиот мир нека е над него), Гласник, бр. 1-2, јануари-февруари, Сараево, 1965, стр. 19.

[13] Види Rinia Islame, оп. цит., бр. 10, стр. 11

[14] Л.С.Б. „Немуслиманите за Мухамед“, (Божјиот мир нека е над него), оп. цит., стр. 106.

[15] Д-р Имадудин Халил, оп. цит., стр. 140.

[16] Томас В. Арнолд, „Историја на пропагирањето на исламот“, Приштина, 2004, стр. 410-412

[17] Д-р Фадлурахман Енсар, оп. цит., стр. 41.

[18] Памфлетот: „Дали го познавате овој човек?“

[19] Ибид стр. 37

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:24

Мајкл Х.Харт

 

Во делото “The 100: A Ranking of the Most Influential Persons in History”, New York, Hart Publishing Company, Inc. 1988, стр. 33, вели:

„Ставањето на Мухамед на чело на листата на највлијателните личности во светот може да изненади некои читатели, а другите да ги натера да се запрашаат за овој вид реакција, но тој беше единствениот човек во историјата кој беше убедливо најуспешниот, како од верски, така и од материјалистички аспект.“[1]



[1] „Што велат другите за Мухамед“ (Божјиот мир нека е над него) Дитуриа исламе, Приштина април 1991, бр. 24, стр. 16.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:24

Абдулах ибн Селам

 

Еден од познатите еврејски научници, кој откако го сретнал и го видел Мухамед, забележал светлина која му го опфатила неговото убаво лице и станал муслиман. Маѓепсан од таа светлина која го осветлувала благословеното лице на Мухамед, рекол:

„Тој има такво лице што не е можно да биде лажливец.“[1]



[1] Осман Нуро Топбаш, „Милостиво проветрување од милостивиот Пратеник“, Истанбул, 1999, стр. 46.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:25

Мартин Лингс

 

Во книгата „Мухамед, неговиот живот базиран на поранешните извори“, Лондон, G. Allan Uniwin Ltd, 1983, стр. 276, вели:

„Пратеникот и неговото семејство живееле живот исполнет со штедење. Аиша кажува дека пред да биде освоен Хајбер, никогаш не јадела толку урми до заситување. Таква била сиромаштијата на овие луѓе, што Пратениковите жени никогаш не побарале од него нешто повеќе од неопходните нешта за живот.“[1]

Некои прашања што многубошците му ги поставиле на Пратеникот биле во врска со неслушнати случки во Хиџаз и се решиле да видат и да потврдат дали Пратеникот на Бога владее со некој извор на знаење околу скриените и невидените работи. На Пратеникот му требало подолго време додека му дојде објавата од Бога, а многубошците почнале да го задеваат и нивните зборови го натажниле и исплашиле, затоа што помошта не дошла онака како што очекувал. Во врска со ова, во претходно споменатото дело, стр. 77, вели:

„Одолговлекувањето на Светиот Одговор, иако тажно за Божјиот пратеник и за неговите следбеници, навистина била една голема сила за него. Неговите непријатели го негирале значењето на ова доцнење, но за тие к*рејшии што сè уште биле одлучни овој факт бил една јасна потврда дека Светиот Збор на Пратеникот му доаѓал од небото и дека он немал удел, ниту можел да го контролира тоа. Сфатливо е дека ако Мухамед ги измислил сите тие работи што претходно ги кажал, не би доцнел толку долго за една нова измислица, посебно во таков момент кога опасноста била многу голема.“[2]



[1] Хамза Мустафа Њази, оп. цит., стр. 16.

[2] Ибид, стр. 37.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:25

Мејџор А. Г. Леонард

 

Во делото “Islam, Her moral and spiritual value”, стр. 20-21, пишува:

„Читателот веднаш треба да сфати дека Мухамед немал некоја извонредна душевна инспирација, не бил обичен водач, или за повеќето номад, тој бил еден од најголемите мислители на сите времиња и епохи. Бил човек со сериозни и искрени цели, не бил само голем, туку најголемиот меѓу најголемите. Бил човек за кој човештвото никогаш порано не знаело. Бил величествен не само како пратеник, туку како јунак и државник. Бил душевен поттикнувач што го создал најголемиот народ, најголемата држава и најголемата вера. Бил скромен со луѓето и премногу понизен и посветен на Бога. Читателот треба да сфати дека исламот има длабоко значење и се труди неговите следбеници да ги извади од човечката темнина кон високите сфери на Светлината на Вистината.“[1]



[1] Ибид, стр. 24.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:28
Со ова ќе завршам и ќе кажам дека не се слепи очите ваши, туку срцата во градите кои вистината не ја спознаваат!
 

Хјустон Смит

 

Во делото “Religions of Man”, Mentor Books, стр. 203, вели:

„Бил искрен и сакан од неговите луѓе, благороден и сожалив човек. Секогаш чувствувал тага за човечките страдања и се покажувал подготвен да им помогне на другите, а посебно на сиромашните и на неспособните. Поради неговото чувство на почит, обврзување и верување, се здобил со висок епитет како ,праведниот‘ и ,доверливиот‘.

Многубошците, непрекинато жедни за чуда, барале од него знаци и докази преку чудата како доказ за неговото пратеништво. Тој го одбил ова. Тој постојано го кажувал к*ранскиот ајет: ,Бог не ме испрати да правам чуда, туку да ги учам другите. Возвишен да е мојот Создател. Јас не сум ништо повеќе освен човек испратен како пратеник‘.

Од почетокот до крајот тој го одбивал секој труд за глорификација на неговата личност, велејќи (к*ранските цитати): ,Не ви велам дека Алаховите богатства се во моите раце, ниту дека ги знам скриените тајни, или дека сум ангел... Јас сум пратеник на Божјите знаци, кои ги барате.‘ Ова не се зборови на Мухамед, туку на носителот на Алаховата порака, упатени кон луѓето.

Доволно е само внимателно да ги набљудуваш небесните тела кои непрекинато се движат во вселената, совршениот ред на универзумот, дождот што паѓа за да ја оживее земјата, палмите кои се наведнати од нивните плодови, бродовите што пловат во морињата за да им служат на луѓето – сите овие се чуда за тие што ги набљудуваат. Зарем е можно сите овие да се создадени од еден каменит бог? Колку е бесмислено барањето на знаците кога целиот свет е знак! Во времето на бездни, Мухамед го проповедаше студирањето на совршенството на универзумот, што исламското знаење го издигна над христијанското.“[1]



[1] Улве Азиз ус-Самед, оп. цит., стр. 23-24.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Ebu-Hurejre Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ebu-Hurejre Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 01:56
големо%20гушкање
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 03:32
Daija poznato e deka od sekade vadite se sto e napisano za muhamed za da ja velicate negovata licnost na toj nacin stvarajci kult ..... no sepak onaa sto prasuvam nema odgovor karakternite osobini na muhamed kako licnost moze da gi poseduvaat uste iljada ludje na ovoj svet vo ovoj moment toa sepak ne e nesto posebno, za mnogu licnosti od istorijata imaa pisuvano mnogu poubavi raboti otkolku ovie za muhamed ..... za primer da ja zememe Majka Tereza za nea ima napisano knigi i knigi no sepak taa ne e pratenik od boga, ili drug primer isto od istorijata Kemal Ataturk celiot svet go ima pozdravuvano kako golem reformator koj uspea da napravi nesto nezamislivo no sepak ne e pratenik .... so ovaa sto ti dosega go iznese ovdeka samo uste povece potvrduvas deka muhamed e samo covek obicen smrtnik koj spored nekoi bil posebna licnost a spored drugi bil sosema nesto drugo .... nemas nitu eden citat od vasiot k*ran vo koj se potvrduva negovata bozenstvenost od strana na drugi nabljuduvaci ili ucesnici?????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Ebu-Hurejre Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ebu-Hurejre Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 03:35
site koi gi spona se nevernici плазење
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 03:37
Tie se vernici i toa pogolemi od tebe i koj si ti da sudis dali nekoj e vernik ili ne ...????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Ebu-Hurejre Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ebu-Hurejre Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2008 во 03:42
jas sum samo eden obicen vernik pokoren spored voljata na boga
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.