|
Американска шлаканица за изборите?? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
oon
Сениор Регистриран: 27.Мај.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 397 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Јуни.2008 во 01:42 |
|
Амбасадорката на САД остро ги критикуваше изборите, на кои, според неа, десетици илјади гласа се украдени. „Десетици илјади гласа беа украдени од граѓаните на изборите на 1 јуни кои не ги исполнија меѓународните стандарди. На прегласувањето за две недели не смее да има никакви заплашувања, насилства или измами“. Ова е пораката која вчера ја испрати американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ, изнесувајќи остри критики за изборните насилства и инциденти што се случија во неделата. „Изборите на 1 јуни не ги исполнија меѓународните стандарди, бидејќи беа регистрирани изборни измами и насилства. Со тоа гласовите на десетици илјади граѓани беа украдени. Во голем дел го знаеме тоа поради храброста на ’Мост‘. Сега е моментот да се започне со обнова на имиџот на земјата и, што е поважно, да се обнови вербата на граѓаните“, порача Миловановиќ на презентацијата на постигнатите резултати во првите три години од Проектот за зајакнување на граѓанското општество на УСАИД. Таа е децидна дека мора да има прегласување на голем број избирачки места и се надева дека со тоа ќе им се даде можност на сите граѓани, чиј глас бил одземен, да добијат уште една шанса слободно да ја изразат својата волја. „Овој пат кога ќе има прегласување, не смее да има никакви заплашувања, насилства или измами“, рече Миловановиќ. За оцената на премиерот Никола Груевски дека вината за изборните нерегуларности треба да ја сносат партиите од албанскиот блок, амбасадорката Миловановиќ истакна дека принципиелно одговорноста за тоа изборите да бидат слободни, фер и сигурни е на институциите на Владата. „Очигледно е дека лидерите на политичките партии имаат одговорност да ги контролираат и да ги насочат своите симпатизери, имаат одговорност да не ангажираат или на друг начин да вработуваат луѓе кои користат оружје за заплашување. Првото ниво на одговорност е кај властите, значи кај Владата, МВР, Обвинителството и ДИК“, оценува амбасадорката. „Не велам дека Владата не се обиде. Многу добри работи има направено, но не се доволни на ова поле и тоа е она каде што треба да се заврши подобра работа. Тука не станува збор за етнички Македонци или етнички Албанци, туку за граѓани на Македонија. Ако треба да одржите или сакате да имате единствена држава, тогаш прашањето не е за кој ентитет станува збор или во кој дел од земјата, туку за граѓани кои не сакаат да им бидат украдени избори со употреба на сила. А тоа е задача на власта која треба да ги обезбеди“, смета Миловановиќ. Во врска со критиките дека некои припадници на полицијата биле повеќе лојални на партијата отколку на службата, амбасадорката на САД порачува дека законот мора да се почитува и луѓето кои се обидуваат да ги уништат изборите, да ги украдат гласовите мора да бидат спречени и обесхрабрени во намерите. „Тоа е начинот на кој можете да ја поправите ситуацијата. Верувам дека имате многу добри полицајци. Мислам дека голем број од нив добро си ја завршија работата за време на изборите, но, за жал, имаше и поинакви. Колку што разбрав, и министерката за внатрешни работи се зазеде да се реши овој проблем околу луѓето кои не се дел од полициските сили и оние кои не беа во можност да си ја завршат работата, а можеби и самите жалат за тоа. Тоа е нешто на што треба да му се стави крај“, вели амбасадорката. Таа апелираше да се сопрат „паралелните вооружени индивидуалци“ кои се поврзани со политички партии, а партиските лидерите, според неа, имаат одговорност да им кажат на тие луѓе дека и' наштетуваат на партијата со тоа што излегуваат со оружје и ги заплашуваат луѓето. Затоа Миловановиќ предупредува дека овие лица не смеат да се појават на прегласувањето. Миловановиќ најостро демантираше дека американската амбасада побарала оставка од лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи. „Тоа е апсолутна невистина и никогаш не сме кажале или сугерирале нешто такво, или, пак, сме кажале дека треба да се случи“, додаде амбасадорката. Прашана за проблемот со името, Миловановиќ рече дека американската Влада ќе продолжи да помага за олеснување на процесот во наоѓање решение за името меѓу Грција и Македонија. „Би сакале да се постигне тоа колку што е можно поскоро, отколку подоцна, бидејќи има многу причини поврзани со поканата во НАТО, но, исто така, и добрососедските односи и способноста да постигнете односи кои се добри за двете земји. Мислам дека е важно да се фокусирате на целта на овој договор, а целта е да се реши ова прашање со што ќе се ослободите од привременото име под кое Македонија е примена во ОН“, оцени амбасадорката. Според неа, целта на договорот не е да се промени мислењето на сите во двете земји за тоа кој е во право, а кој не е. „Мислам дека е важно да се фокусирате на обидот да се постигне некој договор, кој секако нема да помогне во атмосферата една или друга страна да стапи во одредени активности што ќе предизвикаат нервоза кај другата страна“, коментираше Миловановиќ. Еленовски не верува дека ќе го стигнеме 9 јули Министерот за одбрана Лазар Еленовски, повторувајќи дека Македонија ги исполни сите критериуми за членство во Алијансата, изјави дека „не можеме да го стигнеме рокот на 9 јули, кога почнуваат пристапните преговори со Албанија и Хрватска со НАТО, меѓутоа мислам дека тоа прашање може да се затвори за шест-седум месеци и на јубилејниот самит на НАТО во април идната година да влеземе заедно со нив“, појасни министерот Еленовски. (Д.Р.) |
||
kire_nedelkov
Сениор Регистриран: 23.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ne e ova slakanica od amerika, tuku od siptarite.
ocigledno e deka ne i posakuvaat dobro na makedonija. |
||
Averoes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 299 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Amerikanska Slakanica za Gruevski i Vojvodata Taci .Definitivno glavniot vinovnik za incidentite vo denot na Izborite e Policijata na Gruevski koja zastana na stranata na banditite na Vojvodata od Tetovo.Samo potsetet se na prvite izjavi na prestavnicite na vlasta na celo so Gruevski ,koi i pokraj sto imase zrtvi ,gi proglasija izborite kako uspesni ,kazuvajki deka "samo 2% od izbornite mesta bile problematicni" .Zatoa tuka e svestkiot policaec za da interevenira i problemite da se resat... da ne bese pritisokot od strana na Amerikanskata ambasadorka ,sigurno gruevski nemase da odi na ponistuvanje na golem del od izborite.Ako misli Gruevski deka so pomaganje na ednata Albanska strana vo konfliktot so drugata strana ,deka taka ke gi porazi Albancite ,togas se laze.Definitivno ,Gruevski raboti za da ja podeli Makedonija ,no sega se obiduva se pogolem del za zeme... ,no nema da mu uspee
|
||
NE POSTOJAT LUDI LUGE, TUKU SAMO TAKVI, KOI NE SE VO POTPOLNOST SFATENI OD OSTANATITE !
|
||
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
drn drn jarinja.
Koj gubi ima pravo da se luti. |
||
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
amerite sekogas gi branat svoite puleni .... nisto cudno .... ali so trcanje kako pes so podvitkana opaska otide da cvili kaj macea mu , dzilijen .... sramota ... ete koj e ocrnuva Makedonija vo svetskata javnost .... kucinja placipicki ......
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
vo minatoto trcaa kaj " mama" olbrajt pa doadjase " tate " holbruk ..... pa se javuvase " babi " solana .... sega im e polesno ... im ispratija macea vo skopje .... hahahahahah ......
|
||
kire_nedelkov
Сениор Регистриран: 23.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jas ne znam vo koja druga zemja policijata e tolku povlecena koga si ima rabota so dokazani kriminalci. treba stabot na dui da se digne vo vozduh, i partijata da se ukine. Da se puka od toj stab vrz policijata e odlicen znak za nivnite nameri... makedonci, treba malce da imame samopocit. zamislete si kako vednas sedisteto bi go opkolile buldozeri, ako incidentov se slucese vo, na primer, Izrael. |
||
M.Dudulovski
Група Регистриран: 26.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 50 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да ама Израел има најјак можен грб. Америка. А имам впечаток дека Американците и не им се толку лути на Албанците. |
||
kire_nedelkov
Сениор Регистриран: 23.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
i nie imame jak grb. amerika.
ocigledno ne si vo tek. |
||
M.Dudulovski
Група Регистриран: 26.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 50 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На кого се поголеми пријатели Американците? На Македонците или на Албанците? |
||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Amerikancite rekle tolku gi sakame makedoncite mnogu i ke gi guskame.
Sedi bre tuka America ako nema interes nema da te stiti ili sam ke si jak ili ako sakas 100 dogovori potpisuvajse so America pak dzabe ke e ako nema interes nema ni bezbednos posebno ti ako si slab... Изменето од xxll - 07.Јуни.2008 во 15:46 |
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
najposle ne izdrza i si go pokaza vistinskoto lice ... surat .....
|
||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од xxll - 07.Јуни.2008 во 15:45 |
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
a uste porealno sto mislis za MAkedonija .... ako nema interes nema ni bezbednos posebno ti ako si slab .... ete toa .....
|
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |