IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Еден сведок дека Мехамед е пророк
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Еден сведок дека Мехамед е пророк

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 11>
Автор
Порака
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 19:16
Ne ja menuvaj temata zasto begas od nea ajde odgovori na prasanjata???
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:28
Темпларче, она што го правиш е малку, за разлика од она што го криеш во градите....
 
Ете сами сте, па сега ајде ќе плукаме по исламот.
 
Ако, само во лоша слика се прикажувате и секој што ве чита знае дека инаетот ваш пишувал, а никако вистината....
 
Повели, читај и плачи:
О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:29

Пратеништвото

Тоа му се случи на 40 годишна возраст, во една ноќ за време на месецот рамазан. Возвишениот Бог го повика Мухамед, во Негова служба. Во таа ноќ, позната како Лејлетул Кадр – „Ноќта на судбината или Ноќта на моќта“, Поверливиот мелек[1] Џибрил[2] се спушти со одлука од Бога и светлина за човештвото – к*ранот. Тука започна новото поглавје за светот.



[1] Мелек – ангел (заб. на прев.).

[2] Џибрил - ангелот Гаврил, оној кој имал задача од Бога да ги доставува откровенијата до Божјите Пратеници и Веровесници (заб. на прев.).

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:30

Една чудесна ноќ во 621 година, наречена „Ноќта на Исра и Мираџ“, додека Пратеникот спиеше, ангелот Гаврил (Џибрил) дојде и го разбуди. Тој го покани да го јавне животното кое се викаше Бурак. Бурак, леташе со невозможна брзина и Пратеникот дојде до џамијата Акса во Ерусалим. Таму, во тоа свето место, во срцето на Ерусалим, Мухамед се сретна со група Пратеници и Веровесници од минатото, предводејќи ги во молитвата. Тогаш, ангелот Гаврил (Џибрил) и Пратеникот Мухамед, се искачија над седумте небеса, за да може да биде сведок на невидливите мистерии на универзумот и да ги види знаците на Бога.

Подоцна, Мухамед и ангелот Гаврил (Џибрил) се искачија низ небесата, запознавајќи ги другите Пратеници – Исус (Иса), Јован (Јахја), Јосиф (Јусуф), Арон (Харун) и Мојсеј (Муса), нека е Божјиот мир над нив, сè додека конечно не дојдоа на седмото небо. Еден маж седеше кај портите на вечната куќа.

„,Никогаш не сум видел човек кој толку многу ми наликува.‘ рече Пратеникот. ,Тоа беше мојот татко Ибрахим (Авраам).‘“ (Бележат Муслим и Ибн Исхак)

Мухамед се искачи на врвот на небескиот свет. Сето ова се случи во текот на ноќта, кога од Семоќниот Бог го прими прекрасниот ритуал на телото и душата, вториот столб на исламот, петте дневни молитви. Му беше дадено нешто, кое не му било дадено на ниту еден Пратеник предходно – целиот свет како место за молитва, знак за почит и благослов за сите муслимани.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:34

Според описот даден во к*ранот, Пратеникот беше тажен поради налетот на луѓето кон неверувањето и беше повредуван од нивните зборови. Дали овие негативни чувства беа базирани на однесувањето на луѓето кон него или од разочарувањето како оваа Божествена порака може да биде одбиена, со својата автентичност, благост и правда за целото човештво? Или пак овие чувства беа последица на секојдневниот предизвик кои неверниците му го поставуваа на Пратеникот, барајќи да им прикаже некакво чудо или да им доведе ангел? Или беа последица на извртувањето, исмејувањето и лажните обвинувања против него?

Со Својата благост, Бог често му говореше на Пратеникот детално за ситуацијата. Ако беше тажен поради фактот дека неверувањето може да повреди, Божествениот одговор беше:

„Нека не те растажуваат оние кои стремнително се движат во неверство, тие на Бога ниту малку нема да му наштетат.“  (3: 176)

Ако беше вознемирен поради исмејувањето, Бог му велеше:

„И на пратениците пред тебе им се потсмеваа, па потсмевачите ги стигна токму она за што се потсмеваа.“ (6: 10)

Ако проблемот се однесуваше во негирањето на Бога, к*ранот смируваше:

„Ние знаеме дека тебе, навистина, те растажува она што тие го велат. Тие, навистина, не те обвинуваат тебе дека ти си лажливец, туку неверниците ги порекнуваат Божјите зборови. А Пратениците за лажни беа сметани и пред тебе, па трпеа што за лаги ги клеветеа и што ги мачеа сé додека не им дојдеше помошта Наша, - а никој не може Божјите зборови да ги измени – и до тебе допреа некои вести за Пратениците.“ (6: 33-34)

Кога неверниците бараа од Пратеникот да донесе од небо некое богатство или ангел, Бог јасно им даваше до знаење дека неговата мисија е само опомена, а не изведување чуда за каприцот на одметниците. Барањата беа бескрајни, без да се застане да се дискутира сериозно и објективно да се размислува за новата Божествена порака. Оттука, Бог му рече на Пратеникот неговото срце да не тагува поради нивните зборови, те да биде трпелив:

„Трпелив биди! Но трпелив ќе бидеш само со Божјата помош. И не тагувај за нив, и нека не ти е тешко поради замките нивни.“ (16: 127)

Овие работи беа побитни отколку игрите на многубошците. Пораката беше испратена да би се изменил целиот свет од аспект на сфаќањето на светот, делата, врските и аспирациите. Голем предизвик беше процесот на менување на ситуацијата од сите политеистички примеси, неверничкото проширување и девијацијата на полето на моралноста и негативните вредности.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:38

ЧУДЕСАТА НА МУХАМЕД, НЕКА Е БОЖЈИОТ МИР НАД НЕГО

 

            Двете негови најголеми муџизи се: к*ранот и единствените доблести и карактеристики со кои Бог го направил достоен за носење на мисијата на исламот. И неговиот животопис  сам по себе бил муџиза.

 

            Бил човек и Бог му заповедал да ја изјави и потврди оваа вистина, откривајќи им ја на луѓето, како не би го сметале за божество, или за да не му припишуваат божествени својства. Возвишениот Бог му рекол: 

 

            „Кажи: ,Јас сум, навистина, човек, вам сличен. Само ми се објавува дека вашиот Бог, секако, е еден Бог. Па, тогаш, барајте да се управите кон Него и барајте простување од Него. И тешко им на многубошците!‘“ (Фусилет, 6)

 

            „Човек како и вие“, во сите основни елементи и чинители на човечките карактеристики, меѓутоа, меѓу луѓето, сосема сигурно, нема никој како што е тој во неговата возвишеност и Бог според овој калап и овој вид, не создал никого од синовите на Адам, освен еден човек, со име Мухамед ибн Абудлах, Алах да го благослови него, неговиот татко (според верата) Авраам, Мојсеј, Исус и сите веровесници!

 

            Неправедно би било кон Мухамед, нека е Божјиот мир над него, и неправда би било кон вистината кога би сме го споредиле со еден од илјадниците великани кои заблескале низ темнината на историјата, од првиот ден откако се познава историјата. Некои од тие великани биле големи интелектуалци, меѓутоа, со слаби чувства и реторика. Некои биле со богат речник, со бујна имагинација, меѓутоа со обични идеи. Некои се истакнале во управата и раководењето, но нивниот живот и морал биле на нивото на морал на обичната развратна толпа. Мухамед, нека е Божјиот мир над него, е единствениот кој во себе ја собрал целата величина. Секој од тие великани имал одредени недостатоци кои настојувал да ги прикрие и сокрие, плашејќи се да не ги откријат луѓето; недостатоци кои се врзани за неговите страсти и неговото семејство, или недостатоци кои упатуваат на неговата слабост или перверзност. Мухамед, нека е Божјиот мир над него, е тој кој целиот свој живот им го открил на луѓето, па така неговиот живот претставува отворена книга, ниту една нејзина страница не е свиткана, ниту еден ред не е избришан, ја чита кој сака и што сака.  

 

            Едиствено тој им дозволил на своите придружници да го разгласат и да го достават сето она што ќе произлезе од него. Земете ја, на пример, Ајша, нека е Бог со неа задоволен, која за време на неговиот живот и со негова дозвола, го објавува неговото однесување во куќата и со неговото семејство, затоа што целото негово дејствување и вера се к*ранот, и меѓу читачите да не би имало млади и жени, би ви навел дел од тоа, а хадиските, историските и фикските книги се полни со тоа.

 

            Пренеле од него сè, па дури и она што се однесува во приликите на човечката нужност, па така дознавме како јадел, како се облекувал, како спиел, како извршувал физиолошка потреба и како се чистел од нејзе.

 

            Па, покажете ми некој друг великан, кој има храброст да се изложи на опасност и да им каже на луѓето: „Еве ви го целиот мој живот и сите мои дела, прегледајте ги и раскажете им ги и на пријателот и на непријателот, па кој сака нека најде во нив слабост или недостаток!“

 

            Покажете ми некој друг великан чијшто цел живот е овака детално запишан, чии настани и подробности се познати после илјада и тристотини години, како што ние го познаваме животот на Пратеникот?

 

            Величината се огледува во природата (карактерот), моралот и во одликите на личните карактеристики.

 

            Или во славните дела кои великанот ги направил. Или во траговите кои ги оставил во историјата на својот народ и во историјата на човештвото.

 

            Секој великан поседува еден од овие критериуми со кои се мери неговата величина. Величината на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, пак, се мери со сите нив, затоа што тој ги собрал сите причинители на величината и така бил: великан во личните карактеристики, великан во делата, великан во траговите кои ги оставил зад себе си.

 

            Великаните биваат великани само во својот народ, користејќи му онолку колку што би му штетеле на друг, како што се повеќето воени херои и водачи – освојувачи. 

 

            Или пак, бива светска величина, но во ограничено подрачје: во откривањето на еден од законите кои Бог во оваа природа ги сместил и сокрил, за да би го употребиле разумот во стигнувањето до него; или во спознавањето на лекот за некоја болест; во поставувањето на филозофските теории, или во составувањето на некое литературно ремек дело, генијален расказ или значајна збирка на песни.

 

            Што се однесува до Мухамед, нека е Божјиот мир над него, неговата величина, според нејзиниот обем, била светска и ги опфаќала сите нејзини области.

 

            Верувал во она кон што повикувал, додека повеќето мисионери кои ги познаваме, и порано и денес, говорат со јазиците спротивно на она што го прават. Го изјавуваат пред луѓето она што не го прават кога се сами, и над нив во моментите на страст, страв, гнев и потреба, доминира природата или карактерот на нивните души, па го забораваат сето она што го рекле. Не зборувам за било кого лично, но ќе се наведам себе си како пример:

 

            Јас се обидувам духовно да се издигнам кога држам предавање или пишувам статија која повикува кон вистината, доброто и упатството, па кога веќе малку ќе се издигнам, ме совлаува тежината на мојата природа и барањата на душата наклонета кон злото, па се враќам на земја. Луѓето тоа го гледаат кај ваизот[1] и говорникот, па не му придаваат важност на она што тие го говорат, ниту пак вазот има влијание над нив.  

 

            Наспроти тоа, Пратеникот никогаш не повикувал на општо предавање на кое би ги објаснувал прописите на исламот, ниту пак основал медреса, училиште со часови и предавања, ниту пак седел во халки, во седенки за предавања, туку објавата која му доаѓала ја доставувал во куќата, во месџидот[2], на патот, а наредувал добро и одвраќал од злото тогаш кога потребата тоа го изискувала. Меѓутоа, го говорел тоа и со јазикот и со праксата, се изразувал со збор и со дело. Неговиот морал бил к*ранот. Вие ги слушате овие зборови, но не размислувате за нивното значење, а нивното значење е: неговите дела и секоја негова карактеристика – морал: цитати кои се учат, предавања кои се одржуваат, халки – собири за предавања, седенки и вазови, затоа што сите тие го изговараат она што к*ранот го заповеда.

 

            Клањал ноќна молитва толку многу што му натекувале нозете и непрестајно барал прошка од Бога, па му било речено: „Зарем Бог не ти ги простил и поранешните и идните гревови?“ На тоа тој одговорил: „Зарем да не бидам Негов благодарен роб?“.

 

            Низ сите свои дела се наоѓал во молитвата, затоа што секое правење на добро и отргнување од злото, како и работа во корист на заедницата, ако со тоа се сака да се постигне Божјето задоволство на оној кој го прави тоа му се смета како молитва. Ќе се задоволам само со еден пример за неговото верување – цврсто верување за она во што повикувал, и неговата доследност која е над секој обѕир, а како вовед за тој пример ќе се послужам со сликата од реалноста:

 

            Кога девојка од најугледно семејство, на некој великан или везир, би била оптужена за кражба, што мислите дали би била затворена како што би била затворена циганката кога таа би ја извршила кражбата? И дали над нејзе би се извршила одредбата на законот, како што би била извршена врз онаа циганка, или во нејзниот случај би се испружиле стотина прсти за да го покријат злосторството, да го олеснат судењето или ублажат казната?

 

            Ист таков случај се случил во времето на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него. Девојка, според потеклото од најугледното семејство на к*рејшиите, Бени Махзум, на Велид, на Халид (ибн Велид), првенец на водачите на бојното поле, трет по углед, после Хашим и Умејје, извршила кражба. И откако злосторството било утврдено и пресудата била донесена, и луѓето се обидувале да & најдат застапник кој ќе се завземе за нејзе, , кога некој угледен и благороден меѓу нив би направил злосторство (кражба) би го солободиле, а кога тоа би го направил некој слаб и немоќен, би го казнувале. Во таа прилика изговорил зборови кои на животот на исламот му утврдиле цврст и јак темел (основа, фундамент) и потврдиле дека кај казната не се прима посредништво, ниту пак има простување: „Се колнам во Алах, кога Фатима (ќерката на Мухаммед) би украла, раката би & ја исекол!“ Тоа за него било нешто природно, затоа што живеел со мисионерство и за мисионерството. Неговите страсти го следеле она што му е објавено, и сè што го врзува за луѓето: роднинските врски, пријателството и интересот, се прекинуваат ако се испречат на патот на повикување кон вистинскиот пат. Тој се ослободил од она заради што луѓето обично живеат, прашањето на храната и облеката, се ослободил од сите барања. Не тежнеел кон испосништво – аскетизам или гладување, како што тоа го прават некои кои тврдат дека се побожни – аскети. Не ја облекувал секогаш облеката на сиромаштијата, ниту пак се трудел секогаш да биде од волна (суф). Јадел од она што би му се понудило, а кога не би му се допаднало, од тоа што не е забрането, не би го јадел, а ниту зборувал лошо за него, ниту пак е познато дека некогаш зборувал лошо за храната воопшто. А, кога не би пронашол храна, трпел глад, сè додека не би го исцрпила, па би приврзал камен на стомакот. Би го облекувал она што би го пронашол (она што го имал), не придржувајќи се до одредена носија, до одреден квалитет, ниту пак до одредена боја. Понекогаш би носел имама (турбан) преку капата, понекогаш би ставал капа без турбан, а некогаш турбан без капа. Носел кошула и наметка, облекувал бурда (вид на наметка) и џубе, но не како оваа денешната, пространа и со широки манжетни, туку џубе со тесни ракави. Имамата не му била како оваа денешната, туку како познатата имама од Ехлул хиџаз (провинција во Саудиска Арабија), парче платно кое се замотува околу глава, па ако нема потреба за него, се префрлува преку грбот, се употребува за некаква потреба во мир или за врзување на заробеникот во војна, а понекогаш за неа е користен и бедреник (каиш). Имамите се природна нужност во Хиџаз – поради Сонцето кое жари. Со нив си ги штителе главите од сончев удар, па заради тоа е речено: „Имамите се круни на Арапите“.Пратеникот во погледот на имамата не се придржувал до некоја одредена боја, а на денот на освојувањето на Мека, имамата му била црна. Во исламот нема забранета облека, освен онаа која го открива она што треба да се покрие – а на жената, на муслиманката не & е дозволено да открие ништо освен лицето и дланките (пред странецот), освен свилата за мажите, облека која е специјално врзана за припадниците на некоја вера, освен исламот. Ако некој би ја облекол би се помислило дека е од нив, како облеката на калуѓерите и монасите, на пример: доколку маж облече исклучително женска облека, или жена исклучително машка, како и онаа во која има претерување и расипништво. Целата облека после тоа е дозволена во исламот.

 

            Пратеникот не ги забранил Божјите украси кои за робовите свои ги создал, како ниту вкусни јадења и кога би нашол, не би одбил. Меѓутоа не бил лаком за тоа ниту пак ја направил своја најголема овосветска грижа. Исто така се ослободил од желбите за богатство и углед, а вам ви е познато дека к*рејшиите му понудиле имот колку сака, ако сака богатств; му понудиле власт и управа над нив, ако сака углед и положба; и не оставиле ништо од она што знаат дека душите за тоа тежнеат и го сакаат, а да не му понудиле, жалејќи се и сожалувајќи се.

 

           


[1] Ваиз – Верски предавач. Ваз - верско предавње (заб. на прев.).

[2] Месџид – Џамија, муслимански храм за молитва (заб. на прев.).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:39

Тоа е прифатено општествено прашање за кое Пратеникот разновидно и во разни прилики се искажал, па рекол : „Не е силен, оној кој противникот ќе го совлада во борба, туку силен е оној кој во гневот ќе се совлада“. Ова е вистина која можете сами врз себе да ја проверите. Така, ако силата со која го совладуваш противникот се проценува, на пример, со единица, тогаш силата која ти е потребна да го совладаш гневот, да го изгаснеш неговиот оган во градите и да изгледаш мирен во своите движења, глас и говор, се проценува на сто, затоа што таа е сто пати потешка од неа. Пробај да му пријдеш на разгневен човек кого гневот го заслепил, па не гледа ништо пред себе, па обиди се да го потсетиш на убаво однесување, благост и простување, па види дали ќе наидеш на еден од десет илјади кој во таква состојба ќе ти се одѕвие?

 

            Замисли дека некој човек ти ја убил најдрагата и најомилената личност, а потоа ти дошол покорувајќи му се на твојот повик, а ти да си мисионер; сакаш ли да ги заборавиш солзите кои си ги пролеал за својот ближен и драг, и тагата во срцето и да простиш?

 

            Божјиот пратеник му простил на Вахши, убиецот на Хамза, откако го прифатил исламот, меѓутоа, го совладала човечката природа, во она што не му се спротивставува на исламот ниту му штети на човекот, па му рекол: „Не излегувај ми пред очи!“, па Вахши се тргал од пред неговиот поглед.

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:40

И на Хинда, жената на Ебу Суфијан, чија омраза кон Мухамед, нека е Божјиот мир над него, и неговата мисија ја достигнала границата да го направи она што не би го направила ниту една жена, што не би направил човекот, волкот, ниту дивата мачка - да ги расече градите на Хамза, да го извади неговото срце и да го изеде... На Хинда, која во борбата против Пратеникот направила чуда, Божјиот пратеник & простил, склучил со неа завет на верност и го прифатил нејзиното прифаќање на исламот.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:40

И на жителите на Таиф (град во Саудиска Арабија), за кои сте слушнале што направиле со Пратеникот, им простил откако го прифатиле исламот. А, еве ви ја и најголемата глетка, највозвишениот пример во сите векови: жителите на Мека него и неговите придружници ги ставале на разни неволји и маки, го вознемирувале и телесно и душевно и во верата, го кажувале за него она што го кажувале, го навредувале и него и неговите придружници, ги прекинувале врските со нив, го бојкотирале, во го затворале меканските клисури, му ставале трње на патот, му фрлиле утроба од камила на главата (додека бил на сеџда), го исмевале на разни начини, а сето тоа не траело еден или два дена, ниту година или две години, туку тринаесет (полни) години! Потоа се бореле против него и му ги убивале роднините и другарите, додека не ги совладал и пред себе околу Ќаба не ги поставил, понижени и без заштита. И дошол моментот на осветата... Не, оставете го зборот освета, затоа што тој не приличи на овакво место; момент на шеријатска казна која ќе претставува одговор на долга серија на напади и навреди, и еве што (Пратеникот) им вели: „Што мислите, што ќе направам со вас?“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:41

Тие се сеќаваат на сето она што го правеле и знаат што заслужиле, меѓутоа, се присетуваат исто така и на Мухамедовиот морал и ги знаат неговите идеали, па рекле:

 

            „Благороден брате, сине на благородниот брат!“

 

            А, потоа замолчале очекувајќи ја конечната пресуда, и да била пресудата сите да се испоубијат, не би се нашол ниту еден историчар, било да е пријател или непријател, кој би го прекорил макар со еден збор. Меѓутоа, пресудата на Пратеникот, нека е Божјиот мир над него, била нешто друго. Таа била изненадување кое никој не го очекувал, изненадување кое го восхитил неговиот век и секој век кој ќе дојде после него. Им рекол: „Одете, вие сте слободни!“

 

            Жал ми е што оваа глетка (постапка на Пратеникот) овака скратено ја прикажав, а имав желба да &  посветам едно цело поглавје и да ви го осветлам онака како што заслужува да биде осветлено. Оваква постапка изискува снага на десет илјади борци.

 

            Се чудам зошто подоцнежните писатели на биографијата на Мухаммед се обидуваат да спомнат што повеќе чудеса, опширно говорејќи за нив, па додавајќи им ги и оние кои воопшто не се случиле? Зошто им е потребно тоа? Зошто им е потребно тоа кога секоја глетка од животот на Божјиот пратеник и секоја страна на неговата личност е една од најголемите чудеса?

 

            А, што е чудото? Зарем не е она што луѓето се немоќни да го направат?!

 

            Неговата искреност и доверба се чудо. Нема да ви наведувам многубројни примери, затоа што просторот е тесен, туку ќе наведам само еден настан покрај кој за време на читањето сум поминал стотици пати, читајќи го како обична вест, сè додека еден ден не го запазив, ненадејно... и еве го, одеднаш, чудо. А, колку известувања во биографијата има слични на ова? На сите им е познато дека Пратеникот во текот на хиџрата, во Медина на своето место го оставил Али да им ги врати на к*рејшиите доверените предмети кои му биле доверени на чување, па дали некогаш сте размислувале за приказната на тие аманети?

 

            Му оставил на Али да им ги врати на к*рејшиите, а не на муслиманите, затоа што Пратеникот бил последен кој направил хиџра (мигрирал), останувајќи во Мека, како што останува капетанот на бродот кој тоне, не напуштајќи го, сè додека не слегнат сите патници и не стигнат до чамците за спасување. Тоа е доблест која покрај останатото ја спомнав.

 

            Приказната за доверените предмети се состои во тоа што к*рејшиите, и покрај сето она што било помеѓу нив и Пратеникот, не можеле да најдат никого на кого би можеле да му го доверат своето богатство на чување, освен на Мухамед, нека е Божјиот мир над него. Па замислете две различни партии меѓу кои владее војна, борба со јазик, рака, принципи и вера, а членовите на едната партија му ги поверуваат своите имоти и богатство на чување на човек од другата – противничката партија!

 

            Дали некогаш сте слушнале за оваков случај? И како ќе му го дадат на чување на тој противник, ако неговиот морал и доверба, не претставуваат една од чудесата, и ако секој сомнеж во тоа не е еден од апсурдите?

 

            Таков бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него,!

 

            Кога Пратеникот, на денот на Бедр, пред борба, ги израмнил редовите на својата војска, а во раката држел стрела, наишол на Суад ибну Газјет како штрчи надвор од редот, па го турнал со стрелата во стомак и му рекол: „Израмни се, о Суаде!“

 

            Овој му одговорил: „О, Алахов Пратенику, болка ми нанесе, а Алах со вистината и правдата те испрати!“ Замислете ја оваа глетка: на заповедникот на војската му се спротивставува обичен војник со овакви зборови, што мислите, што ќе направи со него?

 

            Ќе го казни? Ќе го остави? Или ќе биде толку великодушен и благороден, па ќе го помилува и ќе му прости? Или ќе се дигне над тоа, па ќе му рече: „Прости ми, јас ти се извинувам!“?

 

            Меѓутоа, Мухамед направил нешто што никој не би го направил, ниту пак на некој би му паднало на ум да го направи. Му го открил својот стомак, му ја дал стрелата и рекол: „Врати ми – изврши кисас!“

 

            Дозволил над него да се изврши кисас, т.е. да му се возврати за нанесената навреда, а тој е првенец на човештвото.

 

            Таков бил Мухамед, нека е Божјиот мир над него!

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:42

Целиот негов живот бил чудествен и сите великани на светот се немоќни да остават зад себе една таква биографија. Во секој нејзин дел се огледа достоинство и величина: во снагата и спорската градба на неговото тело, во неговиот иницијативен дух, во тоа што победата никогаш не би го занела до таму за да го направи охол, ниту пак поразот толку го потресувал да би му предизвикал гнев или за да му ја згасне волјата; во неговата постојаност и непоколебливост во жестоките борби, така што и најхрабрите придружници зад него се засолнувале, во неговата храброст, пред која паѓале најголемите јунаци; во неговата понизност кон сиромашниот и бедниот и вниманието кон сиромашната жена, вдовицата и старицата; во неговото прифаќање на вистината и во искреното доставување на Божјата објава, така што ги обнародил и оние цитати што се објавени за да го прекорат и оптужат; во неговото почитување на договорот и спогодбата и чување на дадениот збор, без разлика колку труд и потешкотии ќе чини неговото одржување, и сеедно дали се работи во тоа за неговото лично однесување или за државните прашања.

 

            Чудесно е:

 

            Во неговото истенчено чувство и вкусот, во воведувањето на прописите на јадењата и поставувањето на темелот на чистотијата; во неговото однесување со другарите, бидејќи тој нив ги подучувал и со нив дејствувал. Живеел како што и тие живеат, со нив се советувал и нивните предлози ги прифаќал, седнувал таму каде ќе нашол празно место, при крајот на седенката, така што оној кој би дошол да го види, би погледнал во лицата на присутните и би прашал: „Кој од вас е Мухамед?“ Затоа што, Мухамед, нека е Божјиот мир над него, не се разликувал од нив ниту во седењето, ниту во облеката – во сè бил како нив; во неговото пристојно, крепосно однесување со жените, во однесувањето во куќата, и со семејството; во неговата искрена шега и во ведроста на неговата душа; во тоа што бил љубен од секое срце; во неговата понизност и во одбивањето да се смета за крал; во спречувањето на другарите да стануваат пред него; во тоа што сам ги извршувал потребите на своето семејство и со својата рака ги крпел своите обувки; во тоа што живеел со живот на сиромаштија, одрекувајќи се од богатството, а не заради немоќност да го поседува. Да сакал, дворецот ќе му бил поголем од кралските палати и од царскиот дворец. Меѓутоа, тој го избрал оној свет, па така должината на куќата на сите негови жени, неговите девет жени, не преминувала дваесет и пет метри.

 

            Куќата на Ајша се состоела од соба, изградена од глина и керамиди, и била толку тесна што не & била доволна за спиење и за молитва, и кога Пратеникот би клањал во неа, би ја отстранувал нејзината нога за да направи сеџда.

 

            А, што се однесува до нејзината храна, Ајша пренесува дека поминувал и по месец или два, а оган во куќата на Пратеникот не бил запалуван за да се испече на него леб. И кога била прашана:

 

            „Со што сте се хранеле тогаш?“ – одговорила: „Со вода и со урми!“

 

            Тоа било храна на семејството на Пратеникот.

 

            Потоа, во неговата красноречивост и реторика, затоа што бил најречитиот говорник, реторичар.

 

            Во сето тоа се огледува чудесата, како доказ дека Бог не го избрал за највозвишената мисија, ниту пак го направил последен веровесник, додека за тоа не го подготвил со подготовка која го направила единствен помеѓу синовите на Адам. Тој нема, Бог да му се смилува и да го спаси, ривал во неговите доблести!

 

            А, Бог најдобро знае на кого ќе му го довери Своето пратеништво!

 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
zakon sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zakon sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:51
Allah da te nagrade Daija!

Ajde,sega Risjanista Citajte!

Изменето од zakon sam - 06.Јуни.2008 во 22:50
Кон врв
BUGS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Февруари.2008
Локација: India
Статус: Офлајн
Поени: 268
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BUGS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:53
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

Drugite ne se bozji sinovi ....

Nema bozji sin,ALLAH e eden i edinstven bez brat,sin ,kerka ili bilo shto drugo,a prevrtenata biografija ili promenetata Biblija se delo na losh*te misli na covekot.
Isa e isklucok,koj e dobien kako rezultat na voljata na ALLAH Merjem ili Marija da dobie sin,koj ke ja pokaze silinata i edinstvenosta na ALLAH i samo ALLAH ili gospod kako sakash.Isa ne e gospot toj e pratenik,za da ne izvadi ili da gi izvadi na prav pat nas tapcovcite.
Кон врв
zakon sam Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 26
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zakon sam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:59
Brate ne go buni sega ima dosta za citanje DAIJA mu odrza edna dobra lekcija
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.