IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Символот на верата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Символот на верата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 17:22
Јасно е дека станува збор за византиско-грчкото читање на старогрчката бета (вита), но она што се јавува кај нас е нешто многу поинтересно од само различен начин на читање на еден и ист збор. Секое од двете различни читања со текот времето добива различно значење. Ништо лошо, на против.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 23:43
Колку да потсетам и да се вратиме на побитниот (за оваа тема) муабет...

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Та, да се вратиме на темата...

1. Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сé видливо и невидливо.

Самиот текст почнува со фразата Верувам... поставува услов за прифаќање на верата, или поставува основа, упатство кон неа...?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:08
"Пред да пристапиме кон изучување на христијанските догмати, кои се збиено изразени во Символот на верата, ќе кажеме неколку зборови за историјата на тоа „правило на верата”, кое добило во Црквата сила на вселенски авторитет.

До почетокот на IV век „символите” (т.е. кратките формули на христијанската вера), воглавно биле поврзани со крштението и катехизацијата (како што се нарекува подготовката за крштевање). Со тоа се објаснува нивната многубројност и изменливост во зависност од поместните практики на една или друга Црква. Тие формули на исповедание, кои новокрстените ги кажувале во денот на своето крштение, во II век се нарекувале „правила” или „канони” на верата.

Символот со сегашниот облик, кој одговара на неопходноста точно да се определи православното учење наспроти учењата на еретиците, се појавува во IV век. Оние символи што биле донесени на соборите веќе не се поврзани исклучиво со на крштението, туку добиваат посуштинско значење во животот на Црквата.

Никејскиот Символ на верата бил првиот догматски символ, прфатен од Вселенскиот Собор одржан во 325 г. Тој „крштелен” символ на определена (поместна) Црква – најверојатно, на Ерусалимската Црква - богословите го преработиле, го прошириле, за поточно да го изрази исповедањето на Божественоста на Христа (против учењето на Ариј).

Никејскиот Символ имал вселенски авторитет на Констатинополскиот Собор (381), на Ефескиот (431) и на Халкидонскиот (451) Собор, како догматско исповедание на верата.

Никео-Цариградскиот Символ на верата, кој се ползува во наше време, има само општа сличност со првиот, Никејски Символ.

Првобитно тој бил едно од изразувањата на „никејската вера” со подробно изложено исповедување на Божественоста на Христа, кое по 370 година се родило од крштелните антиохиско-ерусалимските символи. Овој литургиски символ најверојатно бил поправен од Отците на Вториот Вселенски Собор за употреба при крштевањето, без намера да го замени Никејскиот Символ. Тој бил прогласен заедно со Никејскиот Символ на IV (Халкидонскиот) Собор како официјално призната догматска формула и како таков влегол во литургиската практика на империската престолнина. Кон крајот на V век овој Константинополски литургиски Символ на верата е признат како целосно и завршено формулирање на Никејскиот Символ, кого и го заменил.

Нему му претстоело да биде прифатен насекаде како вистинско „правило на верата”, и тој ги истиснува другите христијански символи, крштелни или соборни. Шестиот Вселенски Собор (680) го потврдува неизменливиот карактер на Никео-Цариградскиот Символ на верата..."

(Свиток)
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:10
Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сè видливо и невидливо.

Бог на христијанското Откровение, Бог на Светото Писмо и Светото Предание на верата на Црквата – не е безлично суштество, не е безличен Апсолут, незаинтересиран за судбините на човекот. Монотеизмот на христијанте - не е монотеизмот на философите. Но, тој исто така, се разликува од ограничувачкиот монотеизам на таквите религиозни традиции, како јудаизмот и исламот, кои, признавајќи го живиот и личeн Бог на Стариот Завет, сепак, не дозволуваат дека тој Бог како Личност се разликува од својата совршена Суштина и, така да се рече, способен е да излезе од Својата единечност, да биде повеќе, отколку едно Лице, ограничено од Својата единственост. Полнотата на откровението – е наследство на Новиот Завет: Синот Божји стана човек и нè направи способни да го примиме Светиот Дух, кој исходи од Отецот.

Едниот и личен Бог на христијанството – е Триединство на Лицата. Затоа воскреснатиот Христос и ги испратил своите ученици „да ги научат сите народи, крстејќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух” (Мт. 28, 19). „Верувам” на Црквата е разоткривање на таа христијанска формула за крштевање.

Почетниот член на Символот, во кој ние ја исповедуваме верата „во Едниот Бог”, се однесува на Првото Лице на Пресвета Троица, односно на Отецот, кој е личностното начело на неразделното Божество, Кое подеднакво е својствено на Трите Лица. Сите Трoоица - Отецот, Синот и Светиот Дух – се Бог; не „три Бога”, туку „еден Бог “, една Суштина, една субстанција или Природа во три Ипостаси, Лица.

Заради тоа совршено единство на Божественото Битие, меѓу Лицата на Пресвета Троица нема друга разлика, освен во облиците (модусите) на постоење на секое од Лицата: нераѓањето на Отецот (Кој постои како нероден), раѓањето на Синот (Кој постои како роден), исходењето на Духот (Кој исходи од Отецот). Ќе речеме и дека тие лични својства установуваат тројствена врска, која, дозволувајќи да ги разликуваме Отецот, Синот и Светиот Дух, треба да нè научи да ги сооднесуваме позитивно секое Лице со двте други Лица и никогаш да не ги разделуваме во нашите мисли. Така, кога говориме за Отецот „Седржител” и „Творец”, нема да забораваме дека Тој сè створил преку своето Слово (Јн. 1, 3), и дека истата таа творечка сила Му е својствена и на животворечкиот Дух (Јов. 33, 4).

Ќе забележиме дека, изразот Седржител, буквално значи „Господар на сè”, то ест Бог Кој сè одржува во постоење. Само Бог на Библијата, Кој го откри Своето име на Мојсеј, кога му рече „Јас сум Оној Кој Е” (Изл. 3, 14), само Тој е – „Творецот” во абсолутната смисла на овој збор: Создавач на битието од небитие. Тој не е „Божествениот Уредувач, не е „Димиург” на философите, устроителот на вечната, бесформна материја, на некаков претбитиен хаос. Ако Бог створил сè „од ништо”, не треба да се мисли дека постоело некакво „ништо” (како можност за битието). „Ништо” - не е начело, кое би можело да се противпостави на совршеното Битие на Бога. Тој израз добива смисла само во однос кон битието на создаденото, кое започнало да постои без никаков претходен услов (Бит. 1, 1), туку само според семоќната волја на Бога. Сепак, не треба да се мисли ни дека отсуството на надворешни услови нè задолжува да претпоставуваме, небаре Бог создал сè „од Самиот Себе”, по пат, на некакава еманација или „екстериоризација”. Светот – не е оштетено или намалено Божество, туку битие сосема ново, кое Творецот го повикал во живот, Чие творештво не било условено од никаква внатрешна нужност. Творењето – е акт сосема слободен, дарствен акт на Божјата волја, а не несвесно, неволно дејство. Градбата на вселената не тера да ја признаеме добрината, мудроста, љубовта на Создавачот, Кој го исполнил светот со смисла и му дал повисока предназначеност, така што (светот) го потчинил на личностните и слободни суштества, створени „според образот и подобието на Бога” (Бит. 1, 26-27).

Библискиот израз „небо и земја” (Бит. 1, 1), со кој е означен целиот космос, сето она, што постои и е створено од Бога, во толкувањето на светите отци добива разделителна смисла, укажувајќи на постоењето на духовна реалност и на телесна реалност, невидливиот свет на „небесните духови” и видливиот свет, со кој ние сме тесно сврзани со биолошките услови на нашето земно постоење. Гледаме, дека тоа разделување на „небо” и „земја” никако не води кон „геоцентрична” космологија. Воопшто, треаб да се каже, дека „конфликтот меѓу науката и религијата” во овој проблем изгледа вештачки.

Навистина, истражувањето на космичките простори нема да ни ја отвори духовната безмерност на створената вселена, ниту пак, атомската физика, анализирајќи ја градбата на материјата, ќе ни даде да ја познаеме таа семоќна Енергија на Творецот, кој му дава постоење на „сè видливо и невидливо.”

(Свиток)
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2008 во 05:05
Извонредно објаснување на Троиството!
Благодарам за постот. Ќе продолжиме утре точка по точка...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.