IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Коментари, мислења, анализи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коментари, мислења, анализи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Коментари, мислења, анализи
    Испратена: 17.Мај.2008 во 18:32

Шпекулации за шеријатот

Најпосле „поволни“ ветришта во едрата на Македонија. По разочарувачките вести од Бук*решт и ветото од Грција - за се' што значи евроатлантски интеграции, по 8 мај македонските граѓани се посигурни. Со сиот демократски потенцијал институциите дојдоа до откровително искуство, радикални исламисти поврзани со Ал каеда, па дури и нејзини ќелии, се реалност во Македонија. На една инспиративна прес-конференција, подоцна бомбастично дотерана од страна на некои медиуми, Иво Котевски во име на МВР го откри Кувајт. Така млад и елоквентен тој ни кажа дека опасни типови од 2002 ни се шетале по маалото. Не заборави да ги спомне и трите елементи што најчесто се абат кога се зборува за муслиманите, кои размислуваат поинаку. Пари, ставови однапред осудени како радикални, а често и како тероризам и каузата воведување шеријатски систем, изјава срочена во стилот обвинет, осуден и казнет. Уште една епизода во сапунската теорија што почна со изјавата на заштитениот сведок од Студеничани за муџахедините и за стаповите. Најнедоделканото беше околу црната листа на ОН на организациите поврзани со Ал каеда, како и претензиите за воведување на шеријатот како државен систем во Македонија. За волја на вистината, организацијата за Оживување на исламското наследство (а не општество) од Кувајт е на таа листа, но со следниов детаљ, расформирани се две нејзини канцеларии во Авганистан и во Пакистан. Таа организација слободно работи во многу земји, функционира и во Кувајт, во државата чија улога во борбата против тероризмот (на кого еуфорично му се додава придавката исламски) е повеќе од очигледна, за тие што сакаат да видат. Како и да е, се работи за тенденциозна шпекулација со која на масата, медиумски (не)образована, ќе и' се даде до знаење за „шо се работе“. За бројките не коментирам, но се знае каков ефект имаат милиони евра што им се спомнуваат на луѓето што живеат онака како што живеат.

Кога се изговорија зборовите шеријат,менување на државно уредување, си реков: е на човечката глупост и' нема крај. Еден српски актер на ХТВ, ме потсети на една вистина која вели: со суштината не се прават компромиси. Се сетив и на расправата на Елијаде за мотивот на Исус, Божјиот мир нека е над него, околу потфатот враќање во Ерусалим, по неговото бегство во родниот крај, на крајот на која ќе рече: Исус, сакал својата порака да ја искаже во религискиот центар на Израел со цел да предизвика конечен одговор, во една или во друга смисла. Суштината на пораката на Исус го натера бескомпромисно да се соочи со конечниот одговор на општеството. Суштината на нашето верување, чиј интегрален дел и верозаконот „шеријатот“, сограѓанину мој, Котевски, е дел од исламот, чие слободно исповедање ни е гарантирано со устав. Секое искривување и злонамерно спомнување на светиот шеријат го сметам за навреда и обид и така искривената слика за исламот уште повеќе да се искриви. За дообјаснување на некои дилеми околу исламот, стојам на располагање. Сите исламски теолози се ангажираат во пропагирање на верата која во текот на историјата била пример на толеранција, на меѓурелигиска комуникација, на стимулација на научниот прогрес и други позитивни примери. Таа била, е, и ќе биде дел од реалноста на Македонија. И денеска е фактор на формирање здрави личности, носители на традицијата и исконските вредности, кои подобро ќе се соочат со предизвиците на постмодерната доба. Тоа го потврди и вашата влада, која инсистираше и го внесе верското образование во јавниот образовен систем. Добар потег беше и коригирањето на правилникот за работа на МВР, во врска со документите за идентификација. Стигматизацијата на религиски другиот, со конструкции што му припаѓаат на едно минато време, со цел истиот да се дискредитира е неморално и секако контрапродуктивно. Праведноста, и прифаќањето на сите граѓани како еднакви е суштината со која ниедна држава не треба да прави компромиси.

Амел к*ртиши, теолог и магистранд по социологија на религија

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 01:38

Ајнштајн не бил ни верник ни атеист


Во писмото што го напишал една година пред смртта, Ајнштајн вели дека идејата за Бог е производ на човековата слабост, а за Библијата вели дека е "прилично детинеста"



ЛОНДОН (АП) - Алберт Ајнштајн: закоравен рационалист или научник со духовна нишка? Писмото што денеска е понудено на аукциска продажба во Лондон ја разгорува долгогодишната дебата за религиозните ставови на физичарот Нобеловец. Во писмото што го напишал една година пред смртта, Ајнштајн вели дека идејата за Бог е производ на човековата слабоста за Библијата вели дека е "прилично детинеста"
.Писмото што е на пишано на германски јазик го продава аукциската куќа "Блумсбери окшнс" и се очекува да достигне цена меѓу 6 и 8 илјади фунти (7.500 и 10.000 евра).
Ајнштајн, кој ги откри мистериите на универзумот со својата теорија за релативитетот, имал сложени и контрадикторни ставови за верата, сфаќајќи го универзумот како исполнет со духовност, но ја отфрлал утврдената религија. Писмото што е понудено на продажба, напишано до филозофот Ерик Гуткинд во јануари 1954 година, покажува дека неговите ставови за религијата не омекнале со годините.
Во писмото тој вели дека "зборот Господ за мене не е ништо повеќе освен израз и производ на човековата слабост,Библијата е збирка на издржани, но сепак примитивни легенди кои се прилично детинести".
"За мене", додава тој, "еврејската религија како сите други религии е отелотворение на најдетинести празноверија".
Во врска со ставот дека Евреите се од Бога избран народ, Ајнштајн пишува дека "еврејскиот народ на којшто со гордост му припаѓам и со чиј менталитет сум длабоко сроден, за мене не е ништо поразличен од било кој друг народ. Според моето лично искуство, тој не се ништо подобар нити полош од останатите човечки групи, иако е заштитен од најлошите болести поради немањето моќ. Инаку, по ништо не гледам дека се 'избран'".
Портпаролот на "Блумсбери", Ричард Катон, изјави дека аукциската куќа е речиси 100 проценти сигурна во автентичноста на писмото. Тоа за првпат е понудено на аукција од приватен продавач. Џон Брук, пензиониран професор по наука и религија на Универзитетот во Оксфорд, вели дека писмото потврдува оти Ајнштајн не бил конвенционален верник, но не бил нити атеист.
"Како многу други научници во минатото, тој има многу необичен став за религијата, и нема постојан став од период во период", вели Брук.
Роден во еврејско семејство во 1879 година, Ајнштајн поминал низ фаза на верник како дете пред да почне да се сомнева во конвенционалната религија на свои 12 години. Во подоцнежниот живот, тој со чудење гледал на универзумот и неговите мистерии - коишто ќе ги нарече "космичко религиозно чувство" - и ја кажал познатата изјава: "Науката без религија е неубедлива, религијата без наука е слепа". Но тој исто така рекол: "Не верувам во оној Господ на теологијата којшто го наградува доброто, а го казнува злото. Мојот Бог создал закони кои водат сметка за ова. Во неговиот универзум не владеат посакуваните желби, туку неоспорните закони". Брук вели дека Ајнштајн верувал оти "постои извесна интелигенција што функционира низ природата, но тоа не е нити христијански нити јудаистички конвенционален религиозен став".
Најпознатото сознание на Ајнштајн е специјалната теорија на релативитетот, според која големо количество на енергија може да се ослободи од мало количество маса што е изразено со формулата Е=МС2. Оваа теорија ја измени физиката, овозможувајќи им на научниците да градат претпоставки за просторот и отворајќи го патот кон нуклеарната енергија и создавањето на атомската бомба. Размислувања на Ајнштајн за науката, војната, мирот и Господ, го прославија во светот, а поради неговиот придонес во науката магазинот "Тајм" го прогласи за лице на 20 век.

Изменето од Messenger - 18.Мај.2008 во 02:09
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 01:59
Ovaa tema neka bide nameneta za verski materijali za koi mislite deka se vredni za postiranje, a ste gi pronashle vo knigi, magazini ili na internet sajtovi. Temata "Verski vesti" ostavete ja samo za aktuelni verski vesti.

Изменето од Messenger - 18.Мај.2008 во 02:10
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:09
Халид, интересно е што објавуваш мислење на еден од најизјавените ционисти на сите времиња. Аинштаин самиот се декларира како ционист и е еден од најголемите активисти на тој план.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:25
Abe vie uste malku i Ajnshtajn ke go napravite musliman
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 02:39
Interesni duhovni refleksii od sufistot Hazrat Mehmet Dumlu, koj go nauchil k*ranot na pamet za osum meseci i se zdobi so titulata 'Hafiz'.

Se izvinuvam sto slednite citati se na angliski, no nemam namera da preveduvam, a onie koi se interesiraat da prochitaat poveke neka pojdat na http://www.halveti.org/content.asp?sid=38&cid=3

Our guide is eternal love , only it addresses us.

Our teaching is Divine inspiration and our heart is the mother of books.
‘If Divine knowledge and affection start to stay in the heart, it becomes like Jesus, born of the Virgin Mary.’


Jesus doesn’t have an earthly father. The mother of Jesus is Mary and his father is the Breath of God.


In the Holy Qur’an God says:
‘ I have breathed into him of my Holy spirit.’ (Suad, verse72 )


To breath into one is heavenly.This is a miracle of God. Mary is the Heart and Jesus is the son of this Heart. (When the heart is cleansed it is as though a child is born.) This is called Heart Child ( Veled-i kalb ) in Sufism. Jesus is ( inner voice / Divine inspiration ) which arises from the Heart, which was trained through Divine knowledge and love and became sincere, beautified and purified. The words, declared by Perfect Men and Masters of Truth, are all inspirations and they tell this truthful knowledge from the book of their hearts. Sufi Masters are instructed by God and God speaks through them. We may refer to Hazrat Gaibi’s another Nutk-? Sharif on this subject.

Those who are not instructed by God -- don’t come to this gathering,

(If you are not under the guidance of God,then don’t come to this gathering)

Those who don’t pay attention to Love -- don’t come to this gathering.

(If you don’t pay attention to Love, then don’t come to this gathering)

Be aware that the heart of a Master is the source of the sea of Love,

Those who don’t dive into the sea of Love -- don’t come to this gathering.

(If you don’t dive into the sea of Love, then don’t come to this gathering)

One can not reach God through wisdom. Love is the Murshid.

Those who don’t accept Love as their Murshid -- don’t come to this gathering.

(If you don’t accept Love as your Murshid, then don’t come to this gathering)

Gaibi, if you don’t annihilate your Self, then you become the mureed of Self,

Those who don’t accept their inexistence-- don’t come to this gathering.

(If you don’t accept your inexistence, then don’t come this gathering)


.....






Изменето од Messenger - 18.Мај.2008 во 04:44
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 23:29
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Халид, интересно е што објавуваш мислење на еден од најизјавените ционисти на сите времиња. Аинштаин самиот се декларира како ционист и е еден од најголемите активисти на тој план.


Ne znam dali ti e Interesno ili ne...Jas znam sto bil toj!!!

A,i mene mi bese interesno toa sto go izjavil za Biblijata,pa zatoa go pastirav toa!!

Poso,nekade imav procitano od Evangelos mislam,deka on imase pisano deeka Ajnstajn bil "Vrven Hristijanski naucnik"..Mislam deka taka nekako pisuvase..Demek Konvertiral vo Hristijanstvo...PA ZATOA ME ZACUDI IZJAVATA KOJA JA DAL ZA Biblijata!!

P.S.Ako sum greska,(okolu toa sto rekov)za Evangelos...Evangelos..prosti!!
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 23:30
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Abe vie uste malku i Ajnshtajn ke go napravite musliman


Ne be,ne se sekiraj..NEKA SI E VAS!!
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 14:34
Kakva Podlost...A neli toa toj vasiot "Bog" bese Ljubov!!??

Neli toa toj vas Bog vi naredil da gi sakate i vasite Neprijateli!??

A,ovoj Kodosov Bush e Hristijanin a ???

Pa eve sega edna negova Satanska Izjava!

I na vakvi im se javuvat vasiot Bog i im davat zadaci!!???




Буш: Бог ми рече да го нападнам Ирак

Џорџ Буш, претседателот на САД, најмоќната светска сила, им се доверил на палестинскиот министер за внатрешни работи, Набил Шаат, и на сегашниот палестински претседател, Махмуд Абаз, дека Бог му рекол да ги нападне Ирак и Авганистан затоа што, според него, тоа е дел од божјата мисија за воспоставување мир на Блискиот Исток и сигурност во Израел и Палестина, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.
- Мене ме води божјата мисла, а Бог ми рече, Џорџ, оди и бори се против терористите во Авганистан, и јас тоа го направив. Потоа ми рече, оди и стави и крај на тиранијата во Ирак и јас и тоа го направив - им рекол Буш на Шаат и на Абаз.
Тој, исто така, им рекол дека повторно му се враќаат Божјите зборови, кои му велат да им помогне на Палестинците да добијат држава, да им ја врати сигурноста на Израелците, како и мирот на Блискиот Исток.
      

Изменето од Halid ibn Velid - 19.Мај.2008 во 15:03
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 17:11
Halid, ne go meshaj direktno Bog so mislenjata na smrtnicite.

Ne go analiziraj Bog koristejki gi delata na smrtnicite.

Ne go sudi Bog spored toa koj kako go interpretira Nego, vkluchuvajki se i samiot sebe.

Ne go potcenuvaj bogot na vernicite od drugite religii samo zatoa sto ti mislish deka tvojot Bog e onoj vistinskiot i site drugi se lazhni.

Ne go pishuvaj imeto Bog pod navodnici ("Bog").





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 17:35
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Halid, ne go meshaj direktno Bog so mislenjata na smrtnicite.

Ne go analiziraj Bog koristejki gi delata na smrtnicite.

Ne go sudi Bog spored toa koj kako go interpretira Nego, vkluchuvajki se i samiot sebe.

Ne go potcenuvaj bogot na vernicite od drugite religii samo zatoa sto ti mislish deka tvojot Bog e onoj vistinskiot i site drugi se lazhni.

Ne go pishuvaj imeto Bog pod navodnici ("Bog").


Kade toa vide deka jas,go mesam Boga??
Kade to vide deka jas go analizairam Boga!?
Kade toa vide deka jas go sudam Boga!??

Jas samo im se cudam na ovie satanistive,koi kazuvaat deka Bog im se javil i im naredi tie da vospostavuvaat red i mir!

Smesno..Me nervira,koga nekoj koj pravet po celata zemja zulum,se deklarirat kako "mesija"!!Konkretno-Bush!!

Me nervira koga nekoj koj sakat da si gi zadovolet svoite strasti so Pederlok...nareduvat nekomu da si go menet polot,Demek Bog taka mu naredil!!Konkretno ovoj koj go maltretiral svojot sin seksualno!!

PATEM,ako podprocitas podobro ke vidis koj toa go analizirat,sudet i mesat Boga!

Zatoa ne mi prepisuvaj mene toa sto vie go rabotite..

P.s.Nieden Musliman ne kazal deka Bog mu se javil i mu naredil nesto!!


Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 17:47
Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Halid, ne go meshaj direktno Bog so mislenjata na smrtnicite.

Ne go analiziraj Bog koristejki gi delata na smrtnicite.

Ne go sudi Bog spored toa koj kako go interpretira Nego, vkluchuvajki se i samiot sebe.

Ne go potcenuvaj bogot na vernicite od drugite religii samo zatoa sto ti mislish deka tvojot Bog e onoj vistinskiot i site drugi se lazhni.

Ne go pishuvaj imeto Bog pod navodnici ("Bog").


Kade toa vide deka jas,go mesam Boga??
Kade to vide deka jas go analizairam Boga!?
Kade toa vide deka jas go sudam Boga!??

Jas samo im se cudam na ovie satanistive,koi kazuvaat deka Bog im se javil i im naredi tie da vospostavuvaat red i mir!

Smesno..Me nervira,koga nekoj koj pravet po celata zemja zulum,se deklarirat kako "mesija"!!Konkretno-Bush!!

Me nervira koga nekoj koj sakat da si gi zadovolet svoite strasti so Pederlok...nareduvat nekomu da si go menet polot,Demek Bog taka mu naredil!!Konkretno ovoj koj go maltretiral svojot sin seksualno!!

PATEM,ako podprocitas podobro ke vidis koj toa go analizirat,sudet i mesat Boga!

Zatoa ne mi prepisuvaj mene toa sto vie go rabotite..

P.s.Nieden Musliman ne kazal deka Bog mu se javil i mu naredil nesto!!




Ti go napisha ova, a toa e tokmu onoa shto ti go velam vo mojot komentar:



Kakva Podlost...A neli toa toj vasiot "Bog" bese Ljubov!!??

Neli toa toj vas Bog vi naredil da gi sakate i vasite Neprijateli!??

A,ovoj Kodosov Bush e Hristijanin a ???

Pa eve sega edna negova Satanska Izjava!

I na vakvi im se javuvat vasiot Bog i im davat zadaci!!???





Se nadevam deka ponatamu ke bidesh pokorekten vo svoite komentari i repliki.

P.S. Hristijanskiot Bog preku zboruvanjeta i delata na Bush (koj go narekuvash satanist) sakash da go poistivetish so Satana.

Изменето од Messenger - 19.Мај.2008 во 18:23
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 22:20
Халид, текстовите што ги пишуваш во оваа тема треба да бидат од аспект на Вероисповед. Ако имаш намера да објавуваш вести од црна хроника, тоа е за друг форум.
Do what is right, come what may...
Кон врв
trebo.r.a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај trebo.r.a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2008 во 23:51
Сега прочитав во Православен календар-денес се слави,за некој си СВЕТЕЦ ВАРВАР,и тоа што таму го прочитав толку ме изненади,да не речам ме изнасмеа што едноставно си помислив: Господе,како е можно сеуште некој да верува во вакви прикаски.Еве за што станува збор,ќе пренесам само дел од тоа:

СВЕТИОТ ВАРВАР РАЗБОЈНИК

После многубројни злосторства се покаја и самиот себеси си наложи прво, три години да оди четириножно и да јаде со кучињата и второ, дванаесет години да живее в шума, без облека, без покрив и без каква и да е друга храна освен трева и лисја. Од ангел доби известување дека гревовите му се простени. Патуваа трговци низ шумата, па го видоа Варвар оддалеку и мислејќи дека е ѕвер а не човек, ги вперија стрелите и го застрелаа. Кога умираше ги замоли да му јават на блискиот свештеник за него. Свештеникот дојде и чесно го погреба. Но од неговото тело потече целебно миро и исцелуваше разни болести и маки кај луѓето.



Изменето од trebo.r.a - 19.Мај.2008 во 23:56
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,436 секунди.