IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Hz. Muhammed - Лав Н. Толстој (затаената книга)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Hz. Muhammed - Лав Н. Толстој (затаената книга)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 19>
Автор
Порака
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:30

Предговор на изданието на македонски јазик

 

 

Одбивањето на Руската православна црква да го разгледа прашањето за повторниот прием на големиот писател во нејзините духовни христијански редови, од кои тој своеволно се откажал пред стотина години, незадоволен и разочаран од противречностите меѓу догмите и постапките на самата црква и религија, ја разбранувало широката светска јавност. Со тоа одбивање, прашањето на неговата верска припадност за Руската црква станало затворено засекогаш. Тој настан бил повод за ново навраќање не само кон дилемите на разбудената совест на благородникот од Јасна Полјана, туку и кон некои исконски прашања за борбата на догмата со вистината, за борбата на злото со доброто. Но прашање е дали и најголемата генијалност не била доволна за да се најде одговор на најпростите животни прашања? А што, всушност, се прашувал Толстој во својата зрела возраст, кога зад себе веќе ги имал сите тие големи дела? Идејата за духовното и моралното преобразување не била непозната етичка предиспозииција на Толстој.

Со ова беше отворено и прашањето за неговата религија. Овој аспект на сфаќањата на Толстој, некои го познаваат како толстоизам, а неговите религиозни начела ги нарекуваат - религија без Бог или безбожно верување. Така, познатиот руски научник од тоа време Д. Мережковски ова негово разбирање го нарекува атеистичко сфаќање на религијата. Сепак, малкумина се согласуваат констатацијата дека Толстој бил атеист. Тој само сакал да Го докаже Бога, односно да ја порекне традиционалната црковна претстава за Бога, која за него била погрешна.

Никој како Толстој не ги воочил така луцидно и чесно човековите, па и сопствените слабости. Никој не станал така храбро против духовната и моралната нискост прекриена со тенката наметка на цивилилазијата. Само Толстој имал одважност, во своите дневници и писма, да го постави прашањето на светоста на црквата која ја благословува војската, се умилкува на власта и парите. Поради тоа црквата го отфрлила од своето свето крило, а будните пазачи во Санкт Петербург му го „искасапиле“ романот „Воскресение“, исфрлувајќи цели поглавја. Во писмото на светиот синод, кој го екскомуницирал како безбожник, Толстој вели: „... почнав со тоа што ја сакав црквата повеќе од мојот мир; потоа повеќе го сакав христијанството од црквата, а сега повеќе ја сакам вистината отколку сè на светот.“ На овој почетен цитат треба да се навратиме и по завршувањето со читањето на книгава, на тој начин склопувајќи ја целината на неговата долга мисла.

Додека сите знаат дека тој не бил православен христијанин, а по сè изгледа дека не бил ни атеист, со преведувањето на овие негови долго криени дела се отвора вратата на размислувањето за неговиот завршеток. Се поставува прашањето дали Толстој ги нашол одговорите на најпростите животни прашања? Дали неговата навидум тажна смрт, всушност криела некое ново, големо духовно задоволство?

Сега, по 100 години од излегувањето од печат на првото издание на посланието за Мухамед, нека е Божјиот мир над него, видовме за потребно да го преведеме трудот на познатиот светски писател, руски романсиер, пацифист и морален мислител, и на македонски јазик во книга со налов „Толстој за Мухамед“. Како што тој, читајќи го делото „Хадисите на Мухамед“ од индискиот исламски мислител и научник Абдулах ес-Сухеверди, избрал дел од тие хадиси претставувајќи ги на руското читателство, така и оваа книга е составена од тоа негово дело, но и од збир на неговите дела поврзани со исламот[1] и со неговото размислување за него.

Во оваа книга покрај хадисите кои што тој го одбрал, претставена е и коресподенцијата со некои негови современици поврзана со исламот, како и дел од неговите размислувања за Бог. Во последниот дел, ова го поткрепуваме со скенирани фотографии од неговите оригинални дела. Се трудевме сиот материјал да биде преведен на еден попристапен и лесно разбирлив стил, ставајќи многу фусноти кои читателите кои не се упатени во исламот и исламските термини лесно ќе ги водат низ страниците на оваа книга.

Со оваа книга, иако лесно се доаѓа до одговорот на тоа која вера би ја избрал, нам не ни е цел да докажеме дека тој преминал во ислам или дека умрел како муслиман[2], бидејќи тоа секој на крајот може од свој агол да го заклучи, туку да ги прикажеме неговите размислувања и сфаќања околу исламот и христијанството, настанати во тоа време и под тие околоности за расудување и изјаснување, а кои размислувања некој систем тенденциозно ги криел и притајувал цел еден век.

Се надевам дека ова дело позитивно ќе ја разбранува македонската читателска публика, предизвикувајќи многу прашања и дилеми.



[1] Ислам - име на единствената вера признаена кај Бог. Ислам значи покорност, послу­шност, мирољубивост, смиреност и мир (Забелешка на преведувачот).

[2] Муслиман - покорен на Бога, припадник на исламот (Заб. на ред.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:31

„Мухамед никогаш не се сложувал со христијанските сфаќања. За него човекот никогаш не можел да биде Бог, ниту пак сам се испоистоветувал со Бога. За муслиманите не постои друго божество освен Алах[1], а Мухамед е Негов Пратеник. Во тоа нема ништо загадочно и таинствено.“

Лав Николаевич Толстој



[1] Алах - Бог, Врховен и единствен Бог, Господар и Создател, во христијанството познат како Отецот, а во јудеизмот како Јахве. Во понатамошниот текст, освен во делот со хадисите или некои цитати од Толстој каде што се употребува изворното Божје име Алах, ќе се употребува зборот Бог поради поедноставување на текстот кон читателката публика. (Заб. на прев.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:31

Реч на издавачот на турски јазик

ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ

За Толстоевото послание врзано за хадисите[1] на Пратеникот Мухамед веќе одамна се знаело меѓу издавачите, но станува збор за едно таинствено дело кое што не можело да биде претставено на читателите. Имено, интересот на светски славиот писател, каков што бил Толстој, за говорот на Мухамед, неговото собирање и објавување со желба тоа да го сподели со рускиот народ, биле неизмерно важни за верската и културната јавност.

Од одбраните хадиси од книгата „Хадисите на Мухамед“ на индискиот научник Абдулах ес-Сухеверди, Толстој направил мала збирка, чие што издавање и печатење од нас изискуваше озбилни напори и истражувања. Наспроти тоа што знаевме колку е важно тоа што Толстој само ги одбрал Пратениковите хадиси и ги објавил под свое име, помисливме дека ќе биде подобро да направиме проект во кој ќе влезе постоечката содржина заедно со елементите  кои го поткрепуваат ова дело. Така одлучивме во делото што е пред вас да донесеме уште некои поглавја од Толстоевата коресподенција која се однесува на исламот, како и на доживувањата врзани за нив. Направени се озбилни истражувања за да се дојде до наведените писма. Документите се најдени, вам ви ги нудиме во вид на верни снимки во последниот дел на новата едиција.

Толстоевото одбирање и печатење на хадиите на Мухамед само по себе било случување во царска Русија, за тоа бевме сосема свесни. Визијата на идејата и чувставата со кои еден Толстој ги одбрал овие хадиси, и напорот за разбирање, би можеле да бидат озбилна помош во ширењето на човечките хоризонти. Но, поважно од сè е тоа што еден исклучителен човек, каков што е Толстој, ја припремил оваа збирка, колку и да е мала, што сакал да ја сподели со луѓето и што ја испечатил оваа книга, како израз на можнста да биде муслиман, ираз на восхит кој што го чувствувал кон исламот.

            Нашата цел, покрај сè, не е обид за обмана на свеста за непосточките случаеви, идеи и текстови. Напротив, сакаме да донесеме документи, информации и извори, симнувајќи го велот на таинственоста од работите кои постојат и за кои сме уверени дека се вистинити. Толстоевите зборови: „Кога човекот би имал право да бира, секој разумен православец и секој човек, без сомнеж и двоумење кон исламот, би го прифатил само Алах и Неговиот Пратеник“ вредни се колку и целата книга на податоци. Луѓето треба да знаат за сите промени во културата на верувањето на овој славен писател, како и дилемите кои ја прателе таа промена.

Расих Јилмаз

 

 



[1] Хадис – сето она што го рекол, сторил или одобрил Божјиот Пратеник Мухамед, а кое што е забележано и пренесено во некоја од веродостојните хадиски збирки од некој од неговите современици кој тоа го чул и видел во  (Заб. на прев.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:33

Предговор

 

ТОЛСТОЕВАТА ВЕРА

 

Посланието под наслов „Мухамед“, на светски славниот руски писател Толстој, има низа специфичности. Пред сè тоа што ова дело е напишано во христијанска Русија, во периодот на пресија, и е објавено во 1909 година. Збирката ја составил еден од најзначајните писатели во Русија и во светот - Лав Николаевич Толстој. Овој, инаку богат човек, го запознаваме низ напорите да дојде до цврстите и исправните верски уверенија. Како поинаков од сличните, тој не бил од оние кои шовинистички прават поделба во верата. Склоноста кон исправното и непридавањето значење на овосветските вредности, него го приближиле до верските вистини.

На мислење сме дека ова дело, кое што Толстој го составил од восхитување кон Мухамед и исламската вера, никого нема да изненади, посебно турските читатели, како водечки во високата култура и верското знаење во современиот свет.

Лав Толстој го направил ова дело во приодот на Царството и го објавил заедно со другите дела од 1909 година. Со ова дело, Толстој, руските читатели ги запознава со Мухамедовите хадиси. Сигурно можеме да кажеме дека на овој начин влијаел на нивната верска мисла и одгој. Тоа што Толстој, кој се сметал за верник во Русија во тоа време, ја претставувал личноста на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, и неговите идеи кои се потпирале на Божествената моќ, го зголемило влијанието на книгата.

Додека во Советскиот Сојуз на Социјалистички Републики Толстоевите дела постојано и одново биле печатени, од некој причина, збирката „Мухамедовите хадиси кои што ги нема во к*ранот[1]“ не е објавена. Во првите години на СССР на луѓето со сила им била натурана „атеистичката“ лична карта. Поради неприфаќањето на овој документ за лична идентификација, во 1938 година во Русија, погубени се многу луѓе. Во ваквиот период природно е дека не би можело да се очекува Толстој да биде исклучок.

Ќе дадеме само еден пример за цензура: 1978 година (70 години по објавување на делото) во „Азербејџан“, во најголемото списание во Република Азербејџан, сакале во воведниот дел на ова послание да го додадат писмото на Ј. Векилова, сопруга на еден генерал со турско потекло, која што му пишала на Толстој, да го преведат на азери-турски и да го објават. Здружението за цензура од Баку не дозволило објавување на истото. Причината била тоа што така голем руски пистел, каков што бил Толстој, изнесувал значајни и возвишени мисли за исламската вера и за Мухамед. Поради ова уредникот почекал со објавувањето и по некое време се обратил за дозвола во Москва. Штом оттаму стигнало одобрение за да се објави ова дело, посланието и писмата се нашле пред читателите. Така во 1978 година, за прв пат, писмата во оваа книга биле објавени во азербејџанскиот печат на азери-турски и руски јазик.

Толстоевото послание и писмата привлекле поприлично многу вимание. Меѓутоа, и таквиот мајстор на перото како Толстој, човекот кој  негувал големо почитување кон исламот направил методолошка грешка одбирајќи го насловот на своето дело. Сметаме дека исламот бил вера за која не можело да се учи во Русија, иако немало отворена забрана во Руското царство. Токму затоа Толстој ја наравил оваа методолошка грешка во изборот на насловот.

Со повторното придавање на важност на верските вредности по крахот на седумдесетгодишното траење на Советскиот Сојуз, Толстоевото послание печатено е на домашен, руски, јазик во 1990 година. За жал, Толстоевата грешка ја повторил и издавачот Кајибов, кој што го објавил азербејџанското издание на посланието. Што се однесува до нас, врз основа на исламската терминологија при преведувањето моравме да ја исправиме грешката, сметајќи ја за техничка. Кога Толстој ја објавил својата книга, таа носела наслов „Мухамедовите хадиси кои што ги нема во к*ранот“. Сметавме дека овој наслов не е точен бидејќи к*ранот е Божја Реч, а говорот на Мухамед се нарекува хадис. Точно е дека Мухамед е одбраниот Божји роб, но тој сепак е Божји роб, Божје создание - човек. Со оглед на тоа, сметавме дека е најисправно Толстоевото послание да се објави по името „Мухамед“.

Сакаме да спомнеме уште една работа. Во Русија живеела една жена која што преминала во ислам. Валерија Порохова. Била мажена за еден Арап и со него живеела во Саудиска Арабија 11 години. За тоа време многу дознала за исламот и самата станала муслиманка. Порохова го превела значењето на Благородниот к*ран на руски јазик, а на теолозите овој превод им се допаднал. Госпоѓата Порохова во медиумите озбилно и храбро говорела за Толстој и за исламот.

Меѓу останатото, во советските медиуми изјавила дека Толстој пред крајот на својот живот го прифатил исламот и дека оставил завештание да биде закопан како муслиман. Советската влада долго настојувала да го скрие овој факт. Госпоѓата Порохова, смело обелоденувајќи ја оваа информација, успела и да ја објави. Според нејзина изјава, Толтој е закопан според исламските правила. Фактот дека на неговиот гроб не стои крст, како симбол на христијанството, се зема како јасен доказ за тоа.

Поради огромната сила што ја поседувал, Толстој му бил многу драг на рускиот народ, посебно на руските просветители и научници. Неговото прифаќање на исламот во руското општество би можело да предизвика силен афинитет кон исламот. Поради тоа, самата можност за Толстоевото преминување на ислам била држена во тајност. Руската држава не можела да дозволи да се прочуе во јавноста како еден писател, каков што бил Толстој, иако можел да го почитува исламот, станал муслиман. Тоа е причината зошто посланието со хадисите на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, долго време било криено од луѓето.

Изразуваме посебна благодраност до д-р Ариф Арслан, кој внимателно ги испитал хадисите наведени во оваа книга, како и другите исламски теми, го превел текстот на турски јазик и помогнал во печатењето во Турција.

 

Проф. д-р Телман Хуршидоглу Алијев

Вакиф Техмезоглу Халилов

Баку - Азербејџан

 



[1] к*ран - Божјата Реч, светата Книга на муслиманите, последната Божја објава објавена на последниот Божји Пратеник Мухамед. Во превод значи: „Тоа што се чита“ (Заб. на прев.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:33

Вовед

 

ТОЛСТОЈ: ПИСТЕЛОТ КОЈ МУ СЕ ВОСХИТУВАЛ НА МУХАМЕД

 

Ни беше неизмерно драго поради сознанието дека постои можност дека Толстој починал како муслиман. Поради тоа секако дека чувствував гордост и поради овој допринос во преводот на турски јазик на делото врзано за личноста на Мухамед, а кео го направил еден таков геније.

Во француското списание „Match“ еднаш прочитав една репортажа за тоа како капетанот Кусто станал муслиман. Исто така, во 1983 година, во истото списание прочитав за Клемент Торез. Тој бил еден од водечките луѓе во комунистичкита партија во Франција. „Луѓето повеќе нема да се свртуваат кон комунизмот, туку кон Ќаба, вистинската кибла (насока), со комунизмот е готово...“ велел тој, и заедно со сопругата Палестинка позирал и давал изјави за весници и списанија. Не се само овие имиња меѓу оние кои биле прилично славни кога станале муслимани.

Ако отидеме понатаму во минатото, за тоа станало збор и околу принцот Бизмарк, Гете, како и за уште еден Русин, Александар Пушкин и други. Еден од останатите бил и Полосин, министерот за верски работи на Русија, кој станал муслиман во 2000-та, а за тоа да не знаел никој освен писателот Алев Алатли.

Интересни се Полосиновите зборови кога своето прифаќање на исламот го објавил пред руските медиуми: „Јавно сведочам дека повеќе не сум ниту свештеник, ниту припадник на православната црква. Сега сум муслиман... Јавно сведочам дека се свртев кон единствената вистинска вера, како следбеник на вистинската вера, возвишеното наследство на сите пратеници кои се пратени со Книга, почнувајќи од Ибрахим (Авраам), нека е Божјиот мир над него... Одлучив својот друштвен живот да го обликувам според исправното верување. Станав муслиман.“

Ако министерот за верски работи на Република Турција објавеше дека станал христијанин, зарем тоа немаше да предизвика огромни расправи? Па како во Русија, кај нашиот сосед, тврдината на православието, едекнало ова што го сторил Полосин? Тоа дека во 2000 година епископот Влачеслав Полосин (на положба еднаква со министерот за верски прашања во Р. Турција), министер за врски на верските организации и јавните здруженија при Руската православна патријаршија, министер на Високиот советски комитет за слобода на мислењето и пратеник во „ДУМА“ – претставничкиот дом на Руската Федерација, станал муслиман, во Турција не се слушнало сè додека за тоа не проговорил Алев Алатли. Полосин истовремено завршил Филозофски факултет на Московскиот државен универзитет, Верско училиште во Загорски и Дипломатска академија на министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Кога го прочитав овој зачудувачки податок во книгата на Алев Алатли, „Не е просветление на трагите на Гогољ, туку сомилост“, во прво време не можев да поверувам. Помислив дека е невозможно да не се чуе една ваква случка. Меѓутоа, кога тоа малку го истражив, сфатив дека не сум бил во право.

Откако јавно обзнанил дека станал муслиман, бил прашан за опасностите што тоа со себе би можело да ги носи. Вака одговорил: „Сите ние сме минливи, порано или подоцна ќе заминеме од овој свет. Подобро е душата да Му ја предадеме на Праведниот, отколку да им служиме на човечките илузии!“

Полосин го одбрал името Али, а и неговата сопруга, истотака, преминала во ислам. Тој, како што за сега е познато, е последниот познат христијанин од руските степи кој станал муслиман. Научникот д-р Морис Бикај и мислителот Роџер Грејди го прифатиле исламот во 1978 година. Кога тоа го сторил Р. Грејди, почувствуваме еднаква радост. Тие во минатото биле носители на комунистичката мисла. Ние воопшто не знаеме кој сè, тајно или јавно, го прифатил исламот, како Толстој.

Толстој говорел за исламот во време кога комунизмот како идеја бил на својот врв. Да сте го стореле тоа во тоа време, би требало да размислувате за притисок и тортури. Толстој сепак го сторил тоа. Го работел тоа во време кога бил на својот создавачки врв и кога не зависел од ништо, така што не е можно да се бараат такви оправдувања за него. Никој не можел да каже: „Бил слаб, морал да се приклони...“

Толстој, гледајќи и знаејќи го сето тоа, ги одбрал хадисите на Мухамед и ги преставил на рускиот народ. Комунизмот, кој очигледно од темел бил погрешен, или социјализмот, како пониска форма на комунизмот, не го привлекувале, и дури на врвот, наместо да ги искористи нговите благодети, толстој се оддалечил да би живеел како муслиман.

„... За мене исламот е неспоредливо повозвишен од христијанството. Да имал право на избор, секој разумен православец и секој човек, без билокаква сомнеж, би го прифатил исламот, Единиот Бог и Неговиот Пратеник...“

Толстој со горните зборови од еден дел од писмото упатено до Јелена Векилова го искажал своето отворено восхитување спрема исламската вера. Во другиот дел, со мали нијанси во преводот од руски јазик, Толстој ги подвлекува расипаните верувања и празноверија во другите религии, нагласувајќи дека исламот не западнал во состојба во која се нашле другите религии и дека верата која ја донел Мухамед е последна и најсовршена.

И темите на одбраните хадиси, низ поимите на сиромаштвото и еднаквоста, имаат карактер на советување на рускиот народ и оние кои ги измамуваат. Со хадисите кои што ги одбрал и обединил во книга, Толстој сакал да истакне како исламот е вистинскао место на вистинската правда и еднаквост, вистинското братство и пожтрвуваност, почитување и љубов спрема човекот...

За повеќето хадиси што Толстој ги одбрал, ги истраживме и ги најдовме изворите. Оние кои што не можевме да ги најдеме можеби не се наоѓаат во „Кутубу-ситте“[1]. И Толстој во писмото допрел до измешаното празноверие, некои нејасни работи во поглед на овие хадиси, опишувајќи ги со зборовите: „... макар и да се малку, работи кои не се сложуваат со разумот и логиката, и кои ја сокриваат вистината.“ Да можеше и да имаше прилика, Толстој, сам да го учи и проучува Благородниот к*ран, а не дознавајќи за него преку коментари, би можел бескрајно да говори за исламот.

Претпоставувате дека мораме да ја спомнеме и четвртата особеност која ја носи овој превод на турски јазик. Прво е она што се добило од преводот на хадисите од арапски на руски јазик. Второ е она што се сменило со преводот од класичен на современ руски јазик. Трето, промени при преводот од руски на азеро-турски јазик. И четврто, при преводот од азеро-турски на современ турски јазик. Поради оваа причина би требало да се вршат понатамошни истражувања на јазиците кои одговараат на културата на народот, било од писмата или од хадисите.

На крајот, ја изразувам својата благодарност на уважените господа, проф. Телман Алијев и Вакиф Халилов, кои ја преводаа оваа збирка и писмата на азери-турски, како и на Расих Јилмаз, претседателот на Управниот одбор на Кракуту Јајинлари, кој инсистираше ова дело да им се понуди на читателите, и „со желба и возбуда“ чекаше да се заврши преведувањето и целиот проект.

Ариф Арслан

Истанбул, мај 2005



[1] Ова се однесува на седумте веродостојни хадиски збирки, меѓу кои се наоѓаат познатите збирки на Бухари, Муслим и Тирмизи (Заб. на прев.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:34

Прво поглавје

МУХАМЕД, нека е Божјиот мир над него

 

 

 

(Л. Н. Толстој во 1908 година го прочитал во Индија печатеното дело „Хадисите на Мухамед“ од Абдулах ес-Сухеверди. Од прочитаните хадиси направил збирка и ја испечатил во руската печатница „Посредник“. Книгата е објавена во октомври 1908 година и на читателите им била претставена под насловот „Мухамедовите хадиси кои што ги нема во к*ранот“. Првото поглавје, всушност, е збирка на хадиси кои ги обединил Толстој. Бидејќи насловот на делото не било методолошки исправно, подоцна било сменето во „Мухамед“.)

 

„Во нашите срца е Алаховиот нур,[1]

името му е совест.“

Толстој

 

 

Сеопшто упатство

 

Порано веќе го спомнавме отвореното восхитување кои Толстој го негувал кон Мухамед, нека е Божјиот мир над него. Тоа се родило по исчитувањето на хадисите и истражувањето на збирката хадиси која ја уредил индискиот исламски мислител Сухеверди. Читајќи, Толстој правел забелешки со примери од секоја област, сакајќи, рускиот народ, кој ништо не знаел за Мухамед и куп други читатели, пријатели и колеги, да ги запознае со Пратеникот, да направи да го засакаат, по што ја подготвил малата збирка хадиси, послание полно со „сеопшти упатства и совети“.

Од Толстоевите објанувања на зборовите и делата на Мухамед, неговите добронамерност, морал, праведност, правичност и уште полно други доблести, не можело да се замисли дека тоа нема да го привлече човекот со „здрав разум“. Тој ја сфатил истенчената вредност на еден од најостроумните и најсовесните луѓе на светот. Истражувал и се уверил во тоа, па, без сомнеж, сакал да го сподели тоа со луѓето. И еве, желбата на овој исклучителен писател сега е пред вас, во букетот од хадиси кои што тој ги обрал и донел во вид на оваа збирка.[2]



[1] Нур – Светлина (Заб. на прев.).

[2] Во наредниот дел од книгата, сите хадиси ќе бидат проверени и ќе се укаже на изворот. Ние се трудевме само да укажеме на оние хадиси кои што се слаби, неверодостојни или измислени, па сите наши наши забелешки ги означивме со забелешка на шеријатскиот редактор, осносно (Заб. на шер. ред.) (Заб. на прев.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:34

„Алаху, впиши ја мојата љубов кон Тебе“

 

„Мухамед спиеше под стеблото на една урма. Се разбуди, а над него стоеше човек со исукана сабја во раката:

-         Мухамеде, кој ќе те спаси од мене? – праша.

-         Алах. – одговори тој. Дусовата сабја падна на земја. Сега ја зеде Пратеникот и праша:

-         Добро, а кој сега ќе те спаси од мене?

-         Никој. Ти си подобар од мене. - рече Дасур. Тогаш Пратеникот рече:

-         Јас имам повеќе право на ова од тебе.

-         Сведочам дека нема друго божество достојно за обожување освен Алах, и дека ти си Негов Пратеник. – рече Дасур и стана муслиман. Станал еден од најискрените пријатели на Мухамед.“[1]

 



[1] Ahmet Davudoğluö Sahıhul-Muslım, превод и коментар, X, 55; Ismail Mutlu, Peygamberimizin Mucizeleri, стр. 420.

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:36
znaci , sepak bilo poradi sabjata ????
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:36

„Алаху, впиши ја мојата љубов кон Тебе. Во моето срце всади љубов кон сè она што сакаш Ти. Направи да бидам достоен за Тебе, да го работам само она што го сакаш Ти. Направи за мене Твојата љубов да биде поголема од љубовта кон мене самиот, моето семејство и мојот иметок.

Алаху мој! Те молам да ја досегнам Твојата љубов и љубовта на оние кои што Те сакаат. Алаху мој! Направи ми ја Твојата љубов помила од мене самиот, моето семејство, иметокот и ладната вода.“[1]



[1] Tirmizi, Da`avat 74, (3485). Нашиот почитуван оџа, еминентниот исламски научник од областа на хадисите, шејх Албани, го класифицирал овој хадис како слаб. Види „Сунен Тирмизи“ (5/5220) и „Даиф Џами“ 4153 (Забелешка на шеријатскиот редактор).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:37

„Кажувајте ја вистината, колку и да им е горка на луѓето!“[1]

 

Помогни му на братот свој во вера кога е во право и кога не е во право!

- Знаеме како да му помогнеме кога е во право, но како да му помогнеме кога не е во право? - го прашаа асхабите.

- Ќе му помогнете така што ќе го спречите во правењето неправда. Тоа е помош за него. - им одговори Пратеникот.“[2]



[1] Tirmizi, Fiten 26, (2192).

[2] Buhari, Mezalim 4; Ikrah 6. Посебно види: Tirmizi, Fiten 68.

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
temimi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Saudi Arabia
Статус: Офлајн
Поени: 325
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај temimi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 19:37

„Кој ќе направи едно добро дело, ќе има награда како за десет добри дела до седумстотини или повеќе. А кој ќе направи едно лошо дело, ќе му се впише само тоа лошо дело. Кој ќе Ми се приближи за педа, Јас ќе му се приближам нему за аршин; кој ќе Ми се приближи за аршин, Јас ќе му се приближам за заграб[1]. Кој ќе Ми дојде одејќи, Јас ќе му се дојдам трчајќи. Кој ќе Ми дојде со грев голем колку целиот свет, под услов да не Му припишува здруженик, Јас со толкава прошка ќе го дочекам.“[2]

 

„Алаху мој, проживеј ме како сиромав, земи ми ја душата како сиромав и на Судниот Ден здружи ме со сиромашните.

-         Зошто така Алахов Пратенику? – го прашала Аиша.

-         Затоа што тие ќе влезат во рајот четириесет години пред богатите. – рече Пратеникот.

Аиша, сакај ги сиромашните и повикај ги поблиску кога си на некој собир, за  Алах да ти биде и на тебе поблиску на Судниот Ден.“

„Алаху мој! Проживеј ме со сиромашните, земи ми ја душата со сиромашните и здружи ме со нив.“[3]

 

 

„Најмила работа на Алах Му е кога човекот од заработеното од својот труд ќе му помогне  на оној што нема доволно.“[4]

 

„Никој не проголтува подобра голтка од онаа кога го проголтува својот гнев.“[5]

 

„Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не му го посакува на својот брат тоа што си го посакува себе си.“[6]

 

„Пеколот е опкружен со работи кои му годат на нефсот[7], рајот е опкружен со работи кои нефсот не ги сака.“[8]

 

„Возвишениот Алах наредил: ,Човеку, да се управуваш само според Моите закони, ќе се управуваше според Мене и ќе наликуваше на Мене. Велиш: ,Вака било, вака ќе биде...‘‘“[9]

 

„Значи, ако човекот правилно се однесува кон законите на природата и животот, Возвишениот Алах би му ги донел желбите на место и би му исполнил сè што моли.“[10]

 

„Не оптеретувајте си го срцето со сувишни јадења и пиења.“[11]



[1] Заграб – Едно фаќање со раката (Заб. на прев.).

[2] Muslim, Zikir 22.

[3] Tirmizi, Zuhd (2353).

[4] Karş: Tergib ve terhib Tercümesi: Hadislerle Islam, C.II, стр. 290; 317. Овој хадис е изведен од еден друг хадис кој се пренесува од Мадијекриб. „Сунен Ибн Маџе“ 2/2138 (Заб. на шер. ред.).

[5] Karş: Tergib ve terhib Tercümesi: Hadislerle Islam, C.V. стр. 325-337.

[6] Buhari, Iman 7.

[7] Нефс – душа. Во овој случај се подразбираат негативните нагони на човечката личност (Заб. на прев.).

[8] Buhari, Rikak 28.

[9] Изворот не е пронајден.

[10] Абдулах ес-Сухеверди.

[11] Слично: Tergib ve terhib Tercümesi: Hadislerle Islam, C.IV. стр. 363-376. Шејх Албани го класифицирал овој хадис како неоснован, без база. Види „Силсилех хадис Даифе“ 2/721 (Заб. на шер. ред.).

Mozes da mi gi izvrtuvas zborovite, no ne i religijata!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 23:59
Темими - од каде се последниве цитати?
Do what is right, come what may...
Кон врв
svemirski_duh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svemirski_duh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 00:05
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Темими - од каде се последниве цитати?


Na krajot od sekoj citat imas brojka. A na krajot od postot za sekoja brojka ti pisuva od kade e izvadena.
Toa se Hadisi.
Кон врв
svemirski_duh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svemirski_duh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2008 во 00:07
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

znaci , sepak bilo poradi sabjata ????


http://www.youtube.com/watch?v=Fi5P5oloQ-8
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.