IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Временски-Портал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Временски-Портал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:32
Ajde seriozno!!!!!
Prasanje-
Dali moze nekoj da odi vo idninata,
da receme vo Skopje na plostad vo 2020 godina,
vo 10, 00 casot
da ostavi paricka
i potoa da se vrati vo segasnosta, denes!!!

Posle 12 godini od sega, znaci koga ke dojde 2020 godina
vo 10,00 casot, toj istiot moze da otide na plostad i bidejki znae deka ustvari samiot toj ke dojde da zakopa paricka od minatoto-

1. treba da se vidi samiot kako ja ostava parickata?

2. Pomladiot on, ke najde deka nekoj pred nego veke zakopal paricka na istoto mesto?

Znaci postojat dvajca on?
Ili poveke on?
Ili bezbroj on, ako se zeme u predvid deka nekoj moze da odi sekoj den vo idninata i da postavuva paricki na isto mesto, da receme od denes pa se do 2020?

Toa znaci deka ima bezbroj on, i toj samiot ke gleda sekoj den razlicito "jas"?
Toa e istiot toj covek, ili ne e??

Takvo vrakanje i odenje vo minatoto ima samo vo Naucna fantastika, vo stvarnost
se raboti za odenje vo idninata,
no ne i vrakanje vo isto vreme i ist prostor
kako i vo momentot koga toj nekoj trgnal na pat vo idninata!!!
Zatoa patuvanje vo minatoto, ili idninata ,
kako sakate recete go,
na klasicen nacin kako sto se pretstavuva vo filmovite,
ne e mozno!!!!!!!!

Osven ako ne sakame da diskutirame za paralelni svetovi,
ama i toa nema da ne odvede vo pravec koj nekoi sakaat da go gledaat kako patuvanje niz vremeto!!!!!

P.S. Ako ova ne e dozvolno seriozno,
jas sepak bi go preporacal krevetot kako seriozna i
najdobra dosega izmislena masina za patuvanje niz vremeto!!!



Изменето од којсумјас - 23.Април.2008 во 23:35
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 23:57

Затоа и јас реков дека тоа не е како што си го замислуваат повеќето луѓе.
За парадоксите кои произлегуваат од патувањето низ времето (како што објаснува Којсумјас), знаеле уште многу одамна и научниците и филозофите и тоа им задавало големи главоболки. Дури и големиот Стивен Хокинг зема некои од овие парадокси како "доказ" дека е невозможно да се патува низ времето. Меѓутоа, тој сепак како да "навива" за возможноста за патување низ времето. Тоа го наведува да ни го претстави концептот наречен Cosmic Censor (хипотетичка замисла, се разбира, која мене воопшто не ми се допаѓа. А се разбира и тој не е воопшто сериозен околу тоа ). Но на крајот решението секогаш се појавува онаму каде што има "повеќе простор" - во паралелните светови!






Изменето од james dean - 23.Април.2008 во 23:58
Кон врв
Luna83 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Luna83 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 02:55
bi sakala da se vratam vo minatoto. ama ne mozam.za zal vremeto ne se vraka.
Кон врв
Astra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 297
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Astra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 09:13
James Dean, mozes li da napises nesto povekje za konceptot sto go spomna za Cosmic censor?
IQ blagodaram za podrskata. Gledam deka si dosta upatena vo ovie oblasti na "rubu znanosti" i me raduva sto i nie vo Makedonija imame vakvi lugje.
Istoto vazi i za James i Koj sum jas za koi mozam da primetam deka se dosta informirani i dosta znaat i bi reka deka od niv mozam da ucam za mnogu raboti.
Imam samo edna napomena deka za ovie oblasti pa i za naukata nikogas ne e se istrazeno i sekogas se otkriva po uste nesto novo, sto bi znacelo deka sekogas treba da se drzat i ocite i umot otvoreni za site istrazuvanja, koncepti i idei.
Thanx
What you see,hear and feel is not always true.
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 21:43


Изгледа успеавме да ја свртиме темава накај сериозно!?!

Па Астра, за Cosmic Censor-от!
Идејата е всушност многу едноставна, но поради "неверниците" претходно ќе кажам дека Стивен Хокинг и неговиот колега и соработник Роџер Пенроуз се професори по математика на Cambridge универзитетот. Така, сите нивни истражувања се базираат на математички пресметки, а не на измислици!
Значи, како што кажав и претходно, тие ја изнесуваат претпоставката за постоењето на "Космичката цензура" знаејќи за парадоксите кои прозлегуваат од можноста за патување низ времето.
Најпростиот пример за парадокс е кога ние би се вратиле во времето и на некој начин би ги спречиле нашите родители да се сретнат, тогаш ние не би биле воопшто родени, а со тоа и не би можеле да постоиме за да го извршиме токму тој парадокс. Затоа Роџер Пенроуз и Стивен Хокинг ја земаат претпоставката дека Универзумот со своите закони на физиката си има некој “одбрамбен механизам” (Cosmic Censor) со кој ги спречува ваквите парадокси. Односно законите на физиката се едноставно такви што не можеш да ги прекршиш - да се вратиш во времето и да си ги убиеш своите родители, бидејќи нешто ќе те спречи да го направиш тоа.
Или да речеме, ако направиш некоја ракета која ќе може да те однесе во минатото, а ти решиш да отидеш во минатото и да го саботираш самото полетување на таа ракета. Ракетата воопшто нема да полета во првиот случај и да те однесе во минатото за ти да ја извршиш саботажата сé додека не се откажеш од таа идеја.
Еден од “доказите” на Хокинг дека постои некаква Космичка забрана е тоа што ние денес не гледаме околу нас “туристи” од иднината. Имено тој вели дека некогаш во иднината сигурно ќе постои доволно развиена технологија, која ќе ни овозможи патувањето низ времето (која ние денес ја немаме бидејќи не сме технички доволно развиени). Тогаш зошто не гледаме “туристи” патници низ времето??? Токму поради Космичкиот цензор. Идејата е дека создадениот ВРЕМЕНСКИ ПОРТАЛ овозможува патување наназад само до времето кога е тој направен. Што значи, ако го направиме утре нема да можеме да се вратиме вчера, туку најмногу до тој ден кога е порталот направен.
Значи тоа е што се однесува до направените портали, а што се однесува до природните портали - црните дупки (црвјите дупки), Пенроз смета дека токму затоа голите сингулариети се “скриени” од нас со црни дупки и дека токму затоа постои хоризотнот на настани кој претставува последната граница од која може да излезе некоја информација од црната дупка.









Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 22:00
patuvanje vo idninata e eden fenonen koi mnogu lugje go analiziraat na razlicni nacini

postoi eden princip koj kazuva za nepromenlivosta na nastanite i toa so znaci

deka nastanite nese mozni da se smenat i toa- ili patnikot vo minatoto ili idninata e nematerijalen i e samo posmatrac ili e matrijalen no negovite nastani se vekje pominati

taka da ako resi denes da go ubije Kenedi i odi vo minatoto- toa e izvodlivo i
tocno e taka - toj go ubil i sega vsusnost se znae koj e ubiecot i se e razjasneto- oti toa se sluci bas taka

ako resi da odi vo minatoto i da go ubie Regan- kje pravi so kje pravi- no nemoze da go ubie zatoa so REGAN nikogas nebil ubien

e vakva teorija e ubiena od filmot BACK TO THe FUTURE- kade imame promeni na nastanite i istorijata se grani

taa teorija se zmeta za idiotizam

tolku od mene
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 22:28


Јасно е дека BACK TO THЕ FUTURE е неконзистентен филм. Но тој е повеќе авантуристички и е така направен за да биде интересен за гледачите (инаку би бил тапа и никој не би го гледал, нели 'Кин ) Затоа пак ТЕРМИНАТОР, да речеме, убаво си вика во 2-ката - Јас доаѓам од една од ВОЗМОЖНИТЕ иднини !

Заборавив во мојот горен пост да го кажам "НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ" за Time Travel !!!
Значи "НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ" е идејата на Hugh Everett за Многуте светови (или паралелните светови) Many Worlds Theory. Имено, според оваа теорија со секое патување низ времето се отвара нов (паралелен) универзум , па така ако вие патувате во времето и се вратите за да го убиете Реган, а не Кенеди, единственото нешто што ќе се случи во овој наш универзум е тоа што вас ќе ве снема и ништо повеќе! А во оној универзум кадешто ќе отидете - ќе го убиете Реган и нивнaта историја ќе биде таква (поинаква од нашата). Освен тоа друго што ќе биде поинаку е тоа што таму ќе има еден човек повеќе - тоа сте вие (the time traveler)






Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 09:53
Originally posted by james dean james dean напиша:


..............................
Затоа Роџер Пенроуз и Стивен Хокинг ја земаат претпоставката дека Универзумот со своите закони на физиката си има некој “одбрамбен механизам” (Cosmic Censor) со кој ги спречува ваквите парадокси. Односно законите на физиката се едноставно такви што не можеш да ги прекршиш - да се вратиш во времето и да си ги убиеш своите родители, бидејќи нешто ќе те спречи да го направиш тоа.

Значи тоа е што се однесува до направените портали, а што се однесува до природните портали - црните дупки (црвјите дупки), Пенроз смета дека токму затоа голите сингулариети се “скриени” од нас со црни дупки и дека токму затоа постои хоризотнот на настани кој претставува последната граница од која може да излезе некоја информација од црната дупка.


Se prasuvam-
-dali Hocking i Penrouz so vakvoto razmisluvanje vsusnost ostavaat prostor
za postoesnje NA TVORECOT?


Изменето од којсумјас - 25.Април.2008 во 09:55
Кон врв
Astra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 297
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Astra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 12:28
James
Ubavo napisano.Navistina super. Za Stiven Hoking sum slusala i ponesto gledala na Discovery(vo vrska so SETI institutot itn), ama negovite dela ne mi dosle do raka. Plivav vo drugi vodi taka da ova sto go pisuvas za Kosmickava cenzura e navistina interesno. Arno rekov jas od vas dvajca kje naucam nesto novo. Za nesto slicno naletav (mada ne isto) vo Metafizikata, noe premnogu okultno ili ezotericno i nedefinirano za da go spomenuvam tuka.
James me ineteresira zosto velis deka si malku nekomoten so vakviot ovoj koncept?
Kojsum jas, citajkji go James i mene mi tekna ova so Tvorecot. Ama predlagam da se zadrzime seuste na konceptot.
Vo princip jas sum povekje pristalica na postoenjeto na povekje mozni idnini otkolku na edna i definitivna.

What you see,hear and feel is not always true.
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 13:55


Многу ми е мило што вака ја развивме темава!   
Па Астра, јас прво накратко би ја прокоментирал забелешката на Којсумјас, ако немаш ништо против.
Мислам дека Хокинг и Пенроуз како големи научници не земаат ништо здраво за готово, сé додека тоа не се докаже научно. Дали оставаат простор за постоењето на Господ ??? Па од моите читања на книгите на Хокинг, можам да претпоставам дека тој можеби потајно сака да постои Господ, меѓутоа мислам дека тој е всушност сé уште во негова потрага.
Научниците ги проучуваат законите на природата, но и тие не знаат зошто тие закони се баш такви какви што се. (Зошто гравитацијата е баш токму толкава за да овозможи формирање на ѕвезди и планети, зошто слабата и силната нуклеарна сила се баш толкави за да биде возможен процесот на фузија и фисија... итн.) Хокинг дури се прашува: Дали е можно Господ на почетокот да одредил какви ќе бидат законите и на кој начин ќе се развива вселената, а потоа решил во никој случај да не се меша и самиот да ги прекршува своите закони, туку едноставно да ја остави вселената да си се развива самата!
Меѓутоа, тие наведуваат и еден друг концепт, кој се вика Антрописки принцип! а според кој нема потреба од постоење на Господ!
Па како гласи тој Антрописки принцип??? Всушност има негови две интерпретации - слаба и јака.
Јакиот антрописки принцип вели дека постојат безброј вселени (паралелни светови - што е допуштено од страна на квантната механика), од кои сите имаат поинакви закони на физиката. Е сега, поради тоа, во некои од нив законите се такви што нема услови за развој на интелегентни суштества како нас кои ќе се прашуваат зошто постојат, а во оние кои има такви услови и во кои навистина се развил живот како нашиот, нормално е некој да се чуди и прашува како тоа законите да се баш такви!!!
Другиот - Слабиот антрописки принцип вели - вселената е едноставно таква каква што е (таа случајно настанала таква). Кога не би била таква, ние воопшто не би биле тука за да поставуваме такви прашања!

Атсра, за тоа што реков дека не ми се допаѓа во концептот на Космичкиот цензор, мислев на онаа идеја дека кога некој би се вратил во минатото за да ги убие своите родители, пиштолот едноставно нема да испука, или тој ќе промаши, или ќе се случи нешто друго што ќе го спречи за тој да го изведе парадоксот. Сакав да кажам дека и мене многу повеќе ми се допаѓа идејата за паралелните светови - т.е. дека патувањето низ времето отвара нов универзум независен од нашиов.

Инаку нема дискусија дека е сигурно возможно патувањето наназад низ времето на субатомско ниво. Виртуелните честици кои постојат во вакуумот се всушност парови од честици и античестици, а античестиците се честици со потполно исти својства како честиците само што патуваат обратно во времето!!! Тоа се познатите квантни флуктуации!






Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 17:53
James,
da, poznati mi se razmisluvanjata na Hocking za slaboto i jakoto antropicko nacelo (princip).
Toa se interesni razmisluvanja za sustinata na postoenjeto na vselenata!
Sepak, jakiot antropiski pirncip ima nekolku nedostatoci:
-postoenje na poveke vseleni nezavisni i oddeleni edna od druga , koi nemaat vlijanie edna na druga, ne ovozmozuvaat doznavanje na toa sto se slucuva vo druga vselena, nitu pak informacii dali voopsto postoi druga vslena. Ako e taka, togas e NEBITNO dali voopsto i postoi takva druga ili poveke drugi vseleni!
- ako pak vsusnost se raboti za poveke vslenei za koi mozeme da dobieme informacii deka postojat i da preogame od edna vo druga, togas vo princip,
se raboti za ISTA VSELENA, sto pak znaci deka
MORA VO SITE NIV DA VAZAT ISTI ZAKONI NA FIZIKATA!!!!
Togas, vo sustina jakoto antropicko nacelo se sveduva na slaboto antropicko nacelo, sto znaci deka ziveeme vo vslena koja e slucajno takva kakva sto e a nie sme isto taka edna slucajnost.
Tuka sigurno nemamesto za tvorecot!!!

No drugo mi bese poentata!!
Imeno, vo sustina postoenjeto na vselenata mozeme da go gledame na dva nacina:

1. vselenata e takva kakva e i otsekogas postoela, NEMA GRANICI, NEMA POCETOK, NEMA KRAJ!!

Vakvoto razmisluvanje go dozvoluva kvantnata teorija, pri sto e mozno site zakoni na fizikata da se validni sekade i sekogas, pa vklucuvajki go tuka i pocetokot. Imeno, kvantnata teorija NEMA POTREBA OD SINGULARITET, od pocetok ili kraj!!!!
Dali tuka ima mesto za tvorecot, vo vselena koja nema pocetok i kraj!!!!

2. vselenata nastanala so golemata eksplozija (toa momentalno go prifaka i modernata fizikano i crkvata)

Mojata zabeleska za postoenjeto na TVORECOT, (neka ne mi zabelezi Astra sto malku nsistiram na toa), ja postaviv vo kontekst na ovaa paralela.
Imeno, katolockata crkva vo sustina se soglasuva so osnovnite principi na fizikata, so zakonite koi vladeat vo univerzumot,so izucuvanjeto na zakonitostite koi vladeat vo univrzumot,
no,
razlikata vo konceptot na modernata fizika i ucenjeto na rimokatolickata crkva e vo toa sto crkvata veli - (karikiram malku)-
- vo red e (se odnesuva na fizikata), izucuvajte gi zakonite na univerzumot,
NO,
ne se obiduvajte da go resite prasanjeto za toa
KAKO NASTANAL UNIVERZUMOT!! ( vo kontekst na golemata eksplozija)
Tuka e sustinata na diskusijata za nastanokot na celokupniot univerzum!!!

Vo sustina, modernata fizika NEMA odgovor za toa sto e "inicijalnata kapisla" odnosno pricinata za toa ZOSTO nastanal univerzumot onakov kakov sto go poznavame!!!
Dali voopsto "nesto" postoelo pred toa??
Dali voopsto mozeme da diskutirame za nesto pred toa??

Da, vo pocetokot postoel samo matematicki singularitet, tocka so beskrajna gustina i beskrajna zakrivenost na prostorvremenskite dimenzii. Toa znaci deka vo toj singularitet ne vazat postoeckite zakoni na fizikata, a ako i ima nekakvi zakoni, nie nemame informacii za toa koi se tie,
NO,
nesto ja iniciralo prvobitnata eksplozija i sirenjeto na univerzumot,
nie znaeme, ima naucni trudovi za toa kako se razvivala ovaa eksplozija vo prvite milisekundi do prvite sekundi,
kako i koga se zozdavaat prvite cesticki, atomi itn,
NO,
toa e potoa!!!!
Nema odgovor za toa ZOSTO nastanolo toa sirenje,
odnosno STO e toa sto go predizvikalo POCETOKOT
Dali tuka se naoga mestoto na TVORECOT?

P.S. Mozebi malku nadvor od tema , no kolku da se doiskazam!!!!


Изменето од којсумјас - 25.Април.2008 во 19:39
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 22:14

О, не .... Којсумјас.... нешто си јанлаш во врска со првата точка ! Го заборави Вториот закон на термодинамиката и ЕНТРОПИЈАТА . Ништо не може да постои вечно!

Во врска со втората точка ќе ти кажам дека - она што било пред големата експлозија е небитно - исто како што викаш ти за паралелните светови. Ништо што се случувало пред Големата експлозија не влијае на она што се случува сега во вселената. А за тоа од каде воопшто дошол првобитниот сингуларитет и од каде дошло до тоа да се случи самата Голема експлозија - иницијалната каписла - (дали Господ “рекол” - “Нека биде Голема експлозија!”), физичарите викаат дека и во тој случај нема потреба од Господ. Сингуларитетот пред Големата експлозија може да настанал од квантните флуктуации (така викаат тие - според квантната мечаника, бидејќи во тој момент универзумот бил на квантно ниво). Најновите теории викаат дека постои "некаков" Мултиверзум и дека нашиов универзум не е 4-ро димензионален, туку 10-то димензионален, што уште повеќе ја усложнува целата работа. Се претпоставува дека црните дупки освен тоа што можат да бидат шорткати во овој наш универзум дека исто така можат да бидат и врска помеѓу овие паралелни универзуми, за кои ти викаш дека немаат никакво влијание врз нас (со што се согласувам). Ама сепак не знам зошто викаш дека е небитно постоењето на тие други вселени. Па како е небитно??? Можеби ние сме "успеале" од милијарди други неуспешни обиди. Што значи ние сме дел од веројатноста, ти текнува
   



Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 22:41

Него .... со овие вселени и сингуларити, па и со Господ, ние малку забегавме од првобитната тема за ВРЕМЕНСКИТЕ ПОРТАЛИ !!!
Па... да се вратиме ли на колосекот???






Изменето од james dean - 25.Април.2008 во 22:41
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 23:04
Originally posted by james dean james dean напиша:


О, не .... Којсумјас.... нешто си јанлаш во врска со првата точка ! Го заборави Вториот закон на термодинамиката и ЕНТРОПИЈАТА . Ништо не може да постои вечно!
   

Hm, vtoriot zakon na Termodinamika....
mrtvilo bez dvizenje na energijata...
homogen univerzum bez dvizenje....
entropija... covekot prkosi na prirodnata nasoka na entropijata...
temi... temi...
P.S. Samo komentar okulu uste nekolku interesni temi...
Vo pravo si, barem za mene vazi,
povtorno zabeguvam vo druga tema,
No,
Univerzumot i zakonite koi vladeat so nego se
povrzani i zavisni,
...pa i temite za nego.....!!!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.