|
Свјатаја Свјатих |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Април.2008 во 23:07 |
|
Свјатаја Свјатих
Следниов коментар на maria_magdalena ме инспирира да ја отворам оваа тема.
Интересен детал од Христовото распнување Мариа. Би сакал да додадам збор два (или три ) на веќе кажаното.
Храмот во Ерусалим со состоел од 3 дела: Храмскиот двор, внатрешноста на храмот каде што се собирале верниците и се поучувале од Тората, пророците, псалмите и др старозаветни книги, и едно посебно место кое го викале "Светината над светините" (на старословенски "Свјатаја Свјатих") или тоа е она што денес го викаат олтарот.
На ова место, како што кажа Мариа, само еднаш во годината, на празникот Пасха, само првосвештеникот смеел да влезе таму и да ја принесе пасхалната жртва. На ова место Бог дирекно комуницирал со човекот. Тоа било местото каде што се давала едногодишната пасхална жртва која имала за цел да го стивне Божјиот гнев врз човекот и да ја претскажува идната Христова жртва.
Тоа бил многу сложен свештенички ритуал. Првосвештеникот морал да помине низ низа ритуали за прочистување за да се удостои да посредува меѓу Бог и луѓето. Ако првосвештеникот не поминел како што треба низ процедурите за себе очистување Божјото присуство го убивало на лице место. Затоа обично првосвештениците ги врзувале со јаже за нозете и ако некој од нив се задржел прилично долго во олтарот, тие констатирале смрт и го влечеле јажето за да го извадат првосвештеникот, бидејќи ни самите не можеле да влезат таму.
Ако првосвештеникот добро си ја вршел работата тој не умирал. Кога ќе влезел внатре, го положувал пасхалното јагне врз жртвеникот, ги ставал рацете врз главата на јагнето и ги исповедувал прво своите гревови, а потоа гревовите на народот. Откако ќе го завршел тоа, го заколувал јагнето. Пасхалното јагне се жртвало за човекот. Тоа привремено го покривал гревот на човекот, но не можел потполно да го избрише, затоа што на Божјата праведна вага, јагнето не било исто што и човекот.
За да биде простен во потполност човековиот грев, била потребна човечка жртва, но не било каква, туку како што Пасхалното јагне не смеело да има никаков недостаток, исто таква човечка жртва била потребна - човек без сопствени гревови.
Бидејќи не се нашол ниеден таков човек под небото, и не се пријавил никој друг добровоцел на небото, тука стапува на сцена Божјиот Син - Исус Христос Кој се отелотвори преку човекот (Марија), зеде човечко обличје, и доброволно дозволи да биде распнат на Голготскиот крст.
Распнувањето се случило во истиот ден кога, според старозаветните обичаи се принесувала и пасхалната жртва. Затоа и Павле го нарекува Христос - нашето Пасхално Јагне. Верувате дека ова е случајно? Јас не. На тој прв велики петок во Светината над Светините конечно влезе човечката жртва (Христос) која беше доволна да го покрие и во целост да го поништи како Адамовиот грев, така и целиот грев на човештвото. Со раскинувањето на Храмската завеса Бог даде јасен доказ дека ја одобри Христовата жртва и дека веќе нема простор за никакви дополнителни жртви.
На тој ден, Бог ја раскина Храмската завеса. Интересно е што евангелистот дополнително забележал во неговото евангелие дека Храмската завеса била раскината "одозгора надолу" - што е дополнителен доказ дека Бог е Тој што ја раскина таа преграда, а не човекот. Во тој голем ден, Бог го укина од употреба олтарот, ја укина функцијата на свештеник (посредник) бидејќи, после Христовата жртва, таква функција не е веќе потребна во Храмот.
На тој голем ден, Бог склучи Нов Завет со Својот народ. Не завет како стариот, преку Законот и преку крвта на јагниња, јунци, гулаби и сл. туку склучи Нов Завет, Завет на милоста, Завет потврден и заверен преку скапоцената Христовата крв.
Во овој Нов Завет Христос стана единствениот посредник (свештеник и првосвештеник) помеѓу Бог и луѓето, и тоа не преку крвта на животните, туку преку Сопствената крв. Затоа Новиот Завет и Изворното Христијанство не познаваат титула "свештеник" и свештеничка служба, затоа што сметаат дека таквата титула и таквата служба хули врз Христовата првосвештеност, хули на Христовата жртва и истата ја нарекува "недоволна".
Затоа Новиот Завет не познава никакви жртви, никакви свеќи кои се палат за живи, за мртви, никакви к*рбани, никакви свештеници, посредници, олтари и сл.
Сепак, и покрај оваа недвосмислена библиска вистина, сепак некои ткн цркви сеуште го имаат олтарот во нивните храмови, сеуште имаат свештеници во великодостојнички одора, сеуште луѓето палат свеќи за живи за мртви, нивните свештени лица сеуште колат јагниња за да ги благословат темелите на некоја нова куќа итн итн.
Ја отворив оваа тема со цел да прашам: ЗОШТО?
Однапред им благодарам на оние што ќе се потрудат да ми одговорат. Изменето од EvAngelos - 14.Април.2008 во 23:08 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koga veke objasnivaat neka objasnat zosto eden del od hramot, pravoslavniot, e zabranet za zena da vleze vo nego, Do sega ne sum naisol na odgovor koj mi gi razjasnul dvoumenjata.
|
||
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Drzhete se za temata.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постот на Azrael беше сосема он-топик и дирекно поврзан со темата.
Зошто жените не смеат да влегуваат во олтарот т.е. во Свјатаја Свјатих?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Po greshka so izbrishav i nego, zaedno so drugite. Eve go nazad.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za zal dosega nema odgovor na prasanjata, pa eve jas ke si odgovoram sam na sebe Зошто на жените им е забрането да влегуваат зад олтарот? - Тоа е забрането канонски затоа што жената има дар од Бога, а тоа е плодноста. Месечниот циклус кај жената е проследен со крвавење, а последната крвна жртва за нас, христијаните, е Господ Исус Христос. Затоа на жените отсекогаш им било забрането да влегуваат таму. Единствена жена што влегла во светиот олтар е Богородица, која на денот на Воведението, светиот пророк Захарие, без да знае, веројатно воден од Господ, ја внел во светијата на светиите во старозаветната црква, каде што и правосвештеникот влегувал само еднаш во годината. Постојат и други жени во Православната црква кои имаат право да влезат во олтарот, а тоа се монахињите, кои имаат посебен благослов од надлежниот епархиски архијереј. Но не во секое време, туку само при исклучителна потреба, кога треба да го исчистат олтарот и да ги запалат кандилата и свеќите. |
||
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро и што со тоа? Не ја сваќам темата..сепак не сваќам Ев за што прашуваш зошто? за колењето јагниња и за свештениците во свјатаја свјатих или?
Изменето од blueprayer - 24.Април.2008 во 19:46 |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕвАнгелос, интересен е заклучокот што го изведуваш... но... кинењето на завесата не мислам дека значи поништување на олтарот и на Храмот, туку негово отворање. Храмот се отвори за сите, и за евреите и за не-евреите. Светлината од Храмот допира до сите и е достапна и за чистите и за нечистите, затоа што Љубовта Негова ќе не исчисти сите...
Чисто тема за размислување... |
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Излез:
26:34 Стави го Шаторот над Ковчегот на сведоштвото во Светината над светините. Броеви:
4:4 А службата на Каатовите синови во Шаторот на средбата е: грижа за Светината над светините. 1 Цареви:
6:5 Покрај ѕидот на Храмот околу Светината и Светината над светините, соѕида приградба на катови, сè наоколу. 1 Летописи:
6:49
Арон и неговите синови принесуваа жртви паленици и врз кадилниот
жртвеник, извршувајќи ја сета работа во Светината над светините и
вршејќи го обредот за очистување од сè над Израел, според сè што
заповеда Божјиот слуга Мојсеј. 2 Летописи:
3:8
Потоа ја создаде дворницата на Светината над светините. Беше, според
храмската широчина, долга дваесет лакти и широка дваесет лакти, и ја
обложи со шест стотини таланти чисто злато. Евреите:
9:8 Со тоа Светиот Дух покажува дека патов во Светината над светините уште не е откриен; додека уште постои првиот дел на Шаторот, -Ako некого го интересира ова... |
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аха мене ме интересира,и би сакал да потпрашам дали под ковчегот се подразбира на Мојсеевиот ковчег во кој биле Тората и неговиот стап,и уште нешто,дали денес некој знае каде е тој ковчег.Ако прашањево не се поклопува со темата ќе го префрлам во соодветна тема.
|
||
Almahdi
Сениор Регистриран: 15.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 183 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не прашуј жити се :) |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е баш за оваа тема... Оди во прашања за религиите.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidarski, Божјото раскинување на Храмската завеса и отварањето на олтарот АВТОМАТСКИ значи и негово укинување. Целата поента на олтарот беше во неговата завеса - преградата која забрануваше пристап на обичниот грешен човек до светиот жртвеник, до плочите на заветот. Целата поента на олтарот беше во принесувањето на Пасхалната жртва, Пасхалното јагне. Откако Христос, на оној прв Велики Петок, се принесе Себе Си во олтарот и во целост ја плати казната за човековиот грев, тогаш која е ползата од понатамошното постоење на отларот? Зар се потребни уште пасхални јагниња? Зар се потребни уште жртви? Уште свештеници?
Еве ти една многу добра илустрација.
Ако една држава реши да плати кауција за сите затвореници, да ги отвори сите врати на еден затвор и да ги разурне зидовите на затворот, ДАЛИ можеме да кажеме дека тој затвор сеуште постои?
Ако функција на затворот е да ги држи затворениците во заробеништво, и сега таа функција е укината, тогаш дали можеме овој отворен и празен затвор да го наречеме затвор? Дали можеме да го наречеме затвор ова место во кое никогаш повеќе нема да влезе затвореник, чии врати нема никогаш да бидат затворени?
Дали се потребни затворски службеници во овој затвор?
Доколку сите твои одговори се "не", тогаш направи ја следнава аналогија со олтарот:
Олтарот = Затворот
Храмската Завеса = Вратите и ѕидовите на затворот
Свештениците = Затворските службеници
НЕ = НЕ
...и мажите и жените. А жените? Изменето од EvAngelos - 25.Април.2008 во 12:38 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако е јасно пресведочено во Новиот Завет дека Храмската завеса се раскина и Светината над Светините се отвори за сите луѓе, тогаш зошто потребата свештеник? Зошто потребата од првосвештеник? Зошто жените не смеат да влегуваат во олтарот? Зошто потребата од принесување на свеќи?
Зарем не е Христос единствениот Посредник во Новиот Завет?
"Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус"
(1 Тимотеј 2:5) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |