IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Манифест на влада на Македонија 1881 год.
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Манифест на влада на Македонија 1881 год.

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака Обратен редослед
Zefar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zefar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2009 во 09:31
Темава ми се види интересна и мислам има што да се истражува


Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881

23 март 1881 во Ќустендил

Македонци,

Нашата мила татковина Македонија еднаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија. А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен. Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска. Денеска е само географски поим. Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот. Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови. Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан. Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт.

Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина!

Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми! Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:

Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија!

Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.

Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!

Ќустендил 11-23 март 1881,

Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.

Претседател Васил Чомо

Секретар Никола Трајков

Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).



Кон врв
is no good Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај is no good Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2008 во 15:49

Parola na vladata edinstvo bese

"Македонија на Македонците за воспоставување на древна Македонија!".
www.komiti.org
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 18:20
Добро јас не викам немало такви луѓе кои ги прифаќале грчките идеали...
Ехее, имаш денеска луѓе во Егејска Македонија, македонци по род а се борат за грчката кауза зошто им се испрани мозоците.
Сепак грчката пропаганда беше јака во Егејска Македонија..
Само знам дека и грците многу многу не ги мирисале славјаните..
Кога ќе одам во МАНУ ќе побарам информации од тој историчарот да видам што ќе ми каже..
Дали е ова чист грчки проект или се работи за нешто друго..

Инаку кога сме веќе кај некои предавства..



Изменето од Vladimir88 - 23.Април.2008 во 18:22
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 18:16
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


Добро поентата ми беше дека не е формирана на Грчка Територија....

Па како да не е формирана на грчка териториjа? Планината Грамос не знам дали се наогьа во географска Македониjа. Дадов ти линк, ето отново:

Привремена Влада на Македонија „Единство“ (1880/1881)

На 21 мај 1880 година Гремен теке


До Неговото Превосходителство Серускиот генерален конзул Н. Улјанов во Солун


Ваше Превосходителство,


Од името на Привремената влада на Македонија Ви го испраќаме ова протоколно решение на Националното собрание на Македонија, со молба да го испратите до Н. В. Серускиот Император Александар . Се надеваме дека руската влада ќе ги потпомогне праведните барања на македонскиот народ и ќе помогне да се здобие со правдини слични на останатите балкански народи.


Привремена влада на Македонија

Претседател:

Васил Симон

Членови:

1. Анастас Димитрович

2. Али Ефенди (Албанец)



Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Помаци ми звучи познато ама сум заборавил што беа...


Помацте са бугари-муслимани (како вашите торбеши)

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Сепак нема смисла да се тврди дека ова е грчка влада, зошто грците, а осовено арнаутите кои се бореа за Грчка Македонија НИКОГАШ не би ставиле славјани на позиција секретар и претседател...


Не казвам што е чисто грчка влада - казвам што е грчки проект - за образуване на Самостоjна Македониjа под грчкото знаме, со грчка култура. И зошто да не сложат славjани начело? Важното е што тие "славjани" да приемат грчката идеjа. Тука има малко податоци за понататашната судба на некои описани лица околу 1887 г.:

Leonidas Voulgaris and Vasil Simov founded the
Eastern (or Balkan) Confederation Society in Athens (1887)
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 18:14
Кога сме веќе кај грците

Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 17:59
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Ама оваа влада е во Ќустендил формирана
Во Денешна Бугарија.
Не е формирана на Олимп или на Грамос
Како и да е и авторот на текстов нема одговор за секретарот и за претседателот..
Зошто се славјани???
Како второ сите знаеме дека Бугарија беше културен центар на Македонците
Кои се овие двајца, гркомани биле, давале поддршка на арнаутите или ??


Ќустендил 11-23 март 1881,

Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.

Претседател Васил Чомо[1]

Секретар Никола Трајков
.....
Кустендил - както и да е... Ами Доспат? Знаеш ли дека е Доспат? Тоа е едно чисто помашко село во Западните Родопи. Што е правила "Привремената влада" у Доспат?
---
Ако таа влада е чисто македонски проект - кажи ми каква е понататашната судба на Васил Симон, Никола Траjков и некоj си Крамонтов:

...Од 21. мај до 2. јуи 1880 година, во Гермен-Текје се собрале 32 представници што го претставувале македонското Национално Собрание. Собранието им испратило на големите сили едно "Протоколарно решение" со потписите на претседателот на Привремената влада на Македонија, Васил Симон, неговиот секретар и главниот командант на воените сили на Македонија, Крамонтов...
---
Што знаеш повеке за нив? И уште за Анастас Димитрович и Али Ефенди


Добро поентата ми беше дека не е формирана на Грчка Територија....
Помаци ми звучи познато ама сум заборавил што беа...
И јас ништо не знам за овие двајца барам одговори како и ти...
Сепак нема смисла да се тврди дека ова е грчка влада, зошто грците, а осовено арнаутите кои се бореа за Грчка Македонија НИКОГАШ не би ставиле славјани на позиција секретар и претседател...
Грците и самиот знаеш дека се најголеми гадови, поголеми гадови биле и од ТУРЦИТЕ и од БУГАРИТЕ ....
Они биле најголемите гадови, словени никогаш не поднесувале грците, ама баш никогаш..

Тие ги колеа македонците и бугарите како јагниња.......а не па да ставаат на клучни позиции словени..





Изменето од Vladimir88 - 23.Април.2008 во 18:02
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 17:55
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Ама оваа влада е во Ќустендил формирана
Во Денешна Бугарија.
Не е формирана на Олимп или на Грамос
Како и да е и авторот на текстов нема одговор за секретарот и за претседателот..
Зошто се славјани???
Како второ сите знаеме дека Бугарија беше културен центар на Македонците
Кои се овие двајца, гркомани биле, давале поддршка на арнаутите или ??


Ќустендил 11-23 март 1881,

Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.

Претседател Васил Чомо[1]

Секретар Никола Трајков
.....
Кустендил - както и да е... Ами Доспат? Знаеш ли дека е Доспат? Тоа е едно чисто помашко село во Западните Родопи. Што е правила "Привремената влада" у Доспат?
---
Ако таа влада е чисто македонски проект - кажи ми каква е понататашната судба на Васил Симон, Никола Траjков и некоj си Крамонтов:

...Од 21. мај до 2. јуи 1880 година, во Гермен-Текје се собрале 32 представници што го претставувале македонското Национално Собрание. Собранието им испратило на големите сили едно "Протоколарно решение" со потписите на претседателот на Привремената влада на Македонија, Васил Симон, неговиот секретар и главниот командант на воените сили на Македонија, Крамонтов...
---
Што знаеш повеке за нив? И уште за Анастас Димитрович и Али Ефенди
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 17:22
Ама оваа влада е во Ќустендил формирана
Во Денешна Бугарија.
Не е формирана на Олимп или на Грамос
Како и да е и авторот на текстов нема одговор за секретарот и за претседателот..
Зошто се славјани???
Како второ сите знаеме дека Бугарија беше културен центар на Македонците
Кои се овие двајца, гркомани биле, давале поддршка на арнаутите или ??

Изменето од Vladimir88 - 23.Април.2008 во 17:26
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 16:45
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:


И која е оваа привремена влада, првпат слушам за неа..


Виж што пишува М. Миноски.:

Во 1880 година, од 21 мај до 2 јуни, на планината Грамос, Островско, приморскиот дел од Македонија, се одржало Национално собрание на Македонија со учество на 32 претставници од сите краеви на земјата. Собранието било свикано за ја разгледа политичката положба на земјата по Берлинскиот Конгрес и покажаната незаинтересираност на големите сили (вклучувајќи ја тука и словенска Русија) да ја присилат Османлиската држава да ја спроведе обврзувачката одредба од чл. 23 на Берлинскиот договор за давање посебен, автономен статус на Македонија. А како непосредна цел било поставено да се утврдат мерките и акциите за постигнување така поставената «националната цел» (46*). Собранието констатирало дека и по последните големи промени на Балканот, кога сите останати христијански народи се здобиле со национална слобода и државност; «Романија, Србија и Црна Гора, по силата на Берлинскиот догвор од 1878 година, се здобиле потполна независност, а Бугарија, Источна Румелија и Крит, добиле граѓански права.., единствено Македонија, која уште во древно време имала своја цивилизација.., била лишена од секаква помошт» (47*) По што Националното собрание «еднодушно решило» од владата на Османлиската држава и големите сили да бара «праведните барања на македонскиот народ да се исполнат со брзо применување на чл. 23 од Берлинскиот договор» (48*) за Македонија. На-ционалното собрание избрало привремена Влада на Македонија (49*) «Единство» (50*), како извршно оперативно тело што ќе ги превземе потребните акции за реализирање на «националната цел»: создавање македонска државност...
...Во март 1881 година привремената Влада на Македонија објавила Манифест (52*) испратен (со Протоколарното решение на Македонското национално собрание) до дипломатските претставници на големите сили. Во Манифестот се барало признавање правото и на македонскиот народ, како историски народ со богато и славно минато кој оставил траен белег во цивилизацијата на човештвото, да ја возобнови својата државност. Привремената влада апелирала и до прогресивното јавно мислење, до сите «слободољубиви луѓе, со благородни срца», да му притекнат на помошт на македонскиот народ во неговата борба за слобода. Со Манифестот привремената Влада на Македонија повикувала, пред опасноста татковината да биде распарчена од агресивните «околни народи», «гробари на големата и славна татковина» (53*), сите народни сили да се обединат под знамето на «единствена и обединета Македонија.., како единствен национален симбол» (54*).
---
А забелешка № 53 гласи:
Грчката влада во средината на февруари 1878 година, преку инфилтрираната пропаганда организира сормирање седумчлена «Привремена влада на Македонија», на планината Олимп. Во нејзино име беше издадена прокламација, предадена на дипломатските претставници на големите сили, со која што се бараше присоединување на Македонија кон грчката држава.
---
Значи имало две "Привременни влади" - едната од 1878 г. (планината Олимп) - чисто грчки проект и другата - од 1880 (планината Грамос) - уж македонска, но со тотална грчка доминациjа.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 16:32
Originally posted by дуле дуле напиша:

Сета таа историjа е грцки проект. Ова е еден од последните опити на грците да "приватизират" Македониjа.
Та не се радуваj на Манифестот - во него се говори за "Македониjа" и "македонци" но според грцкото разбиране на поимот. За грците македонците са словенофони грци кои што временно са заборавили родниот елински език. Но со помошта на маjчицата Грциjа - всичко ке си доjде на местото. Васил Чомо (Симон) е по извесен со името Василис Симос (Vasilis Simos)


Јас знам дека арнаутите имаа исто така грчка борба за Македонија, ама ме интересира зошто има Претседател и Секретар Македонци....
Биле Гркомани или?
И која е оваа привремена влада, првпат слушам за неа..

Изменето од Vladimir88 - 23.Април.2008 во 16:33
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 15:48
Сета таа историjа е грцки проект. Ова е еден од последните опити на грците да "приватизират" Македониjа.
Та не се радуваj на Манифестот - во него се говори за "Македониjа" и "македонци" но според грцкото разбиране на поимот. За грците македонците са словенофони грци кои што временно са заборавили родниот елински език. Но со помошта на маjчицата Грциjа - всичко ке си доjде на местото. Васил Чомо (Симон) е по извесен со името Василис Симос (Vasilis Simos)
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 11:53
Originally posted by дуле дуле напиша:


Leonidas Voulgaris and Vasil Simov founded the Eastern (or Balkan) Confederation Society in Athens (1887)
Λεωνίδας Βούλγαρης, γιος σλαβόφωνου αγωνιστή του '21. (Леонидас Вулгарис, син на словенофонен борец од востанието през 1821 г.)
Башта му е Анастас Бугарин од Малешевско



Свобода на Грција со претседател и секретар Македонци!?

Абе ајде не ме заебавај

Факт е дека имаше грчка борба за Македонија од страна на арнаутите ама што мајка бараат претседател и секретар Македонци!?


И кажи ми кој е тој бугарин кој зборува за Александар Македонски!?

Изменето од Vladimir88 - 23.Април.2008 во 11:54
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 11:48

Leonidas Voulgaris and Vasil Simov founded the Eastern (or Balkan) Confederation Society in Athens (1887)
Λεωνίδας Βούλγαρης, γιος σλαβόφωνου αγωνιστή του '21. (Леонидас Вулгарис, син на словенофонен борец од востанието през 1821 г.)
Башта му е Анастас Бугарин од Малешевско
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 08:50
Originally posted by дуле дуле напиша:

Влади, чудно ми е зошто не публикува текстот во македонската версиjа:
Манифестот

Да не би зоштото има споменат таму еден Леонидас Вулгаракис? (правилното е Леонидас Вулгарис)

Незнам за што станува збор затоа постирав ме интересираше манифестот...
А можеби станува збор и за друга личност не се залетувај одма
Ме интересираше која е таа привремена влада на чело со двајца Македонци...
А ова може и да е Македонец од Егејска Македонија
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,267 секунди.