IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Интернет
  Активни теми Активни теми RSS - Инфо за Cabletel
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Инфо за Cabletel

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
dok74 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dok74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2008 во 14:11
   И мене пред околу месец и половина ми кажаа дека ќе ставаат нова опрема, по што, како што рекоа, гарантираа дека ќе имало значително подобрување во поглед на константноста и брзината на Интернетот, но од тоа за сега нема ништо, барем не во Автокоманда. Иако промените се веќе направени, сега велат дека проблемот со бавниот Интернет не бил до серверите, туку до нивниот провајдер Неотел и дека се очекува наскоро (најдоцна за една недела) тие проблеми да бидат надминати со промена на провајдерот, односно тие самите ќе биле провајдери. Ова ми го рекоа пред околу 2 недели, а брзината на Интернетот и понатаму е иста - до 1500 Kbps, со многу ретки исклучоци во зависност од периодот на денот.
Кон врв
TafTabiT Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 224
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TafTabiT Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2008 во 20:53
znaci eve poleka i sigurno , dobiv nekakva stabilizacija na brzinata na internetot , konecno mozam da kazam i da gi pofalam cabletel za konekcijata , koja moram da priznam deka se podobri ......

pozdrav
http://www.treklens.com/members/taftabit/
Кон врв
dok74 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dok74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2008 во 14:57
   Изгледа Cabletel секаде го средија интернетот, освен во Автокоманда каде има некои мали подобрувања во однос на стабилноста на конекцијата, но брзината и понатаму е проблем број 1. Секојпат кога ќе се јавите во нивната техничка служба велат дека ќе проверат зошто е тоа така, а потоа се си останува по старо. Во периодот после 1 часот по полноќ до 16 часот попладне брзината задоволува (од 3000-4000 Kbps), за после овој период да се движи од минимум 512 Kbps до максимум 1500 Kbps. Да нагласам дека Cabletel во повеќе наврати ми рекоа дека минималната гарантирана брзина за Профи пакетот треба да изнесува 2500 Kbps, освен во ретки ситуации кога оваа брзина може да биде и помала. Во другите градови каде Cabletel се примарен кабловски интернет провајдер конекцијата е далеку постабилна и побрза, а тоа го потврдуваат бројните speed тестови кои ги испраќаат некои од корисниците во тие градови, каде брзината за Профи пакетот ретко паѓа под 3500 Kbps и во најинтензивните периоди на користење на Интернет сообраќајот. Се чини дека Cabletel сеуште не можат да најдат некое поквалитетно издржано решение за овој проблем со брзината кој се јавува на поединечни локации, а јас би додал дека сметам дека се е до малиот бендвит и големото оптоварување, проблем кој може да се реши, само потребна е инвестиција и добра воља.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2008 во 15:01
пред некој ден јас имав проблеми со аплоуд. може да се рече воопшто немав. 3 дена ги чекав да дојдат да видат што е проблемот и уште толку за да го опорават. пред тоа уште еднаш имав проблеми но беа по ефикасни. морам да кажам дека мајсторите им се трапави до крајност. прво кога бушеа од другата страна на ѕидот се изруши убав дел,потоа ми го избуткаа цел  компјутер а за речникот не ни зборам како се обраќаат. еве и денес нешто ме зеза изгледа пак ке треба да им висам н а врат.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
tagar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tagar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 14:55
Vo Kumanovo imame mnogu loso iskustvo od niv.
Кон врв
invader Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 442
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај invader Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 18:14
ma p**ka im mater,slikata e za nikade i ke gi otkacam naskoro!
Кон врв
tagar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tagar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 19:06

     Jas isto planiram,nisto po neprofesionalno ne sum videl vo zivot,a za nemanje osnovni poznavanja na opsta kultura na nivniot personal da ne zboruvam.
Кон врв
dok74 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dok74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2008 во 14:15
   Еве еден совет од мене, после едногодишно искуство во користењето на интернет услугата од Cabletel, (ако тоа воопшто може да се нарече услуга, повеќе е малтретирање), па кој сака нека го послуша. Немој некој да се излаже да почне да користи Интернет од нив !!! Покрај фактот што тех. поддршка им е за никаде, а персоналот груб и некултурен, брзините им се уште поочајни. Да се разбереме, можеби оние кои интернетот го користат само за сурфање, мирцање, четување или само за проверка на e-mail, интернетов од Cabletel ќе им одговара, но за оние кои се повеќе по симнувањето, односно download, она што Cabletel го рекламираат е далеку од реалното. Брзината за основниот најефтин пакет сега им е декларирана до 4096 Kbps. На почетокот некако ја достигнуваа таа брзина, но како одминуваше време се зголемуваше бројот на корисници, и сега таа брзина може да се сведе во категоријата на научна фантастика. Реално, брзината сега им е најчесто 10 пати под декларираната, од 200-1000 Kbps. Јас на почетокот, пред една година, го земав најјакиот и најскап пакет кој тогаш го нудеше Cabletel, со брзини до 4096 Kbps и цена од 1500 ден. И тогаш имаше доста проблеми во поглед на постигнувањето на брзина која не отстапува премногу од декларираната, но кога ќе сфатите дека реално добивате брзина до 1500 Kbps, а плаќате за 3 пати поголема, навистина ќе ви збоктиса. Тогаш, пред една година, најефтиниот пакет беше како и сега - 500 ден. но со брзина до 1500 Kbps. Всушност јас тогаш бев принуден да плаќам 1500 ден. за 3 пати побрз Интернет, а реално добивав брзина која ја имаа и оние корисници кои плаќаа 500 ден. И сега ситуацијата не е многу изменета. Ако сега е многу тешко, да не речам невозможно, да се достигне брзина од 3000-4000 Kbps, тогаш можете да замислите кога ќе ја добиете декларираната брзина од 8 Mbps, доколку се претплатите на нивниот најјак пакет. Иако безброј пати се јавував во нивната тех. служба и два пати поднесував официјални приговори во поглед на квалитетот на услугата, слободно можам да кажам дека од нивна страна не беше ништо превземено во насока на надминување на оваа состојба, иако еден период се фалеа дека менувале сервери и не знам уште што друго и ветуваа дека ќе биде надминат проблемот за кој беа свесни дека постои. Поради сето ова, во најскоро можно време планирам да го откажам договорот кој го имам со нив и да се префрлам на друг, поасолен, постабилен и посериозен Интернет провајдер, иако и таков денес овде тешко се наоѓа. Со еден збор, мојата оцена за Интернет услугата на Cabletel е приближно еднаква на нула.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 09:01
Ha ha haa treba samo da si na reonite kaj shto nudat uslugi pa da vidish shto e nokjna mora... ama aj da ne se macam da pishuvam...ima se vo Utrinski vesnik...
„Кејблтел“ им ги кине нервите на корисниците

Прекини на телевизијата и по неколку часа, слаб сигнал, исклучување канали и предводи, паѓање на Интернет сообраќајот - се проблеми со кои секојдневно се соочуваат корисниците на услугите на кабелскиот оператор „Кејблтел“. Граѓаните се жалат дека навремено ги плаќаат сите сметки, кои пред неколку месеци поскапеа за 100 денари, поточно од 350 на 450 денари, а за возврат добиваат прекини во Интернет и кабелските услуги. Тоа најинтензивно се случуваше за време на новогодишните и божикните празници, кога најмногу се користи Интернет и се гледа телевизија.

Од „Кејблтел“ на овие поплаки одговараат дека проблемот наскоро ќе биде решен, бидејќи нивните екипи од вчера излегле на терен за да ги отстранат недостатоците. Но, корисниците реагираат дека таквата инертност е недопустлива ако се знае дека проблемот со кабелското опслужување постои повеќе од еден месец наназад.

„Му плаќам на ’Кејблтел‘ 450 денари за кабелска, плус 350 за дигитална телевизија, поради дополнителните канали и плус 500 денари за Интернет. Тоа значи дека овој оператор од мене добива 1.400 денари секој месец, а се што добивам од него се чести прекини во програмата и Интернет- конекцијата. Најчести прекини имаше за време на новогодишните празници, кога овие услуги ми беа и најпотребни. Најдраматичен беше моментот кога го гледав натпреварот меѓу Динамо, кој го обожавам, и Хајдук, кој не можам да го смислам, и ми снема сигнал. Е, тогаш бев подготвен на се'. Згора на се', кога сакам да го пријавам прекинот, никој никогаш не се јавува на дежурниот телефон“, се жали еден скопјанец, жител на Општина Кисела Вода.

Овој пример на незадоволен корисник на услугите на „Кејблтел“ не е осамен. Повеќе жители реагираат на лошите услуги. И додека граѓаните на Кисела Вода најмногу се соочуваат со проблемот на прекини во конекцијата на сигналите, жителите од другите делови на градот се жалат на подолг прекин на некои канали, како што е ТВ Нова.

„Ја исклучуваа Нова во време кога се емитуваше ’Операција триумф‘, но и по завршувањето на ова шоу, ние апстинираме од гледање на овој канал, бидејќи ’Кејблтел‘ често не го вклучува. Освен тоа, сигналот на оние програми кои ни се на располагање е многу слаб. Се' на се', овој оператор не нуди никаква услуга“, вели жителка на Карпош.

Образложението на „Кејблтел“ за честите прекини во опслужувањето на граѓаните со нивните услуги е дека тоа било поради прекинот во напојување со електрична енергија.

„Во реонот на Кисела Вода изминатиов период имаше прекин во напојувањето со електрична енергија, поради што нашата мрежа не можеше да дистрибуира сигнал до корисниците и поради тоа немаше можност да се следат програмите и да се користи Интернет-услугата“, вели менаџерот за програмски пакети во „Кејблтел“, Лидија Голубова.

Таа најавува дека деновиве проблемот ќе биде решен, бидејќи вчера екипи излегле на терен и работат на надминување на проблемот.

„И за нас не е пријатна ситуација, бидејќи имаме чести поплаки за прекините, но со интервенцијата на терен се надеваме дека овие проблеми ќе бидат отстранети и клиентите ќе добијат редовна дистрибуција на сигналите“, објаснува Голубова.

Поплаките на граѓаните се од оние делови каде што нема алтернативен избор за кабелски оператор. Еден од најголемите конк*ренти на овој странски оператор, е домашниот „Телекабел“, кој се' уште се нема проширено во сите населби низ Скопје. Дел од незадоволните тврдат дека се пријавиле за „Макс ТВ“ на „Т-хоум“, бидејќи таа понуда е подобра, иако е поскапа.

Што се однесува до негодувањето на граѓаните дека не можат ниту да се пожалат на лошата услуга на „Кејблтел“, бидејќи никој не се јавува на телефоните, од овој кабелски оператор велат дека кога сите оператори се зафатени, корисникот добива сигнал за слободна линија, но мора да се почека или да се јави повторно. Но, оттаму изразуваат и сомневање дека операторите намерно не се јавуваат на дежурните линии.

.. horor...polosho zdravje... Eh shto ti e monopol... bricenje na suvo...kinenje nervi... Do koga ovoj narod kje trpi...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 08:38
fali me usto ili te skinav... More bolelo vistinata... i kako po obicaj drug e kriv...

Нашата фирма нуди стабилно сервисирање

(Повод текстот „`Кејблтел' им ги кине нервите на корисниците")

Стојан Ѓоргоски, „Кејбтел“ ДООЕЛ Скопје

Во врска со објавената информација во вашиот медиум, ве известувам за следното:

„Кејблтел“ ДООЕЛ Скопје е електронски комуникациски оператор кој нуди повеќе сервиси: видео (аналоген и дигитален сервис), Интернет и фиксна телефонија. За обезбедување на сите свои сервиси, „Кејблтел“ инвестираше во висококвалитетна опрема како и во надградба на својата електронска комуникациска мрежа. Нашата компанија брои 305 вработени, од кои 80 отсто се технички лица кои работат на терен. Исто така, компанијата располага и со Калл центар во кој работат 26 оператори. Оттаму, сметаме дека е некоректно да се пишуваат невистини за работењето на „Кејблтел“ дека одредени ТВ- канали, како што е НОВА ТВ, се исклучуваат повремено, дека дури вчера екипа на „Кејблтел“ излегла на терен во реонот на Кисела Вода - Скопје за да интервенира за надминување на дефекти, дека неосновано ја зголемила месечната претплата, дека никој не се јавува на контакт- телефоните од Кол центарот, дека повремено исклучуваме ТВ- канали и преводи итн, бидејќи сето горенаведеното е невистинито. Изјавите презентирани во написот „'Кејблтел' им ги кине нервите на корисниците", се невистинити, пред се', поради фактот што сите сервиси што ги нуди „Кејблтел“ се стабилни, без прекин или дефекти, бидејќи во споменатиот реон на Општина Кисела Вода во изминатиот период немаше дефекти на нашата електронска комуникациска мрежа.

Сметаме дека написот е тенденциозен, пред се', од причини што веќе во неколку наврати „Утрински весник“ се обидува да ги наруши угледот и честа на нашата компанија од нам непознати причини.


Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 09:42
Problemot so internet provajderite pa i so kejbltel e deka ne kupuvaat dovolno internet nasproti golemata pobaruvacka i togas mora da dojde do namaluvanje na brzinite(se raspredeluva pomal paket kaj povekje korisnici).

Kejbltel dolgo vreme nemozese da dobiete telefonska podrska ako nemate obicen fixen telefon. Neznam kako e sega, ama porano ne mozese da se dobie podrskata od mobilen nitu od pri-pejd fixen nitu od govornica. Katastrofa...
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 16:20
супер е 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.