IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - МУХАММЕД А.С.
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУХАММЕД А.С.

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 27>
Автор
Порака
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:35

ПЕЈГАМБЕРОТ А.С. КАЈ ЖЕНАТА ДОИЛКА

 

Пејгамберот Мухаммед а.с. после него-вото раѓање само една недела се доел од градите на својата мајка Амина. Потоа еден краток период доилка му била Сувејбе, која што била доилка и на Хамза - аџото на Пејгамберот а.с.

Сувејбе била слугинка на Ебу Лехеб, друг аџо на Пејгамберот а.с.

Пејгамберот во текот на своето рас-тење секогаш ја посетувал и како негова доилка многу ја почитувал.

Климата во Мека била многу топла, а таквата клима претставувала голема теш-котија за децата. Заради ова жителите од градот своите деца ги давале на доилки кои живеат во планински предели. Ова се практикувало и заради јазикот кој бил почист. Така и децата својот мајчин јазик го учеле многу поблиску до оригина-лноста (литературно). Децата во тие места останувале две до три години.

Едно племе по име Бену Бекр многу било почитувано од страна на меканците и кога ќе барале доилка прво на нив се мислело. Жените од Ебу Бекр во текот на годината, во групи слегувале во градот  и ги земале децата кои требало да ги дојат. За ваквата нивна работа добивале парична надокнада. Затоа повеќе предност му дав-але на деца од богати фамилии. Посебно во годината кога се родил Пејгамберот барале деца од богаташи, пред се поради големата суша што завладеала каде што живееле таа година. Тревата се сушела, стадото ослабнувало, а со тоа и млекото се прекинувало. Со еден збор народот се наоѓал во беда и сиромаштија.

Меѓу жените кои барале деца за да земат се наоѓала и една жена по име Халима со својот маж. Во нејзината прег-ратка имало едно бебе од два, три месеци. Патувале со едно старо магаре качувајќи се со сменување, па заради тоа и зака-снувале. Жените што доаѓале пред нив веќе ги земале децата на богатите. Халима не нашла ништо. После овој умор, многу им било тешко да се враќаат со празни раце. Со една последна надеж, Халима прошетала низ улиците на Мека. Во истиот момент и Абдулмутталиб одел по истите улици барајќи доилка за својот внук. Се плашел да го даде на било која жена, посебно не на оние кои биле алчни за пари. Ним им велел:

- Ова дете е сираче, нема никого освен мајка му. Јас се грижам за нив. Жените кога ќе слушнеле вакви изречени зборови не сакале воопшто да го земат детето сирак на еден сиромав човек. Абдулмут-талиб со ова не сакал да го даде својот внук на вакви жени кои повеќе биле наклонети на пари и углед. На крај Абду-лмутталиб и Халима се сретнале во една од тесните улици на Мека, препознавајќи ја на прв поглед дека Халима е од племето Бену Бекр. Најпрвин поздравувајќи ја прашал:

- Од кого сте вие?

- Од Са Бин Бекр, - одговорила таа. Абдулмутталиб бил многу задоволен.

- Како се викаш, - ја прашал.

- Халима, - му одговорила таа. Абдул-мутталиб се насмевнал.

- Убаво, многу убаво, каква што ти е фамилијата така и името ти е убаво. Збо-рот Халима значи – мека, блага и љуб-езна. Бену Бекр била фамилијата што ја барал. Овој пат Абдулмутталиб  поотво-рено рекол:

- Еј Халима, кај мене дома имам еден сирак, дете од син ми, другите жени не го прифаќаа зошто е сирак. Дојди со мене тебе да ти го дадам. Дои го... лицето му зрачи светлина. Сигурен сум дека кај него ќе видиш хајр и бериќет.

Халима била задоволна, но сакала да се договори со својот маж, па затоа се вратила кај него и му рекла:

- Од утро шетам по улициве и ниту едно дете за доење не најдов, освен едно и тоа сираче. Што мислиш ти? Не можев да се одлучам да го земам без да те прашам, а не сакам да се враќам со празни раце кај моите другарки. Ако ми дозволиш да одам и да го земам.

Тој бил зрел и одлучен човек и и рекол:

- Секако, веднаш појди и земај го. Сопственик на сиракот е Аллах, што зна-чи тој не е без никого. И ние ќе го бараме нашето право (заслуга, хак) од неговиот сопственик. Тој е најбогат од сите, нема да не остави на мака, брзо земи го и доаѓај да се вратиме дома.

Халима радосна отишла и рекла:

- Мажот ми дозволи, ќе го земам дет-ето. На ова и Абдулмутталиб беше радо-сен, па рекол:

- Ајде да појдеме кај детето и гледај го добро зошто тој ќе стане најдобриот и највредниот во моето племе.

Халима била веќе и нестрплива. Заедно отишле во куќата на Амина. Се запознале седнале и разговарале. Посакала да го види детето. Ја однеле во неговата соба. Само што влегла кај него почувствува пријатен мирис и се смирила. Светело лицето на бебето. Одеднаш голема љубов влегла во нејзиното срце спрема него, градите со млеко му се наполниле. Вед-наш посакала да го земе детето и да замине. И дале дозвола да си оди велејќи и:

- Не заборавај, секогаш кога ќе доаѓаш во Мека носи го и детето со тебе. Грижи се за него добро. Како што самата виде не го дадовме на никого друг освен тебе.

Абдулмутталиб ги зел потребните раб-оти од детето и заедно со Халима излегле надвор од куќата. Стигнале до местото каде што ја чекал мажот и. Халима побарала дозвола за да го надои, сакајќи да го проба новото бебе. Го легнала на нејзината лева рака, но не можела да го дои. Упорно продолжувала да го дои но не успевала. Потоа го завртела на десната страна и така бебето почнало да цица. После ова веќе знаешела на која страна ќе го дои. Пејгамберот а.с. се доел од десно, додека синот на Халима – Абдуллах, се доел од левата страна. Имало доволно млеко за двете. Халима останала зачу-дена, и целосно го оправдувала својот маж и дедото на бебето, кои што рекле дека ова дете е бериќетлија и дека сопст-веникот на сиракот е Аллах.

Халима ги легнала децата кои спиеле и започнала да се подготвува за на пат и му рекла на Абдулмутталиб:

- Одете си сега, не чекајте не. Но, Абдулмутталиб не го прифатил тоа, туку и рекол:

- Јас сум задоволен, ќе бидам со вас се до излезот на Мека. Ние сме сега една фамилија и не сметајте ме за непознат. Можеби сакате да појдете на пазар за да си купите нешто што ви треба. Примете ја оваа кеса како подарок од мојот мил Мухаммед и одете на пазар, а јас ќе ве почекам додека се вратите.

Во кесето имало повеќе пари од дого-вореното. Не знаеле што да прават. Биле вчудоневидени. Ваква дарежливост од најбогатите во Мека не можело да се оче-кува. Го зеле кесето со пари и отишле на пазар.

Кога се вратиле Абдулмутталиб им помогнал во подготовката за заминување. Го натовариле старото магаре, но, што ќе забележат и на старото магаре како да му дошла душата, овој пат побрзало во оде-њето. Мажот на Халима со една рака го носел син му Абдуллах, додека со другата рака го водел магарето за видило. И Абдулмутталиб одел со нив носејќи го Пејгамберот во својата прегратка исп-раќајќи ги до излезот на Мека. На излезот нежно го бакнал својот внук Мухаммед и и го предал во рацете на Халима велејќи и:

- Одете со здравје и гледајте ми го вну-кот многу добро, а оние кои ќе доаѓаат во град, по нив испраќајте абер, да ни каж-уваат како е.

Халима и нејзиниот маж повторно зак-асниле. Халима се качила на магарето кое што сега одело многу побрзо од порано. После некое време ги стигнале нејзините другарки...

 

{ { {

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:36

ЖИВОТОТ НА МУХАММЕД КАЈ ДОИЛКАТА

 

Првите пет години од својот живот Пејгамберот а.с. ги поминал кај својата доилка.

Мека е град во кој се наоѓа Ќабето. Малку на југ од Мека се наоѓа градот Таиф, - градот на свежите планини. Бога-тите фамилии од Мека во летните загу-шливи горештини доаѓале во овие свежи планини, давајќи ги децата на доење, на жени доилки, од овие предели.

Во зимскиот период, од цела Арабија, само на овие места водата по малку ќе смрзнела. Исто така, овде се одгледувало многу убаво и вкусно грозје.

Ете во тие свежи планини Халима, зае-дно со нејзиниот маж, го донеле Пејга-мберот, - малиот Мухаммед, од Мека. Тие двајцата освен нивниот син Абдуллах, ги имале и двете ќерки, од кои што едната била мажена, а пак другата по име Унејсе, била помала и и помагала на мајка си во домашните работи.

Халима и нејзиниот маж Харис, откако ги легнале децата за да спијат, заминале кај своите комшии за да ги земат ками-лите кои ги оставиле на чување како аманет. Меѓу тие камили, имало една со малечко камилче и ја молзеле за млеко.

Кога ја завршиле оваа работа, Халима заради децата започнала да ја молзе ками-лата во садот што секогаш го употре-бувала за млеко. Додека молзела садот се преполнил со млеко, а пак вимето на камилата се уште имало млеко, што до-тогаш не било таков случај.     

Халима просто се зачудила на оваа благодет. Си мислела – како е можно ова!

А истата година имало голема суша поради што стоката била многу слаба и многу малку млеко можело да се земе од стоката.

Набргу потоа отишла по друг сад, преполнувајќи го и него.

Камилата, уште имала млеко. Станала Халима и отишла да го викне својот маж па му рекла:

- Што велиш, соседот да не заборавил да ја измолзе камилата? Или можеби му дал некоја посебна храна поради што сега има толку многу млеко? Оди и прашај го соседот, да видиме што ќе ти рече.

Харис набргу отишол за да го праша комшијата, при што овој му одговорил дека ја молзеле камилата заедно со друг-ите и ја хранеле заедно со другите иста храна. На ваквите прашања комшијата љубопитно прашал:

- Зошто ме прашувате? Да не и се слу-чило нешто лошо на камилата?

Харис му одговорил:

- Валлахи комшија, Амина молзејќи ја камилата заклучи дека сега има многу повеќе млеко од било кога порано и се прашуваше да не е нешто со посебна храна одгледувана. Па, да ни кажете, ако има таква храна, да и купиме, па да ја храниме заради нејзиното млеко. Инаку не се сомневаме во вас дека не сте ги одгледувале како што треба. За сето тоа ние ви благодариме.

Харис се вратил дома и вака и рекол на жена си:

- Слушај Халима се си мислам дека работата е во детето, тоа што го зеде е вистинска среќа за нас. Бериќетот што го имаме во моментиве е поради него. Пот-сети се само кога ми кажа дека е сираче, се мислевме дали да го земеме. Зарем не? Тогаш рековме дека сопственикот на сирачето е Аллах, ќе го земеме и за него ќе се грижиме, а надоместокот (плаќа-њето) ќе го чекаме од Аллах! Затоа што Тој е најбогат од сите сопственици. Ете и овој бериќет што сега го имаме е од Аллах.

- Така е. Во право си, и јас мислам дека е така. Се надевам дека поради него ќе имаме уште многу добра и понатаму, - му одговорила Халима.

Вечерта пред да си легнат, Халима првин ги надоила двете бебиња – и тоа Пејгамберот и нејзиниот син Абдуллах.  Толку се надоиле, што до првите сончеви зраци не се разбудиле. А пред тоа Абдул-лах поради немањето на млеко од страна на неговата мајка Халима, заспивало пол-угладно, така што цела ноќ се случувало да биде немирен.

Но, таа вечер и двете бебиња мирно заспале. Утрото одморени се разбудиле.

Навистина добрите работи (случки) во тоа семејство, следеле една по друга. Харис наутро ги терал овците од шталата и ги носел на овчар за да ги пасе со другите стада овци. Додека пак Халима, печела леб, а ќерка и Унејса и помагала околу домашните работи.

Сонцето се повеќе и повеќе ја затоп-лувало земјата, така што напладне плани-ните како да гореле од големата жештина на сонцето. Денот во жешки маки поми-нувал. Во еден ваков жежок ден стадата слегувале изнемоштени од планините. Харис и оние другите што имаа овци, излегувале да си ги земат. Во такви мом-енти очите се вртеле кон овците на Харис. Неговите овци биле силни, живи и полни со млеко. Незадоволните, налутено ги карале своите овчари велејќи им:

- Овчарот на Харис, каде го пасеше неговото стадо? Зошто и вие не ги пасевте таму? Гледајте само колку се сити, млеко тече од нив.

Овчарите просто се чуделе на таквите работи, бидејќи на исто место ги паселе овците.

Заради ваквата состојба, неколку овч-ари одлучиле да појдат во куќата на Хар-ис. Таму ја виделе Халима како си ги молзе овците и како се полнат садовите со млеко.

Еден од овчарите ја запрашал:

- Еј ќерко на Зуејб, (Зуејб се викал таткото на Халима. Кај арапите таков бил начинот на именување едни со други, со имињата на татковците) дали секогаш земате толку млеко од вашите овци? Или пак овчарот нашол поубаво место за пас-ење. Ако е така кажете ни и нам!

Халима молзејќи ги овците им одго-ворила:

- Не деца, ова не е ни од пасењето ни од некоја друга мера во јадење, туку ова е една тајна, од многуте тајни на мојот Господар. Ниту можам, ниту знам да ви раскажам, а мислам дека и вие не ќе можете да ме разберете. Овој бериќет не е од никој друг, освен од нашиот Господар. Тој како што ни даде нам, може да ви даде и вам. Вие само од Него помош барајте и од никој друг! Тој ако не сака, ниту овцата ќе даде млеко, ниту тревата ќе се претвори во млеко.

Од ваквите зборови на Халима, овча-рите ништо не разбрале туку рекле дека:

- Ако вие не ни го кажувате местото, ние сами ќе го најдеме!

И така си заминале. Се уште мислеа дека само со добро пасење, со добра трева може да се добие млеко. Тие не биле моќни да размислуваат за вакви тајни и мудри зборови.

 

{ { {

 

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:37

ПРВА ДОВА ЗА ДОЖД

 

Долго време кога не паѓало дожд, луѓ-ето излегувале и кажувале разни молитви за дожд. Ги земале стадата и децата и заедно се собирале на едно место.

Заеднички се покајувале за сторените свесни или несвесни гревови. Потоа изле-гувале на повисоките ридови и планини и правеле молитва со вакво значење:

- Господару! (Еј Аллах!) напој не со дожд, озелени ги нашите бавчи и дај и млеко на нашата стока. Само Ти можеш да не разбереш, затоа дај ни обилен (гол-ем) дожд. Ти си Милостив и Опростувач. Не оставај не без надеж и во очај!

Ете, Пејгамберот а.с. уште како бебе, додека бил кај својата доилка Халима, во планините на градот Таиф, во тие години владеела голема суша на земјата.

Мухаммед а.с. само една недела додека бил тука, кога луѓето на ден Џума,  одлучиле да излезат да направат дова за дожд. Се собрале сите мажи и жени земајќи ги со нив и гладните домашни животни и излегле на еден висок рид. Во тоа време луѓето обожавале и идоли. Идо-лите ги сметале за посредници меѓу нив и Аллах. Заборавале дека идолите се само камени статуи (скулптури) направени од нивните раце. Во нивните мисли тие биле возвишени и свети. Во нивно име жртв-увале к*рбани, правеле дови барајќи дожд. Довата траела со часови.

На небото немало никаков знак од облаци. Во толпата народ била Халима и нејзиниот маж Харис. Со нив го имале и нивниот син Абдуллах, додека Мухаммед го оставале дома со нивната ќерка Унејсе. Тој се уште бил нов за тие краишта. Се плашеле да не се разболи од промената на климата. Поради овие причини не го земале со нив. На крај довата ќе завршела. Останувале сите без надеж. Сосетката што живеела до Халима, се доближувала лека-полека до човекот што ја кажувал довата кој велел:

- Да пробаме уште еднаш, мислам дека меѓу нас ако има некој добар (хаирлија) што донесува среќа, можеби ќе бидат примени нашите дови.

Човекот, водител на ова одговарал:

- Што сакаш со тоа да кажеш? Ние се молиме, а дали ќе се прими довата, тоа не зависи од нас, туку од Него (од Аллах). Тој знае што е подобро за нас.

Жената со тивок глас му рекла:

- Немојте да ме сватите погрешно. Кај мојата сосетка Халима има едно сираче од Мека. Минатата недела  Халима го донесе за да го дои. Откако тоа дојде во куќата, таму има голем бериќет. Камилите и овц-ите ги полнат садовите со млеко. Оттука се гледа дека тоа е резултат на едно дете кое донесува бериќет и среќа. Што мис-лите? Да го донесеме ли и него тука?! Можеби ќе ни донесе на сите среќа. Да пробаме, од тоа нема да имаме штета?!

- Добро, - се согласил одговорниот на церемонијата.

- Донесете го!

Жената набргу, со трчање,  отишла, кај Халима. Ја нашла дома и и ја раскажала состојбата во која се затекнале луѓето.

Халима прифатила. Го зела Мухам-меда, му го покрила лицето и главата со едно бело платно, за да не го фаќаат сончевите зраци. Оделе брзо на местото кај што се правела довата. Но, што ќе видат!? Сонцето иако било над нив, како воопшто да не чувствувале топлина. Тоа било од облакот, што, кој знае од каде ли се појавил. Првин помислиле дека е нек-аква случајност не кажувајќи никој ни-што. Меѓутоа облакот од нив не се одво-јувал, како да ги чувал од Сонцето. Сосетката и рекла на Халима:

- Халима, отвори му го лицето на детето и гледај го облакот што е над нас како да ја попречува топлината од Сон-цето.

Халима откако ја видела таа прекрасна глетка на заштита, му го отворила лицето на детето. Додека се доближувале кон ридот, одговорниот за дова го забележал облакот. И кога овие стигнале тој го зел детето од нејзините прегратки и му се обратил на толпата народ:

- Еј луѓе! Ова дете е сираче од Мека и во куќата каде што е сега им донело мн-огу добра и бериќет. Дека е тоа така меѓу нас се и сведоците за тоа. А Аллах е оној кој ги дава сите добра и бериќетот. Тој е Господар на сите светови. Се молиме на Господарот во чест на ова дете да ни даде и нам такви добра, бериќет и дожд.

Одново сите заедно почнале да се мо-лат. Човекот што ја водел молитвата гледал во очите на детето, облакот што бил над него го гледал во неговите очи. Во себе како да велел:

- Колку убаво дете е ова.

Одеднаш се потресол од едно нео-бично чувство. Забележал како малиот облак се зголемува, а гранките од палмите во непосредната околина започнале да се нишаат. Облакот се повеќе и повеќе се зголемувал и затемнувал опфаќајќи го целото небо. Сето ова го гледале и дру-гите присутни на молитвата. Облаците биле јасни известувачи на дождот. За повеќето од насобраниот народ ова било сфатено како природна појава, но, за една помала група што длабоко и мудро разми-слувала, ова било мудрост од мудростите на Возвишениот Аллах џ.ш. Ова било неговата волја. Со ова Тој сакал да го привлече вниманието кон едно дете, кое и ако било се уште бебе, ќе стане Пејгамбер на иднината.

Многумина не биле свесни за ова, туку само викале - дожд, дожд! Започнало да врне дожд, отпрвин малку, по малку а потоа се посилно и посилно. Сите биле радосни. Од радост скокале и плачеле, а некој дури велел:

- Ајде да си одиме, сигурно ќе имаме силен дожд.

Повеќето биле со такво мислење, трч-ајќи се вратиле во своите куќи. Овој дожд во различни временски периоди траел една седмица.

Тогаш како одново, почнувале да ник-нат тревите, да зеленеат дрвјата, полето како да се разбудило, а овците започнале да даваат повеќе млеко.

Немаштијата останала зад нив.

Халима, нејзиниот маж Харис, жената од соседството и човекот што ја водел молитвата, подоцна кога ќе го видат прат-еништвото на Пејгамберот Мухаммед а.с. ќе примаат и ислам. Овие луѓе уште додека биле млади размислувале паметно и мудро. Поседувале се што може окото и срцето да видат, дури можеле и поза-дината на настаните да ја видат. Едно такво гледање може слободно да се нар-ече око на срцето. Мнозина гледаат само со очите на главата, што значи не се во состојба да размислуваат за внатрешноста на предметите што ги гледаат и истите не можат да ги сватат.

 

{ { {

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:38

ПРВОТО ДЕТСТВО

 

Пејгамберот а.с. како бебе растел во планините на Бени Са'д кај доилката Хал-има. Таа неколку пати го однела Пејга-мберот а.с. во Мека за да се види со дедо му и мајка му. Мајката Амина секогаш го прегрнувала со копнеж и тага и не сакала да го испраќа назад. Меѓутоа Абдул-мутталиб ја советувал дека за здравјето на детето подобро е да остане уште некое време на планските места. Истото го чувс-твувала и доилката Халима. Секогаш кога го носела седела во страв и паника и си мислела:

- Што ако ми го земаат и не ми го вра-тат?

Не сакаше никако да се раздели од него.

Ете за едно дете што се родило како сираче, судено му било да расте во ваква средина исполнета со љубов и симпатии. Ова било и поттик луѓето меѓусебно да се сакаат повеќе.

Со паѓањето на дождот во планините на Бени Са'д немало веќе суша. Истата година сите овци на Халима објагниле близнаци. Во ваквите планини јагнињата не се мешале со овците, туку децата одв-оено ги паселе во ливадите покрај куќите. За тоа време растел и малиот сакан Мухаммед така што ќе може и тој да ја врши ваквата работа.

Здравото и зрело растење му овозмо-жило брзо да ја извршува работата која што истата не можеле да ја завршат неговите врсници. Можел на многу добар начин да се разбира со јагнињата. Нив ги сакал, а и тие него, не гледал во нив како на животни туку како аманет дадени од неговата доилка Халима, кои што имаат живот, и сметал дека треба да имаат вре-дност, колку и самиот тој. Тој живеел и тие требало да живеат. Сите што живеат на Земјата требало да имаат свое значење и смисла на живеење.

Ете, вакво било неговото гледање за сите, не сакал да повреди никого околу него.

Другарите од неговото маало, секогаш сакале да си играат со него. Кога Тој не ќе бил во игра со нив, игрите како да немале никаква цел, а кога бил со нив игрите ста-нувале многу интересни и им го пока-жувал она што не може да се види.

Кога се јавувале меѓу нив недоразб-ирања, им нудел поволни можности на скараните страни  за да бидат задоволни.

И родителите дозволувале, нивните де-ца да се дружат и играат  со него, бидејќи кога тој  бил со нив тогаш немало никакви караници.

Племето Бени Са'д, во кој растел Пејг-амберот а.с. било такво племе кое нај-добро го зборувало арапскиот јазик. Ова племе било најдобро во зборување. Кога нешто се раскажувало тоа го правеле на многу лесен, едноставен и сликовит на-чин.

Многу вечери соседите на Халима се собирале во нејзината куќа и по некој ред се раскажувале приказни. Првин возра-сните - развеселувајќи ги на таков начин најмладите, а потоа им дозволувале и на децата да кажат по некој збор. Кога зборувале децата можело да се забележат многу јазични грешки што возрасните брзо ги поправале. На таков начин децата од најрана возраст се подготвувале за пра-вилно и убаво зборување.

Малиот миленик Мухаммед кога ќе добиел дозвола за зборување, сите, како најмладите така и возрасните, со големо внимание го слушале. Сите приказни што ги научил ги раскажувал на повеќе разл-ични начини. Ова за нив било како да слушаат нешто ново, прв пат слушнато.

Покрај ова Мухаммед кажувал многу приказни измислени лично од него. Во такви прилики луѓето го прашувале:

- Од каде си ги слушнал овие при-казни? Ние, прв пат ги слушаме!

Ќе им одговорел:

- По полињата додека ги пасам моите јагниња, од нив слушам, тие ми раска-жуваат, а потоа размислувам и еве сега се потсетувам на тие приказни.

На ваков начин ги развеселувал и мал-ите и големите. Го барале во секоја куќа на секое место, меѓутоа не одел на секој повик, а и ако одел не останувал многу, туку брзо се враќал во својата куќа.

Секој еден ќе кажел:

- Каква зрелост на едно дете на вакви години!

Толкаво знаење и разбирање што мо-жел дури и на возрасен да му даде. Ова секако била Аллахова дарба. Во него не гледале дете, туку возрасен кој што сите го почитувале. Племето Бени Са'д се гор-деело со него. Неговата дарежливост уште тогаш привлекла големо внимание кон него. Кога не можел ништо друго да најде, со цвеќиња што ги собирал по ливадите, ја покажувал својата срдечност и наклонетост спрема својата мајка, браќа и комшии.

Поради ова, од луѓето го добил епит-етот (својството) „Екрем“, што значи многу дарежлив - оној што дарува, дар-ител. После тоа, кога бил испратен и одреден како пратеник кон ова својство му се додал и зборот „Небиј“ што значи Пејгамбер, пратеник и сега се викал „Небијјул-Екрем“ што значи Пејгамбер кој многу дарува и е дарежлив.

Миленикот Мухаммед а.с. понекогаш пасејќи ги своите јагниња во полето, оста-нувал сам. Тогаш целосно се задлабо-чувал во размислување, чувствувајќи тес-нотија во неговото срце.

Еден ден заедно со својот брат по млеко Абдуллах, ги паселе јагнињата. Се одмарале под едно дрво. Абдуллах одед-наш заспал, во тој момент Мухаммед а.с. видел двајца патници од далеку како се приближуваат кон јагнињата. Не сакал да го разбуди својот брат. Со малку страв во срцето тргнал кон нив. Тоа беа непознати луѓе. Биле со добар изглед и насмеани лица. Едниот бил стар а другиот млад човек. Стравот исчезнал од неговото срце. Најпрвин постариот дал поздрав (селам), а по него и помладиот. Мухаммед возв-ратил на поздравот и ги запрашал:

- Кои сте вие и каде сте тргнале?

Постариот му одговорил:

- Јас сум лекар, а овој со мене ми е син. Има една болест, понекојпат чувствува внатрешен немир во неговите гради, сак-аме да го отвориме и извадиме тој немир во него. Но за вакво нешто ни треба уште еден помошник.

Тогаш Мухаммед му рекол:

- Дали можете тоа тука да го изврш-ите? Или пак мора да одите некаде дал-еку?

Стариот му одговорил:

-   Мене ми треба само еден помошник.

-   Добро, а кај вас немаше ли некој да ви помогне? - повторно запрашал Муха-ммед.

-   Имаме луѓе, ама не можат да ми помогнат во оваа работа – му одговорил стариот.

 

Тогаш Мухаммед му се понудил, веле-јќи му:

 - Дали можам јас да ви помогнам? Зашто и јас понекогаш чувствувам внат-решни немири. И ако мене истото ми го направите многу ќе се радувам.

Стариот предложил:

- Тогаш прво од тебе да почнеме.

И младиот истиот предлог го приф-атил. На ваквото мислење Мухаммед не се согласил туку им предложил да фрлаат ждрепка.

 

Тоа и го направиле. Ждрепката пад-нала на Мухаммед. Веќе немал никаков приговор. Го легнале на земја и ги отво-риле неговите гради, го измиле со вода, побела од снегот, - водата на Земзем, при што извадиле една голема црна дамка од неговото срце. Потоа го затвориле како што бил и пред тоа.

За оваа случка имаме кажување и во к*р'анот, каде што Аллах џ.ш. вели:

„И нели Ние ги отворивме градите твои? И ние го симнавме бремето тешко од тебе“? (Суре Еш-Шерх: 1-2)

Мухаммед а.с со ова духовно се очи-стил, при што уште од тогаш Аллах џ.ш. го подготвувал за Пејгамбер, да ја свати и да ја пренесе објавата во целост.

За сето ова време Абдуллах се уште спиел. Одеднаш како со игла некој да го боцнал, скокнал будејќи се на тој начин. До него не бил ниту брат му, ниту пак јагнињата. Се загрижил и потрчал да ги бара трчајќи на сите четири страни.

Најпрвин ги здогледал јагнињата, а покрај нив и брат му легнат на земјата, и уште два машки ликови надвиснати над неговите гради како да правеле нешто чудно. Мухаммед ниту викал, ниту пла-чел. Што значи воопшто ништо не го болело.

За ова, Абдуллах си помисли дека најдобро ќе биде да ги извести своите родители. Токму тоа и го направил, трч-ајќи право дома. Задишен, без да земе здив се трудел да им каже што се случило.

На неговите зборови Халима и Харис, брзо тргнале на местото кое што го опи-шал Абдуллах. Меѓутоа кога тие стасале, со Мухаммед веќе се било завршено. Изгледало како ништо да не се случило. На лицето на Мухаммед се забележувала малечка жолта боја. И тоа било се. Хал-има и Харис не знаеле што да кажат. Мухаммед првин нив ги прашал:

-   Што е, што се случило, зошто сте трчале толку?

Халима и Харис му одговориле:

-   Ах сине, што ти се случи, каде се тие луѓе?

 

Малиот миленик Мухаммед зачудено ги прашал:

-   Кои луѓе, кој ви го кажал тоа?

- Абдуллах ни кажа, - одговориле.

Миленикот Мухаммед тогаш се обидел да им објасни:

- Не грижи се мајко, нема ништо стра-шно. Тоа беа многу добри луѓе. Бараа некој кој може да им помогне, а јас само им го покажав патот. И тие на мое лично барање ми го очистија срцево, ме спасија тешкотијата што ја имав (од бремето - внатрешен немир), сега се чувствувам многу подобро од било кога порано. Му се заблагодарувам на Возвишениот Аллах џ.ш. кој го донесе лекарот до мене и ме спаси од овие тешкотии.

Харис тогаш рекол:

- Халиме, јас се плашам за состојбата на ова дете. Ова дете има натприродни способности и ако му се случи нешто ќе бидеме ние одговорни, па затоа кажи што да правиме? Што ќе им кажеме на него-вите, ако нешто лошо му се случи.

 

После подолг разговор, одлучиле да го вратат назад, заради неговата сигурност. Изминати биле пет години, и тогаш завршило живеењето на Мухаммед во планините на Бени Са'д.

Халима како утеха добила ветување од нејзиниот сопруг Харис дека често ќе ја носи во Мека за да го гледа. Другиот ден Мухаммед бил вратен во Мека.

 

{ { {

 

 

 

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:39

ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПЕЈГАМБЕРОТ ВО ПАЗАРОТ НА МЕКА

 

Мухаммед а.с., како бебе од една нед-ела бил даден на една доилка по име Халима.

Поминувале години, а Мухаммед ги завршил четирите години и влегол во петтата.

Доилката Халима веќе го носела во Мека, за да им го предаде на мајка и и дедо му. За Халима не било ова лесна да се направи.

Со години го доела без да го дели од своите деца. Веќе му станало како нејзин дел. Замислена, одморајќи под сенките на дрвјата, и јадејќи од она што го имала со себе како јадење, лека полека го изми-нувала патот.

Вечерта, на крајот од денот, стигнале во Мека. Минувајќи низ тесните улици слегле до плоштадот од градот. На овој плоштад се наоѓал и пазарот во Мека. Дента било и пазар, на кој што имало насобрано многу народ.

Од мирен живот дошле во толпа луѓе каде што секакви гласови можело да се слушнат. Ова за нив било мачење, еден голем хаос. Натоварени камили, коња-ници, пешаци, продавачи, купувачи и сл., кои се мешаат едни со други. И токму во една ваква голема турканица, доилката Халима го изгубила највредниот аманет, малиот миленик Мухаммед. Иако бил качен на магаре, се изгубил заедно со магарето меѓу толпата луѓе. Загрижена почнала да трча лево, десно. Го пови-кувала  по неговото име. Се качувала на повисоки места за полесно да го види. За жал сето ова било залудно, нејзиното викање како да не се слушало, губејќи се меѓу насобраните пазарџии. Била многу исплашена пред се затоа што веќе денот заминувал, се стемнувало, а со тоа и паз-арот се празнел. Уште го немала најдено. Почнала дури да плаче полугласно. Со години го чувала како голем аманет и сега одеднаш целиот нејзин труд како да пропаднал во земјата. Почнала да се избезумува. На крај кога сватила дека не ќе може да го најде, решила самата да појде кај Абдулмутталиб - дедото на Пејг-амберот.

Влегла во куќата. По некое време дош-ол и Абдулмутталиб. Кога ја здогледал Халима сватил дека нешто се случило. Го фатила паника, рекол:

- Што не е во ред? Што бараш во ова ноќно време? Каде ми е внукот, зошто не ми го донесе?

Халима, заборавајќи на нејзинот страв и тага, проговорила:

- Не грижете се, немојте да се возне-мирувате, беше со мене ама ми се изгуби некаде меѓу луѓето во пазарот, насекаде го барав но за жал не успеав во тоа. На крај помислив дека најдобро е да ве известам.

Абдулмутталиб веднаш станал извес-тувајќи ги своите синови и неговите бли-ски, и заеднички тргнале да го бараат.

Ноќта се спуштила над градот, а потр-агата по него била отежнета. Едно, поради ноќта, а второ и поради тоа што пет години биле долго време што доведувало до тоа да не го препознат, иако понекој пат доаѓал во Мека, сепак тоа биле кратки посети. А и со многу од нив не бил дури и воопшто сретнат.

Поради овие причини нормално било и да не го препознат.

Потрагата по малиот миленик Муха-ммед била залудна. По долго пребарување Халима го пронашла магарето на кое бил качен Мухаммед, меѓутоа празно.

-         Чудно, каде отиде? - прашувале двете мајки Халима и Амина.

-         Дали го видовте Мухаммеда?

Можеби го виделе ама не го познаваат!

Како да бил проголтан од улиците на Мека.

 

Малку, по малку како да се губела над-ежта дека ќе го пронајдат. Многумина од неговите блиски се вратиле во своите куќи, велејќи:

- Залудно е да го бараме, можеби сам-иот ќе излезе од некаде, па ќе дојде.

Оние што биле заедно со Абдул-мутталиб, упорно продолжиле во бара-њето - во потрагата по него. Стасала половина ноќ. Поминувале покрај Ќабето. Одеднаш Абдулмутталиб подзастанал и ненадејно ја погледнал вратата на Ќабето. Тој бил единствен што го имал клучот од вратата, а друг не. Освен тој никој друг не можел да ја отвори вратата, а и клучот бил закачен на неговите алишта. Никогаш не заминувал додека не проверел дали добро ја заклучил или не. Со еден збор не се делел од Ќабето. Сега му паднало чудно. Кој би можел да ја отвори вратата? Зачекорил кон Ќабето со чувство дека внатре има некој. Кога ја подотворил вратата со помош на светлото од свеќите видел едно дете, легнато на под од камења. Брзо се приближил препозна-вајќи го својот внук. Па дури кога бил сосема сигурен им извикал на другите:

- Го најдовме! Мухаммед е овде! Благ-одарноста Ти припаѓа Тебе, о Господе!

Стрикото го зел во своите прегратки. Будејќи се Мухаммед, ги отворил очите радувајќи се на она што го видел.

Ако не поминеле покрај Ќабето, до зо-ри не ќе можеле да го најдат. Абдул-мутталиб повеќе не бил збунет. Само во Мухаммеда гледал, ги забележал пром-ените настанати во петте години, дури потоа се сетил па го прашал:

-         Кој си ти?

-         Јас сум синот на Абдуллах ибн Абдулмутталиб! Му одговорил малиот миленик Мухаммед.

 

Абдулмутталиб многу се израдувал на ваквиот одговор, прегрнувајќи го со љу-бов својот внук. Задоволен од ваквата слика неговиот стрико љубопитно го прашал:

-         Како дојде сам до тука?

Мухаммед му одговорил:

-         На едно место од пазарот успеав да се симнам од магарето, потоа одеднаш се изгубив. Барајќи го магарето се изгубив себе си. За ова место знаев дека е Аллахова куќа. Почувствував дека тука сум безбеден затоа и останав тука да преноќевам. Како и да е, вие преку ден ќе ме пронајдевте, а можеби и јас ќе ве најдев.

-   Ајде, задоволно рече Абдулмутталиб, - да одиме дома. Да ги известиме и другите за оваа радосна вест.

Кога наближиле до вратата од куќата, биле забележани од присутните што биле внатре, а Абдулмутталиб им викнал:

-   Го најдовме! Го најдовме!

На овие зборови прв се јавил стрикото на Мухаммед Ебу Талиб, радосно викајќи:

-   Мухаммед доаѓа, Мухаммед доаѓа! - преземајќи го во своите прегратки.

 

Внатре во куќата најпрвин му било подготвено јадење, бидејќи детето нави-стина било гладно. Мухаммед јадел со голем апетит, Абдулмутталиб започнал да раскажува како го пронашол. Радоста била голема, слично како на празникот Бајрам.

По некое време, Абдулмутталиб се свртел кон Халима и и рекол:

- Што се случи о Халима!? Многу сме радосни што дојдовте, меѓутоа ова време не ве очекувавме. Последниот пат кога се видовме упорна беше во намерата да остане уште некое време кај тебе. Да не се случило нешто важно?

- Не, - рекла Халима. Валлахи секогаш сакавме да остане кај нас, меѓутоа зрел-оста и карактерот што го поседува го прави супериорен во споредба со него-вите врсници. Со тоа кај сите привлекува внимание. Заради тоа мислејќи дека толку вреден аманет не ќе можеме да го дочу-ваме, одлучивме да ви го предадеме на вас. Друга причина воопшто немаме.

Амина им раскажувала за леснотиите во текот на неговото раѓање. И двете жени се согласиле во едно дека станува збор за нешто натприродно т.е ова дете имало натприродна моќ.

Меѓутоа Абдулмутталиб насетил дека има уште нешто што е случено па со инс-истирање рекол:

- Ајде Халима, кажи веќе еднаш што навистина се случило! Нема на што пов-еќе да се лутиме. Сите сте живи и здрави покрај нас.

Халима, не можела веќе да крие па им раскажа од збор до збор за се што се случило. И тоа додека ги пасел јагнињата, двајца непознати луѓе му ги отвориле неговите гради и му го очистиле неговото срце.

Дури сега се му станало јасно на Абд-улмутталиб. И после ова на Халима и подарил две камили и едно кесе полно со пари.

Мухаммед пред да постане Пејгамбер, повеќе пати бил посетуван од неговата доилка Халима, слушајќи го секојпат од него, зборот „мајко“ почитувајќи ја како своја вистинска мајка.

 

{ { {

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:40

МУХАММЕД А.С. КАЈ СВОЈАТА МАЈКА И СВОЈОТ ДЕДО

 

Мухаммед а.с. откако наполнил пет години, се вратил од кај доилката Халима назад во Мека и започнал да живее со својата мајка Амина. Планинскиот живот, пасењето на јагниња, другарите, вечер-ните раскажувања веќе му станале негово минато. Започнал да живее еден нов на-чин на живеење во Мека. Нов живот, нови навики, нови другари.

Дали знаете кој бил негов најдобар и најблизок другар? – тоа бил неговиот дедо Абдулмутталиб. Воопшто внуците добро се разбираат со дедовците и бабите и стануваат најверни другари, зарем не?

Абдулмутталиб бил претседател на Мека. Заедно со главните од к*рејш фор-мирале „Комисија за Совет“. Тука заед-нички зборувале и предлагале се што е важно и потребно за градот. Донесувале заеднички одлуки, а местото, каде што ги држеле ваквите состаноци, се викало „Дарун-недве“. Ова место било слично како што се денешните државни згради.

Абдулмутталиб на овие состаноци го носел и внукот Мухаммед а.с. Пог-аварите на к*рејш се навикнале на неговото присуство и многу го засакале. Така што ако некој пат не дојдел веднаш ја чувствувале неговата отсутност. Имало случаи кога воделе некоја расправа како на шега го прашувале и него да каже што тој мисли, а пак неговите одговори биле толку сериозни што сите останувале изненадени и вчудоневидени во неговата сериозност.

Без сомение тој бил елитно суштество (створение). Иако се уште бил дете, но се разликувал од другите деца.

Малиот Мухаммед живеел како во два света. Едниот со дедо му мешајќи се во светот на големите, а другиот заедно со неговите другари го живеел светот на малите. Бил задоволен со својот живот. Многу се сакал (се симпатизирал) себе си, а исто толку и другите. Возвраќал на најдобар начин не правејќи никаква раз-лика меѓу него и другарите. Во другар-ување со нив се случувало да слуша од другите често пати, големи фалења и гордеење со она што го имале од имот и местоположба нивните родители, со постигнатата слава, и сл. А тој секогаш се преправал како да не ги слуша ваквите разговори, докажувајќи им дека ваквите работи не се многу важни. Тој никојпат не се согласувал сиромашните и оние што немаат сила и моќ да бидат изолирани од страна на богатите. Заради ваквите глед-ања бил најмногу сакан и секогаш изб-иран како одговорен во нивните детски игри. Ова негово однесување секогаш го забележувале возрасните и верувале дека ова дете поседува посебен дух во неговото тело. А љубовта на дедо му Абдулмутталиб спрема него, од ден на ден се повеќе и повеќе растела. Никогаш не сакал да го одвои од кај себе. Немал повеќе ни трпение па поитал кај мајката на Пејгамберот за да му ја каже големата љубов спрема него.

- Ќерко, знам колку го сакаш Муха-ммеда. Се што имаш е тој. Меѓутоа ист-ото и за мене важи, и јас не можам без него. Затоа дојдете да живеете кај нас, така и двајцата ќе бидете пред моиве очи. Дури и собата ви ја подготвив, затоа уште сега дојдете.

Амина на ова многу се израдувала и со задоволство решила веднаш да се пресели во куќата на Абдулмутталиб. Откако завршиле со ова, Абдулмутталиб ги напо-лнил своите раце со работи и отишол кај нив. Тропнал на вратата. Амина му ја отворила и го понудила да влезе внатре. Абдулмутталиб влегол и и рекол:

- Ќерко јадењето заедно ќе го јадеме! Нема потреба ти да се расправаш сама со готвење. Во овие кошници има некои ситни работи за јадење. Гледај, и ова ќе ти го кажам и никојпат да не забораваш! Мухаммед што и да бара, што и да посака мене ќе ме известуваш. А и ти се што ќе сакаш мене ќе ми кажуваш. Но, за неговите барања немој да речеш дека е дете и да не му дадеш важност. Тој не е дете, тој е повозрасен дури и од возр-асните. Повреден е од неговите желби и барања.

Ова биле многу вредни зборови за една ваква жена-вдовица како што била Амина. Дури сега се почувствувала дека е многу безбедна и среќна. А Абдулмутталиб бил искрен во неговите зборови. Не ги кажал овие зборови зошто требало вака да ги каже, туку затоа што верувал во тоа. Одеднаш Абдулмутталиб ја прашал Ами-на:

-         Каде е внук ми?

-         До сега беше тука бабо, - рекла таа.

-         Сигурно излегол да поигра малку.

Брзо викни ми го. Дедо му дошол да го посети, а тој си игра по улиците. Викни ми го сакам нешто да го прашам! – велел дедо му.

Амина набргу излегла и со силен глас викнала:

- Мухаммед!

Овој нејзин глас како да ја потресил Амина. Почувствувала како да го слуша својот глас од секоја страна, повторувајќи го истото. Ова било сосема нешто друго и се разликувало од човечкиот глас.

Повторно викнала:

- Мухаммед! Еј, Мухаммед!

Повторно му се присторило како да се повторува повикот од милион други усти. Од длабочината на земјата, од бескрај-носта на небесата, од четирите страни на светот, од секаде, се повторувало него-вото име.

Амина се исплашила и трчајќи влегла внатре во куќата. Абдулмутталиб зачу-дено ја прашал:

-         Што е, што ти се случило ќерко?

-         Ништо бабо, - рекла Амина, само малку се исплашив и толку...

-         Што е тоа што те исплашило, - и рекол Абдулмутталиб.

-         До сега беше тука. Што виде, што слушна па толку да се исплашиш?

 

Амина немала веќе каде, па започнала да му објаснува:

- Кога го изустив името Мухаммед, како од милион усти да го слушав гласот, кој непрестајно се повторуваше. Се праш-ував како е можно ова? Па затоа се пот-ресов, многу се исплашив.

Абдулмутталиб веќе бил навикнат на вакви чудотии и неверојатности.

- Ќерко, -и рекол, - потсети се што виде пред неговото раѓање и во текот на самото раѓање. Без сомнение тој е благо-словен (Мубарек) дете. Заблагодари му се на Господа и знај дека сите овие случки се знак на неговата добрина, друго ништо не е, освен ова.

     Овие зборови ја утешиле Амина. Мухаммед не бил обично дете. Морала да се навикнува на ваквите мислења.

 

{ { {

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:41

УБАВИТЕ ДЕНОВИ НА МУХАММЕД А.С. СО СВОЈОТ ДЕДО

 

Знаете ли, колку многу го сакал дедото Абдул Мутталиб својот внук - Мухаммед а.с.? Тој не можел, а да не го види својот внук, затоа често пати одел и го конт-ролирал својот внук. Еден ден така оти-шол да го посети и не го нашол својот внук во куќата, чекајќи го без да има трпение, миленикот Мухаммед извикал:

-         Дедо, дедо! – трчајќи влегол внатре и се фрлил во прегратките на деда си.

-         Каде си сине, од утро те барам!

И тој на ист начин со шега му возв-атил на деда си:

- И јас од утро те барам, дедо!

Абдулмутталиб бил многу задоволен од ваквиот одговор.

-         Тогаш дојди и прегрни го дедо ти.

 

Дедото и внукот се прегрнале. Абдул-мутталиб гушкајќи го, посакал да го кре-не, меѓутоа не можел и му рекол:

- Гледај го ти него, „Машааллах“, како пеливан е. Но сега ќе видиме кој е пог-олем пеливан. – велејќи го извадил својот елек, навестувајќи предизвик и подгот-веност за борба му рекол:

- Ајде да те видам, спреми се за борење! Во ова борење кој ќе победи тој е и пеливан.

Вака обајцата тие играле, се шегувале. На ваков начин Абдулмутталиб пока-жувал колку го сака својот внук. Многу се фалел, се гордеел што има ваков внук полн со енергија. Во едно такво борење Абдулмутталиб сакал да го крене својот внук високо во воздух, меѓутоа не можел, во тој момент Пејгамберот го сопнал деда си со својата десна нога и овој почнал да губи рамнотежа и паднал на земја. Толку се изнасмеале, пуштајќи дури и солзи од очите. На ова и Амина се смеела. Многу му се допаѓало ваквото играње на едно дете со еден ваков величенствен човек каков што бил Абдулмутталиб. Малиот Мухаммед седнал на нозете на својот дедо и го прашал:

-         Што велиш сега? Дали виде кој е пеливан, јас или ти?

-         Валлахи, биллахи, ти си тој! – одго-ворил Абдулмутталиб.

-         Ти си пеливан, и во зборови, и во ум и во карактер.

Кажувајќи го ваквите зборови очите му са насолзиле. Одеднаш му се стемнило пред очи. Сега поблескаво дури и од сонцето го гледал лицето на својот внук. Од се срце верувал дека тој е голема личност. Колку убаво му било. Таа убавина го онесвестила. Кога присутните виделе дека му се променила бојата на лицето и мрм-орел со усните, почнале да паничат.

- Да не му се случи нешто лошо на дедо?

Со гласот на малиот Мухаммед „дедо“ тој се дошол при себе.

Амина возбудено го прашала:

-         Што ти се случи бабо, да не по-вреди некое место?

-         Не, ќерко ништо не ми е, – одго-ворил тој.

-         Никогаш подобро не ми било. Понекогаш многу добро не е за човекот.

Абдулмутталиб верувал дека иднината на својот внук ќе биде непредвидлива, блескава. Се свртел кон својот внук и му ги рекол овие зборови:

-         Колку убаво би било да го следев твојот раст. Секогаш би бил до тебе и би ти помагал.

Мухаммед многу се возбудил на вак-вите чувствителни зборови на деда си.

-         Дедо, - рекол,

-         Никогаш нема да се разделиме... Кога ќе пораснам ако ти не доаѓаш кај мене јас ќе идам кај тебе.

 

Абдулмутталиб го прегрнал и му ре-кол:

-         Знам, ама јас не се разочарувам дека не ќе те видам заради староста, туку се плашам од смртта да не ми ги затвори очите.

Тогаш малиот Мухаммед возбудливо му одговорил:

- Дедо, смртта може да го затвори само едното око на човекот, а другото го отвора. Исто како едно семе кога ќе се фрли под земја, и ако е така тоа сепак гледа, и кога почнува да гние (да се распаѓа) гнијат и очите под земјата, меѓу-тоа му се отвораат очите кои излегуваат на дневната светлина и така со други очи повторно започнува да гледа и да живее.

Абдулмутталиб се изненадил на ваквите зборови кои што го опишале животот после смртта. Ова не беа детски зборови, т.е зборови на едно дете, ова беше сосема нешто друго. Ова му дојде како утеха, толку силно поверувал, што бил сигурен дека ќе го види својот внук и после смртта. Така рече внукот кој е повозрасен и од возрасните, а тоа е вистина. Прег-олема доверба имал во него. Со сето срце го сакал и почитувал.

Ваквата приврзаност на Абдулмутталиб кон својот внук понекојпат се осудувала од страна на поглаварите на к*рејш. Дури еднаш и го предупредиле:

- Уште е мал, може многу да се раз-гали, и да стане мрзлив, не многу вреден, а и неспособен.

Абдулмутталиб многу се навредил на ваквите зборови и им рекол:

- Како смеете и врз основа на што зборувате за неговиот карактер? Дали доволно го познавате? Кој е тој? Валлахи, не вие да го воспитувате него, туку вие да се воспитувате од него. Јас на моиве години, колку убави работи учам од него. Валлахи и во 100 години да бидете има многу работи од него да учите! И оставете ги ваквите празни без смисла зборови. Потрудете се да го запознаете. Вие него дете го гледате, но, тој од било какви возрасни е поголем. „Висока“ е (величе-нствена) славата (угледот) на мојот син. И ве советувам да внимавате на него.

Оние кои слушнале се застрамиле. Навистина не виделе кај Мухаммед раз-галеност. Тоа што го гледале и познавале околу детското воспитание, тој многу се разликувал од сите тие правила.

Миленикот Мухаммед а.с. од како постана Пејгамбер, како дедо му, на ист начин ги сакал своите внуци, дури и кога клањал намаз внуците иако му се качу-вале на неговиот грб, тој воопшто не обрнувал внимание и не им велел ништо лошо. Додека луѓето што го гледале ваквото нешто се чуделе на таквото убаво однесување.

 

{ { {

 

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:41

СМРТТА НА АМИНА - МАЈКА НА МУХАММЕД А.С.

 

Мајката на Мухаммед а.с. имала една слугинка по име Умму Ејмен. Била многу верна (лојална) жена. Сите потреби ги извршувала. Покрај неа и малиот Мухам-мед и помагал на својата мајка во куќните работи. Никогаш не ги запоставувал сво-ите работи, а бил и многу вешт. На пример, ако мајката се занимавала со утр-инските работи, тој ќе ги земел покрив-ките и миндерите и ќе ги истресел надвор во дворот за потоа пак да ги врати и да ги намести. Неговата мајка кога ќе влезела да провери се чудела на чистотата и среденоста. Понекогаш се случувало мај-ката да му рече:

-         Ах, сине! Не знам што си ми ти? Син или ќерка. Толкава способност  во уредување и чистотија во домашните работи просто ме зачудува, сепак не сакам премногу да се заморуваш.

Малиот миленик Мухаммед, со него-вите детски зборови вака и возвраќал на својата мајка:

-         Мила моја мајко! Ти си ми и мајка и татко, а зошто да не ти бидам јас и син и ќерка!

Ваквите зборови ја трогнувале мајката, не можејќи да се воздржи од плачење, милувајќи го по главата му велела:

     - Ти не ми си само син и ќерка туку ти си ми моја мајка и татко. Се што имам тоа си ти. Се што знаеш најдобро го правиш. Како што ќе речеш ти така нека биде!

Навистина Амина не знаела кој кон кого има поголема одговорност, таа кон него, или тој кон нејзе. Иако била без маж, сепак малиот Мухаммед се трудел таа да не го почувствува тоа. Додека пак мајка му била најзаслужна за тоа.

Амина многу копнеела по својот маж Абдуллах. Ако не можела нешто друго, сакала барем да го посетува неговиот гроб. А гробот на Абдуллах се наоѓал во Медина (град оддалечен 400 км од Мека). Ја кажала оваа нејзина желба на својот син. Мухаммед на ова многу се израдувал и рекол:

- Да одиме мајко. Со овој себет ќе се видиме и со синовите од дајчовците (вујковците).

Отишле. Биле убаво пречекани. Во бавчата од куќата каде што седеле имало базен. Малиот Мухаммед тука научил да плива. Гостопримството во Медина тра-ело приближно еден месец. Но, Амина не се чувствувала добро. Сакала што побрзо да се врати во својата куќа во Мека.

Иако имала температура, сепак тргнале на пат. Патот долг, а тие патувале на камила. На вториот ден од патувањето временската температура била висока, а со тоа и болеста на Амина се зголемила. Застанале под едно дрво и ја легнале Амина на еден миндер. Барала често вода, а Мухаммед ја напојувал. Надежта за подобрување се смалувала. Ја дала душ-ата цитирајќи зборови во стил на поезија:

- Еј Мухаммеде! Еј ти син на Абдуллах кој се спаси од смртта за сто камили, нека те возвиши Аллах, името нека ти живее бескрајно. Видов во сон, ти ќе постанеш Пејгамбер кој ќе ги упатува луѓето кон добро, а ќе ги спречува од лошо. Ти ќе ја оживееш верата на твојот прадедо Ибра-хим! Аллах ќе те сочува од обожавање на празни идоли. И ти ќе ги спасиш луѓето од нив!

- Не плаши се синко! Се што е живо ќе умре. Се што е ново станува старо. И јас ќе умрам, ама никогаш нема да се заб-оравам, затоа што позади мене оставам чисто и хаирлијо дете.

 Миленикот Мухаммед, првин не знаел што да прави, продолжил да ја држи главата на својата мајка. После тоа дошол при себе и почнал да плаче безгласно. Во тој момент спарното време донело дожд. И небесата како да се придружиле во неговата тага полна со солзи. Слугинката Умму Ејмен го прегрнала и му рекла:

- Смири се Мухаммеде, и не заборавај ги зборовите на мајка ти. И душата и богатството се Аллахови аманети. Како што ги дава така и ги зема.

- Знам, -рекол Мухаммед. Меѓутоа како може да се заборави мајчиното лице, како можам да се разделам од нејзе? Се растажувам што не ќе можам уште еднаш да го видам нејзиното прекрасно лице.

Утредента малиот Мухаммед заедно со Умму Ејмен, во местото наречено Ебва, оставајќи го гробот на Амина, со тага во срцата, тргнале кон Мека. Што побргу сакале да стигнат во Мека за да се видат со дедото Абдулмутталиб. Смртта на Амина во млади години ја разжалостила цела Мека. Прво Абдуллах, а сега и Ами-на. Малиот миленик Мухаммед како ќе ги претрпе овие болки. Болките како да го воспитуваа него. Неговата чувствителност се повеќе растела. Не ќе му беа доволни овие болки, но тој не знаел за ова. Возвишениот Аллах џ.ш. Неговата љубов ја одвоил за себе. Со секое губење на не-кој близок, го приближувал кон себе.

Имал само шест години. Слугинката Умму Ејмен на секој начин се трудела да не осети мајчинска празнина, секогаш го служела љубезно со љубов. Малиот мил-еник Мухаммед за возврат ја викал „мајка“. Таа била многу задоволна од ова. Мухаммед а.с. од како постанал Пејг-амбер, кога ќе ја сретнел Умму Ејмен и велел: „После мајка ми, ти си моја друга мајка“, и никогаш не ја запоставувал.

 

{ { {

 

 

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:42

 

МУХАММЕД А.С. КАКО СОВЕТНИК НА СВОЈОТ ДЕДО

 

 

Мухаммед уште пред да се роди го изгубил својот татко, а на шест години ја изгубил и својата мајка. Него веќе го чувал неговиот дедо Абдулмутталиб кој што бил во своите најстари години. Смр-тта на неговиот син, а подоцна и неговата снаа, се повеќе го врзувала за чувањето и грижата на својот внук. Го чувал како своите очи и секоја желба навремено ја исполнувал. Неговата приврзаност сега била најголема, не го делел од покрај себе ниту еден трен, ниту една минута. Ниту ден ниту ноќ. Со еден збор сите очи на меканците биле свртени кон него.

Абдулмутталиб бил претседател на Мека. Во сенката покрај ѕидот на Ќабето, имал свој посебен миндер, на кој што седел, и ги слушал проблемите на мека-нците, а тука и ги решавал. Исто така, со нив и се договарал за решавање на нив-ните потреби.

Овој миндер имал своја вредност и бил како стол на владар. Не можело друг да седне на него, освен претседателот. Оние што ќе дојделе порано тука, пред Абдул-мутталиб да дојде, седеле околу мин-дерот, оставајќи го миндерот празен. Само внукот Мухаммед а.с. понекогаш доаѓал пред дедо му Абдулмутталиб и седнувал на миндерот. Неколку пати аџовците се обидувале да го спречат да не седнува на миндерот, но, Абдулмутталиб им велел:

- Оставете го мојот син. Тој е висти-нскиот претседател на Мека! Вредноста негова е голема.

Абдулмутталиб не само што го седн-увал својот внук до него, туку понекогаш и го прашувал за некои важни работи, барал негово мислење. На пример, дали некој сведок лаже или не, дали осом-ничениот плаче или одлага. Дедото и вн-кот контактирале (се договарале) преку знаци со помош на гестикулации на лицето (очите и веѓите). Понекогаш дури зборувале со различни знаци, за да не можат другите да ги разберат, а пак тие што слушале мислеле дека зборуваат на посебен јазик. Абдулмутталиб се чудел на ваквата способност на својот внук да знае со помош на неговото претчувство, кој ја кажува вистината, а кој лаже од оние што биле скарани и на кој им се судело.

Уште од најмали години малиот Мух-аммед, поради ваквите способности ста-нал и советник на својот дедо. Абдул-мутталиб веќе и не можел да живее без него. Немал никого друг, освен него. Само малку да не го видел покрај себе веднаш излегувал да го бара.

Слушнете што се случи еден ден:

Слугинката Умму Ејмен толку се зане-сла во својата работа што воопшто не забележала дека Мухаммед се оддалечил од нејзе. Во тој момент дошол Абдул-мутталиб и возбудено ја прашал:

- Каде е мојот Мухаммед?

Умму Ејмен се изненадила кога не го виде покрај себе:

- Сега беше тука, - одговорила. И исп-лашена почнала да гледа наоколу. Абдул-мутталиб веднаш излегол за да го побара каде што би можел да биде. Го нашол својот внук и го донесол. Потоа му се обратил на Умму Ејмен:

- Дали знаеш каде го најдов син ми? - Крај дрвото Сидр, играше со туѓи деца. Те молам, немој уште еднаш да го оставаш сам! Сопствениците на светата книга каж-уваат дека тој ќе биде Пејгамбер на овој уммет. Јас го чувам повеќе од моите очи и ти исто така ќе го чуваш!

Умму Ејмен, после ваквата случка, никогаш повеќе не се одвоила од малиот драг Мухаммед. И жена му на Абдул-мутталиб, Фатима, иако не била висти-нската баба на Мухаммед, сепак нави-стина го сакала повеќе и од своите деца. Кога ќе седнеле на софрата, првин малиот миленик чекале да започне, а јадењето како да почнувало да биде по бериќетно.

Мухаммед а.с. имал и други склоности и способности. На пример, ако нешто им се изгубело, некаков предмет или сл. Малиот миленик веднаш го наоѓал.

Еден ден овчарот на Абдулмутталиб дошол исплашен затоа што на пасиштата неколку камили му се изгубиле. Насекаде ги барале, а од нив ни трага не нашле. Поради ова побарал Мухаммед да оди со него, мислејќи дека сигурно ќе ги најдат ако и тој појде. Абдулмутталиб, на ова барање му дозволил на внукот да појде за да ги најдат изгубените камили, инаку овчарот бил доверлив човек. За враќање многу задоцниле, а Абдулмутталиб од паника дури почнал да плаче. Отишол во Ќабето и почнал да кружи, молејќи го Аллах џ.ш.

- О Господе, врати ми го малиот мил-еник Мухаммед. Немој да го земеш благ-одетот Твој од мене. Слушни ми ја болката о Аллаху мој!

На крајот од денот пред да се стемни, ги пронашле камилите враќајќи се назад, овчарот и малиот миленик Мухаммед. Абдулмутталиб го прегрнал својот внук и ветил дека никогаш повеќе нема да доз-воли вакво нешто.

Оттогаш па се до неговата смрт, само еднаш се разделил од својот внук и тоа кога отишол на една државна прослава во Јемен.

 

{ { {

 

 

 

 

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:43

ПАТУВАЊЕТО НА АБДУЛМУТТАЛИБ ВО ЈЕМЕН И НЕГОВАТА СМРТ

 

Во тоа време Јемен бил под окупација од страна на Хабешиите. Нивниот владар Ебреха со слонова војска сакал да го сруши Ќабето, меѓутоа не му успеало тоа.

Синот од владарот на Јемен, после направените подготовки ја спасил својата земја од окупацијата на Хабешите и со тоа дошол на власт.

Од сите четири страни на Арабија претседатели на племињата и други прет-ставници, отишле во Јемен за да му ја честитаат победата на новиот владар. И Абдулмутталиб, како претставник на Мека заедно со избрана делегација, трг-нал кон Јемен. Се разделил од својот внук. Не се плашел од долгото патување, туку повеќе го тиштела загриженоста за својот внук, со кого не ќе можел извесно време да се види. На тргнување долго  се опростувале. После подолго и заморно патување, претставниците на Мека прис-тигнале во Јемен и излегле пред новиот владар.

Абдулмутталиб побарал збор за дис-кусија, и започнал прво да ги набројува карактеристиките (способностите) на фамилијата од владарот, и проценка дека и тој ќе биде еден од добрите и успешни владари.

Ја претставил делегацијата на Мека со овие зборови:

- Ние сме од Мека, во служба на Алл-аховата куќа – Ќабето.

Овие зборови му се допаднале на вла-дарот Сејф кој ги запрашал:

-         Еј ти, со сладок и мек глас, кој си ти?

-         Јас сум Абдулмутталиб, - му одго-ворил тој и продолжил:

-         Јас сум син на Хашим Абдул-мутталиб.

Сејф го познавал името Хашим па затоа рекол:

-         Значи ти си синот на нашата сестра!

 

Мајката на Абдулмутталиб била од Јемен, сместена во Медина.

-         Да, - му одговорил тој.

Делегацијата од Мека на чело со Абд-улмутталиб биле цел месец на гости кај владарот Сејф. Владарот како да уживал во разговорот со него. Еден ден сакал и побарал сам да разговара со него па му рекол:

- Еј Абдулмутталиб, ќе ти кажам една тајна која на никого досега не сум ја кажал освен тебе, а сигурен сум дека оваа тајна е поврзана со тебе.

Абдулмутталиб знаел дека Јеменците се унапредени во тајни и пророчни науки, и со голема внимателност и интерес го прашал:

-         Која е таа тајна?

Сејф започнал да му раскажува:

- Оваа тајна е поврзана со едно дете кое треба да е веќе родено. И тоа од кај вас, во вашите краишта. Татко му и мајка му треба да се умрени. На неговиот грб меѓу лопатиците треба да има една бенка. Ваквото дете кога ќе порасне ќе биде лидер, водач на луѓето и ќе ги освои најславните места. Ќе го уништи атеизмот (верувањето во идоли), а ќе го прошири верувањето во еден и единствен Бог Ал-лах џ.ш. Секогаш добри работи ќе прави - ќе наредува во добро, а ќе одвраќа од зло.

Абдулмутталиб слушајќи ги зборовите на Сејф, се повеќе се задоволувал и сакал уште повеќе и поопширно да го слуша раскажувањето кое се однесуваше на неговиот внук. Сејф се што знаел рас-кажал, а потоа му рекол:

-         Ако се гледа во сите овие знаци, тогаш ова дете треба да е твојот внук.

 

Абдулмутталиб толку се возбудил, то-лку многу се израдувал што и на сеџде паднал.

Дали знаете што е паѓање на сеџде?

Тоа е да клекнеш на колена, а со лиц-ето и рацете да се затвориш на земја. Оние што обавуваат намаз и оние кои имаат видено како се клања намаз, знаат што е тоа сеџде. Меѓутоа сеџде не се пра-ви само во намаз, туку и во добри и радосни моменти, во знак на благо-дарност се прави сеџде.

И Владарот Сејф се возбудил и му рек-ол:

- Да не имаш ти  ваков внук?

Абдулмутталиб почнал да му раск-ажува:

- Еј владару! Јас имав едно дете по име Абдуллах. Него го оженив со ќерката на едно славно племе по име Амина. Од нив имам еден внук. И син ми и снаа ми веќе се преселија (умреа). Внукот меѓу двете лопатки на грбот има една бенка. И другите знаци што ги наброја тој ги пос-едува. Сега тој е под моја заштита.

На ваквите искажани зборови Сејф рекол:

- Многу добро треба да го чуваш. Ќе има многу непријатели, но, Аллах ќе го заштити и сочува од таквите. Спрема моите сознанија тој ќе биде вознемирен во Мека и ќе се пресели во Медина. Жителите на Медина многу убаво ќе го прифатат.

После сите овие владари Сејф прип-ремил убави поклони од слугинки, обл-ека, златници, убави мириси и и ги дал на делегацијата од Мека, а потоа посебно го замолил Абдулмутталиба велејќи му:

- За сите промени што ќе се случат кај твојот внук, сакам навремено да ме изве-стите!

После ова, владарот живеел само една година.

Покрај оваа тема што ја прераскажавме се случила уште една случка и тоа:

Малиот миленик Мухаммед еднаш до-дека играл со децата од својата улица на  ѕидот од една куќа, бил следен од будното око на својот дедо Абдулмутталиб. Пом-инала една група на луѓе - од племето Бену Мудлиџ. Внимателно се загледале во малиот Мухаммед и го повикале кај нив. Го следеле во неговите чекорења  и она што останува од тоа чекорење (трагите од нозете).

Во тоа време било мошне важна ногата и трагите од нога. Гледајќи во нив ја про-учувале личноста на човекот. Абдул-мутталиб станал од своето место,  тргнал кон нив поздравувајќи ги, а тие возв-ратувајќи му го прашале:

-         Дали е твое ова дете?

-         Да, - им одговорил Абдулмутталиб, - мое е.

Еден од присутните на племето Бену Мудлиџ почнал да му објаснува:

-         Абдулмутталиб, ние досега немаме  видено нозе слични на неговите. Неговите стапки (траги) се исти како стапките (тра-гите) од Маками Ибрахим (место до Ќабето, каде што се наоѓа стапката (тра-гата) од ногата на Ибрахим а.с.). Ти преп-орачуваме да го чуваш внимателно!

На ваквите зборови од луѓето на Бену Мудлиџ, Абдулмутталиб му се обратил на својот син Ебу Талиб, што се наоѓал до него и му рекол:

- Слушај ги, и памети ги овие, што рекоа за синот од брат ти.

 

Друг пат (друг ден), свештеникот и судијата (кадијата) од областа наречена Неџран, дошле во посета кај Абдул-мутталиб. Биле  (седеа) покрај Ќабето. Во текот на разговорот свештеникот рекол:

- Ние ги пронајдовме сите знаци во нашата книга од последниот Пејгамбер. Тој би требало тука да е роден.

Во тој момент, милиот Мухаммед дош-ол кај дедо си. Свештеникот внимателно се загледал во него и рекол:

- Еве, ова дете би можело да биде тој!

- Дали е од твојата лоза? – бил запра-шан Абдулмутталиб.

Син ми е, - одговорил тој. Свешт-еникот малку се зачудил и повторно рекол:

- Неговиот татко не би требало да е жив.

Абдулмутталиб повторно дообјаснил:

- Тој ми е син од син ми. Неговиот татко умре уште пред да се роди тој.

Свештеникот како да се задоволил на ваквите зборови велејќи му:

- Ете, сега ја кажа вистината!

Абдулмутталиб се свртел кон своите синови и им рекол:

- Синови мои, слушнавте ли какви зборови се кажуваат за синот на брат ви. Слушајте и знајте за неговата вредност! Јас длабоко сум уверен дека тој ќе стане многу вреден човек. И оние што ќе ја знаат неговата вредност ќе бидат исто така вредни.

Абдулмутталиб бил од оние кои веруваат во Аллах џ.ш. и во Судниот ден. Бил многу паметен, разбирлив и кара-ктерен. Многу јасно ги сфаќал работите и брзо ги донесувал одлуките. Бил храбар и дарежлив. Растот му бил висок, обличен и раскошен. Меканците го сакале и го почи-тувале. Не бил од алкохол, неморал и лажење. Не дозволувал никаква неправда ниту пак било какво насилство. Ги зашт-итувал слабите, давајќи им ги нивните права. Бил многу скромен човек. Не бил охолен (лош), се поставувал според личностите. Со дете бил како дете, со стар човек бил стар. Поради ваквите негови својства к*рејшиите без приговор ги прифаќале неговите одлуки.

Во месецот од Рамазан, Абдул-мутталиб вообичаено, секогаш, се повле-кувал во пештерата Хира и поминувал во ибадет (молитва). Ова ќе го прави и хз. Мухаммед, откако ќе порасне.

Поради ваквите добри особини Абдул-мутталиб бил наречен „вториот Ибра-хим“, а Ибрахим а.с. бил оној кој што го изградил Ќабето заедно со својот син Исмаил, а пак Исмаил бил оној кого огнот на кралот Немрут, не можел да го изгори. И оттогаш Исмаил бил наречен „Халил-уллах“ - Аллахов пријател.

На крајот завршил животот и на дедото Абдулмутталиб. Веќе бил в постела. И во оваа состојба најмногу од се мислел на кого да му го довери малиот миленик Мухаммеда. На крај го избрал синот Ебу Талиб.

Ебу Талиб и Абдуллах - таткото на Мухаммед а.с., биле родени браќа од иста мајка. Ебу Талиб бил најхрабар и најдо-верлив, посиромав во однос на Ебу Лехеб кој што пак, бил немилозлив и голем пијаница. Заради овие причини не можел да го довери својот внук на еден таков човек.

Го повикал Ебу Талиба крај себе и му рекол:

- Него, тебе ти го доверувам. Тој е Господов аманет. После татко му и мајка му, тој ќе го изгуби и дедо му. Вети ми дека што и да ти се случи него ќе го чуваш. Дај ми збор, за да можам да умрам со затворени очи!

Ебу Талиб со солзи во очите му одговорил:

- Не грижи се бабо воопшто. Ќе се грижам за него повеќе и од своите деца, повеќе дури и од самиот себе си. Додека бидам жив не ќе дозволам да му наштетат со било што. Ти ветувам бабо!

 

Ваквите зборови на синот го смириле неговиот татко Абдулмутталиб. Тогаш Ебу Талиб се наведнал и му ги бакнал рацете на својот татко, а пак овој го прегрнал бакнувајќи го во челото.

После ова Абдулмутталиб смирено и радосно рекол:

- Ајде сега, кажи и на ќерките, да влезат вантре!

Ќерките кои дотогаш чекале пред вра-тата, влегле внатре и се наредиле околу татка си. Абдулмутталиб тогаш им рекол:

-         Јас сум пред умирање. Од сега са-кам да слушам што ќе кажувате плачејќи.

Според тогашниот обичај, после секоја смрт на било кого, во стил на рецитирање стихотворба, се набројувале добрините на умрениот и така заеднички се плачело (жалело).

Во тој момент, ќерките збунето не знаеле што да направат и што да кажат. Меѓутоа, таткото инсистирал со погледот свртен кон нив. Не можеле да му се противат, па затоа почнале да рецитираат поезија која ја опишувала неговата даре-жливот, храброст, праведност и добриот карактер на нивниот татко.

Слушајќи ги ваквите прекрасни стих-ови, заспал. Никогаш повеќе не се раз-будил - се преселил на ахирет-умрел.

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:46

ПРВОТО ПАТУВАЊЕ НА МАЛИОТ МИЛЕНИК МУХАММЕД

 

Малиот Мухаммед веќе наполнил 10 години и сакал на некој начин да има придонес во егзистенцијата на својот стр-ико (аџо), а пронашол еден посебен начин на кој не се досетил  никој  дотогаш. Со дозвола на неговиот стрико (амиџа) дво-рот го претворил во бавча, во која на едниот дел засадил зеленчук кој би ги задоволувал потребите на куќата, а во другиот дел засадил украсни растенија, како што се: рози, трендафили и сл. Кога би знаеле само колку го сакал мирисот на цвеќињата. Мухаммед ги продавал овие рози на пазарот во Мека и она што ќе го заработел и го давал на жена му на Ебу Талиб - Фатима која инаку ја викал „мајка“. Ебу Талиб и Фатима му велеле да не се заморува толку. Тој на ова не обрнувал внимание, туку продолжувал уште повеќе да работи. Постигнувајќи големи резултати и она што ќе го зара-ботел било доволно да се задоволат многу од потребите на едно домаќинство. Со голема желба си ја работел оваа работа, раскопувал по корените, ја наводнувал почвата за да има што поубави рози.

Малиот, мил Мухаммед веќе поса-кувал да биде сам. Се повлекувал во тив-ки места и тонел во длабочините на неговите мисли.

Исто така,  миленикот Мухаммед за да му помогне на својот амиџа побарал да ги пасе овците и козите. На ова се противел Ебу Талиб, плашејќи се да не му се случи нешто. Меѓутоа откако Мухаммед му обј-аснил дека веќе има пасено овци и тоа додека бил кај доилка му Халима, Ебу Талиб дури тогаш му дозволил. На ова реагирала жена му Фатима велејќи:

- Како дозволувате да оди Мухаммед, кој е повреден дури и од нашите очи, да го оставиме да се пече на жешкото сонце по ридовите.

Миленикот Мухаммед и нејзе ја уте-шил со овие зборови:

- Мајко моја, мила мајко моја! Оној кој не поднесува тешкотии, не може да ги свати вредностите на другите луѓе, а и на животот воопшто. Оној што не се замо-рува не може да се одмори, оној што не страда не може да ужива. Оној што не се труди (не се бори) не може да се усоврши (да созрее). Ве молам дозволете ми, зашто јас многу го сакам тоа.

Фатима, после ваквите зборови се наш-ла во безизлезна состојба така што не можешела да го одбие. Милиот Муха-ммед веќе рано наутро станувал, прво одел во градината да ги полее со вода зеленчуковите растенија и миризливите украсни рози, потоа ги пуштал овците и козите за да ги паси по ридовите.

Тие мирни безгласни места многу работи му кажувале. Оддалеченоста од вревата на градот, го терале да чувствува нешто чудно и длабоко во него. Пасејќи ги овците откривал нови пасишта, пови-соки ридови и се така како нешто да го влечело кон себе во една бескрајност.

Во тоа време на планината Нур ја отк-рил пештерата Хира. Околу пештерата имало добри пасишта за неговите овци. Затоа секој ден ги оставал овците тука да пасат, а тој самиот влегувал внатре во пештерата задлабочувајќи се во длабоки мисли.

Мирни безгласни планини, толпи град-ови, растенија, животни и луѓе. Поминати денови, месеци и други случки. Зошто сите овие работи? Раѓање и смрт, живот и смрт. Што значи ова? Зошто мора да се случуваат? Дали има некој сопственик над сето ова? Кој е тој?

Овде се сретнуваме со истите прашања на Пејгамберот Ибрахим, кога и тој уште како дете го барал својот господар Аллах џ.ш. После овој Пејгамбер во време изминато од околу 2500 години, повторно се јавува сличен случај кај Мухаммед а.с. кој што се интересирал за животот на Земјата и се што е на нејзе. Со прашањето што си го поставувал себе си „Од каде е и каде оди?

Затоа Мухаммед многу го сакаше сточ-арството, му давало големи можности за размислување. Откако постанал Пејгамб-ер, на оние што го слушале му кажувал:

- Нема ниту еден Пејгамбер кој не пасел овци!

Другарите ќе го запрашале:

-         Дали и ти си пасел овци о Аллахов пратениче?

-         Да, - гордо ќе одговорел.

Така минувале деновите едни на други, а милиот Мухаммед наполнил 12 години.

Во тоа време трговијата била важечка (ценета, почитувана) професија (зани-мање). А за меканците што да се каже, биле најискусни во трговијата. Ебу Талиб имал една трговска продавница во Мека. Еден ден, со еден трговски караван на к*рејшиите сакал да оди во Шам. Само не знаеше, во недоумица бил, дали и Мухаммеда да го земе со себе. Наспроти ова неговите браќа му рекле:

- Каде ќе го носиш детето во вакво време, кога веќе знаеш каква е состојбата со патиштата и со арамиите (разбо-јниците).

Милиот Мухаммед, кога виде дека нег-овиот аџо (стрико) се двоуми, се залепил за оглавот на камилата, и започнал да го моли:

- Стрико (Амиџа) мој! – како можеш тука да ме оставиш сам без тебе? Јас друг немам  освен тебе.

Тогаш на Ебу Талиб во неговите мисли му дошле зборовите од татка си уште кога бил на смртната постела.

- ...Тој е Аллахов аманет кај тебе. Него ќе го чуваш повеќе од самиот себе.

Со насолзени очи Ебу Талиб одлучно рекол:

-         Валлахи и тебе ќе те земам и нико-гаш нема да те оставам.

Така Ебу Талиб го зел и милиот Муха-ммед со него и заедно тргнале на својот пат.

 

{ { {

И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
mudzahid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 818
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mudzahid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 08:47

 МУХАММЕД А.С. НА ПАТ КОН ШАМ

 

Милиот Мухаммед со неговиот аџо (стрико) Ебу Талиб, после неколкуте ден-ови патување, со трговскиот караван, при-стигнал во градот Бусра во непосредна близина на Шам - главниот град на дене-шна Сирија.

Бусра во тоа време била еден од важ-ните центри на светскиот пазар. Безбројни каравани, со луѓе од секоја боја и раса, влегувале и излегувале од него. Ваквите трговски можности со себе носеле големи богатства но и големи ризици и многу лоши навики како што се забавата, разо-нодата, алкохолот и др.штетни работи. Со ваквите појави во народот се забеле-жувале промени во нивниот карактер и начин на живеење.

За своите лични интереси и прив-ремени уживања не биле избегнати дури ни крадењето, убивањето и малтрети-рањето на другите луѓе. Оние што го познавале доброто и лошото биле изо-лирани од општеството и живееле одв-оено сами од нејзе. Во ова место наречено Бусра постоел еден свештеник по име Бахира што живеел сам во еден манастир.

Свештеникот Бахира не го интере-сирало она што го носат и однесуваат караваните, туку своите денови ги поми-нувал во читање на свети книги. Овој пат го заинтересирал еден од караваните на к*рејш во кој се наоѓал и миленикот Мухаммед а.с. Уште во самите далечини кои го прателе караванот почувствувал некоја необичност во нив. Сакал по секоја цена да си го објасни ваквото чувство. Набрзина започнал да подготвува јадење, така што ги поканил сите од караванот, без разлика на големината или функ-цијата. Сите присутни од караванот биле изненадени на ваквиот гест, а пак еден од нив дури и запрашал:

- Еј Бахира, дали ќе ни кажеш на што се должи ваквата промена кај тебе? Ние и порано поминувавме од тука, а кај тебе немаше ваков интерес за нас. Дури, што се вели не ни дозволуваше да ти се приб-лижиме.

Бахира им одговорил со овие зборови:

- Да, точно е тоа што го кажувате, меѓутоа сега сте мои гости. Првин јадете, а потоа ќе ми поставувате прашања.

Луѓето од караванот повеќе не инси-стирале туку седнале на софра да јадат. А пак малиот мил Мухаммед бидејќи бил најмлад не дошол да јаде. Останал да го чува караванот.

Во тоа време и христијаните и евреите го очекувале доаѓањето на последниот Пејгамбер, според нивните свети книги и според многу пренесени преданија, пред-видувале дека овој Пејгамбер ќе излезе од арапските племиња од градот Мека. Пор-ади ова  интересот бил голем за нив.

Бахира ги гледал сите што биле на трпезата за јадење, во нив не го нашол она што го барал, па затоа им реколе:

- Еј к*рејшии дали сте сите тука, или има уште некој со вас што не дојде на јадење?

к*рејшиите одговориле:

- Сите сме тука, освен едно дете што го оставивме да ни го чува караванот.

Бахира изненадено рекол:

- Викнете го и него!

Халис, претходно воопшто не забеле-жал дека малиот Мухаммед не е со нив. Одеднаш на ноѕе станал  и рекол:

- Каква страмота, внукот на Абдул-мутталиб да не е меѓу нас. Веднаш изл-егол и го донесол малиот миленик Муха-ммед.

И додека малиот Мухаммед јадел, све-штеникот Бахира внимателно го набљ-удувал. Откако завршиле со јадењето, ста-нале да си одат, свештеникот се доближил до малиот Мухаммед и му рекол:

- Еј детенце мило, ќе ти поставам нек-олку прашања, само прво вети ми, зако-лни се во име на Лат и Узза дека ќе ми одговориш правилно.

Во тоа време Лаз и Узза биле најго-лемите идоли што ги обожавале арапите, а свештеникот Бахира го знаел тоа. На ваквите зборови малиот Мухаммед му дал неочекуван одговор велејќи му:

- Заколнувајќи ме во име на Лат и Узза немој ништо да ме прашуваш (бидејќи јас не верувам во нив). Валлахи се одрекувам од нив.

Свештеникот Бахира, продолжил:

- Тогаш одговори ми правилно за она што ќе те прашам во името на Аллах.

Малиот миленик му рекол: - Повели прашај се што сакаш.

-   Како ги спиеш ноќите? - прашал све-штеникот.

-   Очите ми спијат, а срцето ми е будно. - одговорил малиот Мухаммед.

 

Свештеникот забележал во неговите очи малку црвенило и на присутните ги запрашал:

-         Дали сте го забележале ова црве-нило? Дали е секогаш вака или е прив-ремено?

 

Одговорија: - Ние секогаш вака го гледаме.

Бахира поставил и други прашања и на сите добивал одговор. Тогаш го извадил својот џемпер и му го облекол на милиот Мухаммед, а за тоа време една ваква постапка значела голем комплимент. Во таа прилика свештеникот Бахира ја видел и бенката на неговиот грб. Дури тогаш премногу се возбудил, затоа што тоа бил знакот на Пејгамберлукот (пратени-штвото).

Го прашал на Ебу Талиб:

-         Дали ова дете е од твојата лоза, Ебу Талиб?

-         Да, син ми е. – одговорил Ебу Талиб.

-         Не, - викнал свештеникот. Не смее да биде твое. Неговиот татко не би тре-бало да е жив.

-         Син е на брат ми, а мене внук. – дообјаснил Ебу Талиб.

-         А што е со татко му? - прашал свештеникот.

-         Детево уште кога беше во мајчина утроба тој умре, - жално одговарајќи му Ебу Талиб.

-         Сега ми ја кажа вистината, а што е со мајка му? - повторно запрашал свеш-теникот.

-         И таа умре по кратко време, - му одговори Ебу Талиб.

-         Да, и ова е вистина. – потврдил свештеникот серизно предупредувајќи го Ебу Талиба со зборовите:

-         Еј Ебу Талиб, веднаш врати си го внучето во својата земја. Внимавајте на него зашто можат да му наштетат. Многу-мина има од оние кои знаат и го очек-уваат доаѓањето на последниот Пејга-мбер. Меѓутоа, сакаат да биде од нивните редови. Валлахи ако го видат кај ова дете она што го видов јас ќе се обидуваат да му наштетат. Изгледот на ова дете ја покажува неговата величенственост. Ние ова го научивме преку светите книги и од нашите научници. Ова е една голема тајна и ние се заколнавме дека ќе ја чуваме истата, а ти сега побрзај и врати го детево во вашата земја.

 

Ебу Талиб веќе бил навикнат на вак-вите предупредувања, давајќи му потп-олно право на свештеникот. Се предо-мислил  да не оди во Шам. Тоа што имал од работа го продал тука во градот Бусра. И така се вратил назад во Мека.

После враќањето во Мека, драгиот Мухаммед го продолжил својот живот исто како што беше чесен и работлив.

Во тоа време во Мека немало школи, затоа и тој не поседувал никакво образо-вание. Неговото срце било отворено и се гледало, слушал и живеел препознавајќи ги добрите од лошите работи подобро отколку воспитанието и образованието некој друг да му го давал.

Неговиот убав карактер, немањето на лоши навики, му помогнало она што го гледал да го искористува во своја корист. Луѓето околу него веќе почнале силно да стекнуваат доверба во него. Веќе знаеле дека тој никогаш не се служи со лага, не мрда од својот збор и не сакал ништо лошо за никого. Заради сите овие каракте-ристики тој го добил прекарот (нади-макот) „Ел – Емин“ – Доверлив. Тој бил верен (веродостоен) и доверлив. Миле-никот Мухаммед, како што правеле дру-гите арапи, никогаш не пробал да обожава нити да верува во идолите на своите татковци и дедовци. На церемониите што се одржувале секоја година, тој никогаш не учествувал на тие церемонии секогаш наоѓал некое оправдување со цел да не биде присутен. Ваквото негово однесу-вање почнало да не им се допаѓа на неколкумина од неговите блиски родн-ини. На пример, еднаш на еден нивни верски празник, сестрите од татко му (алите), инсистирале и тој да учествува дури и го укорувале велејќи:

- Ова што го правиш не е добро. Ти не веруваш и не ги почитуваш нашите бог-ови во што веруваме ние и нашиот народ. Се плашиме за твојата безбедност да не ти се случи некое зло. Ајде дојди и ти со нас! Со нив имале и една овца за да ја жрт-вуваат на нивните идоли.

На овие упорни инсистирања, малиот Мухаммед немал друг излез освен форм-ално да учествува на церемонијата. На местото на церемонијата заедно со к*рб-аните се сечела и косата. Точно кога дошле до местото пред идолот, малиот Мухаммед како да исчезнал од нив. Стриковците и тетките се пуштиле во потрага, долго време го барале и на крај го пронашле во еден агол (ќош) пожолтен и уплашен целиот тресејќи се.

-   Шти ти се случило, од што се упл-аши? - го прашале.

-   Не знам, - одговорил. Се плашам да не ме удри (тресне) џин или шејтан.

 

Давајќи му утеха му рекле:

- Не, не се плаши, не може тебе да ти се доближи ниту џин, а ниту пак шејтан. Ти имаш високи вредности и важни карактеристики. Ајде, кажи ни како беше тоа што го виде.

Тогаш миленикот Мухаммед почна да им раскажува:

- Кога се доближив до идолот се појави еден висок човек облечен во бели алишта, доближувајќи се до мене ми рече – еј Мухаммеде, немој да го допреш тој идол. Јас се исплашив и се оддалечив од тука.

После ваквиот настан никогаш повеќе не се обидувале да го убедуваат да учес-твува на вакви церемонии во врска со нивните идоли. Никогаш не јадеше месо од оние к*рбани што беа жртвувани за идоли.

Малиот драг Мухаммед од ден на ден станувал се помудар и поширок во сваќ-ањата за се што се случува околу него. Работите што не ги разбирал во детството подоцна му станале кристално јасни. Едно со сигурност знаел дека само еден Бог има, а Тој е Аллах џ.ш. Само Него треба да го обожаваме. И кога се бара нешто, само од Него се бара.

 

{ { {

                КРАЈ              

 


 



Изменето од mudzahid - 08.Април.2008 во 08:49
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН.
Кон врв
Aisha Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2007
Локација: Palestine
Статус: Офлајн
Поени: 1119
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aisha Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 20:13
Allah da te nagradi za tekstovite!
Ima tolku mnogu raboti koi ne gi znaeme za nasiot drag Pratenik Muhammed, neka e Bozja milost nad nego.

Toj navistina bil sovrsen vo sekoj pogled.
Morame da ja znaeme istorijata (sirata) za da mozeme dosledno da go sledime. Za sekoj aspekt od nasiot zivot ima dadeno kako i sto, ako sakame da bideme negovi dostojni sledbenici, togas navistina treba da gi "zasukame rakavite" i naporno da rabotime.

na toj pat kon usovrsuvanje na naseto veruvanje, treba da go imame na um faktot, niz kolku stradanje pominal nasiot drag Pratenik Muhamed,n.b.m.n., za da nie denes ja imame NAJSOVRSENATA RELIGIJA VO SVETOT. Treba da bideme gordi na toa, i da se trudime sto poveke da implementirame suneti vo nasiot zivot.

Lugeto sledat golemi gresnici, gi sledat strastite, sledat luge koi nemaat razum, A ZAMISLETE KAKO NIE MUSLIMANITE SME VOZDIGANATI - sledime NEKOJ ZA KOJ SOZDATELOT NA SVETOT I NA SE STO POSTOI, REKOL: "A TI SI (MUHAMMEDE)NAVISTINA SO NAJDOBAR MORAL (karakter).

ZADOVOLNA SUM ALLAH DA MI BIDE GOSODAR, ISLAMOT MOE VERUVANJE, I PRATENIK MUHAMMED nbmn
PROUD TO BE A MUSLIM!!!!
Кон врв
Gazija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gazija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2008 во 23:54
Originally posted by efendija efendija напиша:

Овде би сакал да ви пренесам една мала,но многу добра книга за биографијата на Мухаммед а.с.,книгата е на Босански јазик.Се надевам дека барем во оваа тема нема да се вметнуваат непотребни коментари,а воедно апелирам до браќата Христијани да отворат ваква тема но со тематика за Иса а.с.-Исус,пожелно е да се презентира неговата биографија.

Однапред ви благодарам.


I nie ti blagodarime brate.Allah da te nagradit. Navistina uzivav citajci ja tvojata postirana kniga za Najodbraniot medju najodbranite,Milosta na svetovite,Primerot na primernite,Ucitelot na ucitelite-Muhammed Sallellahu Alejhi Ve Sellem.

Muhammed....ime koe go izgovaraat milioni vernicki srca upatuvajci mu Dova na Vozviseniot Allah dz.s.,da im bide primer vo nivnite zivoti.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.