IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Универзитетот ФОН
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзитетот ФОН

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 47>
Автор
Порака
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 13:35
Универзитетот ФОН е сеуште млад универзитет кој за разлика од државните универзитети нуди далеку подобри услови и тоа е факт. Овој универзитет, морам да кажам, дека почнува полека да оди во нагорна линија и да добива донации од надвор. Какви критериуми има...тоа не знам, но сведоци сме дека привлекува се повеќе и повеќе студенти.

Државните универзитети, за разлика, имаат многу подолга традиција и искуство и конк*ренцијата е поголема поради поголемите квоти. Факт е дека се на подобар глас и дека имаат поголема репутација.

Сепак, иако студентите од државните факултети се сметаат себеси за понапредни и попаметни, на форумов плукаат по оние од приватните универзитети и ги омаловажуваат. Ги сметаат за глупаци и идиоти, и сметаат дека само оние со длабоки џебови се одлучуваат за приватно обазование. Не прифаќаат никакви сугестии и не разбираат дека со тоа го прикажуваат стандардот што го нудат државните факултети.

Од 1991 година па наваму, баш тие нивни факултети тонат од ден на ден, и баш тие факултети произведуваат кадри што ја донесоа државата на едно "завидно" ниво. Приватните пак факултети,ФОН во овој случај, ги зголемува своите квоти, и веќе нема да зависи од студенти, па ке мораат да ги покачи стандардите, и сигурен сум дека тоа ке го стори.

Дали се залудни сите тие инвестиции во толкав наставен објект, или па сите тие стипендии што ги нудат компаниите? Зарем нема луѓе што воопшто не учат на дршавните факултети и пак поминуваат со солидни оцени? Зарем дојдовме до тој степен да се навредуваме едни со други и да се плукаме како да сме смртни непријатели? Напротив, треба да соработуваме заедно и да се цениме меѓусебе, затоа што баш тие со длабоки џебови, утре можеби ке ви ги даваат платите.

Изменето од Petkovsky - 06.Април.2008 во 13:40
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 13:43
Ама за какво високо образование говорите вие? Па имате комплекс од неколку смерови со општествени науки, јазици, информатика...

Ќе разговараме за конк*ренција тогаш кога ќе направат солидно приватно образование од областите: медицина, биологија, хемија, физика, архитектура, градежништво...А додека се случи тоа, немојте да ми солите памет за некаква конк*ренција и немојте да се споредувате со државните факултети. Поштедете не'! Никаква релација не може да се направи меѓу приватното образование и државното во моментов, бидејќи првото е се уште во рана фаза на развој. Затоа, не кревајте џева, смешно е да се зборува против државните високообразовни институции.

Изменето од Quentin - 06.Април.2008 во 13:48
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 13:53
Точно е дека сеуште приватните факултети се во рана фаза. Но точно е и дека тие одат напред, а државните одат надолу.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:03
Originally posted by Petkovsky Petkovsky напиша:

Точно е дека сеуште приватните факултети се во рана фаза. Но точно е и дека тие одат напред, а државните одат надолу.


Ти препорачувам да ги посетиш веб сајтовите на сите државни факултети и да ги разгледаш достигнувањата на студентите на овие факултети на меѓународните натпревари. Навистина има што да се види и покрај далеку поскромните услови за студирање што ги имаат, и покрај тоа што татичко не е бизнисмен и не фрла 2000 евра годишно за студии (особено да не зборувам за достигнувањата на студентите од Машински, кои на таа установа создаваат НАУКА во вистинска смисла на зборот). Греота и жално е да се прчите вие со приватните факултети, зошто уште сте премногу далеку за да го достигнете тоа што го прават државните веќе половина век. И греота е што зборуваш на памет, успесите на студентите ја демантираат твојата теза дека државните факултети пропаѓаат. А токму тие се единствен релевантен индикатор за успешноста на една високообразовна установа, а не квотите на пријавени за упис. Квалитет а не квантитет! Кои се успесите на ФОН и сличните како него во изминативе години?




Изменето од Quentin - 06.Април.2008 во 14:06
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:20
Доволно е тоа што приватните се признаени секаде, а државните не ги рецкаат ама баш ич. Тоа што го имаат достигнато е поради тоа што 90 насто од студентите се на државни факултети и поради оној квалитет што останал од порано.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:25
Originally posted by Petkovsky Petkovsky напиша:

Доволно е тоа што приватните се признаени секаде, а државните не ги рецкаат ама баш ич. Тоа што го имаат достигнато е поради тоа што 90 насто од студентите се на државни факултети и поради оној квалитет што останал од порано.


Па не би рекол дека државните не се признати, а приватните СЕКАДЕ ги чекаат со отворени раце. Чиста демагошка фраза. На пример, да студираш Правен и на државен и на приватен исто ти се фаќа, зошто во друга држава дипломата нема да ти ја признаат, од едноставна причина што тука се учи македонскиот правен систем, што од тој аспект ти ја прави дипломата тотално неприменлива. Проблемот со нострификација е универзален, не само наш. А за тоа што си го навел во врска со останатиот квалитет од порано, има еден убав збор - "бладање".



Изменето од Quentin - 06.Април.2008 во 14:33
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:34
Да освен доколку студираш меѓународно право. Сепак отидовме далеку од темата. Зборот ми е дека приватните универзитети не треба воопшто да се омаловажуваат. Уште се на почеток, а секој почеток е тежок. Во многу држави тие се далеку понапред од државните што можеби не е случај кај нас, но згрозен сум од однесувањето на студентите од државни факултети. Доколку не сме обединети, целата држава ке ни пропадне, не само универзитетите.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:38
Тоа е точно, меѓутоа во моментов не зборуваме за патриотско обединување, туку едноставно спориме околу тврдењата што се изнесуваат на сметка на државните и приватните факултети. Да зборуваме со факти и аргументи, многу мразам зборување напамет.
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:43
Да но сепак, уште на почеток на темава:

Дали универзитетот ФОН ги нарушува сите правила на еден студент и еден универзитет.

Барем ти Quentin ми личиш на разумен човек, на што личи ова?
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 14:47
Јас во сите мои излагања пренесував примери од емпирија - студенти на ФОН и Европски кои лично ги познавам. Преку нивните примери доаѓам до заклучоци дека државните факултети воопшто не се зад приватните по квалитетот на стекнатото знаење, како што некои сакаат да го профилираат тоа. А дали на тој факултет се почитуваат правилата за настава, тоа не можам и не смеам да го кажам, бидејќи не сум студирал таму. Значи, да заклучиме, досега зборував за студенти од everyday life.

Изменето од Quentin - 06.Април.2008 во 15:01
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 15:02
И да наведам уште нешто. Успехот на еден студент многу повеќе зависи од самиот студент, отколку од останатите фактори. Добар студент секаде ке остане добар студент, додека лошиот, секаде ке остане лош.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 15:05
Originally posted by Petkovsky Petkovsky напиша:

И да наведам уште нешто. Успехот на еден студент многу повеќе зависи од самиот студент, отколку од останатите фактори. Добар студент секаде ке остане добар студент, додека лошиот, секаде ке остане лош.


Ама синтезата од добри и вредни студенти е успех кој автоматски се припишува и како заслуга на образовната институција.
Кон врв
Petkovsky Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 239
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Petkovsky Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 15:06
Епа значи дека студентите го дефинираат универзитетот, а не универзитетот нив.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2008 во 15:09
Епа алелуја, што толку сте запнале за квалитетот на настава што ја нудат приватните, кога цело време трубам дека досега кадарот што излегол од државните е ненадминат. Значи нивните успеси го дефинираат угледот на државните високообразовни институции. Затоа и ти препорачав да ѕирнеш во нивните веб сајтови.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 47>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.