IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите македонски љубовни стихови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите македонски љубовни стихови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011>
Автор
Порака
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 12:33

Прво писмо

Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
ни детските шепоти што ги откривав
во сеидбите на дождовите,
ни закажаната бура во пајажините
од крајпатните меанчиња,
ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
ни она што добива форма само во мојот слух,
ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
го навиваше својот ноќен часовник,
ни родилните маки на фрленото семе,
ни разгорениот пожар на главата од петелот
додека бега од сенката што слегува од небото,
ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
меѓу твоите два припека,
ни змијата што го возбудува врвот од житата,
ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
во низата од пиперките,
ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага
пред мене и зад мене, со мене и во мене.

Петре М. Андреевски

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 18:38
NOTRE DAME
Богохулно, грешно и без срам
сека вечер мислам покрај Сенa:
што би сторил да e Notre Dame
чудом млада и убaва жена?
Да си в Париз, да си тaка сам
и самота така да те кине...
Дал' и онa, би сакал до знaм,
рaмнодушно мене ќе ме мине?
O не, нема!.. Штом огрее ден
ќе ме втаса крај мирната река:
„Поведи ме во Boulogne i Vincennes,
столетија јас тебе те чекам."
Како тогаш ќe ce сетам млад,
каква сила и пркос ќе сетам!
И сигурно - и во овој град
јас ќе бидам најнежен поета.
Ho попусто - сонот си e сoн,
a животот други далги влече.
Нема каде: преку Babylone
да одлутам на Pigalle и вечер.
И тргнувам без надеж, без моќ.
Сена плиска под лотките леки...
Барем да сум само една ноќ
едно кубе на нејните плеќи!

                      Ацо Шопов
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 18:38
РАЗДЕЛБА
Не, и ако отидеш кога узреат маслините
и од глувото пристаниште првиот кораб
крене,
ако сетиш некогаш во бурјанот на годините
како се исчезнува и полека вене, -
Не, тоа не ќe биде обично разделување
и една младост попусто измината,
разделбата ќе прилега на цврсто
прегрнување
на некој превој непознат далеку во иднината.
              
                   Ацо Шопов
Кон врв
star Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 260
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај star Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 18:39
ЉУБОВ

Ти што ме присилуваш да бидам таков каков што сум,
ти што меч ми носиш во усмевка блага,
бев некогаш дете,сушта добрина и љубов,
бев твоја невиност и твоја тага.
Ти што си недостапна за туѓото мнение-
гол пред тебе стојам како вдахновение.


ПЕСНА

Биди земја неподатлива и тврда.
Биди нема статуа на столот.
Потсмевни се на мимолетноста.И гордо
израсни од каменот на болот.

Биди небо.Биди синост моја.Ѕвезди снопје.
Живо време во четири ѕида.
Забоди се непогрешно в срце.Како копје.
И потпри ме ко каријатида.

                  Ацо Шопов
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 19:13

Седма молитва на моето тело – Ацо Шопов

Од Википедија, слободна енциклопедија

 
Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна
и сите твои слатки измами ги знам.
Дали оваа игра денеска толку ми стежна
па пред тебе до болка и јас се разголувам.
Ти знаеш - на ова место нема никаква трага,
ни хисник овде ни ѕвер некаков мине.
Биди милозлива, биди дарежлива и блага
со ова тело од чекање што гине.
Ова тело личи на жедна суводолица
поцрнета од сонце, испукана од жега.
Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.
Биди му родилка, зачни го повторно сега.
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
irenka2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1954
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај irenka2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2008 во 22:16
Тајна
Пак ли сакаш да ти го кажам тоа
што ти го кажав вчера, во сината ноќ,
дека си замене и смев и солза,
дека си за мене и слабост и моќ.

Ах, остави ја веќе таа исповед,
нека спие мирно во твоето срце,
и мојата душа нека биде твоја
а мое да биде твоето лице.

(Ацо Караманов)
Кон врв
Cover Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cover Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2008 во 19:34
Проштавање


Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
не ли ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туѓи палати оставам,
снага во усти несити клавам,
и дома – дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја галам снагата твоја –
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане...

Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко –
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем се жалиш
денови – крепи тешки си редиш –
Величко, мори, другачко златна!

Но почуј, Вело, Што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи – очи засвети
онија очи, што душа горат!

Тој што ни, Вело, однесе сичко –
тој ни остави од темно темен
веков за мака – но и за борба.
Има на овој свет како нас многу!

Има ги, има – мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.

И има, има – радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш –
во борба гроб ти душа не зема!

Коста Солев
Кон врв
Cover Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cover Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2008 во 20:11
Ноќта е црна Liebe Marija



Ноќта е црна Liebe Marija
Ја ослушкувам, трепери. Црна е
Водата што тече низ моите
Прсти. Ти си црна. Ноќта

Непрестано се тресе. Те зема
И те враќа. ноќта
Се движи. Те претвора
Во прав што го дишам.

Се претвора во големо крило
Кое мафта на хоризонтот
Претворајќи се во точка
Liebe Marija.
If fashion is your trade, then when you're naked I guess you must be unemployed.
Кон врв
Cover Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2008
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cover Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2008 во 20:14
Море


Распеан и вџашен пред твојата убавина
стојам на овој позлатен брег од росата
утринва што ме проби. Толку е блиску твојот поглед
и здивот на телото а сепак чувствувам
дека ми се рацете празни.

Море! Море!
Мируваш неподвижно под сончевиот ѓердан.
Корија од огледала. Спокојност насмеана.
Затоа никој не знае што криеш притаена
во недопирната бездна на своите длабини темни.

И што можам јас жено пред твоето спокојно море
ветер сум кусовечен оддалеку што иде.
Го гасам постојано тоа површинско горење
со своите раце од дожд со телото од бура.

Во таа голема игра на непостојаноста убава
земја си на која стојам со своите стапки од небе.
Секоја стапалка од играта ја галам со своите раце
во таа изгубена залажаност дека те имам тебе.

А ти море секогаш само на врвот се мрешкаш
никогаш не откривајќи ја тајната на својата длабина темна
затоа набргу прекратува нашата темна игра
или од мојата умора или што ти е здодевна.

Тогаш одлетувам со своите скршени крилја
залажан од убавината уморен од таа игра
во пејзажите на вечноста од каде не се враќа.

А ти остануваш. Жено. Ти море постојано
вечно подадено само на бакнежот на сонцето.
А ние сме само ветришта од својата игра исцедени
птици сме што гинат од својата песна.
If fashion is your trade, then when you're naked I guess you must be unemployed.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2008 во 00:48
      
       И З Л Е З И

-Излези калеш Калино,
излези пиле шарено,
излези малце на чардак,
севда ма мори голема!

Да ти се лел,нагледам
на това лице румено,
на тие очи убави,
на таа коса кадрава!

,,Како да,лудо ,излезам,
огин ми гори над глава,
мајка ми на смрт легнала,
а цела куќа на мене

Не чекај,море,помини,
тага ми лице свенало,
солзи ми очи испија,
мисла ми коса побеле!


ВЕНКО МАРКОВСКИ
    Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2008 во 00:50
     Б И С Е Р О

-Бисеро,бисер сред море,
Бисеро,рано на срце,
што ти се, леле, сторило,
до Бога што си викнала?

Дали ти сестра завиде
на таа снага мермерна,
на тие гради пргави,
на таа силна личноќа?

Дали те татко затече
да минеш тесни сокаци
по ноќно време никое
со либе млада изгора?

Или на мама прегреши,
та ми се, леле,заб"рави,
и ми те луто проколна
довек дома да седиш?

,,Истај се ,младо ергенче,
мојата ула крај нема,
се ми е темно пред очи,
векот ми тежи над глава!


              ВЕНКО МАРКОВСКИ
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2008 во 20:16
Petre M.Andreevski

Treto pismo

Beshe toa eden den shto traeshe cela godina

A beshe toa koga pomisluvav
deka tvojata kosa niz tudji prsti
istekuva kako mlaz voda ili ko suva pchenica,
pa jas ostanuvav sam i site ostanuvaa sami
i vozovite dobivaa novi i neznajni brzini
i veke nikade nemozea da zaprat,
i trevite pochnuvaa da vetreat vo lazna preljuba
i site vetreni koli nosea od moite boli

A beshe toa koga pomisluvav
deka polnata svetlina od tvojata usta
kape i se mesha vo tudja pladnina,
pa gasneshe varta vo moite ochi vitli
i shumite sleguvaa vo dlaboki podzemja
i nebesata doruvaa i rekite potekuvaa nagore
i zivotnite me gledaa kako prijatel shto go gubat
i se shto beshe moe ziveeshe bez mene.

A beshe toa koga pomisluvav
deka veke nemozam da mislam bez tebe,
pa pochnuvav da licham na site moi predci,
na site moi predci,a najmnogu na sebesi.

Beshe toa eden den shto traeshe edna godina.


Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
Zaspana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 429
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zaspana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2008 во 14:58
Не кажувај либе добра ноќ,
не оди дома рано ти,......
срцево мое е за тебе.....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 14:55

              КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.
 
Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот
на тилот од смилот и трендафилот.
 
Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.
 
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.
 
Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.
 
 
Петре М. Андреевски 
 “Дениција“
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.