|
Оскари |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Февруари.2013 во 09:53 |
Првата дама го прогласи победникот- Argo!Првата
дама на САД, Мишел Обама со специјално вклучување во Долби театарот во
Лос Анџелес го прогласи победникот на овогодинешното доделување на
наградите Оскар, Argo.
Даниел Деј Луис ја освои наградата на најдобра главна машка улога, за
неговото портретирање на американскиот претседател, Абрахам Линколн во
филмот Lincoln, а Џенифер Лоренс се закити со наградата најдобра актерка
во главна улога за улогата во Silver Linings Playbook. Лоренс видно изненадена за победата, се сопна на скалите одејќи до
бината за да го подигне својот Оскар, а Даниел деј Луис влезе во
историјата како единствениот актер кој освоил 3 оскари во категоријата
најдобра машка главна улога. Кристоф Валц за Django Unchained
и Ен Хатавеј за Les Miserables освоија Оскари во категориите споредни
улоги, а австрискиот Amour на Михаел Ханеке го освои оскарот за најдобар
филм од неанглиско говорно подрачје. Водител на церемонијата беше комичарот, аниматор, режисер и гласовен
актер Сет Мекфарланд, а овогодинешното доделување на Оскарите го
одбележаа кратките говори на победниците, како и музичките точки на
Џенифер Хадсон и Кетрин Зета Џонс. - Најдобар краток анимиран филм - Paperman (Џон Карс) - Најдобар долгометражен анимиран филм - Brave (режија Марк Ендрус и Бренда Чепмен) - Најдобра кинематографија - Животот на Пи (Клаудио Марендо) - Најдобри визуелни ефекти - Животот на Пи (Бил Вестенхофер, Ерика-Јанд де Бур, Доналд Р. Елиот) - Најдобра костимографија - Ана Каренина (Жаклин Дуран) - Најдобра фризура и шминка - Клетници (Лиза Вескот и Џули Дартнел) - Најдобар краткометражен филм - Полициски час (Шон Кристенсен) - Најдобар краткометражен документарен филм - Inocente (Шон и Андреа Фајн) - Најдобар долгометражен документарен филм - Во потрага по Шеќерниот човек - Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје - Љубов (Михаел Ханеке) - Најдобар звук - Клетници - Најдобра монтажа на звучни ефекти - 00:30 Тајна Операција (Пол Отосон) и 007 Скајфол (Пер Халберг, Карен Ландерс) - Најдобра женска споредна улога - Ен Хатавеј (Клетници) - Најдобра монтажа на филм - Вилијам Голденберг (Арго) - Најдобар продукциски дизајн - Линколн (Рик Картер и Џим Ериксон) - Најдобра оригинална филмска музика - Животот на Пи (Мајкл Дана) - Најдобра оригинална песна за филм - Скајфол - Адел (Скајфол) - Најдоброто адаптирано сценарио - Крис Терио (Арго) - Најдобро оригинално сценарио - Квентин Тарантино (Џанго Разузданиот) - Најдобар режисер - Анг Ли (Животот на Пи) - Најдобра актерка - Џенифер Лоренс (Во добро и во лошо) - Најдобар актер - Даниел Деј Луис (Линколн) - Најдобар филм - Арго |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оскари 2012: Триумф на The Artist и HugoНемиот филм „The Artist“ ги освои главните награди на овогодинешното доделување на Оскар, а со ист број на награди (5) си замина и филмот Hugo. Црно-белиот филм „The Artist“ ги освои наградите во категориите најдобар режисер, Мишел Хазанавичиус, најдобар актер во главна улога, Жан Дужардан, а исто така и за најдобар филм. Покрај овие две награди, филмот освои награда и за најдобра музика и најдобра костимографија. Мерил Стрип ја освои наградата за најдобра актерка за главната улога во „The Iron Lady“, Окатавија Спенсер за најдобра споредна улога во филмот „The Help“, а Кристофер Пламер триумфираше во споредната машка улога за филмот „Beginners“. Вуди Ален го освои четвртиот Оскар во кариерата за најдобро
оригинално сценарио за филмот „Midnight in Paris“, а за најдобар филм од
неанглиско говорно подрачје беше прогласен филмот „A Separation“ од
Иран. Водител на Оскарите беше Били Кристал. Најдобар филм: The Artist Најдобар актер: Jean Dujardin, The Artist Најдобра актерка: Meryl Streep, The Iron Lady Најдобра актерка во споредна улога: Octavia Spencer, The Help Најдобар актер во споредна улога: Christopher Plummer, Beginners Најдобра режија: Michel Hazanavicius, The Artist Кинематографија: Hugo Костимографија: The Iron Lady Филм од неанглиско подрачје: A Separation, Iran. Монтажа: The Girl With the Dragon Tattoo Звучна монтажа: Hugo Документарец: Undefeated Анимиран долгометражен филм: Rango Визуелни ефекти: Hugo Оригинална музика: The Artist Оригинална песна: Man or Muppet from The Muppets Адаптирано сценарио: Alexander Payne, Nat Faxon and Jim Rash, The Descendants Оригинално сценарио: Woody Allen, Midnight in Paris Краток филм: Saving Face Анимиран краток филм: The Fantastic Flying Books of Mr Morris Lessmore Изменето од Valerija - 28.Февруари.2012 во 09:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koj se zanimava veke so oskarite, za edna nedela nikoj na nisto nema da se sekava
taka barem se pokaza kaj Amerikancive , vazno e da se bide viden na toj den na dodeluvanjeto da se pomine na crveniot tepih i tolku , nemat ni vrednost ni vaznost oskarite kako porano ..!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оскари 2012Вечерва во центарот „Кодак“ се одржа 84-то доделување на Оскарите. И оваа година 9-ти пат по ред домаќин на Оскарите беше Били Кристал. Меѓу ѕвездите кои се појавија како презентери на статуетките беа Том Хенкс, Том Круз, Хали Бери, Анџелина Џоли, Кристијан Бел, Сандра Булок, Крис Рок, Пенелопе Круз, Камерон Дијаз, Џенифер Лопез, Ема Стоун... Како фаворити за освојување на златните статуетки оваа година беа филмот „The Artist “и актерите Џорџ Клуни за најдобра машка улога и Мерил Стрип која седумнаесет пати досега била номинирана за наградата најдобра женска улога а два пати ја има и добиено златната статуетка. За наградата најдобар филм оваа година за првпат се натпреваруваа девет филмови, а најмногу номинации (11) имаше филмот „Hugo“ на Мартин Скорсезе. Веднаш по него со само една номинација помалку беше францускиот филм „The Artist“ на Мишел Азанависиус, кој беше главен фаворитна овогодинешните Оскари. За најдобра режија во конкуренција се три големи режисерски имиња: Мартин Скорсезе за „Hugo“; Теренс Малик за „Tree of life“; Вуди Ален за „Midnight in Paris“ и два помлади режисери Александар Пејн за „The Descendants“ и Мишел Азанависиус за „The Artist“. Најдобра женска споредна улога за филмот „The Help“ ја освои Октавија Спенсер Најдобра машка споредна улогата му припадна на Крисофер Пламер за филмот „Почетници“, на 82 години е најстариот актер кој некогаш добил Оскар. За најдобра монтажа освои филмот „Девојката со тетоважа на змеј“; ова е втора статуетка на тимот, лани освоија за филмот „Социјална мрежа“. За најдобар документарец беше прогласен филмот „Undefeated“. Наградата за најдобар анимиран филм ја зема филмот „Rango“, честитки и до македонската екипа која работеше на овој филм. За најдобра филмска музика беше прогласена музиката од филмот „The Artist “ со композиторот Лудовик Боурс. Наградата за најдобро сценарио освои Вуди Ален за филмот „Midnight in Paris“. Наградата за најдобар краткометажен филм му прирадна на филмот „The Shore“. Статуетката за најдобра машка улога отиде во рацете на францускиот актер Жан Дежарден за улогата во филмот „The Artist“. За најдобра женска улога беше прогласена Мерил Стрипза улогата во филмот „Iron Lady“, нејзина трета статуа од вкупно 17 номинации. Најдобра режија освои „Мишел Азанабишес“за филмот „The Artist“. Во главната категорија – најдобар филм на Оскарите 2012 победи филмот „The Artist“. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Liberation
Нов член Регистриран: 21.Февруари.2011 Локација: Libya Статус: Офлајн Поени: 30 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледани ми се само Социјална мрежа и Говорот на кралот. А ако овие филмови имаат најмногу номинации, тогаш слободно можам да кажам дека квалитетот е многу полош од минатата година.
Во Социјална мрежа целата фама ја прави популарноста на сајтот и финтата со која Цукерберг ги зафркнал колегите (рецепт а ла Бил Гејтс). Филмот, без тоа, би бил анонимус, таман колку што заслужува. Досадно, досадно, досадно... Говорот на кралот не е ништо подобар. Единствено глумците со својата глума внесуваат живот во филмот. Сторијата се потпира на вистински настани, и е страшно досадна: таткото на Елизабета Втора, Џорџ Шести, води психолошка воја со својот проблем со пелтачење, додека Хитлер ги хипнотизира масите и ги подготвува за најстрашната војна во човечката историја. Од друга страна, филмот ја демистифицира “сината крв“ како надчовечка, покажувајќи како “божјиот владетел на земјата“ едвај може да изусти збор-два пред нацијата. Бетка, наводно, била трогната од филмот. “Лондонските медиуми, повикувајќи се на извори во Бакингамската Палата, откриваат дека кралицата на една приватна проекција во кругот на нејзиното семејство, со задоволство го проследила филмот за настојувањето на нејзиниот татко да го надмине проблемот што го имал со пелтечењето за да може да одрзи кралски говор за време на крунисувањето во 1936 година, како и три години подоцна при обраќањето до нацијата по објавуванјето на војната меѓу Велика Британија и нацистичка Германија и почетокот на Втората светска војна. Во филмот е прикажна и Кралицата Елизабета Втора, кој е постара ќерка на Џорџ Шести, која во времето што го обработва филмот била малечко девојче“. Се’ на се’, Едвард Осми, братот на Џорџ Шести, е прав маж. Замисли, абдицира од кралскиот трон за да може да се ожени со жената што ја сака. Епски... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во недела 83-то доделување на филмските награди Оскар
Во холивудскиот театар „Кодак“ во недела вечер ќе се одржи 83-тата церемонија на доделување на филмските награди Оскар. Оваа гламурозна церемонија, која најдобро го симболизира сјајот на Холивуд, повторно на едно место ќе го собере кремот на светската кинематографија. Домаќини на овогодишното доделување на Оскарите се младите актери Ен Хатавеј и Џејмс Франко, кои гостите ќе ги забавуваат не само со хумор, туку и со песна и танц. Во предавањето на златните статуетки ним ќе им помагаат и голем број ѕвезди, меѓу кои Хилари Свонк, Џош Бролин, Скарлет Јохансон, Расел Бранд, Роберт Дауни Џуниор, Хју Џекман, Анет Бенинг, Џад Ло, Рис Видерспун и Опра Винфри. Според филмските критичари меѓу десетте одлични остварувања кои оваа година се во трката за Оскарите се издвојуваат два главни фаворити. Првиот е британската историска драма „Говорот на кралот“, кој има 12 номинации за Оскар. Оваа трогателна приказна раскажува за односот меѓу идниот британски крал Џорџ Шести, кој се обидува да го надмине проблемот со пелтечењето, и еден обичен човек кој му помага во тоа. Овој филм веќе ја освои наградата на американското Здружение на режисери, продуценти и филмски актери, па важи за главен фаворит за Оскар во категоријата најдобар филм. Речиси исти шанси критичарите и медиумите му даваат и на филмот „Социјална мрежа“ на Дејвид Финчер, кој исто така е снимен според вистински настан. Филмот раскажува за студентот на „Харвард“ Марк Цукерберг чии програмерски идеи се трансформираат во глобалната социјална мрежа „Facebook“, која за само шест години ќе го направи најмлад милијардер во историјата. Во конк*ренцијата со најдобро филмско остварување се и психолошкиот трилер „Црн лебед“ на Дарен Аронофски, „127 часа“ на Дени Боил, спортската драма „Борец“ на Дејвид О. Расел и авантуристичкиот вестерн „Човекот наречен храброст“ на Џоел и Итан Коен. Изненадување би можел да претставува научно-фантастичниот трилер „Почеток“ на Кристофер Нолан, кој говори за еден човек кој поседува моќ да манипулира со соновите, комедијата за лезбејското семејство „Децата се во ред“ на Лиза Чолоденко и драмата „Зима до коски“ на Дебра Гранит, која раскажува за една 17-годишната девојка која се грижи за болната мајка и двајцата помлади браќа во рурално и социјално деградирано опкружување. Како фаворит во сенка се смета и анимираниот филм „Приказна за играчките 3“, кој постигна извонредни рекорди на посетеност во кино салите. Во трката за Оскар за најдобра режија се номинирани Дарен Аронофски за „Црниот лебед“, Дејвид О. Расел за „Борец“, Том Хупер за „Говорот на кралот“, браќата Коен за „Човекот наречен храброст“ и Дејвид Финчер за „Социјална мрежа“, кому критичарите му даваат најголеми шанси. Речиси сите критичари и прогнозери се сигурни дека наградата за најдобра машка улога ќе ја добие Колин Фирт за улогата на Кралот Џорџ Шести во „Говорот на кралот“. Покрај него, за Оскар за најдобра машка улога се номинирани и Хавиер Барден за „Преубаво“, минатогодишниот добитник Џеф Бриџис за „Човекот наречен храброст“, Џеси Ајзенберг за „Социјална мрежа“ и Џејмс Франко за „127 часа“. Во конк*ренција за Оскар за најдобра женска улога главен фаворит е Натали Портман за улогата на балерина во филмот „Црн лебед“. Покрај неа, за оваа награда номинирани се и Анет Бенинг за „Децата се во ред“, Никол Кидман за „Пат во непознато“, Мишел Вилијамс за „Blue Valentine“ и Џенифер Лоренс за „Зима до коски“. Во конк*ренција за Оскар за епизодна женска улога се Мелиса Лео за „Борец“, 14-годишната Хејли Стејнфелд за „Човекот наречен храброст“, Хелена Бонам-Картер за „Говорот на кралот“, Ејни Адамс за „Борец“ и Џеки Вивер за „Животинско кралство“. Кандидати пак за Оскар за споредна машка улога се Кристијан Бејл за „Борец“, Џефри Раш за „Говорот на кралот“, Џон Хоукс за „Зима до коски“, Марк Руфало за „Децата се во ред“ и Џереми Ренер за „Град на крадците“. Во категоријата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје номинирани се мексиканскиот „Преубаво“ на Алехандро Гонзалес Ињериту, данскиот „Во подобар свет“ на Сузане Бир, грчкиот „Очник“ на Јоргос Лантимос, канадскиот „Пожари“ на Дени Вилнев и алжирскиот „Hors la loi“ на Рашид Бушаребе. За најдобар анимиран филм кандидати за Оскар се „Приказна за играчките 3“, „Илузионист“ и „Како да го тренирате змејот“. Во светот на модата веќе на големо се шпекулира какви тоалети оваа година ќе носат актерките - златно или сребрено ламе, како она што лани го носеше оскаровката Сандра Булок или пак „воздушен“ кројка, како што некогаш носеа филмските ѕвезди. Се шпекулира и со тоа дали оваа година филмските ѕвезди ќе се определат за водечките модни куќи како што се „Армани“, „Версаче“, „Диор“ или „Шанел“ или пак својата доверба ќе му ја дадат на некој помалку познат дизајнер. Дали сите овие претпоставки и шпекулации ќе се остварат сепак ќе биде познато во недела вечер кога ѕвездите ќе почнат да пристигнуваат на црвениот тепих пред театарот „Кодак“ во очи почетокот на овогодишанта церемонија на доделување на Оскарите. |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
му го земаа оскарот на џејмс камерон... пред носот сепак, според мене, многу му е гајле... колку пари заработи со аватар и самиот не е свесен
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
srekja shto drugite vo svetov ne se kako makedoncive,..inache , bi izumrela produkcijata na filmovi za "golemoto platno"!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Jovan.74
Сениор Регистриран: 02.Декември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
аватар е најдобар беее
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доделени наградите на Американската филмска академија
Американската филмска академија по 82. пат ги додели наградите Оскар во преку 20 категории, а домаќини на церемонијата беа Стив Мартин и Алек Болдвин. Оскар за надобар филм во изминатата година и припадна на нискобуџетната драма за војната во Ирак The Hurt Locker. Оскар за најдобра режија доби Кетрин Бигелоу за "The Hurt Locker". Најдобра женска улога освои Сандра Булок за улогата во филмот Мртов агол. Булок доби оваа година и Златна малина - награда за најлоша женска улога за остварувањето во филмот Се за Стив. Оскар за најдобра машка улога доби Џеф Бриџис за улогата на остарениот пејач во филмот „Crazy Heart" (Лудо срце). Оскар за најдобра споредна женска улога доби Мо'Ник за улогата во филмот „Precious". Оскар за најдобра споредна улога му припадна на Кристоф Валц за остварувањето во филмот Inglourious Basterd. Награда за остварување вон англиско говорно подрачје доби аргентинскиот филм „El secreto de sus ojos. За најдобар анимиран филм е прогласен „Up". |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Холивуд забрзано се подготвува за филмските награди
Една недела пред доделувањето на наградите Оскар, коктел забави се одржуваат на секој агол во Холивуд, како и многубројни ручеци и вечери во чест на номинираните. Всушност се во Холивуд е подредено за големиот неделен натпревар за Оскар. Во меѓувреме проби се одвиваат во Кодак Театарот. Дизајнерот на ентериер Роџер Томас рече дека зелената соба е инспирирана од холивудскота златна доба. Црниот лакиран мебел е порабен во нијансите на крем и бела боја, додека на масите има орхидеи и големи кристали. Отворениот градинарски простор е поврзан со зелената соба и е наменет за „селебрити“ пушачи. А секаде има огледала.Освен што прават светлина и одраз внатре во собата, тие ќе им овозможи на ѕвездите да ја видат сцената од секој агол. Неколку блокови на најпознатата улица - Холивуд Булевар, се затвораат секоја година поради поставување на црвениот тепих, како и сцена надвор од Кодак Театарот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најинтересни факти за доделувањето на Оскарите
За време на 81-годишната историја на доделувањето на Оскарите се случувале различни и необични работи кои останаа забележани во историјата. Веројатно многу од вас се запрашале колку жени биле номинирани за Оскар за најдобра режија, или пак кој правел склекови на сцената и не се заблагодарил за Оскарот. - Titanic, Ben Hur и The Lord of The Rings: Return of The King добиле по 11 Оскари и со тоа станаа епски популарни филмови. Titanic и All About Eve имаа по 14 номинации. - Walt Disney имал 64 номинации, а освоил вкупно 26 Оскари, што е најмногу од сите останати. |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сакам Сандра Булок и Морган Фриман да добијат...Ги обожавам
|
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Објавени номинациите за Оскар
„Аватар“
на Џејмс Камерун и воената драма Катанец за срцето на Кетрин Бигелоу
предничат во трката за Оскар со по девет номинации, меѓу кои и
номинација за најдобар филм во изминатата година. За престижната награда на американската Филмска академија ќе се
натпреваруваат уште осум филмови, пет повеќе отколку сега - Во
воздухот, Слепа страна, Драгоцена, Дистрикт 9, анимираниот филм До
небо, Проклетници, Образование и Сериозен човек. За најдобра женска улога Оскар може да очекуваат Сандра Булок, Хелен
Мирен, Кери Малиген, Габори Сидибе и Мерил Стрип. Булок е првата
актерка која е биде номинирана за најдобро остварување, но истовремено
и за најлошо актерско остварување - Златна малина. Ако сакате да ја видите целата листа на номинирани кликнете тука. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |