IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Вртоглавица
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вртоглавица

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Вртоглавица
    Испратена: 06.Јули.2010 во 16:07
Вртоглавица (Vertigo)

Дефиниција

Вртоглавицата е честа изјава на загрижените пациенти во секојдневната лекарска практика, особено во пролет и лето.
Вертиго или вртоглавица е чувство дека предметите околу нас се движат, дека лебдиме или тонеме.
За да се реши ваквиот проблем е потребно е време, но и трпение. Задолжителни се прегледите кај невролог, неврохирург, оториноларинголог, интернист, физијатар. Тоа е сосема разбирливо бидејќи овој симптом може да биде предизвикан од нарушување на работата на различните органи.


Причина за настанување

Вртоглавицата не е болест. Тоа е состојба која може да ја предизвикаат повеќе од 300 причинители. Најчести се положбената вртоглавица, воспаление на вестибуларниот нерв, Мениерова болест, тумор на слушниот нерв, пореметувања на протокот на крв во мозокот, промени на ткивото на вратниот ‘рбет, повреди, прекумерни напрегнувања на мускулите, постара возраст, напнатост, стресна вртоглавица и друго.

Клиничка слика

Луѓето кои имаат вртоглавица најчесто ја опишуваат како пореметување во рамнотежата на два начина, како движење околу главата или во главата, или како губиток на ориентацијата во просторот. Тегобите се влошуваат со движење на главата и промена на положбата на телото, а често се пратени и со пореметување во слухот, шум во увото и мачнина. Специфични пореметувања се движење и бегање на предметите пред очите или чувство на движење на сопственото тело во просторот, потоа чувство на губење во просторот, пропаѓање и занесување на страна или напред-назад.

Кај вртоглавиците предизвикани од болести на внатрешното уво (отогени вртоглавици), предметите кои ги гледаме се движат водорамно од болното кон здравото уво, а рамнотежата е пореметена кај болното уво. Неспецифичните пореметувања на рамнотежата или лажната вртоглавица се карактеризира со светликави ѕвездички или темнина пред очите, несвестица, чувство на полност и притисок во главата и ушите. Најчеста причина е краткотраен недостаток или намален проток на крв во мозокот или во вратот.

Положбена вртоглавица – најчеста е од сите, а е предизвикана од неадекватно движење или положба на главата, при лежење, движење во постела или при придвижување на главата кон назад. Трае пред се минута време, или пократко, а може да биде пратена и со ритмични треперења на очите, додека слухот останува зачуван. Може да се повторува на секои неколку дена, а и после неколку месеци.

Воспаление на вестибуларниот нерв, напад на жестока вртоглавица трае неколку дена, а потоа постепено попушта за неколку недели. Иако причината на пореметувањето и местото на оштетувањето не се докажани, повеќето лекари сметаат дека станува збор за воспаление на нервот на вестибуларниот лабиринт од внатрешното уво.

Мениерова болест – се работи за пореметување во микроциркулацијата во внатрешното уво. Болеста се карактеризира со ненадејни напади на вртоглавица, кои може да траат од неколку минути до неколку саати. Нападот може да биде така силен, па болниот има потреба да легне. Сината вртоглавица обично е краткотрајна. Ја прати мачнина, повраќање, шум во увото, губиток на рамнотежата. Некогаш се јавуваат и диплопии (двојни слики).

Тумор на слушниот нерв – се карактеризира со постојана вртоглавица чија изразеност може да се мери. Други знаци кои укажуваат на тумор се: оштетување на слухот и пореметување на функцијата на останатите нерви во мозокот.

Дијагноза

Во дијагностиката на вртоглавицата учествуваат стручни лица од различни специјалности: ото-неуролог, неуролог, неуротрауматолог, физијатар а кај децата и неуропедијатар. Од непроценлива важност е описот на заболениот за природата на вртоглавицата, за неговото работно место, активностите непосредно пред нападот, можните повреди на главата и вратот и хроничните болести. Поставувањето на точната дијагноза овозможува низа дијагностички постапки: од преглед на двете уши, носот, фаринксот и гркланот, преку неуролошки и очен преглед, физијатриски наод, или ортопедски, преглед на срцето и крвните садови, па се до психијатриско испитување. Откако ќе се утврди причината се одредува начинот на лекување.

Терапија

Индивидуата која искусува напади на вртоглавица прво треба да се смири и внимателно да се стави во најудобната положба. Во спротивно може да падне и да се повреди. Тегобите се ублажуваат со строго мирување со затворени очи и ладни облоги, а по потреба со земање на средства за смирување и оние против повраќање. Никотинот, алкохолот и црното кафе се најстрого забранети, а првите 24 часа треба да се зема и несолена храна. Корисно е постепено опуштање на мускулите со правилно дишење, психичко опуштање, масажа на главата и вратот.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 14:12
Намален крвен притисок, умствена напрегнатост, недостаток на витамини и сл.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Gocebus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gocebus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 12:15
големо%20гушкање Kako moze da se lekuva visok krven pritisok (posebno visko e dolniot 150/115)
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2007 во 12:32
.


Изменето од ACELERA - 17.Март.2010 во 11:59
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2007 во 21:38
премора, намален крвен притисок и во многу други случаеви.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
BiG_kIsS Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Крајно сериозна во с'e

Регистриран: 01.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiG_kIsS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2006 во 00:32
Вртоглавица имаат често слабокрвните луѓе (како мене) ако станат нагло, ама кратко трае, додека се стабилизира организмот.....
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2006 во 09:19
Originally posted by ivana ivana напиша:

Вртоглавица барем мене ми се јавува кога сум прегладнета, понекогаш кога сум во циклус и толку....
највеќе вртоглавицата има врска со центарот за рамнотежа, значи уво, а преку уво нос и очи...

сум читала дека при потребата на носење наочари како прв симптом е вртоглавицата



potpolno se slozuvam so ivana , samo uste da dodadam vrtoglavica kaj mene se javuva i koga sedam poveke od 4 h pred kompjuter Confused
Кон врв
vodolija_43 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vodolija_43 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2006 во 20:27
Tocno e toa deka vrtoglavica moze da se pojavi ako vidot e oslaben,taka da pravo na oftamolog,i spasot e vo ocilata,barem za mene bese takaSmile
Кон врв
Antoaneta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јуни.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 292
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antoaneta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2006 во 10:07
Da tuka si vo pravo za pregladnetosta ima vrska so paganje na nivoto na sekerot pa zatoa se javuva!
Кон врв
ivana Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Госпожа Грофица

Регистриран: 14.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3327
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2006 во 10:03
Вртоглавица барем мене ми се јавува кога сум прегладнета, понекогаш кога сум во циклус и толку....
највеќе вртоглавицата има врска со центарот за рамнотежа, значи уво, а преку уво нос и очи...

сум читала дека при потребата на носење наочари како прв симптом е вртоглавицата
Motivation is game in my hands
Кон врв
Antoaneta Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јуни.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 292
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antoaneta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2006 во 09:47
Ne sum strucnjak vo medicinata ama ke kazam za sebe!
Dodeka studirav mi se slucuvase mnogu cesto da imam vrtoglavici pa duri i do nesvesna sostojba me vodea.Bese od premor,sakav i ispitite na vreme ,a i nokniot zivot da ne go preskoknam pa imav neredovna ishrana!Se se resi so tekot na vremeto i so odredeni terapii se razbira od strucno lice.Bi ve p[osovetuvala vo vakvi situacii sekogas da se konsultirate so vasiot maticen lekar!

Inace i vo tekot na bremenosta se pojavuva ne kaj sekoj,no se pojavuva posebno na pocetokot na bremenosta(pak ke kazam zavisi od licnosta)!
Кон врв
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2006 во 10:41
Вртоглавицата уште може да се јави и под психички стрес, претрпен страв каде организамот се однесува несигурно.. Под психички стрес доага до губење на тло под нозе, заматување на поглед, мрдање на предмети итн..

Долговреметраење на стрес кој при ослободување на организамот се ствараат тие вртоглавици..

Исто може да се појави и при анемија..Кога е организамот анемичен со недостаток на сите потребни витамини и минерали доага до вртоглавица со исти симптоми како и при приклештување на вратните жили..

Нема правило на појавување на вртоглавица, може секому да му се случи во одреден период на животот...Само храбро за да не се оптовари психата и од играчка настане плачка, тогаш веке иде во друга насока на болест, како хипохондријата каде со мала промена на време почнува да ги „љуља“ во главата и да се ствараат така нареќени препотувања и паники..

Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2006 во 23:03
Vrtoglavice mogu biti simptom mnogih zdravstvenih poremećaja, ali i posledica savremenog tempa i stila života. Samo u Americi na ove probleme žali se oko milion ljudi godišnje, pa su vrtoglavice postale bolest savremenog čoveka. Za uzroke mnogih razne dijagnostičke metode nikada ne daju pravi odgovor, ali ipak, najčešće se radi o različitim promenama koje nastaju u predelu kičme i vrata. Šta su najčešći uzroci vrtoglavica?
- U prostoru između kičmenih pršljenova dolazi do stvaranja malih koštanih nastavaka što može biti uzrok pritiska na krvne sudove, pa dotok krvi u mozak nije dobar - kaže terapeut dr Vesna Blagojević. - Može doći i do pritiska na vegetativni deo nervnog sistema koji se nalazi u blizini vratnog dela kičme, ili njegove iritacije; što takođe dovodi do vrtoglavica. Važno je znati da su moguća i minimalna pomeranja kičmenih pršljenova u kojima se nalaze nervne strukture odgovorne za obaveštavanje mozga o položaju tela. Kada dođe do pomeranja pršljenova, mozak dobija informaciju da se telo kreće kada ono zapravo miruje. Kako saznajemo, vrtoglavica može biti subjektivna i objektivna. Subjektivna vrtoglavica je kada se pacijent žali na pomeranje tla pod nogama, hod kao po sunđeru, nesigurnost prilikom pojedinih pokreta. Objektivna vrtoglavica stvara osećaj okretanja predmeta oko osobe, što može da izazove mučninu pa i pad. Vrtoglavice izazvane poremećajem u predelu vratnih pršljenova najčešće su provocirane naglim pokretima vrata. Tako neki pacijenti osete vrtoglavicu prilikom okretanja glave na jednu stranu, drugi prilikom ležanja na leđima imaju osećaj propadanja. To su sigurni znaci da se radi o vrtoglavici čiji je uzrok poremećaj u vratnim pršljenovima - kaže naša sagovornica i dodaje da se ove vrtoglavice mogu javiti u napadima i biti praćene znojenjem, bledilom, osećanjem mučnine, ubrzanim srčanim radom.... One mogu biti dugotrajne, a pacijente dovode u stanje nesigurnosti i nemogućnosti da obavljaju svakodnevne aktivnosti.
Da bi se ovo sprečilo, neophodno je već na prve znake vrtoglavice obratiti se lekaru. Preporučuje se snimanje vrata i kičme i ako se utvrde nepravilnosti treba početi terapiju koja podrazumeva, između ostalog, i izvlačenje kičmenog stuba i ručno podešavanje pršljenova. Pacijentu se savetuje da svakodnevno vežba propisane vežbe, a mogu se primeniti i laser, elektro i magnetne terapije, kao i akupunktura
Кон врв
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2006 во 22:29
Koga se pojavuva?
Koj se moze da ja ima i zosto ?
Dali e pricinata promena na vratna kichma,anksioznosti ili drugo?
Dali vo tekot na bremenosta moze da se pojavi?

Ajde struchnaci na temava ako vi e oblast ili dajte neshto od net!
[IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.