|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница 123 56> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Јуни.2020 во 23:07 |
Рецепт за Брза чоколадна торта:Додека го варите попладневното кафе направете го следното: Земете сад за матење, и следните намирници: * 1 јајце * 200 гр шеќер * 245 мл млеко * 130 гр брашно * 80 гр какао * пециво * ванила * 100 мл топла вода Декорација * чоколадо за готвење * 2-3 лажици млеко * 2 лажици масло Начин на подготовка: Матете го јајцето со шеќерот, кога ќе се измати убаво, додадете ги останатите состојки ОСВЕН ВОДАТА. Убаво изматете, кога ќе се соедини се додадете ја водата (топла) матете уште некоја секунда. И печете во загреана рерна на 170 степени ( препорачувам округло тавче 20 цм дијаметар, а ако немате - важна е иницијативата за готвење :) печете во какво имате) Стопете на чоколадата со млекото и маслото. Посипете ја тортата и бројте до 20 - тортата ќе ја снема :) ПРЕВКУСНА и прелесна :) Ако немате чоколада за готвење одлична е со шеќер во прав. (читај обавезно) Можете да ја завршите декорацијата со јагоди, малини, рибизли, ореви, и секако многу љубов. Изменето од Valerija - 02.Јуни.2020 во 20:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадна торта, извонредно вкусна и неверојатно брза за 10 минутиДома сте и однеднаш ви се најавуваат најблиските пријатели за гости, на кафе. Наместо веднаш да брзате кон маркетот да купувате чоколадо, оваа брза чоколадна торта е и повеќе од идеалното решение!
Начин на подготовка
Изменето од Valerija - 10.Мај.2020 во 14:32 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идеја за десерт: Колачиња со јагодиПробајте го овој едноставен рецепт за вкусни колачиња со јагоди. Потребни ви се околу 20 минути. Состојки:
За фил
Начин на подготовка:Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартија за печење- врз неа сипете малку масло. Во помала чинија измешајте исечкани јагоди, сок од лимон и лажичка шеќер и оставете да отстојат околу 10 минути. Во друга чинија измешајте брашно, прашок за пециво и сол. Во трета чинија со мискер изматете путер, преостанатиот бел и кафеав шеќер додека да добиете пенлива смеса. Додајте јајце и екстракт од ванила и матете додека да се соединат. Потоа, додајте брашно и матете постојано додека да добиете соединета смеса. Додајте ги јагодите. Во друг сад измешајте крем сирење, шеќер и кора од лимон и матете додека да добиете кремаста смеса. Треба да добиете 24 колачиња, на 12 од нив ставете од филот и поклопете ги со преостанатите 12. Печете околу 18 до 20 минути или додека да добијат златеста боја. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Му нема рамен: Рецепт за колач кој е “подобар и од секс”Станува збор за вкусен колач кој стекна огромна популарност откако Паула Дин го приготви во својата позната емисија “Paula’s Home Cooking”. Најдобро од сè е што се припрема лесно, а во рецептот се користат веќе готови преливи и додатоци. Десертот се состои од чоколаден пандишпан, прелиен со карамела и украсен со шлаг, овошје и јаткасти плодови. - 1 кутија готова смеса за пандишпан - 450 мл. прелив од карамела - 400 мл. кондензирано млеко - 300 мл. слатка павлака - овошје и јаткасти плодови за декорација 1. Испечете готова смеса за пандишпан во правоаголна тава за печење. Обично за рецептот се употребуваат наједноставните чоколадни смеси, купени во продавница. 2. Избоцкајте го пандишпанот со вилушка и прелијте го со мешавина од кондензирано млеко и карамела. Можете да купите прелив од карамела или сами да го приготвите. 3. Изматете ја слатката павлака за да добиете шлаг, а потоа премачкајте го тестото и украсете со овошје и јаткасти плодови по желба. 4. Изладете пред послужување и служете го колачот исечен на парчиња. Изменето од Valerija - 29.Септември.2019 во 18:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неодоливо: Капучино тортаКремастите филови и крцкавата кора ќе ги освојат сите ваши сетила. Потребни состојки:
Подготовка |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лесна торта со пудинг и кафе -без печење Состојки 1,3 л млеко 4 пудинга од ванила 100 гр шеќер 200 гр шеќер во прав 250 гр путер 500 гр бисквити 200 гр мелени бисквити 200 гр кокосово брашно 200 мл слатка павлака 1 лажица инстант кафе без кофеин1. Во 800 мл млеко ставете 100 гр шеќер и варете додека да проврие. Посебно изматете ги пудинзите со 200 мл млеко и ставете ги во млекото што почнало да врие. Мешајте со рачна маталка додека да згусне. Тргнете на страна и изладете го кремот. 2. Со миксер пенасто изматете го путерот (оставен на собна температура) со шеќерот во прав. 3. Во изладениот крем од пудинзи ставете го изматениот путер и добро промешајте за да добиете хомогена смеса. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете кокос, а во другиот дел мелени бисквити и инстант кафе кое сме го раствориле во 1-2 лажица вода. 4. Секоја бисквита ја топиме во остатокот од млекото и ја редиме во послужавник или тацна во која ќе ви биде тортата. Преку бисквитите го ставаме кремот со мелени бисквити. Повторно редиме со натопени бисквити. Сега го мачкаме кремот со кокосово брашно па редиме натопени бисквити. 5. На крај ја матиме слатката павлака и украсуваме по желба. 6. Потребно е да се остави некој час во фрижидер за да се поврзат вкусовите и состојките и да добие потоа секое парче што ќе се сече убава форма. Забелешка Можеби нема да ви требаат толку бисквити, мене ми отидоа околу 420 гр. за редење, ама тоа зависи од бисквитите и од тоа каква форма ќе правите од тортата. Исто така во делот од кремот во кој ставаме кафе можеби ќе треба да ставите и некоја сомелена бисквита плус, ама и не мора, зависи сепак од бисквитите. Ако го сакате многу вкусот на кафе можете да ставите и повеќе лажички, ама и вака се чувствува неговата вкусна арома. Топењето на бисквитите го правите кратко, значи само ја ставате бисквитата некои 3-4 секунди и ја редите. Можете да си ставите и кафе со кофеин или капучино, јас поради малите деца го избегнувам. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Магичен рецепт за топло-ладноКога се двоумите дали е подобро да подготвите топол или ладен десерт, можете да направите комбинација и од двете. Магијата на чоколадна лава што тече кога ќе се отвори топлото колаче буди сензуални чувства, а нема да останете рамнодушни и на неодоливиот вкус кој го има. Потребни состојки: Начин на подготовка: Откако ќе бидат готови само извадете ги од калапчето и послужете ги со топка сладолед со вкус по ваш избор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт за вашиот омилен десерт – макаронс со малиниЗатоа, за вас припремивме одличен рецепт со кој би можеле и сами да уживате во вкусните колачиња кога и да посакате. • 2 белки • 80 гр. мелени бадеми • 120 гр. шеќер во прав • 50 гр. ситен кристал шеќер • прехранбена боја или малку какао Ганаж од бела чоколада со лимон и портокал • 100 гр. бела чоколада • 30 мл. слатка павлака • малку сок од лимон • прстофат изрендана кора од лимон или портокал 1. Два часа пред почетокот на припремата извадете ги белките од фрижидер. Во блендер, сомелете ги бадемите заедно со шеќерот во прав. 2. Изматете ги белките, додадете го шеќерот и продолжете да матите сè додека не добиете цврста смеса. 3. Во изматената смеса, додадете ги бадемите и шеќерот и лесно соединете ги. Потоа, додадете малку црвена прехранбена боја или сок од малини. 4. Смесата ставете ја во кујнски шприц и во тава обложена со хартија направете мали кружни форми со пречник од 3 центиметри. 6. Пред печењето, оставете ги на собна температура околу половина час, а потоа печете 15 минути на 150 степени Целзиусови. 7. Испечените колачите наполнете ги со фил по желба: ганаж од бело чоколадо, карамел, фил од лимон – спојте два кекси со малку крем, но немојте силно да притискате. Ганаж со лимон и портокал: Загрејте ја слатката павлака, додадете бело чоколадо и мешајте сè додека не се истопи. Потоа, додадете сок од лимон и изрендана кора од лимон и портокал. Оставете да се излади а потоа намачкајте ги макаронсите со филот. Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кора: • 2 шолји брашно • ½ лажичка сода бикарбона • ½ лажичка сол • ¾ шолја растопен путер • ½ шолја шеќер • 2 лажички екстракт од ванила • 4 јајца • 115 грама црно чоколадо • 2 лажички растително масло Фил: • ½ шолја Нутела • ½ шолја исецкани лешници Глазура: • 225 грама чоколадо • 1 шолја слатка павлака Чоколадна торта со Нутела 1. Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови. Земете две тави со пречник од 23 центиметри и обложете ги со хартија за печење. 2. Во еден сад, помешајте го брашното, сода бикарбоната и солта. Во друг сад, помешајте го путерот со шеќерот и матете околу 2 минути. Додајте го екстрактот од ванила и едно по едно јајце. 3. Ставете го чоколадото и маслото на тивок оган. Мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа додадете ја смесата со путерот. Додадете ја смесата со брашното и добро промешајте. 4. Поделете го тестото во двете тави и печете околу 35 минути. 5. Загрејте ја слатката павлака и додадете го чоколадото. Мешајте додека чоколадото не се растопи, а потоа почекајте да се излади. 6. Земете го едното тесто, премачкајте го со филот и ставете ги исецканите лешници. Потоа додадете го и другото тесто одозгора и премачкајте со глазура. Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 10:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Колаче кое крие изненадување кога ќе го пресечетеСекоја вложена минута ќе се исплати уште од првото залче. Потребни состојки:
Подготовка:Прво направете ги топчињата. Измешајте ги сите состојки додека не добиете тврда смеса. Ако има потреба, додадете уште кокосово брашно. Наредете ги на послужавник и замрзнете ги половина час. Потоа мекиот маргарин измешајте го со шеќерот, додадете ги јајцата и белката, киселата павлака, прашокот за печиво, па на крај млекото. Измешајте и полека додавајте го брашното. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса. Половина од тестото ставете го во калап за печење, а во другата половина ставете какао. Измешајте додека не се соедини и темниот дел прелијте го преку светлиот. Топчињата кои ги замрзнавте потиснете ги во тестото со еднакво растојание. Печете на 180 степени 40-45 минути. Изладете добро. Додека колачот се пече направете го кремот. Измешајте ги шеќерот и брашното, додајте ја ванилата и полека додавајте го млекото со постојано мешање. Ставете на средно топла рингла и варете додека грутките не исчезнат. Кремот оладете го и додајте 100g маргарин. Измешајте со миксер. Намачкајте го колачот и украсете со рендано чоколадо или какао. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лесен десерт дури и за почетници во кујна: Трослојна Милка тортаДва слоја крем и плус слој чоколаден бисквит – кој би одбил? Сигурно веќе замислувате како се топи во уста, па не се двоумете дали да одвоите малку време и да ја направите. Рецептот е едноставен и лесен дури и за не многу вешти почетници, бидејќи е невозможно да згрешите. Само внимателно следете ја постапката: Бисквит
Изматете ги јајцата со шеќерот. Измешајте ги брашното, какаото и прашокот за печиво во посебен сад, па потоа додадете ги во миксот од јајца и шеќер. Додадете ја водата. Повторно измешајте. Распоредете ја смесата во малечок калап за печење (околу 20cm дијаметар) и печете на 180 степени 15 минути. Кога ќе се оладат бисквитите, пресечете ги на половина за да добиете 2 слоја за тортата. Млечен крем
Промешајте 100ml од млекото со шеќерот и густинот. Додадете во преостанатото млеко и загревајте. Додадете го и белото чоколадо. Мешајте додека не зоврие и не добиете густ крем. Измешајте го маргаринот со шеќерот во прав и додадете во изладениот крем. Милка чоколаден слој
Ставете ги сите состојки во еден сад и топете ги на пареа додека не добиете еднаков крем. Изладете добро. Тортата наредете ја по следниов редослед: бисквит, бел крем, чоколаден слој. Повторете двапати. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Куглов торта од која тече чоколадоНа љубителите на благо, никогаш не им е доста од нови вкусни десерти. Дел од нив сакаат само да го вкусат тоа слатко задоволство, но има и голем дел кои сами сакаат да си го приготват. За оние вторите, нудиме плус рецепт кој ќе го вметнете во вашата колекција, а наликува на огромен топло-ладен колач. Најверојатно, ќе посакате да го направите уште денес и да уживате во овој куглов колач со растопено чоколадо. Потребни состојки:
Начин на подготовка:Прво загрејте ја рерната на 175⁰С. Потоа во голем сад ставете ја мешавината за торта и измешајте со вода, масло и јајца. Мешајте додека смесата целосно не се соедини. Префрлете ја мешавината во подмачкан калап за куглов и печете 35-45 минути. Загрејте ја хоплата во мало тавче додека не почне да врие. Префрлете во сад со средна големина заедно со темного чоколадо и мешајте додека не се соединат. Префрлете го колачот од калапот во сад за сервирање и во дупката истурајте од чоколадната смеса овозможувајќи да претече од сите страни. Посипете какао одозгора и оставете ја 30 минути настрана. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave’s Kitchen: Бисквит чоко триаголнициСовршен брз десерт за летниот период, што се подготвува за помалку од 25 минути. Потребни состојки:
Потребни состојки: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |