|
Како Ѓоковиќ го урниса Алкараз |
Внеси реплика |
Автор | |
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јануари.2024 во 22:47 |
Карлос Алкараз важи за најдобар млад тенисер во светот, Шпанецот успеа да мине и кратко време на врвот на АТП-листата, по што почна се почесто да говори за темата „уривање на Новак Ѓоковиќ“, на само од светскиот ранкинг, туку и за рекордите што Новак ги постави со децении макотрпна работа, а Алкараз преоптимистично најавува дека е пдготвен да ги достигне. Реалноста е сосема поинаква, откако последниот пораз од Александар Зверев во четвртфиналето од Австралија Опен само потврди дека младиот Шпанец се наоѓа во сериозна резултатска криза, која почна од – еден болен пораз од Новак Ѓоковиќ. Станува збор за Матерс-турнирот во Синсинати, каде Алкараз замина полн со самодоверба по освоениот трофеј на Вимблдон по победата над Ѓоковиќ. Во финалето повторно против себе го имаше Србинот, имаше и водство од 1-0 во сетови и брејк во вториот сет, но тогаш Новак воскресна, не само што се врати, туку со голем пресврт стигна и до победата. Резултатите велат дека од тој пораз во Синсинати, Алкараз веќе не личи на оној тениски џин што е недопирлив за ривалите. Впрочем, потврда за тоа е фактот дека во последните пет месеци тој не само што не освои ниту еден трофеј, туку и не успеа да стигне до ниту едно финале. На УС Опен играше полуфинале каде беше декласиран од Данил Медведев, следеше Пекинг каде во полуфиналето загуби од Синер, а потоа на Матерс-турнирот во Шангај беше поразен од Григор Димитров. Сензација беше неговиот пораз на Мастерсот во Париз од Роман Сафијулин, а на завршниот турнир во Торино Алкараз налета на расположениот Ѓоковиќ, кој во полуфиналето лесно го демолираше со 6-3, 6-2. |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |