![]() |
|
ОСКАРИ 2015 (The 87th Academy Award Nominations) |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | |
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 14.Март.2015 во 01:33 |
Од трите оскаровци што ги изгледав: Birdman, одличен филм. Интересна приказната, поинаков, неконвенционален... ама немаше ли подобар филм за главниот Оскар? The Imitation Game, комплетно добар филм. И покрај изменетите историски факти, убаво спакуван како приказна. The Grand Budapest Hotel, исто прекрасен филм, со многу комични моменти. Со толку глумци ветерани (иако подостарени и збрчкани ![]() Добри, квалитетни, големи филмови, со заслужени номинации и... ништо спектакуларно, што не би го заборавила или би го изгледала и по втор пат. ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За срамота, годинава не најдов време да изгледам ниеден од филмовите номинирани за Оскар. А и модната ревија не ја гледав. ![]() Ама ќе изгледам барем 5-6, си направив листа. Пантер, алал да ти е. ![]() |
|
![]() |
|
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Полошо водени (Нил Патрик Харис беше очаен во обидите да биде вицкаст), полошо одбрани актери за преставување на некои категории за номинации и полоши коментари од добитниците на Оскарите, на кои не им беше место на таа вечер да бидат кажани, до сега немало на ваквите манифестации. Единствена светла точка беше интерпретацијата и реакцијата на песната од филмот Селма. Според оние фолмови кои имав можност да ги гледам, Оскарите беа заслужено поделени. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
![]() |
|
evangeline ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И јас го гледав Still Alice, секоја чест за Мур!
Од оскаровциве ги гледав American Sniper и The Grand Budapest Hotel (овој вториов одамна), мислам дека сосема заслужено беа во трка.. ГИ гледав и Селма и Хобит меѓу другиве.. И по (индиректна ![]() Ама се е ствар на вкус. За следнава година ветувам повеќе ќе изгледам
![]() Изменето од evangeline - 23.Февруари.2015 во 23:25 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Џулијан Мур беше најдобра во категоријата за најдобра актерка во филмот „Still Alice” за жена болна од Алцхајмерова болест.
![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Од овогодинешниве оскаровци ги изгледав The Theory of everything и American sniper.
И двата ми беа под очекувањата... Првиов излезе повеќе за моралот на сопругата на Стивен Хокинг, а вториот типично пропагирачки филм. Од краткиве рецензии на panter123 Selma можеби и ќе го изгледам но повторно сум резервиран за тоа дека е одличен филм. Остана она чувство кај мене дека европскиот филм сепак е во рамките на седмата уметност,а Холивуд излезе од тие патеки... |
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Birdman“ доминираше на Оскар 2015![]() Филмот „Birdman“ беше големиот победник на вечерта. Тој ја доби најпосакуваната статуетка за Најдобар филм, но ги присвои и наградите за Најдобро оригинално сценарио иНајдобра кинематографија, а на Алехандро Гонзалес Ињариту му ја донесе статуеткатаНајдобар режисер. ![]() Џулиен Мур беше прогласена за Најдобра актерка за улогата во филмот „Still Alice“, додека „Boyhood“ ѝ ја донесе на Патриша Аркет наградата на Најдобра актерка во споредна улога. ![]() ![]() За портретирањето на познатиот физичар Стивен Хокинг во драмата „The Theory of Everything“, Еди Редмејн се закити со врвната награда Најдобар актер. Џеј Кеј Симонс за филмот „Whiplash“ триумфираше во категоријата Најдобар актер во споредна улога. ![]() ![]() Златната статуетка за Најдобра оригинална песна ја добија Џон Леџенд и раперот Комонза „Glory“ од филмот „Selma“. И „The Grand Budapest Hotel“ беше добитник на четири награди, но во помалку популарни категории како Најдобар дизајн на костими и Најдобра шминка и фризура. Полскиот филм „Ida“ на режисерот Павел Павликовски го освои Оскарот за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. ![]() ЛИСТА НА ПОБЕДНИЦИBest Picture: „Birdman“ Best Animated Feature Film: „Big Hero Six“ Изменето од Valerija - 23.Февруари.2015 во 15:31 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најдобрите моменти на Оскарите: Нил Патрик прошета по гаќи, Џон Траволта ѝ се „пушташе“ на Идина МензелOва беше едно од подосадните изданија на Оскарите и покрај тоа што се очекуваше Нил Патрик Харис да блесне на водителската позиција. Освен неколку интересни сцени, не понуди нешто кое ја воодушеви публиката.Од друга страна, немаше ниту некои посебни гафови за смеење, туку повеќе емотивни говори кои навистина ќе се паметат. Реакциите во некои моменти на дел од ѕвездите се дел од највпечатливите моменти:
Изменето од Valerija - 23.Февруари.2015 во 15:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Инаку од номинираните за најдобар филм мислам дека Birdman и Thr Imitation Game ќе водат главна битка за најдобар филм, критичар не сум, ама ме бендисаа тие два филма а може и The theory of everything да се вмеша тука.
Чудни филмови годинава, некако не реални до крај, ептен се драматизирани, посебно The imitation game, има во него историски факти нормално, ама е сведено тоа на 5 луѓе, а биле 5000....добар е филмот за Хокинг, ама што знам, ме нервираше некако, тој што го глумеше Хокинг, Еди Радмајн веројатно ќе добие оскар, или тој или Мајкл Китон.
American sniper го гледав исто, ептен добра улога на Бредли Купер, според мене тој треба оскар да освои...може не заслужува, ама па јас сакам онакви филмови, воени, мрачни на моменти, во исчекување на секој потег на ликот главен..супер филм за мене, најдобар од сите ама оскар за најдобар филм не ќе добие. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ќе проба да ги гледа оскарите, ама тешко дека ќе издржа, доцна се многу упм.....ептен доцна
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Gabriela_S ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Го гледав анимираниот Big Hero 6, убава приказна.
|
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
![]() |
|
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На Сител |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На кој канал ќе има пренос?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
panter123 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 15783 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Редно и време е да се отвори темата во предвечерието на доделувањето на најпрестижната награда во филмската индустрија на планетарно ниво оскарите Годинава ја одбележаа доста квалитетни филмски остварувања кои се закитија со номинации во различни категории, номинирани во категоријата најдобар филм се 8 филмови, (за разлика од минатата 2014 година кога беа номинирани 9 филмски остварувања) од кои скоро сите се одлични и квалитетни, но сепак, неколку се издвојуваат со својот квалитет во однос на другите, Birdman (2014) на мексиканскиот режисер Александро Гонзалес Инариту на кого ова му е втора номинација за филм после номинацијата за најдобар филм во 2006 година за Бабел, Birdman (2014) е чуден, необичен, мистериозен, алегоричен, со комични елементи проткаена приказна која фасцинира, замислува, потикнува на размислување, секоја чест за Инариту, за концептот на самиот филм и начинот на негова реализација, филмот откако беше претставен на неколку значајни филмски фестивали го привлече и окупира вниманието на публиката а посебно на филмската критика, заслужена номинација, еден од најсериозните кандидати за оскарот, Boyhood (2014) - номиниран за 6 оскари, исто така фантастичен филм со голем потенцијал за оскар, филм во кој е претставен животот на младото момче во текот на 13 години, Линклатер го потврди квалитетот кој го поседува, познат по трилогијата на филмови Before Sunrise (1995), Before Sunset (2004), Before Midnight (2013), и во најновиот негов филм Boyhood (2014) преовладува таа нота, тој стил по кој е препознатлив Линклатер, The Grand Budapest Hotel (2014) - филм кој ги воодушеви гледачите ширум светот, и покрај премиерата која беше на почетокот на годината сепак не беше истиот потиснат, засенет, од останатите филмови кои беа промовирани пред неколку месеци, се со цел истите повеќе да останат во меморијата на критичарите, ова го потенцирам како факт, стратегија која ја практикуваат најголемиот дел од продукциите, кои ги промовираат своите филмови неколку месеци пред оскарите со цел да изборат сигурен пласман во номинациите, но и покрај тоа The Grand Budapest Hotel (2014) се избори за номинација, со тоа го потврди квалитетот кој го поседува, The Imitation Game(2014) - Одлична биографска приказна, номиниран за 8 оскари, филм кој заслужува и вреди да се погледне, Мортен Тилдум се потврди како фантастичен режисер, но и останатата екипа е на висината на задачата со одлично одиграни улоги од страна на Бенедикт Комбербач и Кеира Најтли, Selma (2014) - прекрасна биографска приказна за едно од најголемите имиња во историјата на САД, хумана личност, борец за човекови права, поборник за мирно, ненасилно решавање на конфликтите и добитник на нобеловата награда за мир - великанот Мартин Лутер Кинг, одлично одиграна улога од страна на главниот актер кој феноменално го одигра великанот Кинг, Дејвид Ојеоло заслужи да биде номиниран за оскар за најдобра машка улога, откако го изгледав филмот сигурен бев дека ќе добие номинација, но пак патриотската политика на најголемиот дел од членовите на академијата му даде предност на Бредли Купер - кој за мене беше големо изненадување бидејќи и не очекував воопшто истиот да биде номиниран за главна улога, не дека не е добар, сепак Ојеоло повеќе ја заслужи номинацијата од Бредли, овој филм беше изземен и од номинацијата за најдобра режија која исто така ја заслужи, зошто? затоа што Ава Дувернеј е афроамериканка, треба да се гледа, да се цени, квалитетот и тој да биде единствен критериум а не бојата на кожата да биде мерило кој ќе добие номинација.The Theory of Everything (2014) филм кој ми го привлече вниманието уште откако го изгледав трејлерот, само од изгледаниот трејлер кој го постави Орка, бев убеден, сигурен дека филмот ќе биде еден од најсериозните кандидати за оскарите, што се потврди како точно, воопшто не згрешив, филмот е феноменален во секој поглед, одлична режија од страна на Џејмс Марш, феноменални улоги од страна на главните актери Еди Редмајн и Фелисити Џонс, филм кој го прикажува животниот пат на најгенијалниот ум на денешницата големиот, големиот гение Стивен Хокинг, Whiplash (2014) - одличен филм кој ја покажува истрајноста, одлучноста во насока да се постигне животната цел која ја има поставено поединецот, филм кој со уживање и задоволсто се гледа, American Sniper(2014) вистинско изненадување е филмот кој воопшто не се очекуваше да добие номинација, како гром од ведро небо беше дочекана информацијата за номинацијата на филмот во 6 категории, неочекувана, но веројатна номинација, која стана стварност, по незнам кој пат ова се потврдува веќе неколку години со ред во кој се фаворизираат филмови каде е прикажана "патриотската" американска страна во делот од воените конфликти ширум светот и нивните херои и потфати. Сублимирано можам да истакнам оваа година имаше доста квалитетни филмови кои ги исполнија очекувањата на публиката и филмската критика, но сепак неколку се издвојуваат како фаворити во трката за најпрестижната награда во филмската индустрија - во најзначајната категорија најдобар филм Birdman (2014), Boyhood (2014) се двата филмови кои се најсериозни кандидати за добивање на златната статуетка во оваа категорија, но нема да биде изненадување доколку тоа биде и еден од овие филмови The Grand Budapest Hotel (2014), или The Theory of Everything (2014). Во категоријата најдобра режија најголеми шанси за добивање на златната статуетка има Ричард Линклатер кој повеќе од одлично си ја заврши задачата со филмот Boyhood (2014), но како негов најсериозен конК*рент се јавува мексиканецот Алесандро Гонзалес Инариту режисерот на филмот Бабел, кој од нив двајцата и да ја добие, нема да биде неправда, и двајцата ја заслужуваат, нијанси се во прашање, на Линлатер ова му е прва номинција за режија додека на Инариту втора, првата беше за филмот Бабел во 2006 година, вредно е да се напоменат и останатите номинирани Вес Андерсон кој е дебитант во оваа категорија заедно со Мортен Тилдум, Бенет Милер за филмот Foxcatcher ја освои својата втора номинација, првата му беше за филмот Capote (2005) Најдобар актер - во оваа категорија најсериозен и сигурен кандидат е Еди Редмајн, немам никакви дилеми дека тој потполно заслужено треба да го освои оскарот за најдобар актер, супериорен е во однос на останатите номинирани, лично тој е мој фаворит, Еди во последниве години прилично на високо ниво го демонстрираше својот талент и квалитети, најпрво неговиот талент го забележав во филмот Мојата Недела со Мерлин во 2011 година, следната година тоа го продолжи со својата одлична улога во филмот Клетници на режисерот Том Хупер(режисер на оскаровецот Говорот На Кралот) каде Редмајн уште повеќе се истакна со својата улога на исклучителен актер, за да врвот - кулминацијата ја достигне со маестралната улога во филмот Теорија за Се, едноставно блесна во полн сјај, на површина испливаа неговите квалитети, талент кој го поседува и заслужено оскарот треба да замине во негови раце, толку добро го портретираше ликот на Сивен Хокинг - до најситни детали, психички го долови маестрално, до совршенство се доловени моторичките движења на Стивен, Хокинг верувам се гордее што Џејмс Марш се одлучи неговиот лик да го толкува феноменалниот Еди. Дополнително нешто што треба и му оди во прилог на Редмајн да го добие оскарот е ликот, делото, значењето на великанот Стивен Хокинг, лично сметам дека не постои некој кој подобро, поавтентично, пооригинално би го портретирал Стивен. Мајкл Китон - одлично одиграна улога во фантастичниот филм за кој немам никакви забелешки, концептот на самиот филм е за секоја пофалба, Китон феноменално го одигра ликот но сепак е далеку под нивото на Редмајн, не очекувам изненадување во тој поглед од академијата, иако и тоа е можно, ова му е прва номинација за оскар во прилично долгата актерка кариера, Бенедикт Комбербач - одлично одиграна улога достојна за номинација, е фаворизиран од одредени кругови и лобисти за да го освои оскарот за надобар актер, не верувам дека ќе го добие, добар актер кој се прослави на филмското платно со улогата во серијалот за Шерлок Холмс, исто така минатата година имаше солиден перформанс во филмот August: Osage County каде ми се допадна, Стив Карел - актерот кој сите го знаеме од улоги во комедии, најголем дел од неговото филмско портфолио е исполнет со таков тип на перформанси, оваа година се претстави во сосема подруго светло, во посериозна улога, како и минатата година што истакнав во врска со актерот Метју Меконахи кој претежно играше улоги во романтични драми - комедии, тоа истото се однесува и за Карел за кој сите имавме такво мислење, и така истиот беше и е перцепиран од страна на публиката и особено од филмската критика, ова на Стив му е плус во неговото сиви, кој веројатно има шанси во наредниот период доколку демонстрира вака добри перформанси да се закити со златна статуетка, Бредли Купер - неколку години последователно е номиниран за оскар и тоа 2013 за филмот Во Добро И Во Лошо - за главна машка улога, во 2014 за Американска Измама за споредна машка улога и годинава за Американски Снајперист исто така за главна улога, која му е трета номинација по ред, не е спорно дека станува збор за одличен актер, но во однос на останатите нема никакви шанси за оскар. Оскарот за најдобра актерка најверојатно ќе замине во рацете на бриљантната Џулијан Мур маестрално ја одигра улогата во филмот Still Alice(2014) истата ги освои наградите и на претходните филмски фестивали како што се Златните глобуси, Бафта, Фелисити Џонс - феноменално го одигра ликот на сопругата на Хокинг - Џејн во филмот Теорија за Се - таа е мој фаворит, ова и е прва номинација за оскар за разлика од Џулиен која досега имаше четири номинации ова и е петта така да со оглед на минатиот труд заслужува да го добие оскарот, Марион Котилард - една од најдобрите актерки во Холивуд, една од моите омилени, после маестралната улога и оскарот за улогата на Едит Пјаф ова и е една од повпечатливите улоги, шансите за оскарот на нејзина страна се мали, Розмунд Пајк - изненадување во позитивна смисла, актерка која е прилично анонимна, со улогата во филмот Gone Girl на маестралниот Финчер, се возвиши до небо со својот очигледен и неспорен талент кој го поседува, очекувам исто така добри улоги од нејзе и во иднина, Рис Витерспун - после освоениот оскар за филмот По Работ, ова и е една од најдобрите улоги во последниве неколку години, вистинско освежување и уживање да се гледа Рис во вистинската приказна за авантуристката која се одлучува да тргне на долго авантуристичко патешествие. Оскарот за споредна машка улога заслужено ќе замине кај Џеј Кеј Симонс, според мене е супериорен во однос на неговите конК*ренти, но и останатите номинирани Роберт Дувал, Едвард Нортон, Итан Хоук, Марк Рафало се исто така добри. Во категоријата споредна женска улога силите ќе ги одмерат Патриша Аркет која најверојатно го освојува оскарот, нејзините конК*рентки се подеднакво добри во своите перформанси нијанси се во прашање, посебно ми се допаднаа улогите на Мерил Стрип која е стандардно добра во своите маестрални перформанси, одлична во улогата е Кеира Најтли, Ема Стоун ме освои со улогата во филмот Човекптица, и Лора Дерн беше добра во филмот Дивина За најдобар анимиран филм трката ќе се води помеѓу Big Hero 6 и How to Train Your Dragon 2 Во категоријата филм од англиско неговорно подрачје шанси за златна статуетка имаат следниве два филмови полскиот Ида кој мислам дека ќе победи и рускиот Левитијан Ќе прокоментирам и за филмовите, актерите, актерките кои ја обележаа оваа 2014 година со своите квалитети и исклучителни перформанси но не се изборија за номинација иако потполно ја заслужуваат исто како и оние кои се номинирани, Ејми Адамс очекував номинација, бидејќи сосема ја заслужи со нејзината феноменална улога во филмот на Тим Бартон Big Eyes(2014) но академијата се одлучи да номинира некоја друга, доколку Ејми добиеше номинација загрозена е победата на Џулиен Мур, Дејвид Ојеоло исто така е онеправдан со номинација, неговото место го завзеде Бредли Купер, Ава Дувернеј си заслужи номинација но бојата на кожата најверојатно е критериумот што истата не ја доби, можеби и Џенифер Анистон требаше да добие - улогата во Cake и е одлична, ова позитивно ќе и се прокнижи во нејзиното сиви, и во иднина доколку даде вакви исклучителни перформанси и е загарантирана номинација, тука ќе ги споменам и Џесика Честејн со одличната улога во филмот A Most Violent Year на Чандор, Хилари Свонк и многу други, од режисерите ќе ги споменам Финчер, Нолан, Чандор Очекувам од останатите членови на форумот, љубители и поклоници на филмот да земат активно учество, да ги искажат своите ставови, мислења, фаворити, во различни категории со цел да развиеме квалитетна дебата дискусија на темава. Изменето од panter123 - 23.Февруари.2015 во 02:24 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |