|
Ебола во Македонија ? |
Внеси реплика |
Автор | |
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Октомври.2014 во 22:41 |
..ebolas samoubiec,nov tip na terorist vo noviot svetski zagovor.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај нека не е ебола, оти само уште ебола фали во Македонија... Починатиот Британец веројатно имал само алкохолно труење, последен пат во Африка бил пред три годиниИ ова со еболата е пак некоја заврзлама во која се замешани фармацевтската индустрија и мафија, како што беше и со сличните вируси досега. Пред десетина дена, швајцарските телевизии пренесоа една изјава од директорот на Институтот за истражувања од областа на биомедицината од Белинцона, Швајцарија. Еве го текстот и еве што пишува во него, во кратки црти: Ebola: IRB Bellinzona aveva anticorpi 5 anni fa, si è perso tempoДиректорот изјавува дека во развојот на вакцина против ебола се изгубило многу време, токму поради фармацевтската индустрија. Институтот, уште пред 5 години (прв во светот) развил метод за изолирање на антитела од пациенти кои прележале ебола. Со тие антитела можело досега да се изработи вакцина или лек за еболата. Ама тогаш еболата не била толку горлива и актуелна тема. немало ни пари ни интерес за понатамошни истражувања, а фармацевтската индустрија сака производи кои се продаваат, па така проектот завршил во фиока. Да се реагирало уште тогаш, денес веќе ќе имало ефикасен лек. Како што вели директорот, не е проблем да се произведе вакцина, ама многу малку се инвестира на ова поле. Светот има пари за оружја и војни, но не и за важни истражувачки проекти, како за истражувачки проекти за развој на вакцина за екстремно опасни болести како што е еболата. А цената на овие истражувања е смешна во споредба со цената на војните. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја отворив темава а всушност не ми доаѓа ни една мисла да ја напишам тука...единствено останува да се помолам ова да излезе нешто друго, некоја хеморагична треска или нешто слично а не Ебола.... http://www.makdenes.org/content/article/26629625.html Ебола во Македонија ? - ќе се знае за два денаЗа британски државјанин коj со симптоми на внатрешно крварење денеска попладне почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје постои сомневање дека бил заболен од ебола. Пациентот кој три дена имал стомачни проблеми и температура од 37,5 степени престојувал во хотелот „ Супер 8“ во близина на Мавровка, од каде со итна помош бил пренесен во болница и покрај преземените медицински мерки. Според д-р Јованка Костовска од Институтот за јавно здравје, пациентот во земјава допатувал директно од Велика Британија на 2 октомври. Иако беше објавено дека претходно тој престојувал во Нигерија, подоцна негов пријател, кој исто така е под надзор на Инфективната клиника, тврдел дека не биле во ниту една земја која се смета за ризична заради вирусот на ебола. Здравствените власти испратиле материјал во меѓународно призната референтна лабораторија во Германија за да испитаат дали пациентот кој почина попладнево на Инфективната клиника во Скопје бил заболен од смртоносниот вирус ебола. Резултатите ќе бидат познати за 48 часа. Костовска изјави дека иако пациентот имал пониска температура од што е карактеристично за ебола (38,5) сепак пациентот ќе се третира како да бил заболен од оваа заразна болест. Хотелот во кој престојувал починатиот е изолиран и претворен во карантин, а во него под надзор се сите вработени и гости кои биле во контакт со заболениот. Под надзор е и медицинскиот персонал што го третирал пациентот, а Клиниката за инфективни болести е затворена и се дезинфицира. Според препораката на здравствените работници, еболата не се шири преку воздух. Таа е тешко и опасно заболување, но се шири само во директен контакт со заболен и според д-р Костовска доколку се покаже дека пациентот починал од ебола, ризик постои само кај лицата кои биле во директен контакт со него. За состојбата веднаш биле известени МВР и Амбасадата на Велика Британија во земјата. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |