|
ШКОТСКИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕЗAВИСНОСТ |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Септември.2014 во 17:05 |
НАМЕСТО ДЕМОKРАТСKИ, ДВОЈНИ СТАНДАРДИ НА ОБСЕ МОЖЕ ЛИ ГЕРТ АРЕНС ДА ГИ СПОРЕДИ ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ШКОТСКА? Асоцијацијата за заштита на изборните права, а нејзиниот шеф, Георги Фјодоров, во својот извештај напиша дека имаше повеќе гласови „за“ за време на пребројувањето. Па, прашањето е како се случи да победи кампот „не“ и тоа во услови кога една невладина организација тврди дека на денот на гласањето кампањата за независност била во предност од цели 11 проценти, а потоа да загуби со десет проценти? |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам од каде дојде до кажаново, кога јас во редовен контакт со нив имам спротивно сознание. Народот не сака да бидат ниту со ВБ, ниту во ЕУ. Патем, доколку вистината e тоа што го велиш, зарем тие редовно ќе свикуваа референдуми за одделување од ВБ ? Зарем тоа ќе се случеше во 1979 и во 1997, пред сегашново во 2014? И на крајот, ако тоа e навиcтина како што велиш, зарем државата ќе организираше онакво дебело фалсификување на истите ??? |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
затоа што се навикнати на таа удобност и некој го искористи тоа... реално, Шкотите се убедувани дека не можат без велика Британија, исто како што ние сме убедувани дека не можеме без Европска унија и останати политички и економски алијанси |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе сакам да се цепкаат големиве држави!
Зошто да не сакам!? Па кога тие ни’ направија нам и на другите, зошто истото да не им се случи и ним? За општо цивилизациско добро тоа не би било убаво?! Ма ајде! Кога се работи за нивно обединување, тоа е цивилизациска придобивка, а кога се работи за обединување на некој друг, тоа (им) е опасност! Зошто да не се одвои Шкотска? И тоа со вакви „апла“ докази? А нас ќе ни’ го трлаат носот за наводни неправилности. Дволичност, хипокризија, газење на правото и делување од позиција на моќ. Сакам да се отцепи и Каталонија и Баскија и Фландрија и Баварија и Венето (и другите северни покраини на Италија) и Калифорнија и Тексас и ... Ако не за друго барем за она нашето препознатливо: „за мој (наш) ќеиф“. За да можат нивните „унионисти“ да видат како е кога некој те растура. Но, што за нас помалите и послабите е поважно, тогаш ќе немаат моќ да ни’ го перат мозокот, да не’ притискаат, да не’ уценуваат во нивните намери да прифаќаме се што произлегува од нив, притоа „признавајќи“ им дека тоа е нај убаво, нај добро, нај паметно ... нај нај Р.Ѕ. Добра му е забелешката на твитерџијата! Изменето од Zlatnik - 22.Септември.2014 во 11:29 |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јасно беше дека ниту Велика-та Британија ќе дозволи цепкање, ниту Европа и светските моќници ќе дозволат ризик од домино-ефект, ама на сопствен терен. Да беше во некоја експеримантелна држава, пропагандната машинерија ќе одработеше на друг начин. Двојни стандарди на дело, веќе не е ни чудно. Мене ме насмеа еден бисер од некој наш твитерџија, со прашањето: “Ако излезе Шкотска од Велика Британија, ќе може ли ние да влеземе на нивно место?“ |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има да учат од нас...Ќе си играат вака играчки,а комотно можеа Пустец-шема да си направат.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А како знаеме колку шкотланѓани биле за независност кога се правеле вакви тешки малверзации ??? Ако тој соодност бил во полза на унионистите зарем ќе се случувало ова ? Оноа што се гледа на видеото е само површината на манипулациите, онаа видливата, а според неа може само да си претпоставиме колкава била позади, онаа што не се гледа. Дури и да било тесно, зарем тоа е отворена виза за вакви (не)демократски ујдурми во една од најдемократските држави на светот??? И зарем во демократска држава нема да биде отповикано гласањето кога е документиран ваков фалсификат? Токму Британија со САД е држава која постојано бара поништување и непризнавање на избори во земјите ширум светот каде што ќе се регистрираат вакви нешта. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова видеово ми личи како да го креирал Калимеро лично...
Типот на крајот се жали дека никогаш нема да биде дозволено Шкотска да биде независна.. зошто да не биде независна ако за тоа гласаат 80-90% луѓе? Ако се отприлика фифти - фифти секогаш ќе има можност за манипулации. Исто така луѓето гледале и на последиците: нова поделба на унионисти и сепаратисти, можна граѓанска војна. Пресметале дека тоа е преголем ризик за тесен резултат од на пр. 52:48%. И за крај да се пошегуваме... отсекогаш во Обединетото Кралство се слушал зборот на Сер Алекс Фергусон, тој беше за NO. Изменето од LiDivio - 20.Септември.2014 во 09:12 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде една хипотетичка ситуација...
после некои си 20-30-50 итд години... поради пренаселеност, снемување ресурси, можеби и опстанок на планетата итд итд... светските лидери одлучуваат да создадат светска унија на држави... со цел напредок на целото човештво, заедничка политика на живеење... можеби истражување или населување на блиски планети и пак итд итд... и тогаш во цел свет се спроведува референдум, со прашање... "Дали сте за тоа нашата држава да стапи во унија со сите светски држави"... и сите гласаат... прашувам... дали гласот на човечките суштества кои живеат во "цивилизиранитe" населени места... треба да има иста тежина како на оние кои живеат во амазонските шуми... афричките племиња, или оние кои пак условно кажано... живеат во "помалку цивилизирани - нецивилизирани" места... и во суштина немаат поим за што уствари гласаат и што ќе се случи ако гласаат... "за" или"против"... дали ако поголемиот дел од светското население изгласа против... треба да се остави планетата да се уништи...? како тука демократскиот глас има врска со... општото добро...? поентата ми е, демократија си е демократија... но да не бидеме наивни... знаеш како викаа порано за бракот... тоа е измислица на комуњарите за да ебат без пари... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пропагандата и медијумите се дел од животот и тие се неотуѓив елемент на демократијата. Јас верувам во еднo, ти веруваш во друго. Јас го пропагирам моето верување, ти твоето. Тука нема ништо спорно. Правото на слободен глас и неговото јавното изнесување е дел од основните човекови права. ОНОА ШТО Е СПОРНО Е ОДЗЕМАЊЕТО НА ГЛАСОТ, НЕГОВОТО БРИШЕЊЕ, КРАДЕЊЕ И ИСКРИВОКОЛЧУВАЊЕ. Секој нека си пропагира што сака, но на никој да не му се одземе правото слободно да гласа според сопствената свест и воља. Понуденото видеo го покажува ФЛАГРАНТНОTO кршење на основното човеково право. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се сложувам со Орка... џабе ќе имаш демократски избор, ако истиот насилно ти е напикан у врат од пропаганди и медиуми
има милион проблеми кои ја засегаат денешната демократија, која јас лично воопшто не ја сакам, таква каква што е, дури и кога се е чисто и под ред |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темава ја отворив како повод за дискутирање на слободите и демократијата во светот, а не како подршка на било која страна. Јас сум секогаш за слободен избор и за гаранција на истиот. Тоа е основно човеково право, како што се и правата на личен живот, слобода и сигурност без разлика на расна, етничка, религијска и родова припадност, без разлика на националност и социјална припадност, без обзир на местото на раѓање, стекнатата сопственост или било што друго. Никому не смее да му се одземе правото на глас, никој не смее да биде присилен на било што и никој не смее да биде деградиран на сите хумани и социјални нивоа. Пред законот сите се рамноправни и никој не е фаворизиран по никаква основа. Секому му припаѓа законска заштита која ќе ги гарантира неговите човекови права. Никому не смее да му бидат одземени овие права, никому не смее да му биде одземен неговиот глас, ниту истиот преиначен во нешто што не е по негова воља. За жал нашава (не)цивилизација вредностие ги постави само на хартија, а истите ги практицира според моменталните политичко-економски интереси и потреби. Уште пожално е што со време кривото почнавме го оправдуваме и прифаќаме како право, а правото да го обезвреднуваме и прифаќаме како криво. Изменето од Messenger - 19.Септември.2014 во 23:51 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаа право на тоа и си го остварија,не сега ќе навлегувам во некои теории за заговор итн. итн. Кој прател и знае какви се медиумски притисоци се извршија за моделирање на јавното мислење во Шкотска деновиве.Па отука на место поставените прашања од Messenger ќе ги одговорам во стилот на емил со едно тврдо "НЕ". Најмалце во овој момент му одговара на западниот блок да им заигра мечката што насекаде ја пратија да игра. Но 21 век сме умре ваквото војување и убедување, денес чичкото ќе каже како треба да биде, и еден куп "еминентни" фраери ќе ви го всадат тоа во глава... |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |