|
Интересни факти за фудбалот |
Внеси реплика |
Автор | |
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Јуни.2015 во 02:19 |
Корупцискиот скандал кој фрли сенка на легитимитетот на ФИФА го донесе прашањето пред целиот свет...
Дали ние сите само слепо верувавме со сето срце во искреноста и фер плејот на играта наречена фудбал? Јас мислам дека многумина од нас доооолги години биле во заблуда за тоа додека се местело зад кулисите на највисоко административно ниво. http://edition.cnn.com/2015/06/07/football/fifa-scandal/ |
|
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Осум од 12-те градови-домаќини на Мундијалот во Бразил спаѓаат во 50-те најнасилни градови во светот 2. Светското првенство во Катар 2022 година ќе однесе повеќе човечки животи од 11 Септември 2001 година поради изградбата на стадионите во небезбедни и несоодветни услови за работа 3. Лусеил градот домаќин во 2022 година сеуште не постои 4. 149-0 е највисокиот резултат кој некогаш е постигнат во фудбалот 5. Во 2013 година, фудбалерот Кристијано Роналдо отвори Музеј кој си го посвети на сам себе 6. Повеќе од една од 20 повреди фудбалерите ги добиваат кога прославуваат за дадениот гол 7. Дваесетмесечно бебе стана најмладиот професионален фудбалер откако беше забележан од еден белгиски клуб 8. Првиот фудбалски натпревар кој бил пуштен на телевизија бил меѓу првиот и вториот тим на Арсенал во 1937 година |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Повеќе од 1 милијарда луѓе го следат Светското првенсто во фудбал на телевизија.
2. Само во две финалиња на Светското првенство не учествувала екипа од Европа ( 1930 и 1950 година ). 3. Најмногу навивачи на еден фудбалски натпревар имало во јули, 1950 година , кога на стадионот Маракана во Рио де Женеиро присуствувале 199.854 гледачи. Играле Бразил и Уругвај. 4. Најмалку гледачи на еден натпревар од Светското првенство во фудбал имало во Уругвај во 1930 година. На еден натпревар дошле само 300 луѓе , да го следат натпреварот во живо. 5. Голманите не требало да носат различни дресови од своите соиграчи до 1913-та година. 6. Индиската репрезентација се повлекла од Светското првенство во фудбал во 1950-тата година бидејќи не им било дозволено да играат боси. 7. Фудбалерите во просек трчаат по 9,5 километри на секој натпревар.
Изменето од Schatzii7 - 09.Јуни.2015 во 15:27 |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 – Босна и Херцеговина ќе дебитира на светските првенства, со што ќе стане 77-та репрезентација која учествувала на Мундијалите. 2 – Број на репрезентациите кои во Бразил ќе ги одиграат своите 100-ти натпревари на СП. Германија јубилејниот натпревар ќе го одигра против Португалија, додека Бразил 100-от меч на Мундијалите ќе го одигра против Камерун. 3 – Бројот на светските шампиони во Д групата. Имено, во оваа група се сместени Англија, Италија и Уругвај кои во минатото ја освојувале светската титула. Ова ќе биде прв пат во иста група да играат три поранешни светски шампиони. 4 – Бројот на одиграни светски првенства во Јужна Америка. Уругвај беше домаќин во 1930 година, Бразил во 1950, Чиле во 1962, а Аргентина во 1978 година. 5 – Бројот на држави кои по два пати биле домаќини на Мундијалите. Бразил (1950, 2014), Мексико (1970, 1986), Италија (1934, 1990), Франција (1938, 1998) и Германија (1974, 2006). 6 – Бројот на бразилските градови кои по втор пат ќе им бидат домаќини на најдобрите светски селекции. По 1950 година и во 2014 година домаќини ќе бидат Рио да Женеиро, Сао Паоло, Бело Хоризонте, Коритиба, Порто Алегре, Ресифе. 9 – Бројот на репрезентации кои играа во СП во 1950, а ќе бидат дел и од првенството во 2014 година. се работи за репрезентациите на Бразил, Чиле, Италија, Англија, Шпанија, Швајцарија, Мексико, Уругвај и САД. 10 – Толку титули на СП освоиле европските репрезентации, јужноамериканските селекции имаат една помалку. 16 – Пред 16 години Колумбија последен пат настапила на едно Светско првенство 20 – Светското првенство во Бразил ќе биде 20-то по ред, а Бразил е единствената репрезентација која настапила на сите досегашни првенства. 24 – Бројот на репрезентации кои играа на Мундијалот во 2010, а исто толку национални тимови ќе настапат и во Бразил. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Schatzii7 - 16.Октомври.2013 во 12:49 |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите занимливости и факти поврзани со фудбалот споделувајте ги тука.
Во продолжение неколку интересни факти за најважната споредна работа во светот - фудбалот кои можеби не сте ги знаеле: 1. Најстариот фудбалски клуб е формиран во 1857-ма година и го носи името ФК Шефилд. 2. Фудбалот е најгледаниот и најиграниот спорт на планетава. 3. Индиската репрезентација се повлекла од Светското првенство во фудбал во 1950-та година бидејќи не им било дозволено да играат боси. 4. Голманите не требало да носат различни дресови од своите соиграчи до 1913-та година. 5. Фудбалерите во просек трчаат по 9,5 километри на секој натпревар. 6. Повеќе од 1 милијарда луѓе го следат Светското првенство во фудбал на телевизија.7. Првиот кошаркарски натпревар бил изигран со фудбалска топка. 8. Французинот Стефан Станис е човекот кој има постигнато најмногу голови на еден натпревар. Тој во декември, 1942 година постигнал 16 голови, кога неговиот клуб Ленс победил со 32:0 против еден нисколигаш во францускиот куп. 9. Само во две финалиња на Светското првенство не учествувала екипа од Европа (1930 и 1950 година). 10. Најмногу навивачи на еден фудбалски натпревар имало во јули, 1950 година, кога на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, присуствувале 199.854 гледачи. Играле Бразил и Уругвај. 11. Најмалку гледачи на еден натпревар од Светско првенство во фудбал имало во Уругвај во 1930 година. На еден натпревар од тоа Светско првенство дошле само 300 луѓе, да го следат натпреварот во живо. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |