|
Клеопатра |
Внеси реплика |
Автор | |
gotgold5
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 16.Април.2013 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Април.2013 во 08:05 |
Ta nadev, kjer jih ljudje pomogne gorenavedeniot napisati-up
|
|
Ташко
Сениор Регистриран: 22.Август.2012 Локација: МАКЕДОНИЈА Статус: Офлајн Поени: 217 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас па мислев да не е од тетратките на Аспарух... |
|
Македонија вечна
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не . Од дневникот на Александар Велики е информацијата . |
|
Marijaa029
Нов член Регистриран: 20.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарам многу :) Изворот е Википедија ?
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se nadevam kje ti pomogne gorenavedeniot post:)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Клеопатра VIIПрочуената египетска кралица од династијата Птоломеј е родена во 69. г.пр.н.е., а умрела во 30.г.пр.н.е. Владеела од 51.г.пр.н.е., најнапред како совладетел на својот брат и маж Птоломеј XIII кој наскоро завладеал сам, но мошне кратко. Имено, Јулиј Цезар го победува и ја враќа Клеопатра на престолот. Потоа таа се омажила за својот втор брат Птоломеј XIV, кому му го препуштила владеењето зашто во меѓувреме му станала љубовница на Цезар, кој ја повел во Рим (од 46.г.пр.н.е. до 44.г.пр.н.е.). Враќајќи се во Египет, наредила да го убијат Птомолеј XIV за да го земе за совладетел својот син Цезарион, кому татко му бил, како што тврдела, Цезар. Потоа му била љубовница на Марко Антониј, кому му родила три деца- близнаците Клеопатра Селена II и Александар Хелиос, како и синот Птомолеј. Во војната помеѓу Октавијан и Антониј Клеопатра на страната на Антониј со египетска флота во битката кај Акциј (31.г.пр.н.е.), римска колонија на јонскиот брег на Грција. Пред да одлучи да го напушти боиштето и да избега во Александрија, не успевајќи да го придобие Октавијан, а кој и го убил Цезарион, како и од страв тој да не ја поведе како заробеничка во триумфот во Рим, заедно со Антониј си го одзема животот со труење, според преданието со каснување на змија отровница. По смртта за децата се грижела жената на Марко Антониј, инаку сестра на Октавијан. По Клеопатра изумрела династијата Птоломеј, а Египет станал римска провинција. Клеопатра и нејзиниот живот се честа тема во ликовните уметности и литературата. Во европската книжевност влегла преку Плутарх, Хорациј, Проперциј и Вергилиј. Од ренесансната и барокната драма, која Клеопатра ја довела на сцената (Шекспировата „Клеопатра и Антониј"), нејзиниот лик се до денес во литературата е прототип на демонска жена која за мажите станува фатум („Ноќта на Клеопатра" од Т. Готје, „Цезар и Клеопатра" од Џ. Б. Шо, „Клеопатра" од В. Алфиери и др.). Музички таа тема ја обработиле, меѓу другите, Д. Кимарос и Ж. Масне во опери, како и Х. Берлиоз во ораториум, а сликарите (претежно драматскиот момент на смртта на Клеопатра) преку мајсторите од Ј. ван Скорел и Тицијан, Гверцино, Рение, Рубенс, Лорен и Тиепол, до Делакроа и Макарт. Сепак, најпознат е филмот од 1963. година, во кој Клеопатра и Антониј ги играат Елизабет Тејлор и Ричард Бартон. Постојат непотврдени сознанија дека Клеопатра VII Филопатор, како што и било официјалното име, била роднина на Александар Велики, најголемиот војсководач во историјата на светот. Сигурно се знае дека нејзин далечен предок бил Птомолеј I, генерал на Александар и, како што веруваат многумина, полубрат по татко му Филип Македонски. Прочуената убавина на Клеопатра најчесто се „врзува" за нејзиниот нос. Имено, според приказите сочувани до наши дни, очигледно е дека не и бил баш мал, но треба да се знае дека во древниот Египет изразениот нос се сметал за вредност, за верен знак на силен карактер и нескршлива волја. Археолозите пред две години утврдија дека претставата за неа и Антониј како убав пар е лажна. Имено, по студијата на 2000 години стара египетска монета, на која се втиснати нивните ликови, тие се „откриени" со непријатна надворешност. Клеопатра имала шилеста брада, тенки усни и остар, орловски нос, а нејзиниот римски љубовник ококорени очи, дебел врат и свиткан нос. Малата монета е проучувана на универзитетот во Њукастл, а била од 32. година пред Христа и е дел од колекција во сопственост на Антикварното друштво во Њукастл. „Популарниот изглед на Клеопатра е оној што ја прикажува убавата кралица која ја обожувале римските политичари и генерали. Најновите истражувања не се согласуваат со тој портрет", изјави Клер Пикерсгил, помошничка на директорот на универзитетските археолошки музеи. Линдси Аласон- Џонс објаснува дека римските писатели ја опишувале Клеопатра како интелигентна и харизматична и оти има заводлив глас, што не значело дека се работи за нејзина убавина. На едната страна на монетата е втисната главата на Марко Антониј со натпис „Antoni Armenia devicta", што значи „За Антониј, Арменија покорена". Ликот на Клеопатра се наоѓа на другата страна со натпис „Cleopatra Reginae regum filiorumque regum", што значи „За Клеопатра, кралицата на сите кралеви и на децата на кралевите". Најновата вест (април 2009.) е дека меѓународен тим на археолози верува оти во Египет, 50 километри западно од Александрија, ја пронашле гробницата на Клеопатра и Антониј. Ископувањата траат веќе три години и досега се пронајдени маската на Антониј, монети со ликови на љубовникот и кип на Клеопатра од алабастер. „Веруваме дека тука се погребани Клеопатра и Марко Антониј. Знаеме уште од Плутарховите записи дека се погребани заедно", изјавил Захи Хавас, водач на археолошкиот тим. Месец дена со радари го истражувале тоа подрачје и пронашле три важни локации. Според него, ова откритие, доколку се докаже дека е во прашање нивната гробница, ќе биде најголемо во 21. век. Под гробницата се пронајдени големи гробишта, што ги поттикнува тврдењата дека тука е погребано лице од највисок ранг, зашто во времето на фараоните бил обичај кралевите да се погребуваат во храм опкружен со гробови на блиски поданици. Ископувањата ќе продолжат есенва, а летото беа одложени од безбедносни причини, зашто близу до наоѓалиштето се наоѓа резиденцијата на претгседателот на Египет, Хосни Мубарак. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Marijaa029
Нов член Регистриран: 20.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здраво. Ми требаат историски информации во врска со Клеопатра. Би можел ли некој да ми помогне ?
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |