|
Приватните пензиски фондови крахираат |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 30.Декември.2015 во 12:24 |
http://www.makdenes.org/content/article/27457217.html
Дупката во пензискиот фонд вешто се прикриваше но кредитите веке секнуваат... |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пензионерите се уплашени бидејки цел живот одделувале и сега во деновите кога се немоќни не се спремни да останат без пари бидејки покриваат голем дел од трошоците и за деца и за внуци....
Егеецот тоа многу добро го знаеше па ги манипулираше во негова полза но стигна и крајот,а од пратениот сигнал треба да знае што да направи бидејки колапс му се ближи . |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nekoi luge se mnogu sebicni....vo slucajov penzionerite!!
,,.ic uvo ne gi boli za vnucite podocna.zemi -grabi-glasaj.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://telma.com.mk/vesti/drzhava-se-zadolzhi-so-73-63-milioni-evra
По 2 години од последниот пост на оваа тема излегува на површина крахираниот систем а тоа е позајмување на средства за исплата на пензии и плати. Позајмуваме пари од иднината за да исплатиме плати и пензии во сегашноста. |
|
TENDO
Нов член Регистриран: 24.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://educorner.mk/?page_id=227
Како финална анализа во обуката ќе биде изработката на модел за вреднување на една од двете најликвидни акции кај нас. Ќе биде направена историска анализа на финансиките извештаи од последните 5 години, ќе се пресметаат параметри со кои ќе може да се креира финансиски модел за идното работење на компанијата. Па преку дисконтирање на паричните текови, ќе може да се вреднува компанијата и нејзините акции. |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пензискиот фонд во Македонија бележи дефицит. Причините за тоа според економистите не се само во неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите, туку и лошите политички одлуки.
Ако овој тренд не престане, во една перспектива од 5,10, 15 години Фондот може и целосно да крахира.
Во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува дека ПИОМ секоја година позајмува се повеќе пари за исплата на пензиите. Лани од државниот буџет биле дадени 166 милиони евра за да може Фондот да ги исплати пензиите. Како што се намалија придонесите за пензиско, се намали процентот и за здравствено осигурување и тоа доведе до тоа државата да мора да интервенира. Во извештајот стои дека осигурениците на Фондот му должат 208 милиони евра. Според аналитичарите пропадната е и идејата за независен и самостоен фонд за здравствено осигурување со кој ќе раководат осигурениците. Сега тој е владина устанува која работи како сите буџетски установи, вели поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски. Причините за тоа не се само во економската ситуација, туку и претходно намалените придонеси за здравствено осигурување како што беа намалени и за пензиското осигурување. |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тука и се направи проблемот , различни медиуми различно ја пласираја веста,а никој не излезе да образложи и да кажи шо се случи со новата измена на законот и дали им е наложено на фондовите да ги продадат предвреме обврзниците или тоа сами тие го направиле .
Ако приватниот фонд како независно тело во своето работење направило ризик и изгубило дел од инвестициите на осигурениците а за тоа никој не ги принудил тоа не требаше ни да се објавува како помпезна вест пошто секоја инвестиција подлежи на ризик.Ако ги принудил некој на таков чекор како што објавија првично медиумите дава лош сигнал зашто кој би инвестирал ако договорот не се почитува.Многу нејасни работи.... |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прости не сум во Македонија, па кажи ако можеш кој тоа ги принудил пензиските фондови предвреме да го раскинат договорот?
Колку мене ми е познато приватните фондови се независни во своето работење и никој неможе нешто да им наложи доколку тие несакаат или невидат дека ќе имаат полза од раскинот. Секоја обврзница има номинална вредност, а каматата би требело да биде добивка, која теретски би тебало да ја заштити вредноста на вложените пари плус да оствари екстра добивка. Во спротивно луѓето не би инвестирале. И да е донесен нов закон или измена на постечкиот, обично проемните не се применуваат ретроградно. Договор може да се раскине спогодбено или судски. Неверувам дека во овај случај некој некому нешто му наложил. |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се работи за предвреме раскинат договор кој им е наложен на приватните пензиски фондови.
Со последните измени на законот за капитално финансирано пензиско осигурување, пензиските фондови две години порано мораат да се ослободат од овие хартии од вредност Еврообврзницата има номинална вредност и камата. Каматата е карот кој го прави пензискиот фонд. Затоa ме интересира мислењето на економист или брокер да ја објасни новата измена на законот.... Изменето од Alekxandar - 18.Август.2012 во 16:06 |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Александар,
Јас помислив дека си експерт кога видов дека си ја покренал темава. Ајде да одиме пред коператива, да се напиеме по едно пиво и да зборуваме за фудбал. Барем таму сите сме експерти! Да зборувам за нешто во кое не сум упатен немам намера посебно за специфики како обврзниците кои се само едне мал домен од работењето на во овие приватни пенсиски (инвестициони) фондови. Тоа треба да го прави и секој друг кој не е упатен во проблематиката. Меѓутоа ќе ја искористам оваа прилика да ти прикажам како е овде кај мене и како тоа функционира. Пенсизските фондови или така наречени Superannuation funds се во основа инвестицсики фондови кои работат во интерес на нивните челнови, идните понзионери. Фондовите се регулрани со законска регулатива, а се независни во нивниот делокруг на работа. Нивната задача е собраната парична маса која овде инзесува минимум 9% од бруто платата на секој еден вработен да ја инвестираат. Инвестициите ги водат инцестициски портфолио менаџери. Тие одлучуваат каде и колку ќе се инвестира. Обично не ги ставаат сите јајца во една кошница. Инвестициите можат да бидат најразлични од вложување во енергетика, инфрастуктура, акции, воена индустрија, обврзници..... Фондовите им нудат различни стратегии на членовите. Членот сам треба да си избере која стратегија најмногу нему му одговара. Генерално финасиските советници им помагаат при донесувањето на одлуката. Како опција стои и тоа да челнот може да ја промени стратегијата во било кое време. Во главно има 3 стратегии и тоа 1 брзо растечка погодна за помлади, каде турболенциите се поизразени 2 балансирана погодана средновечни, каде ризикот е избалнсиран 3 споро растечка погодна за позрасни или оние пред пензија, каде не би требело да чувстуваат поголеми растови и падови. Целта им е да обезбедат што поголема добивака за членовите, а тоа подразбира и продавање на обврзниците предвреме, ако фондот смета дека тоа е од поголема корист или пак заштита од поголема загуба. Во оваа светска економска криза мислам непостои фонд кој работи позитивно. Сите имаат огромни црни дупки, па не е ни чудо што се почесто слушаме за иницијативи со кои се предлага продолжување на работниот век. Дека незборувам на памет ќе ти дадам мој личен пример. Извештај добивам на секои 3 месеци. Во изештајот за последното тромесечие јас во мојот фонд имав 6000 доалри помалку во споредба со предходнот тромесечие. И покрај тоа што допринесував 9%, фондот ми изгуби 6000 + оние 9% што ги уплатував. Како стојат работите сега ако одам во пензија на 65 години ќе ми фалат 40% од моите пари, кои би ми обезбедиле пристојна пензија. Што ми преостанува? 1 да уплаќам повеќе 2 да работам до 75 години 3 да се надевам дека работите ќе се оправат 4 да се вратам во Македонија и пензијата да ја трошам таму Значи ако фондот инвестира во така наречени volоtile маркети и индустрии тогаш очекувај да има растови и падови. Тука спаѓа и нафтата и нејзините деривати, а и енергетскиот сектор. Меѓутоа едно е јасно кај нив на долг временски период неможеш да изгубиш, нивниот тренд секогаш е нагорен. Тајмнингот е битен ако си шпекулант. Ајде на пиво сега! Изменето од Platenik - 18.Август.2012 во 14:53 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кажаново не прави никаква логика. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кратењето на непотребните буџетски трошоци и вложување во енергетиката се полесен начин да се стабилизира цената на енергенсите долгорочно затоа што покрај нафтата и цената на јагленот ке скокни на светските берзи.
Инвеститорите ги интересира профит,а не социјални пакети. Според она шо го образложи доаѓа дека во Септември кога би имало пад на цената на нафтата ,владата би требало да издаде нова обврзница со повисока каматна стапка на обрзницата како би го вратила загубеното на пензискиот фонд. Мислам дека треба да се вклучат и по некој економист и брокер во целата дискусија. Интересно е да се види размислувањето на компетентни лица зошто колку и да се напрегаме да објасниме-дообјасниме тие се судираат секојдневно со проблемот. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во случајов се работи за две различни вредносни хартии, а не за намалување на номиналната вредност на интересот на една хартија. Едната се продава по нејзината договорена вредност и другата се купува по нова договорена вредност. Претходно напишав зошто е направено тоа и како формално пензијскиот фонд не реализира (наспроти "губи") 2% интерес за преостанатите две-три години. Тоа што формално не се реализира ќе се добие назад со субвенции на државата преку регулирање на цените на енергиите и другите потребштини, нешта кои народот бара да му бидат удоволени од владата. Кажи што е поарно, владата да го стори ова што го рпави сега и на крајот сите да добијат оноа што сметаат дека треаб да го имаат или да остави с'е како што е, па да се задолжи со нови кредити од надвор со најмалу двојно поголеми камати отколку што е интересот на обврзниците ??? И ќе повторам уште еднаш, ова не е некоја македонска измислица за грабење пари, туку редовна пракса на СИТЕ одговорни влади во светот. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...невидена работа.Немаш пари за глупостите свои,па брцни во џебот на другиот... Не ми е јасно каква дрскост и несериознен пристап кон одредени институции во самиот систем.По сево ова што се случува ме тера мислата ...нема иднина оваа држава,кога тогаш ќе се распадне.Тешко на обичниот човек во неа. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |