|
СЕХА Регионална лига |
Внеси реплика |
Автор | ||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Октомври.2014 во 11:40 |
|
Во шестото коло на СЕХА лигата Вардар го совлада Загреб со резултат 32:29.
Ова беше последниот натпреваркој Вардар го игра во СЦ Калепред да се пресели во Јане Сандански. Но она што мене ме остави без збор е пречекот на бившиот тренер на Вардар - Веселин Вујовиќ кој сега го предводи Загреб. Респект за публиката |
||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На увертирата на годинешната СЕХА лига
Вардар се посрамоти, реми исто како победа за Металург Македонскиот ракометен шампион Вардар се посрамоти во големото ракометно дерби, вечерва против лутиот ривал Металург, откако на отворањето на регионалната СЕХА-лига вечерва во салата „Борис Трајковски“ ремизираа со 28-28, иако металурзите играа буквално со вториот тим.Вардаровиот дрим-тим се мачеше да извади бод со преполовениот Металург на денешниот меч, откако тренерот на металурзите се спротивстави без речиси целиот прв тим, голманот Дарко Станиќ, бековите Наумче Мојсовски и Давор Вугринец, пикерите Никола и Велко Марковски... Вардарци беа пред пораз на осум секунди до крајот, кога Тимур Дибиров погоди од крилна позиција за реми 28-28. Претходно Златко Мојсовски реализира седмерец на 25 секунди до крајот, кога го донесе Металург на чекор до триумф. Металург до 37-та минута постојано водеше, имаше и четири предност во средината на првиот дел, но по 18-16 во седмата минута од вториот дел, Вардар направи серија од 5-0 во следните повеќе од осум минути и стигна до најголеми три гола разлика (18-21), предност што сите ја видоа како сигурна победа. Но Металург успеа да се врати во мечот, дури и да поведе, па црвено-црните мораа во самиот финиш да се вадат за барем бод. |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
О хо хо хо .... страв им е да не си набијаат комплекс
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Море и тренерот го отпуштија од нервоза и тоа на три дена од четвртфиналето против Кил во ЛШ... |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
У ху фала Богу ... а кого не би го болело
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вардар е првиот победник на Сеха првенството. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Апсолутно голем успех на македонскиот клупски ракомет на регионално ниво. Колку и хрватите да се вадад дека освен на македонците на никого друг не им е битна СЕХА лигата, пораз на нивен терен во полуфинале секако ги боли.
|
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со фактот дека Загреб е исфрлен во полуфинале успехот е веќе направен во ова натпреварување.Се надевам дека нема на другите екипи да им се остави примат шампиони во оваа лига и во следните сезони
А финалето , ќе си уживаме , да има добар ракомет и нека победи подобриот на крај
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.taratur.com/node/32468
По неуспехот во Шведска, македонските ракометари повторно ја израдуваа нашата нација, овојпат на клупски план. Покрај Металург, за тоа се погрижија ракометарите на Вардар кои среде Хрватска го совладаа фаворитот Загреб. Вардар Про направи големо изненадување и во вториот полуфинален меч од СЕХА лигата го победи тимот на Кроациа Осигурање Загреб со 30:29 во загребската „Арена“. На целиот натпревар имаше неверојатно 21 израмнување на резултатот, ниту една екипа немаше повеќе од два гола предност во текот на мечот, а Вардар притисна кога најмногу требаше – во последните пет минути, кога од негатива од два гола, преминаа во водство кое до крајот успешно го задржаа. Тихомир Додер со шест погодоци беше најефикасен во нашиот тим, а кај загребчани Шпилер постигна исто толку без ниту едно промашување. Тренерот на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ беше презадоволен од победата на неговите избраници над Загреб и пласманот во утрешното финале, каде што црвено-црните ќе се сретнат со Металург. „Лесно е да си оптимист откако ќе се победи. Знаев дека сме посвежи од Загреб, тие се изморени од настапите во ЛШ, како и од квалификациите за ЛОИ и не можеа да тренираат како нас. Целиот меч беше израмнет, се играше гол за гол, јас решив да имам поголема ротација на играчите, за да бидеме што е можно посвежи при крајот на мечот. И Загреб да победеше немаше да биде штета, но Вардар денеска беше подобар за таа една топка, која одлучи на крајот. Некогаш и најдобрата тактика е лоша ако не се одигра со срце, Вардар денеска одигра како што треба. Не може секој да го победи Загреб среде Загреб“, рече Вујовиќ. „Се покажа правилна мојата навика на секој меч да играат сите 16 ракометари. Зашто секој може да даде максимум ако настапи по 10 минути. Вардар имаше поголем мотив од Загреб, домашните можеби за момент помислија дека ќе им биде лесно со нас, но… Оваа победа е за престиж, утре одиме на титула, Загреб е сјајна екипа со добар тренер и ние сега не ни помислуваме дека сме подобри од нив. Но, победата добро ни дојде за да видиме до каде сме, колку можеме во моментот“, додаде тренерот на Вардар. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
СЕХА Регионалната лига ќе има македонски првак во своето прво издание, откако Вардар вечерва во второто полуфинале го совлада фаворитот Загреб (30-29) среде хрватската престолнина и утре во финалето ќе игра со Металург, кој попладнево беше за нијанса подобар од Татран (26-25). Избраниците на тренерот Веселин Вујовиќ одиграа неверојатно квалитетен меч, особено во одбраната, тотално го искористија тоа што играчите на Загреб беа поизморени, ем од настапите во Лигата на шампионите, ем поради настапите на хрватските репрезетативци во квалификациите за ЛОИ во Лондон и на крајот славеа огромна победа во „Арена“, каде што во минатото, но и сезонава паѓале многу поголеми ракометни имиња од Вардар.. На целиот натпревар имаше неверојатно 21 израмнување на резултатот, ниту една екипа немаше повеќе од два гола предност во текот на мечот, а Вардар притисна кога најмногу требаше – во последните пет минути, кога од негатива од два гола, преминаа во водство кое до крајот успешно го задржаа. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |