IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Интернет
  Активни теми Активни теми RSS - МИО најави 100 веб продавници за 100 .mk бизниси!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МИО најави 100 веб продавници за 100 .mk бизниси!

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака Обратен редослед
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МИО најави 100 веб продавници за 100 .mk бизниси!
    Испратена: 01.Февруари.2012 во 17:21
А еве ви совети од Магдалена Јовеска ............ за тие што веќе аплицираленамигнување

Неколку совети за поставување на е-продавница

Покрај постоењето на конкурс за пријавување на бизнис решенија и изработка на 50 интернет продавници од страна на Министерството за информатичко општество, решивме накратко да ви ги укажеме на неколку совети за поставување на една е-продавница во Македонија.

Најпрво сакам да напоменам дека под поимот „е-продавница“ не се подразбира интернет страница преку која можат да се вршат само нарачки на стока и услуги, туку и плаќање на истите со помош на платежни картички. Иако во нашата земја постојат практики за постоење на интернет продавници преку кои можете само да нарачате производи, а истите мора да ги платите при испорака.

Пред да започнете со техничкиот дел и изведбата на една интернет продавница, потребно е да одлучите што ќе продавате, како ќе го изведете начинот на набавка и испорака, која ќе ви биде групата на целни потрошувачи, кое е најсоодветното маркетинг средство за да ја претставите вашата интернет страница на потенцијалните купувачи. За да ја средите и имате црно на бело целокупната организација и план за изведба на вашата идеја, препорачувам тоа да го сторите со изработка на бизнис план, за чија изработка и содржина можете да најдете безброј темплејти.

Прв и основен чекор е да имате своја веб страница и закупено домен и хостинг за истата. Меѓутоа вашата интернет страница треба да има посебен дизајн и структура со што би ја носела функционалноста на интернет продавница. За ова е потребно посебно техничко решение, кое ги содржи компонентите на една интернет продавница и може да се најде и како слободен софтвер. Овој посебен вид на софтвер за е-продавници најчесто нуди урнек за каталог на производи, односно страница каде ќе бидат излистани (пожелно со приказ) производите кои ќе ги продавате. Да напоменам дека многу важна работа при внесувањето на производите во каталогот е постоење на опис на производот, каде потребно е да се наведат основните карактеристики, материјалот на изработка и начинот на одржување, во зависност од видот на производот и се разбира цената на производот.

online-shopping-cartoon

Никако не изоставајте го дизајнот и боите на е-продавницата, бидејќи самиот изглед е понекогаш пресуден во одлучувањето на потенцијалните потрошувачи да се задржат на вашата страница и да ја разгледаат понудата. Општиот впечаток и лесната и едноставна навигација, како и едноставноста на дизајнот (со избегнување на премногу шаренила и премногу информации на едно место) придонесуваат кон поголемата приемчивост на купувачот и секако кон генерирањето на посети кои ќе ви носат приход.

Доста значаен чекор е чекорот поврзан повторно со изработка на страницата и нејзиниот изглед, како и со правилното функционирање, земајќи ја во предвид политиката на работење. Потребно е јасно и видливо да бидат наведени правилата на испорака, како и правата на потрошувачите, односно полиса на враќање и секако не изоставуваќи ја политиката за заштита на податоци. Да ги одредите јасно и концизно правилата на испорака, пожелно е претходно да го одберете посредникот (ако тоа не сте вие), односно компанијата која ќе ја врши испораката на вашите производи. Овие информации само би ви оделе во прилог, влевајќи и доверба на вашите потрошувачи.

Конфигурирањето на една електронска продавница не може да биде комлетно без истата да биде поврзана со платежен процесор, односно да ги користи услугите на истиот за обезбедување безбедни плаќања и транскации на потрошувачите. Ова се постигнува со посредништво на банките кои нудат услуги во доменот на електронската трговија. Постојат неколку банки во Македонија кои нудат вакви услуги со посредништво на платежниот процесорCaSys, а одредени банки користат и други странски платежни процесори.

За да можете да ја вршите дејноста на трговец, односно да продавате производи преку интернет и притоа да нудите можност за електронско плаќање, мора да имате регистрирано фирма, за која ќе можете да отворите банкарска сметка на која ќе ја примате наплатата. Внимателно одберете која банка најмногу ви одговара, претходно разгледајќи ги условите и начините на наплата за нивните услуги.

Постојат многу други, ако можам да ги наречам фактори, кои влијаат и се клучни за успехот на една интернет продавница и можат да бидат проследени и од економски и од информатички аспект. Она што е важно е да се има добра идеја, која ќе понуди вредност и соодветен сооднос на цена, квалитет и погодност, поради што и потрошувачите ќе се одлучат да купуваат токму од вашата продавница.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 17:19
Еве го и соопштението...

„100 електронски продавници за 100 македонски претприемачи“


Една од причините за малиот пазар на електронска трговија во Република Македонија е малиот број на електронски продавници. Предуслови за постоење на такви електронски продавници постојат, односно не постојат никакви законски пречки за нивно функционирање. Единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес, од воспоставување на систем за водење на нарачки, преку поврзување со процесор за плаќање со кредитни картички, до систем за поддршка и испорака. Од тие причини, Владата на Р. Македонија, преку Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за економија, во рамките на акцискиот план за развој на електронската трговија, за 100 македонски фирми, start-up-и или веќе постоечки фирми, ќе обезбеди развој, имплементација и хостирање на 100 електронски продавници, во текот на 2012 и 2013 година.

 

Со тоа ќе се зголеми бројот на електронските услуги, ќе се поттикне развојот на малите и средни претпријатија и занаетчиите, ќе се зголеми извозот и ќе се овозможи едноставен начин светот да го види и проба македонскиот производ.

 

Во текот на 2012 година предвидена е изработка на виртуелни продавници за 50 претприемачи кои на лесен и ефективен начин ќе се стекнат со е-продавница. Уште поважно е дека истите ќе бидат и обучени за управување со ваков тип на виртуелна продавница од аспект на најновите технолошки и интернет трендови. На тој начин, овие претприемачи ќе бидат подготвени да ги продаваат своите производи или услуги во Македонија, но и во странство.

 

Претприемачите ќе бидат избрани на конкурс преку презентација на бизнис план, за чија подготовка ќе им биде обезбеден урнек. Најдобрите 50 бизнис планови ќе се квалификуваат за електронска продавница.

 

Избраните претприемачи ќе добијат готова продавница, почнувајќи од дизајн на веб-страната на продавницата, преку едноставен систем за водење на нарачки, модул за калкулирање на цена на поштарина според големина на кутија, тежина, дестинација, систем за рачно внесување на производи со опција за автоматски импорт, процесор за кредитни картици, како и хостирање во времетраење од 1 година (по потреба на Амазон Elastic Cloud). По завршувањето на првата година претприемачот ќе треба сам да си продолжи со хостирањето на продавницата.

 

Во клуч-на-рака решението, би влегло и професионално фотографирање на артиклите, copywriting и внес на податоци. Артиклите би биле со описи на македонски и англиски јазик.

 

Дополнително, би се обезбедила и пребарувачка (Search Engine) оптимизација (SЕО), промоција преку клик (Pay per Click) и обука за оптимизација за социјални мрежи (Social Network) оптимизација (SNО).

 

Паралелно би се изработил Агрегатор, т.е “SuperStore” којшто би ги содржел сите производи од сите продавници во системот и истиот би се промовирал како „централна точка”. Кога потенцијалниот купувач ќе избере производ линкот би го носел на Индивидуалната продавница од каде што се комплетира купувањето.

 

Исто така, би се изработиле туториали за методи на промоција на продавници, обука за користење на статистика за надгледување на нејзината ефективност.

 

Би се ангажирал маркетинг експерт кој ќе ги обучува  претприемачите за стратегија, методи на промоција, консултации во врска со позиционирање на елементите на веб страницата итн.

 

Во 2013 година, би се изработиле уште дополнителни 50 продавници.

 

Со цел да се обезбеди дополнителна логистичка поддршка, кога бројот на продавници ќе достигне до 100, доколку кај претприемачите постои интерес, ќе се субвенционира подигање на комерцијален drop-shipping дистрибутер кој од централна локација би ги испорачувал производите во странство за сите 100 е-Commerce продавници и останатите продавници кои би се појавиле на македонскиот пазар.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 17:18

Министерството за информатичко општество најави амбициозен проект да отвори, имплементира и хостира, 100 електронски продавници за 100 македонски бизниси и стартапи во тек на 2012-2013 година. Според МИО, проблемот со малиот пазар на електронска трговија во Македонија не е недовербата на корисниците да купуваат од онлајн продавници, туку проблемот е малиот број на електронски продавници.

„Предуслови за постоење на такви електронски продавници постојат, односно не постојат никакви законски пречки за нивно функционирање. Единствено нешто што недостасува е техничко предзнаење за целокупниот процес, од воспоставување на систем за водење на нарачки, преку поврзување со процесор за плаќање со кредитни картички, до систем за поддршка и испорака.“, вели МИО.

МИО во 2012-та ќе одбере 50 бизниси и ќе ги обучи вработените и ќе им стартува е-продавница. Е-продавниците ќе бидат со изработен дизајн, ќе имаат едноставен систем за е-нарачки, модул за калкулирање на цената на поштарина, ќе им биде обезбедено SEO оптимизација, фотографирање на артиклите, преводи, обука за оптимизација на друштвени медиуми, промоција преку клик, и ќе имаат обезбедено хост за 1 година. По една година, е-продавниците ќе бидат оставени на бизнисите да продолжат да си ги хостираат продавниците. Во 2013-та ќе бидат стартувани уште 50 е-продавници.

Бизнисите кои ќе добијат е-продавница ќе треба да конкурираат со бизнис план за кој претходно ќе добијат урнек како тоа треба да изгледа.

Сите продавници ќе бидат агрегирани на една страна, еден вид „веб трговски центар“ што ќе обезбеди полесно пребарување и откривање на продавниците.

„Со цел да се обезбеди дополнителна логистичка поддршка, кога бројот на продавници ќе достигне до 100, доколку кај претприемачите постои интерес, ќе се субвенционира подигање на комерцијален drop-shipping дистрибутер кој од централна локација би ги испорачувал производите во странство за сите 100 е-Commerce продавници и останатите продавници кои би се појавиле на македонскиот пазар.“, вели MIO во соопштението.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.