|
Сексуално преносливи болести |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 04.Јануари.2012 во 17:46 |
Генитален Херпес
Сиптомите за ова заболување можат да се појават и исчезнат,но вирусот(HSV-Herpes Simplex Virus)засекогаш останува во телото. Кога гениталниот херпес избива кај жените се појавуваат мали меурчиња околу вагиналната регија,нетипичен исцедок,главоболка,болка во мускули,печење и свраб при уринирање и потечени жлезди околу вагината. Кај родилките опасно е ако овој вирус се активира за време на породување,затоа што е најчеста причина за слепило кај новороденчето. Лекувањето трае 2-4 седмици со адекватна терапија,но можно е овој вирус да рецидивира во текот на животот. Изменето од Renatax - 04.Јануари.2012 во 17:47 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема ништо срамно во кондиломите, нема ништо срамно маж да отиде кај гинеколог (доколку има жена партнерка која мака мачи со ХПВ кој создава кондиломи и се лечи кај истиот)...
Срамот нема да не излечи. Денес секоја втора жена има ХПВ, што значи дека е исто и кај мажите. ХПВ-то е вистинска пандемија денеска. Има лек, само да се надмине срамот и стравот. |
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немам јас кондиломи бре, да не настане заблуда. Се работи за адолесцент кој закачил вакво нешто, па само мене ми кажа, а јас пак сирот појма немам за ова. |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу добро кажано,тука лежи клучот за превенција од овој вирус! |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Но овој режим не е доволен. Падот на имунитетот секогаш настанува поради неправилен начин на живот. Преиспитајте се што треба да промените во животот и секако не ги менувајте партнерите како чорапи.
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку кондиломите се горат со одредени препарати, може и гинеколог да ти ги изгори.
ЦИН 1 и некогаш ЦИН 2 може да се исчистат со конзумирање на многу витамини, минерали и антиоксиданси. За три месеци со одреден режим на живот може да го снема ЦИН 1, некогаш и ЦИН 2. Што треба да се конзумира? -Интегрални житарици, најдобро био без пестициди. - Јогурт или младо сирење помешани со ладно цедено лененови семе. - Секојдневно околу 750 мл цеден сок од цвекло, морков и лимон (или јабука). - Месо и шеќери не треба да се конзумираат во овој период. Може само овошен шеќер преку конзумирање на овошје во големи количини (на пр. како цеден сок). - зеленчук и овошје со зелена, лилакова и помаранџеста боја во големи количини (брокули, цреши, боровинки, моркови, зеље итн.). Внимавајте тоа да биде зеленчук или овошје кои се најмалку подложни на пестициди. На пр. јагодите, доколку не ви се проворерни, не треба да ги конзумирате, затоа што се одгледуваат со многу пестициди. - риба, школки и други морски плодови во големи количини, затоа што имаат цинк многу добар за санирање инфекции. - шитаке печурки. - да се избегнува конзервирана храна и се што на етикетата има емулгатори, конзерванси, ароми, вештачки бои. Плус на ова треба да конзумирате додатни витамини и минерали, на пример фолна киселина обавезно. Ecomer пилулите се исто доста добри, Германиму GE 132 и сл. имуностимулатори. |
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со текот на времето, доколку се остане со ист партнер, може организмот сам да изгради имунитет против вирусот. Но за тоа е потребен среден и здрав начин на живот.
Затоа ум во глава, здрав живот и верност! |
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден од начините за одстранување на кондиломите била со употреба на домашен јаболков оцет. Дали одстранувањето на кондиломите со домашен јаболков оцет, го одстранува и вирусот и самата инфенкција? Бидејќи, по моето скромно знаење, ХПВ не се чисти од организам, потребно е човек внатрешно да се исчисти, витамински терапии, употреба на бетадин и т.н.
|
|
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие вируси/бактерии се само потсетник на тоа колку е важно да не се менуваат партнерите како чорапи. Презервативот не е идеална заштита.
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се прави пенисоскопија со истиот микроскоп
(колпоскоп )како и кај жените кај гинеколог и да нагласиме дека сите овие испитувања се лесни безболни. Од 150 типови на ХПВ повеќе од 80 се идентификувани и нумерирани со броеви и се поделени во 3 групи. Високо ризични-16,18,45,56,58 Средно ризични-31,33,35,51,52 Ниско ризични-6,1,42,43,44 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дијагностиката машко претпоставувам на уролог ја прави? Или и мажот посетува гинеколог?
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно точно!
Инфекцијата со ХПВ кај мажите се манифестира на потполно идентичен начин како и кај жените,а тоа значи појава на кондиломи на скротумот,пенисот или пак околу анусот. Како што кај жените има појава од ЦИН1,ЦИН2 и ЦИН3, кај мажите се означува си ПИН1,ПИН2 и ПИН3. Дијагностиката е иста ,се зема брис од пенисот за ПАП тест и брис за ХПВ детекција и типизација. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Истите овие кондиломи можат да се појават кај машки полов орган претпоставувам? И покрај митот дека ХПВ не предизвикува никакви симптоми кај мажите?
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХПВ и генитални брадавици/кондиломи
Главен виновник за добивање на кондиломите е Human Papilloma Virusot i ова е најчестата сексуално пренослива инфекција во светот. Има 120 видови на ХПВ,но типот 6 и 11 се предизвикувачи на кондиломите. Оваа инфекција може неодредено време да биде во латентна форма ако вирусот се наоѓа длабоко во слузницата и нема симптоматологија,но мора да се нагласи дека иако вирусот е во неактивна состојба за инфицираниот,тој се пренесува на сексуалните партнери Значи знаеме дека некои типови на ХПВ може да не дадат никаква симптоматологија и не се опасност за инфицираниот ,но некои типови можат да предизвикаат рак на грлото на матката,затоа се советува редовен ПАП тест барем еднаш годишно. Гениталните брадавици морфолошки се мали ,меки,бледо розеви со релјефна површина и се јавуваат во групи,а во ретки случаеви можат да бидат големи и да се воспалат создавајќи непријатна миризба. Времето од инфицирањето до појава на кондиломи обично е 1-5 месеци,а во некои случаи и после неколку години од контактот со инфицирано лице како резултат на ослабен имунитет. Изменето од Renatax - 14.Декември.2011 во 16:48 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |