|
Дајте една лоша вест |
Внеси реплика | страница 123 17> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Август.2020 во 00:42 |
Рајко Дујмић...
Исидора Бјелица...
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОЧИВАЈ ВО МИР БИЛЈАНА: Ќе те помниме како актерка со непроценлив талент, успешен градоначалник, врвен професионалецАктерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Водa, Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во својот дом. Била пронајдена од страна на сопругот, обесена. Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Има две деца од првиот брак. -Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир- порачаа од Драмски театар на својот Фејсбук профил. Таму, ја објавија нејзината биографија. IN MEMORIAM Билјана Беличанец Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп (1994-1997), додека во 1997 година преминува во Драмски театар Скопје. Како актерка со непроценлив талент, работна пожртвуваност и професионалност, ги толкува главните улоги во пиесите и заслужено го зазема местото на првенец актер во ДТС. Од 2013-2017 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин – слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Цвета (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Македонка (Последните Македонци, 2012); Ема (Љубовници, 2015). Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010). Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата „Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012). Нејзините колеги, фанови и пријатели со тажни пораки се простуваат од Билјана. Почивај во мир Б.Б! Изменето од Valerija - 07.Април.2019 во 16:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска и утре ден на жалостВладата на Република Македонија донесе одлука денеска и утре да бидат денови на жалост. Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово. Бројот на жртви се искачи на 14. Од вкупно згрижените 37 лица во ГОБ „8 Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар. Седум лица го загубиле животот на самото место на несреќата, а другите седум им подлегнале на повредите. Имињата на 14 загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина. Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар. Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе. Сочувство до семејствата на загинатите! Нека почиваат во мир! Побрзо опоравување на повредените... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина познатиот диџеј БабураПо кратко боледување, утринава во Скопје почина познатиот диџеј Бабура, односно Љупчо Петровски (44). Диџеј Бабура беше еден од најзначајните музичари во Македонија кој беше дел од растот на македонската модерна клупска и радиo сцена. Настапуваше со сите светски диџеи што гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Легендарниот Дејвид Боуви почина од рак на 69 годиниДејвид Боуви почина од рак. Популарниот пејач пред три дена го прослави својот 69. роденден. Веста за смртта беше потврдена од синот на Боуви, Данкан Џонс. Во кратка порака на социјалните мрежи, беше објавено дека Дејвид починал од рак. „Дејвид Боуви почина мирно денес, опкружен од неговото семејство, по смела 18-месечна битка со рак“ – пишува на официјалниот профил на познатиот музичар на Facebook. Влијателниот Англичанец, кој мајсторски танцуваше меѓу повеќе музички жанрови, на креативен начин успеваше да ги спои музиката, модата и уметноста и да им подарува на своите фанови вонземски доживувања. Многумина ќе го паметат по неговото алтер-его Зиги Стардаст и по хитовите „Space Oddity“, „Heroes“, „Let’s Dance“, „Changes“, „China Girl“, „Under Pressure“, „Modern Love“, „Rebel, Rebel“, „Starman“ и „Ashes to Ashes“. Последниот музички албум на Дејвид, насловен „Blackstar”, беше објавен два дена пред неговата смрт. Почивај во мир Дејвид! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Самоубиство по раскинувањето: Девојката на Џим Кери пронајдена мртваПоранешната девојка на Џим Кери е пронајдена мртва, само неколку дена откако со актерот, со кој беа во три годишна врска, раскинале по втор пат.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za Rudimental mi e stvarno losha vest
postajem depresivan, histerican predacu se alkoholom, bojim se
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
neeeeeeeeeeee...zar i ti,?!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
:)))))))))))))))))))))))))))))
|
|
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sve si mislam deka Grujo ti e BIVSI...inace nema teorija tolku da svrsavas na negovoto ime,
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И Рудиментал го откажале
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Abe po Lukas mazi drvo se pijanea zeni prskaa od zadovolstvo na 25ti koa bese na Nemo
A poloso od otkazuvanjeto na Lukas kao sl*g bi bilo i Cola da otkaze Pa taka kje si ostane samo Rudimental P.S odamna mi se odbivni kafanskive i turbo folk pejaci, ali koa bev na Amadeus i Tropico bend ic ne me postedija od takvi pesni, Lukasini, Ceca pa mi se otpi na momenti tad
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Викаат дека од Владата го откажале...за да не го дупи Грујо со песната " Наочаре црнееее " ....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sega nema tri dena da spies, neli Lepata go otkaza, sega Aca.. Dali stvarno se plashat za bezbednosta ili nikoj ne kupuva karti Imal lichni obvrski, kako ne.. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница 123 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |