|
Одржување и чистење..... |
Внеси реплика |
Автор | |
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Март.2018 во 12:06 |
Odvojuvanje na vreme i ubavi detergenti.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чисто како во луксузен хотел: Трикови за чистење со кои домот ќе ви заблескаКога е во прашање чистењето на домот во најбрз можен рок, тоа предизвик за кој чистачките во хотелите се вистински мајстори, па можете да ги употребите нивните трикови за брзо и едноставно чистење на домот. Како домот набрзина да заблеска како хотелска соба? Прва соба која треба да ја проминете со всисувачот е спалната соба, па потоа сè останато. Ако сакате тепихот да има волумен, треба да го всисувате со спротивна насока од положбата на влакната.
Чистењето на тоалетот се остава за крај. Главна причина за тоа е што на тој начин го спречувате преносот на бактерии од тоалетот во другите соби.
За одредени производи да бидат делотворни, откако ќе ги нанесете на одредена површина, треба да ги оставите да делуваат неколку минути.
Оваа алатка е основно оружје. Поради својата големина може да ви помогне да ги исчистите тешко достапните места.
За да се решите од оваа непријатност, не ви се потребни скапи препарати - сè што ви е потребно е да помешате лимонов сок со прашок за печиво. Добиената паста нанесете ја на местата кои се зафатени со мувла, оставете ја да отстои два часа и потоа исчистете ја со млака вода.
Употребата на разни препарати и хемикалии за чистење на стаклените чаши се штетни за вашето здравје. За да имате блескаво чисти стаклени површини треба да ги исчистите со помош на вода и оцет поделени на ¾ вода и ¼ оцет.
Фрижидерот, рената и аспираторот често можат да бидат со отпечатоци кои многу тешко се отстрануваат. Затоа потребно е со салвета и малку масло да ги поминете овие површини. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пет погрешни хигиенски навики
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одржување и чистење на медијапан
Медијапанот е често употребуван материјал кога станува збор за изработка на плочест мебел, како што се комодите, елементите во кујната и др. Лакираниот медијапан е слабо отпорен на механичко оштетување. Со други зборови, доколку не внимавате, лакот лесно може да се оштети, односно изгребе, а за да се санира потребно е повторно лакирање. Оштетениот лак може да доведе до понатамошно оштетување на медијапанот под дејство на влагата. Затоа, елементите од медијапан треба да бидат во контакт со друг мебел, правосмукалки, садови или други предмети кои може да ја оштетат површината. Во кујната, топлината и пареата од разни апарати како што се кафемати, тостери фритези или скари, доколку се поставени директно под медијапанските елементи, може да предизвикаат оштетување на лакот и промена на бојата. Штом ќе забележите капки од течност или дамки од маснотии и сл., треба брзо да се исчистат за да се спречи пенетрирање и оштетување на лакот. Медиапанот е отпорен на влага, но не е водонепропусен. За чистење се препорачува употреба на влажна памучна крпа, а веднаш потоа пребришување со мека чиста памучна крпа. Доколку се појават масни дамки може да се употреби благ раствор од средство за миење садови. Никако не треба да се употребуваат груби, абразивни средства за чистење или средства на база на амонијак. Никогаш не ги чистите елементите од медијапан со истите крпи за чистење садови бидејќи на нив може да има траги од амонијак, оцет и други материи кои потекнуваат од храната, кои може да делуваат штетно на површината. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чистење на еко-кожа Еко-кожата (вештачка кожа; скај), како и останатите материјали, бара периодично чистење. Во повеќето случаи доволно ќе биде крпа и млака вода. Најдобро кога крпата е 100% памучна и кога водата е дестилирана, иако и обичната вода ќе даде задоволителни резултати. Навлажнете ја крпата со млака вода и полека пребришете ја еко-кожата. За оваа намена може да послужат и влажни марамчиња, а најпогодни се оние кои се наменети за детската кожа. Доколку се појавила некоја дамка, земете течен сапун или средство за миење садови, малку млака вода и сунѓер. Втријте го сапунот во намокрениот сунѓер, намокрете ја еко-кожата и полека со сунѓерот поминувајте преку еко-кожата со кружни движења. Доколку станува збор за некоја наслага (на пример, трага од некоја храна) може да се употреби и некоја помека четка. Сушењето на еко-кожата треба да биде на природна собна температура. При чистењето треба да се избегнуваат хемиски средства бидејќи повеќето од нив содржат амонијак, кој има штетно влијание на еко-кожата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5 мали совети за чистење Доколку ви падне јајце на подот во кујната, најлесно ќе го соберете ако го посипете со сол. Солта и јајцето ќе направат хомогена смеса која лесно ќе може да ја отстраните со салвета. Потоа подот исчистете го со влажна крпа. Скара на плин После готвењето на плинската скара, за да најлесно ги отстраните масните наслаги, посипете ја плочата на скарата уште додека е топла со газирана вода и отстранете ја маснотијата со шпакла. Стапчиња за уши Одлични се за чистење на разни прорези, гумата на фрижидерот и сите мали места во кои нечистотијата лесно влегува, но тешко се чисти. Прашок за пециво Ќе ви помогне за да ги исчистите фугите помеѓу плочките кои се потемнети. Влакна на мебелот
Проблемот на влакна на мебелот особено е присутен кај сопствениците на домашни миленичиња. Купете ролна на самолеплива лента и замотајте парче од неа околу некој стар валјак, така што лепливиот дел ќе биде од надворешната страна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одржување на мебел од масивно дрво
Дрвото
како материјал го поседува шармот што го носи традицијата, а правилната
нега и одржување ќе овозможи да го задржи уште многу години. Еве
неколку совети како да се постигне ова:
Заштита од сонце Директната сончева светлина не е добра за мебелот од масивно дрво, како и за повеќето други типови мебел, поради дејството на УВ зраците кои прават брза и видлива штета на површините кои се изложени на зраците. Заштита од температура и вода Квалитетни прекривки и подметнувачи за чаши треба да се употребуваат поради тоа што чашите и садовите кои се врели или студени, директно изложени на дрвото ја менуваат неговата боја. Исто така, секоја влага кој останува ја разјадува површината. Дрвото се шири апсорбирајќи ја влагата, па после подолго време тоа може да предизвика пукнатини. Чистење на мебелот Најчесто е доволно да се прејде со влажна, па со сува крпа. Избегнувајте ги сапуниците бидејќи тие со тек на времето го одземаат сјајот на дрвото. Доколку користите средство за чистење, нека не биде прејако и нега не содржи азот – тоа ќе биде доволно за да не му се нанесе на мебелот непоправлива штета. Отстранување на дамки Важно е мебелот добро да се исчисти, а потоа да се пребрише со влажна, па со сува крпа. Доколку станува збор за мрсни дамки, тие треба веднаш да се третираат бидејќи во спротивно ќе потемнат и ќе остават трајно оштетување. Мрснотијата треба прво да се впие со хартиено марамче, а потоа со тапкање да се натопи местото со чист оцет. Потоа местото се брише со влажна крпа, па со сува. Дамките или трагите од вода кои настанале од чашите или вазните се премачкуваат со мајонез, кој може да го оставите подолго време да делува (на пр. преку ноќта), а потоа избришете го со мека крпа. Ако и после ова постои трагата, помешајте глицерин со пепел од цигари и истријте го оштетениот дел. Дамките од восок ќе ги отстраните со помош на фен за коса кој ќе го омекне восокот, а потоа полесно ќе може да се отстрани. За чистење на стврднат слој на прашина идеално средство е јаболковиот оцет. Корекција на вдлабнатини и гребаници Кај помали вдлабувања на мебелот од масивно дрво, предизвикани со механички оштетувања, потребно е да се стави влажна крпа неколку часови на оштетеното место – влакната на дрвото од влагата ќе се надуваат и ќе го пополнат вдлабувањето. Помалите гребаници, доколку станува збор за светол мебел, премачкајте ги со вазелин или со смеса од една лажица оцет и една лажица масло. Доколку станува збор за потемен мебел, истите може да ги отстраните со смеса на црно вино и масло. Полирање на дрвен мебел За поедноставна постапка, побарајте специјални средства за полирање на дрвен мебел. Доволно е да се премачка еднаш месечно мебелот и тоа со памучна крпа, а потоа со сува да се изгланца. Доколку сте поклоник на природни средства, најдобро средство е пчелиниот восок – тој треба да се загрее и да се втрие во мебелот со ленена крпа. Што подолго се гланца, сјајот ќе биде поголем. Оваа постапка доволно е да се изведе два пати годишно. Исто така, исклучителен сјај се постигнува и со полирање со ленено масло. Овие постапки не се однесуваат на мебел обоен со обични бои. Совети за полирање: • Никогаш не полирајте прашлив мебел – така нечистотијата уште повеќе ќе продре во структурата на мебелот и уште потешко ќе биде отстранета. • Одвишните наслаги на восок отстранете ги со крпа натопена во топла вода со малку оцет, а после тоа пребришете со сува крпа. • Пластифицираниот мебел, со т.н. висок сјај кој се постигнува со лакови на база на полиуретани (кои се исклучително отпорни на вода и хемикалии), без страв може да го одржувате со некое од средствата за полирање наменети за сите видови на површини. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совети за чиста бања
• Повеќето средства за избелување се агресивни и ја нагризуваат површината, па затоа не ги оставајте предолго.
• Кадата никогаш не ја чистете со агресивни средства, бидејќи тоа го нагризува емајлот, а постои и реална можност подоцна хемикалиите да делуваат нагризувачки на кожата додека се капете. За оваа намена подобро употребувајте природни средства: сол, оцет и лимонов сок. • Керамичките плочки ќе останат сјајни доколку повремено ги истриете со крпа натопена со алкохол, а потоа да ги исполирате со сува крпа. • Ако фугите помеѓу плочките се бели и со тек на времето се извалкале, можат да се исчистат со стара четкичка за заби и некое средство за белење на алишта. Со благо триење со четкичката нечистотијата ќе исчезне. • Со четка за заби која сте ја натопиле во салмијаков раствор* ќе може да ја исчистите и најголемата нечистотија на фугите помеѓу керамичките плочки. После чистењето, плочките добро исперете ги со вода. *Салмијакот уште е познат како нишадор, а хемиското име му е амониум хлорид - NH4Cl • Доколку плочките изгубиле сјај и станале мат, силно истријте ги со стуткана хартија натопена во салмијаков раствор. • После капењето или туширањето кадата, мијалникот или туш-кабината најдобро е да се исперат со вода и сунѓер за да не останат грди рабови од сапуница. • Никогаш не мешајте го средството за чистење на санитарии кое содржи хлор со оцет или со некои други кисели средства. Ќе се случи хемиска реакција при која се ослободува и отровен гас што може да ја оштети исчистената површина, но е уште поопасно за здравјето доколку се вдишат отровните пареи. • Оцетот и лимоновиот сок се најделотворни при отстранување на каменецот од славините. Оцетот исто така се употребува и за чистење на перлаторот на славината. (повеќе ...) • Мувлата во бањите е прилично честа појава. За да се спречи (или намали) бањата треба почесто да се проветрува. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Природни средства за чистење Со употреба на природните производи за чистење како што се оцетот и сода бикарбоната постои помала веројатност за надразнување на кожата и создавање на дишни алергии отколку при користење на купечките, хемиски средства. Освен тоа, тие се посигурни за децата и домашните миленичиња, во случај да ги проголтаат. Еколошки гледано, со нивно испирање и пуштање во канализација не се загадува животната средина, а и финансиски се далеку поевтини. Со правилен избор и начин на употреба се постигнува ефект како и кај хемиските средства.
Бел оцет Според некои истражувања, белиот дестилиран оцет има десетици корисни можности за употреба во домаќинството, од подготовка на храна до чистење на тврдокорните наслаги на каменец. Поради високата содржина на киселина, белиот оцет има неограничен век на траење. Поради својата киселост не дозволува развој на бактерии, па така е добредојден во секоја кујна и бања. Неколку совети како да се употребува белиот оцет: • Исчистете и дезифинцирајте даска за режење и кујнски работни површини. • Дезодорирање на кујната од непријатните мириси (премачкајте ја површината со оцетот и оставете 30 минути пред испирањето со вода). • Местата на кои се појавуваат мравки пребришете ги со оцет. • Отстранете го каменецот од тушот - натопете крпче во оцет и премачкајте го тушот или уште подобро натопете го во оцет. После неколку минути измијте го. • Чистење ги прозорците - во водата додајте малку оцет и измијте ги прозорците. • Оспособете ја старата четка - натопете ја во врел оцет, а потоа измијте ја со топла вода. • Спречете создавање на каменец во туш-кабината - повремено стаклениот ѕид од туш-кабината пребришете го со оцет, а потоа измијте го. Сода бикрабона Еве неколку начини за употреба на сода бикарбона (хемиско име: натриум бикарбонат) како средство за чистење во домаќинството: • Сода бикарбона е одамна познато средство за отстранување на непријатни мириси, па за таа цел посипете ја по сув тепих и тапациран мебел, оставете ја најмалку 15 минути да стои, а потоа ишмукајте ја со правосмукалка. • Влажниот сунѓер посипан со сода бикарбона е идеално средство за чистење на сјајни површини од ростфрај (садови, славини, лонци итн.) • Со сода бикарбона може да се отстранат повеќето мириси на мувла настанати во влажен простор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мали совети за чистење Со омекнувач против прашината на стаклените површини За да спречите насобирање на прашината на стаклени површини во вашиот дом, во литар вода ставете една лажица на омекнувач за текстил и добро истријте ја површината. Омекнувачот ефектно ќе го исчисти стаклото, но и ќе го спречи собирањето на прашина и влакна на површината. Каков таков тој е идеално средство за чистење за маси со стаклени површини, компјутерски монитори и телевизори. Зошто некои средства за чистење не делуваат? Средствата за чистење многу често создаваат недоумица: ако се слаби, дали се доволно ефективни, а ако ги убиваат сите познати бактерии дали се добри за нашето здравје. Некои бактерии кои можат озбилно да го загрозат нашето здравје, преживуваат и после чистењето. Затоа треба внимателно да се прочита упатството пред да се разреди истото и да почне да се употребува. Резултатите од истражувањата укажуваат дека доколку од некое средство за чистење се употребува послаб раствор од пропишаниот на упатството на амбалажата, бактериите не само што успешно ќе го преживеат чистењето, туку можат да станат и отпорни на истото средство. Варикина против бактериите Поради карактеристичниот мирис варикината нема да добие комплимент за омилено средство за чистење, но треба да се знае фактот дека таа успешно ги отстранува сите познати бактерии. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дрвен мебел. Својства и грижа.Дрвен мебел е избран за две главни параметри - на изглед и текстура на дрво. Нашиот напис ќе ви помогнат да научат како правилно да се справи со механички својства - тврдост, отпорност на абење, сила и способност деформација на материјалот .
Изменето од Valerija - 13.Декември.2013 во 13:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден пример за .....
Одржување на мебел од масивно дрво
Дрвото како материјал го поседува шармот што го носи традицијата, а правилната нега и одржување ќе овозможи да го задржи уште многу години. Еве неколку совети како да се постигне ова: Заштита од сонце Директната сончева светлина не е добра за мебелот од масивно дрво, како и за повеќето други типови мебел, поради дејството на УВ зраците кои прават брза и видлива штета на површините кои се изложени на зраците. Заштита од температура и вода Квалитетни прекривки и подметнувачи за чаши треба да се употребуваат поради тоа што чашите и садовите кои се врели или студени, директно изложени на дрвото ја менуваат неговата боја. Исто така, секоја влага кој останува ја разјадува површината. Дрвото се шири апсорбирајќи ја влагата, па после подолго време тоа може да предизвика пукнатини. Чистење на мебелот Најчесто е доволно да се прејде со влажна, па со сува крпа. Избегнувајте ги сапуниците бидејќи тие со тек на времето го одземаат сјајот на дрвото. Доколку користите средство за чистење, нека не биде прејако и нега не содржи азот – тоа ќе биде доволно за да не му се нанесе на мебелот непоправлива штета. Отстранување на дамки Важно е мебелот добро да се исчисти, а потоа да се пребрише со влажна, па со сува крпа. Доколку станува збор за мрсни дамки, тие треба веднаш да се третираат бидејќи во спротивно ќе потемнат и ќе остават трајно оштетување. Мрснотијата треба прво да се впие со хартиено марамче, а потоа со тапкање да се натопи местото со чист оцет. Потоа местото се брише со влажна крпа, па со сува. Дамките или трагите од вода кои настанале од чашите или вазните се премачкуваат со мајонез, кој може да го оставите подолго време да делува (на пр. преку ноќта), а потоа избришете го со мека крпа. Ако и после ова постои трагата, помешајте глицерин со пепел од цигари и истријте го оштетениот дел. Дамките од восок ќе ги отстраните со помош на фен за коса кој ќе го омекне восокот, а потоа полесно ќе може да се отстрани. За чистење на стврднат слој на прашина идеално средство е јаболковиот оцет. Корекција на вдлабнатини и гребаници Кај помали вдлабувања на мебелот од масивно дрво, предизвикани со механички оштетувања, потребно е да се стави влажна крпа неколку часови на оштетеното место – влакната на дрвото од влагата ќе се надуваат и ќе го пополнат вдлабувањето. Помалите гребаници, доколку станува збор за светол мебел, премачкајте ги со вазелин или со смеса од една лажица оцет и една лажица масло. Доколку станува збор за потемен мебел, истите може да ги отстраните со смеса на црно вино и масло. Полирање на дрвен мебел За поедноставна постапка, побарајте специјални средства за полирање на дрвен мебел. Доволно е да се премачка еднаш месечно мебелот и тоа со памучна крпа, а потоа со сува да се изгланца. Доколку сте поклоник на природни средства, најдобро средство е пчелиниот восок – тој треба да се загрее и да се втрие во мебелот со ленена крпа. Што подолго се гланца, сјајот ќе биде поголем. Оваа постапка доволно е да се изведе два пати годишно. Исто така, исклучителен сјај се постигнува и со полирање со ленено масло. Овие постапки не се однесуваат на мебел обоен со обични бои. Совети за полирање: • Никогаш не полирајте прашлив мебел – така нечистотијата уште повеќе ќе продре во структурата на мебелот и уште потешко ќе биде отстранета. • Одвишните наслаги на восок отстранете ги со крпа натопена во топла вода со малку оцет, а после тоа пребришете со сува крпа. • Пластифицираниот мебел, со т.н. висок сјај кој се постигнува со лакови на база на полиуретани (кои се исклучително отпорни на вода и хемикалии), без страв може да го одржувате со некое од средствата за полирање наменети за сите видови на површини. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |