|
Одмор во Хрватска |
Внеси реплика |
Автор | ||
zucomk
Нов член Регистриран: 13.Септември.2013 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Септември.2013 во 10:25 |
|
Сите попусти и понуди од Хрватска за одмор
http://svipopusti.hr/ponude/Zagreb/Putovanja-i-smjestaj Во Македонија започна да функционира нов регионален агрегатор за групни попусти http://sitepopusti.com/ кој е дел од Хрватскиот портал Svi Popusti.hr |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
во Хрватска баш и не е скапичко, има нормални цени како што има на целиот медитеран, само што на Македоснкиот газ му се шета низ светот без пари и без шетање, тоа е факт
и не знам зошто сеуште се лажат луѓево дека во Најблиските приморски земји, како Грција, е евтино... единствено нешто што е евтино во Грција е сместувањето, се друго си е изгор скапичко како во секоја друга земја |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хрватска секаде е скапичко,
но за нешто што вреди не се жалат парите |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и да знаеш дека се во право...јас бев пред пет години... скапичко е ама вреди...
|
||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
" Златни рат" рајската плажа во Хрватска
Според многумина ова е најпрекрасната плажа во Хрватска, сместена на островот Брач во близина на Бол. Плажата со ситен песок е долга околу 550 метри, а во зависност од морските струи и ветрови го менува својот облик и позиција. Плажата е опкружена со борова шума, а таму туристите може да уживаат во синото море, нуркање, скијање на вода и други спортови. Изменето од Schatzii7 - 09.Јули.2013 во 14:53 |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ФОТО: Летото дојде, забавата може да почне Популарната плажа Зрќе на островот Паг, позната како Хрватска Ибица, веќе е преполна со туристи, кои по цели денови и ноќи се забавуваат и уживаат во можностите што им ги нуди летото. Добра музика, убава плажа, коктели, море... На забавата и нема крај за сите што решиле да го посетат ова место. А посетители има од целиот свет. Жителите на населбата Новалија неодамна реагираа и од градоначалникот побараа да биде ограничено времето за забава. Тие реагираа дека не можат да ја толерираат бучавата и низ своите улици да гледаат разголени и пијани млади луѓе.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Плитвичките Eзера се најубави на светот?
“Dailymail” пишува за хрватските Плитвички Eзера, како за едно од светските чуда. Ја величат природната убавина во најубавата можна форма и ова без сомнеж прекрасно место, го нарекуваат рај на Земјата. Совршени водопади каде и да се свртите, зелена разгранета џунгла, 16 прекрасни езера и прозирно сини лагуни. Овој национален парк во Хрватска тие го оценуваат како едно од најубавите преноќувалишта на планетата, кое нуди 3 хотели, еден камп и секако секојдневно уживање во убавината на природата, која тука, во најстариот национален парк во југоисточна Европа успеала да создаде грандиозни водопади, реки, езера и пештери. Паркот Плитвице е деклариран за национален парк во 1949 година, и е прогласен за место од светска важност во 1979 година. Највисокиот водопад е висок 70 метри, а сета оваа убавина е опкружена од три планини, Пљешевица, Мала Капела и Медведак, кои се дел од Динарските Алпи. Изменето од BellaGrandma - 15.Септември.2011 во 01:55 |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На почетокот на септември во Анталија во Турција е одржана церемонија на доделувањето на наградите "World Travel Awards", каде во рамките на овој натпревар, меѓу другите категории, се одбира и најдобар хотел во Европа. Јадранските луксузни хотели со гордост објавуваат дека хотелот "Hotel Dubrovnik Palace" е прогласен за најдобар ресорт хотел во Европа, на свечената церемонија на доделувањето на наградите "World Travel Awards", одржани на почетокот на септември 2011 година во Аланија во Турција. Овој хотел имал многу голема и сериозна конк*реција затоа што за титулата "најдобар" се бореле најлуксузните европски хотели од Италија, Франција, Монако, Ирска, Шпанија, Грција, Турција и Кипар. Попозната и како туристички Оскар, наградата "World Travel Awards" во светот е позната како високо признание за туристичките субјекти кои што се доделуваат на најистакнатите брендови, а кои што туристичките службеници и нивните клиенти ги сметаат за најдобра препорака која што било кој туристички производ би можел да ја има. Наградата за најдобар хотел во Европа е прва европска награда за хотелот "Hotel Dubrovnik Palace", по бројните номинации и награди кои што овој хотел ги имал во претходните години. За потсетување, овој хотел е прогласуван три години по ред за најдобар хотел и СПА ресорт во Хрватска, во 2005, 2006 и 2007 година. Раде Малобабич, директорот на хотелот, изјавил дека оваа награда е големо признание за хотелот и воедно е уште една потврда за квалитетите за кои што се заслужни сите вработени во хотелот. "Hotel Dubrovnik Palace" во последните неколку години вложи многу труд во зголемување на квалитетот на услугите и воведе бројни дополнителни содржини и активности, се со цел хотелот да се позиционира како регионален лидер на високо конк*рентниот меѓународен туристички пазар", нагласил Малобабич. Наградите "World Travel Awards" за туристичката индустрија се основани во 1993 година со цел да се доделат признанија и награди за постигнувањата во сите сегменти од светскиот туристички сектор. Оваа година се прославува 18 годишнината од постоењето, а во гласањето учествувале 183 000 експерти од светот на туризмот, вклучувајќи ги и патничките агенти, туристичките оператори и водичи од повеќе од 160 земји ширум светот. |
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пред три години бев...штета што ми рикна хард-дискот за да ставев некоја слика...
Периодот кога јас бев и најверојатно е исто,имаше три тури. Временски оти бевме ограничени ние ја земавме средната.Чинеше мислам осум евра. Во неа беше вклучено возење со минибувче,и еден спуст со пешачење во прекрасни вегетациски предели полни со папрати,водопади и шума.Откако спустот ќе заврши во истата цена на дваесетина минути доаѓа бродче кое ве враќа до појдовната точка. Временски пешачењето не ви е врзано може да се задржите колку сакате,притоа заборавете на македонските навики.Толку е средено и застанато во времето да на човек му е жал и кога ненамерно ќе згази некој папрат... А еве ти и линк со најверојатно сегашните цени... |
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За да не отварам нова тема моето прашање ќе го поставам тука. Сигурно има некој од форумџиите што ги посетил Плитвички Езера. Ме интересира колку кошта картата за еднодневна посета и дали во неа е вклучен некаков превоз ( пр. со минибус, бротче или сл. )?
|
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
Pehcevec
Група Регистриран: 02.Септември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 61 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сакам да одам на одмор во хрватска, а освен за сместување поима немам како одат другите цени во туристичките места... може ли некој што бил да ми каже цени барем за најосновните прехрамбени продукти...
однапред благодарам |
||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |