|
Коњак Skenderbeg |
Внеси реплика |
Автор | |
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Јуни.2011 во 00:23 |
Како се дегустира коњакот?
Коњакот е ракија. Секако, подобро изработена, комбинирана, чувана, но ништо друго туку ракија. Нивото на кое ние ја третираме ракијата е најчесто бедно. Во светот коњакот, армањакот, разните типови бренди имаат ист третман како и виното. Еве ги правилата како се дегустира коњакот или добрите ракии, по правило направени од вино. Важат скоро истите правила како и кај виното. Но со други финеси. Се дегустира изгледот мирисот и вкусот. Бојата треба да биде сјајна и проѕирна. Тоа сведочи за беспрекорноста на изработката и на чувањето. Бојата кажува за староста на ракијата. Па така, младата ракија или коњак започнува со светла боја на слама, подоцна преминува во костенлива, па се покажува во сите нијанси на бакарната, потоа ја добива бојата на скапоцениот камен топаз, за во старост да достигне до златна и килибарна. Мирисот треба многу внимателно да се тестира зашто јачината на алкохолот може буквално да ве анестезира. Имено, мирисот на коњаците и на добротретираните ракии е неверојатно силен и покрај релативно ниската алкохолност (ретко повеќе од 45 степени). Затоа треба внимателно да се пика носот во чашата и никако да се вдишува интензивно како кај виното. За разлика од виното, каде што вртењето на чашата е потребно за да се ослободат мирисите, кај коњакот тоа не се прави. Само внимателно се принесува чашата до носот. На ваков начин ќе ги почувствувате аромите што се поддржани од алкохолот. Тогаш ќе забележите дека аромите се менуваат и со време стануваат сé послоевити за да стигнат до своевидно крешчендо. Кога ќе се стигне до дегустацијата на вкусот, треба да се проголта течноста, односно да се внимава течноста да не остане премногу долго на јазикот затоа што има ризик едноставно јазикот да ви изгори, да отапе и тогаш да ви биде сеедно што пиете. На тој начин бргу ќе почувствувате многу ароми, вкусови, киселини, слаткост, горчливост, што ја чинат конструкцијата на една ракија. Ракијата треба да биде перфектно урамнотежена, хармонична, не смее да биде како оние ракии од 50 и повеќе степени, и што е најважно, мора да го има она што се вика продолжено дејство, да ја чувствувате пријатноста во устата подолго време. Страсниците на добри ракии тоа го нарекуваат „момент на вечност“. Секако, јасно ви е и не е одвишок да повториме дека овде зборуваме за ракии што се направени исклучиво од вино. Комињето не е предмет на овој напис. Армањакот и коњакот се одгледуваат во специјални буриња. Во нив аромите и вкусовите се заокружуваат, се надополнуваат и се збогатуваат. Во почетокот од престојот, ракијата одговара на влијанието на бурето, но тогаш таа не е многу пријатна за пиење зашто се работи за груби вкусови што притоа се и доста горчливи. Подоцна, откако ракијата ќе го „свари“ дрвото од бурето, овошните ароми се јавуваат како последователни и ракијата станува зачинета, чадена, со примеси на ванила. На крај, со старите ракии доаѓа и фазата на оксидација и тоа ги дава аромите и вкусови на цвеќе, на суви овошја, на благи елементи. Понатаму, со текот на годините, букето се збогатува и со ноти на орев. Затоа кај вистински добрите ракии мошне едноставно се открива староста. Доколку, се разбира, не се работи за вештачки ароматизирани ракии. Приближно редот оди вака - овошните ароми што се добиваат се следниве: крушка, слива, праска, лешник, бадем, орев, мармалад, конзервирано овошје, сува слива (ова е типично за армањакот), суво грозје, кокос. Цветните ноти се следниве: роза, љубичици, лале, суво цвеќе, ирис, јасмин, портокалов цвет и низа други. Освен овие, во ракиите добиени од вино се забележуваат и примеси на дабово дрво, кожа,тутун, кедрово дрво, кутија за цигари, сандалово дрво, еукалиптус. Чести се и примесите на зачини: ванила, црн пипер, цимет, ѓумбир, кари, шафран, мускатно оревче. Чаши за коњак Традиционалните чашки за коњак се препорачливи. Тоа се оние во вид на балон, со стеснет врв. Многу често овие чаши се преголеми, а тоа предизвикува и налевање повеќе ракијата отколку што треба. Освен тоа, таквите чаши ослободуваат многу повеќе алкохолни испарувања од обичните со нормална големина. Ваквите балони се одлични за загревање на коњакот со раката бидејќи според некои стари правила, коњакот се пие на телесна температура или приближно на таква. Производителите на чаши прават различни чаши за коњак. Некои од нив се мошне добри и ја подигнуваат вредноста на пијалакот. Исто така, важно е, како и кај винските чаши, да нема украси и бои на нив, а работ од кој се пие да биде што е можно потенок. Коњакот може да се пие и во долгнавести чаши, кружните не се задолжителни. Во чашите не се сипува премногу, најголемата количество е некаде до 6 децилитри. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
uuuuuuuu prekrasen konjakkkkkkkkk
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nemoj ne me smej |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
milord
Нов член Регистриран: 17.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se nadevam nekoj vo cair ili vo stara carsija ke znae kako da se dojde do konjakot.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
izgleda go nema vekje na zelen pazar...probaj vo chair...ama e veruvam ,..tamu samo chaj pijat.
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
milord
Нов член Регистриран: 17.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas nikogas ne sum go pil, go baram za tatko mi vo hrvatska, tamu voopsto ne moze da se najde. ako, ke ima edno sise za ukras :)
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за жал ... не е ни приближно ист
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
milord
Нов член Регистриран: 17.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ok, ke pobaram i na čair i na zelen pazar.
abe nisto ne e kako porano |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
уф уф, јас земав во Албанија кога бев пред некој месец ... ама не е ист како порано .. да ти го шитнам
шала на страна, побарај во Чаир и околината Изменето од ФорумскаБаба - 12.Февруари.2011 во 14:09 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...porano go imashe ''rasposlan' pred torbesh*te kaj zelen pazar , ama ne znam dali seushte go ima.
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
milord
Нов член Регистриран: 17.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zdravo
me interesira dali vo skopje nekade moze da se kupi albanski konjak skenderbeg? vo supermarketi go nema, a nitu vo nekoi specijalizirani dukani. fala :) |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |