|
Проблеми со глава |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 26.Март.2014 во 21:32 |
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Природни начини за лекување на главоболкаПогледнете дел од најпопуларните природни лекови: Ладна облогаСтавете ладна облога. Ладните облоги делуваат како локален анестетик. Не мора да имате мраз, едноставно земете замрзнат зеленчук и завиткајте го во крпа. Таквата ладна облога ставете ја на челото или слепоочниците. Можете да искористите и обична крпа намокрена со ладна вода. Етерично масло од нанеМасирајте се со етерично масло од нане на слепоочниците. Етеричното масло од нане ја намалува главоболката. Но, освен на слепоочниците, со масирање нанесете го и на вратот и рамената за да ја намалите напнатоста. Кесички чај од нанеСтавете кесички чај од нане на затворени очи. Земете две кесички чај од нане и потопете ги во топла вода. Потоа легнете, затворете ги очите и ставете ги кесичките врз очните капаци. Лежете 10-тина минути. ЛавандаПотопете ги нозете во топла вода со неколку капки масло од лаванда. Топлата вода ќе предизвика во нозете да надојде повеќе крв и со тоа ќе го намали притисокот во крвните садови насекаде низ телото, вклучително и во главата. Маслото од лаванда со својата арома помага за релаксација и олеснување на болката. Чај од камилица, рузмарин или ѓумбирНапијте се чај од камилица, рузмарин или ѓумбир. Направете 15 минути пауза, направете си чај и пијте го бавно во тивка соба. Чајот од камилица содржи супстанции кои ќе ви ја намалат болката и ќе ви помогнат да се опуштите. Се верува дека чајот од рузмарин го спречува зголемувањето на болката. Ѓумбирот се користи за лекување на главоболка и вртоглавица, а особено помага при појава на мигрена. Ставете две парчиња ѓумбир во половина литар жешка вода, покријте го садот и оставете го да врие многу тивко половина час. Напијте се кафе (или кафе со лимон).Повеќето луѓе уште при првиот знак на главоболка се фаќаат за шолја кафе. Да, навистина кафето помага против главоболка, но не треба да претерувате. Една до две шолји кафе можат да ви помогнат, но сè што е повеќе од тоа може да има негативен ефект. Многумина тврдат дека кафето со лимон помага уште повеќе. Па, не е лошо да се напиете силно турско кафе со малку лимон. Две чаши водаНапијте се две чаши вода. Верувале или не, водата може да ја отстрани главоболката. Една од најчестите причини за појава на главоболка е дехидратацијата. Па, консумирањето на вода е еден од наједноставните начини за лекување на главоболката. За да го спречите појавувањето на главоболка од дехидратација, пијте редовно вода во текот на целиот ден, а особено ако вежбате или кога времето е жешко. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Tret den so Benalgin sum
|
||||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Која храна предизвикува, а која смирува главоболка?Болката
може да се јави од разни причини. Можеби предолго сте гледале во
компјутерскиот екран, има голема бучава во соседството, ПМС, несоница...
За среќа, освен храната која што може да поттикне развој на главоболка,
постои и онаа која ја отстранува. За да знаете на кој начин да се борите против главоболката, клучно е
да сфатите како била предизвикана. Понекогаш, станува збор за храната. Ако главоболката е последица на воспалителен процес, зголеменото
внесувањето на омега-3 масни киселини со време може да ја намали
болката. Рибата како што е сардината или лосот како и ленот, јаткастите
плодови и зелениот лиснат зеленчук се добар избор на омега-3 масните
киселини. Главоболката е често поради дехидрација, или затоа што пиете премногу малку вода или поради тоа што минатата ноќ сте испиле премногу алкохол. Обична вода е одлични решение. Но, исто така може да се јаде храна богата со вода, како што лубеницата, краставиците и доматите. Освен вода, од свежиот зеленчук ќе добиете важни минерали како магнезиумот. Спанаќ Бананата има 74 отсто вода, а остатокот најмногу отпаѓа на
јагленихидрати и диететски влакна. За да спречи главоболки бананата е
добра бидејќи содржи и многу калиум и други минерали како магнезиум,
калциум, флуор, фосфор, железо, цинк и бакар. Таа, исто така содржи и
бета-каротин, Б група витамини, витамини Ц и Е. Ако главата ве боли
поради глад или недостаток на калиум, бананата ќе ви помогне брзо. Кафе има двоен ефект врз главоболка. Оние кои не ја добиле својата
дневна доза на кофеин може да добијат главоболка поради недостатокот.
Сепак, ако претерате со кафето можна е појава на главоболка. Сепак,
кофеинот во мали количини може да ја смири главоболка. Старо сирење, брза и масна преработена храна и некои од јаткастите производи. Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 07:25 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Според стручните проценки, 1 од 25 возрасни има повеќе денови со главоболка отколку без. Со тек на време, овие личности самите сфаќаат што им ги поттикнува главоболките и превземаат превентива. Кои се најчестите причини за главоболка и како да ја спречите? Вежбајте 30 минутно шетање, возење велосипед или некоја друга умерена физичка активност треба да станат вашата рутина. Експертите се уште не се сигурни како вежбањето помага против главоболките, но сметаат дека има поврзаност со хормонот ендорфин кој се ослободува во текот на вежбањето. Намалете ги вишокот килограми Главоболките се јавуваат кај луѓе со висок индекс на телесна маса, особено над 30, а истражувањата покажуваат дека кога ќе ги намалат килограмите и главоболките се намалуваат. Спијте редовно Премалку или премногу спиење може да предизвика главоболки. Стандардна препорака е осум часа сон дневно, иако секој треба бројот на часови да ги прилагоди според сопствениот биоритам. Здрава исхрана Се смета дека одредена храна може да предизвикува главоболки кај некои луѓе. Алкохол и чоколадата се на врвот на листата. Најдобро е да водите дневник на исхрана и да видите која храна ви предизвикува главоболка. Не ја заборавајте водата, бидејќи овој тип на болка може да се јави поради дехидрираност на мозокот. Кога ќе имате главоболка, напијте се две чаши вода за да ја отстраните. Ќе се изненадите колку често болката ќе прекине ако ги промените прехранбените навики и ако пиете повеќе вода. Престанете да пушите Две истражувања покажале дека пушењето на цигари ги зголемува можностите да добиете главоболка. Ограничете го стресот Постојано присутниот стрес влијае на многу начини на телото, а еден од нив е предизвикувањето на главоболка. Кај некои луѓе се јавува во стресните ситуации, а кај други еден или два дена подоцна кога телото ќе се опушти. Во двете ситуации решение е да го намалите стресот. При напад на главоболка важно е телото да се релаксира со масажа, вежбање или медитација. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Jas imam problem so edna glava od 101 ...mi mesa maslo i voda ...
|
||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Главоболката многу често може да биде предизвикана и од некоја одредена храна која ја внесуваме во нашето тело. Тоа всушност значи дека имаме алергиска реакција на некој продукт кој сме го конзумирале.Но, во ублажувањето на симптомите, односно во спречувањето на главоболката може да ни помогне лимонот. Во тој, случај наместо да земате лекови против главоболка, експертите советуваат, да јадете лимон. Исцедете неколку парчиња лимон во чајот, тоа би требало веднаш да ги ублажи болките. Исто така, од изренданите кори од лимон или излупените, може да направите облога за главата. Овој лек е најделотворен кога главоболката е предизвикана од висока температура. |
||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еве прочитај .... Главоболката е чест
невролошки симптом. Причините за нејзината појава се многубројни,
почнувајќи од психогени, па до тумори на мозокот. Од друга страна, ретко
постои телесно заболување кое не е проследено со главоболка. За да се
утврди кои се најчестите структури во регијата на главата и вратот кои
се болно чувствителни и предизвикуваат болка направени се низа
испитувања и многубројни опсервации во текот на пооделни хируршки
интервении на главата и горниот дел на вратот. Структурите во самата
черепна јама кои се најчувствителни на болка се големите крвни садови,
особено a. cerebri media. Истегнувањето на крвните садови е едно од
најважните причини за главоболката кај интракранијалните процеси.
Структурата на мозочното ткиво сама за себе не предизвикува главоболка,
бидејќи мозочната структура е нечувствителна на болка. Друга причина за
главоболка се кранијалните нерви и нивните ганглии. Истотака
долготрајната контакција на мускулите на черепот, како и заболувањето на
тие мускули предизвикуваат болка. Главоболките во
хомеопатијата се третиратт симптоматски или конституциски. Терапијата на
главоболките е подолготрајна, и резултати може да не се почуствуваат
неколку месеци од терапијата. За почеток се намалува бројот и
интензитетот на главоболките. А по подолготрајна терапија може и целосно
да исчезнат. Др. Биљана Ѓуроска Mob.: +38971303601
|
||||
op12eh
Сениор Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 242 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
шилци имаш во вратот......нема лек........ама не се секирај |
||||
bazo2k
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 03.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Nema voopsto so da ti e strav. Podobro da otides na EEG a i bi ti preporacal da naprais MNR na mozokot. najubavo ke se vidi so e. Bi ti go preporacal DR. Мето Чепреганов, najdobar za toa. Vo Avgust bev i jas...mene me bolese glavata kako so rece ti ...napred nad ocite, Nad slepoocnicite, mi se matese od vreme navreme, navistina se uplasiv...no ete izleze deka ne e nisto ...verojatno period i taka ...ke pomine !!!
|
||||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
imam i jas glavobolki kontinuirani ama pred da dobijam...no ponekogash i od samiot stres,brziot nacin na zivot ,i vremenskite promeni isto taka.
|
||||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ги имам и јас овие
Немаат врска за главоболка тие се вештачки солзи само за прочистување за очите. Мислам се работи кај тебе за мигрена,во овој периот кога е променливо времето највеќе страдаат тие случаи. Ако ти смета бучава,најмало шушкање додека одмараш,ако бараш повеке темна просторија за одмор...веројатно е тоа |
||||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||||
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Можеби премногу време поминуваш пред компјутер
Еве јас ги имам истите симптоми ако седам 9 саати пред компјутер. Затоа морам да ставам tears naturale капки за очи кои одма ми ја смируваат главоболката |
||||
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
jas mislam deka imas migrena
gi imav istite simptomi i duri znaev da se onesvestam od glavobolka dodeka ne nauciv da ja kontroliram probaj so ketonal i dijazepam 2mg i miruvaj vo poluzatemneta prostorija ako ne ti pomogne toa probaj so nomigren i dijazepam pozdrav |
||||
apce
|
||||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |