IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскопските знаци и патувањата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскопските знаци и патувањата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хороскопските знаци и патувањата
    Испратена: 24.Септември.2013 во 16:27
Градови според хороскопскиот знак среќа

Без разлика дали сте во потрага по добра дестинација за одмор или размислувате за преселба во друга држава, прочитајте на кои урбани места, астрологијата вели дека со сигурност максимално ќе уживате. Некои тропски места е жалосно да не ги посетите барем еднаш во текот на животот, други се прекрасни за живеење, а трети нудат неверојатни прилики за забавување и веселба. Погледнете кое место ви одговара најмногу на вашиот карактер.Идеалниот град според хороскопскиот знак

Овен


Секогаш ќе има нешто ново и возбудливо за истражување во Сиднеј, Австралија за вас. Овој град располага со екстремни, авантуристички спортови како парасејлинг, сурфање на ветер со едрилица и лудо возење со скутер на вода, кои дефинитивно ќе го раздвижат адреналинот низ вашите вени. Ако сте желни за малку нуркање под вода, можете да го посетите и Големиот корален гребен, кој не е многу далеку од Сиднеј и да уживате во чувството на возбуда и страст.

Бик


За правилно да го негувате вашиот вкус за сензуално уживање, упатете се накај Франција, најдоброто место за храна во светот. И покрај тоа што посетата на Париз, ви е дефинитивно „играње на сигурна карта“, можеби ќе уживате и во Лион, третиот најголем град во Франција. Како надополнување на извонредните ресторанчиња во кои има прекрасна храна, ќе имате можност и да пазарите во повеќе од 40 маркети и да ги пробате најсвежите продукти во регионот.

Близнаци


За да ја задоволите вашата незаситна потреба од добар хумор и забава, посетете го Чикаго. Веќе половина век, градот успева да ги насмее до солзи посетителите на комичните шоуа и неверојатните стенд-ап изведби на најдобрите американски комичари.

Рак


Амстердам е најсовршеното дискретно и мирно место, за вас и вашето семејство. Со неговите кривулести канали, улици прилагодени за велосипедисти и раскошни зелени предели, вие ќе се чувствувате како дома. Релаксирачка тура по каналите, ќе ја расположи целата семејна екипа, особено навечер, кога рефлексијата од градот во водата, создава „хипнотизирачки“ ефект.

Лав


Доколку сакате максимално да си ја наполните душата, посетете го Токио, каде можете да се изнапеете од срце, во некој од најпознатите караоке-барови. Замолете некој од вашите пријатели да ги сними најлудите моменти со видеокамера, за кога ќе се вратите дома, да составите една ваша лична дигитална приказна, со која ќе се пофалите на семејството и блиските.

Девица


Подобрете го вашето здравје во прекрасниот град Будимпешта, Унгарија. Таму можете да изберете некој од дузината спа-центри и да уживате во бањите кои се полнат со вода од подземни топли минерални извори. Некои од нив нудат фитнес-програми, во комбинација со фантастични третмани за лекување на болки во кој било дел од вашето тело. Градот е исто така познат по доброто вино, кое доколку го консумирате во умерени количини, е исто така многу здраво.

Вага


Наполнете си ги батериите со егзотичната уметност во Бали, во средината на месец јуни, кога целиот остров го празнува Фестивалот на уметноста на Бали. Лоциран во малиот град Денпасар, едномесечниот спектакл на традиционална музика и игра, е проследен со непрестаен перформанс и публика од целиот свет.

Скорпија


Само една локација ќе ги исполните вашите соништа – Рио де Женеиро, најсексапилниот град на светот. Доколку појдете за време на карневалот во февруари, ќе можете да се приклучите на една од веселите самба-паради. Ако тоа не е за вас, опуштете се на некоја од песочните плажи, во кој било период од годината и набљудувајте ги прекрасните тела кои „парадираат“ околу вас.

Стрелец


Коцкарот во вас најверојатно размислува за Лас Вегас, но тоа е толку клише, нели?! Макао, Кина го зема приматот на најголем центар за коцкање во светот. Патувањето ќе вреди за секој денар што ќе го потрошите, а во спомен ќе ви останат бизарните сценски настапи и будалштините кои ќе ги видите таму.

Јарец


Бидејќи вие сте вредна личност, која работи напорно за да заработи пари, посетете го Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, кој е еден од најбогатите градови во светот. Таму, просечниот граѓанин вреди повеќе од 15 милиони американски долари. Запознајте се со некој од нив и појдете на луд шопинг во Дубаи, кој се наоѓа во близина.

Водолија


Градот кој вие сакате да го посетите, треба да е либерален и политички коректен, па токму затоа Портланд, Орегон е идеалното место за вас. Овој среден по големина град, е одлично место за живеење и дружење и воедно е водечки во САД во рециклирање, користење алтернативни горива, велосипедски патеки, урбани зелени предели и што ли уште не.

Риби


Вие имате две опции. Првата опција ви е Хонолулу, Хаваи, местото кое преку целата година ви нуди незаборавно пливање, нуркање, сурфање на ветер со едрилица и тотално уживање. Доколку пак, само сакате да си ги „наполните батериите“, појдете во Седона, Аризона, кој ја претставува „Мека на новото време“, а таму ќе им се воодушевувате на фантастичните пејзажи и неверојатните црвени карпи.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 14:21
Астрологија: Како изгледа вашиот идеален одмор?



Овен

За припадниците на знакот овен, не постои класичен одмор за време на кој некој би мирувал. Напротив, ако нема акција, овните ќе се чувствуваат изморени. Некои пак претеруваат со активности, па „прегоруваат“. Затоа, тие најдобро се опуштаат со рекреативни активности, со кои нема да се напрегнат ни премногу ни премалку. Спортските активности треба да бидат интересни, со доста движење и предизвици. Одмор во природа исто така е добра опција за овните, но не пасивен, туку во стилот на истражувачите. Друштвото со кое овенот оди на одмор треба да биде подеднакво активно како него. Во спротивно, или ќе има кавги или ќе биде најпаметно сам да појде во акција. Тој сака да открива непознати места.

Бик

Биковите се класични уживатели во одморот. Тие сакаат да лежат, да јадат, да уживаат и да разменуваат љубов. Колку повеќе причини за уживање, толку послатко за нив. Доколку патувањето не е удобно или однапред предвидливо, тие ќе сакаат да го избегнат. За да се придвижи, бикот мора да има јак мотив, а го придвижуваат страста и можноста нешто да добие. Ако се заљубени, биковите ќе појдат посмело на своето патување, но и тогаш, онаму каде што одат мора да има точно одредено место со доволно храна и удобен кревет. Подготвени се да потрошат многу пари за да си угодат себеси и на своите блиски, но очекуваат чиста сметка, како и дека оние кои ги почестиле ќе им вратат во друга прилика. Доколку постои можност да ги спојат работата и уживањето, тоа и ќе го направат.

Близнаци

Близнаците се цел живот во движење, па не им е никаков проблем да отпатуваат некаде. Но, ако нема луѓе, комуникација и предизвици за нивниот бистар интелект, работите брзо ќе им станат напорни. Нивните батерии се со краток рок, па повеќе сакаат да одат на кратки патувања или на излети со кои брзо можат повторно да си ги наполнат. Ако се подолго време оддалечени од своите пријатели кои ги опкружуваат во секојдневието, тоа мора да биде на некое место каде повторно ќе има многу луѓе и каде што ќе имаат прилика да живеат како што им е нив најприродно. Осамени и пусти места ги застрашуваат. Многу приказни, музика, играње, лесна рекреација – сè се тоа работи со кои тие ја хранат сопствената душа. Уште ако тоа се случува на некое место кое е „ин“, уште подобро за нив.

Рак

Сакале да го признаат тоа или не, раковите најдобро се опуштаат во својот сопствен дом. Со помош на својата фантазија, тие можат да го претворат во угодно летно место за уживање. Појдете кај нив наутро на кафе или навечер за да седите заедно на тераса или во двор. Кога ќе се собере фино друштвенце со блиските пријатели, опуштената забава кај раковите може да потрае и до раните утрински часови. Тивко, интимно и префинето. Ако се одлучат на патување, изборот би паднал на море, но не на бучни места. Најдобро ќе се одморат на некои мали места, каде не треба да се изненадите ако ги видите како наутро купуваат риба од локалните рибари или размислуваат шетајќи по празна плажа.

Лав

Каде што има многу луѓе и публика, таму лавовите се чувствуваат свои. Играње и забава до зори, доколку е можно во центарот на подиумот, воопшто нема да ги измори. Места кои се наоѓаат на крајот од светот, потполно не ги интересираат, освен во случаи кога станува збор за многу познати места, на кои е престиж да се летува. Сакаат организирани и динамични патувања на значајни места, како во познати и популарни градови и на дестинации кои се наоѓаат на листата „места кои мораат да се посетат барем еднаш во животот“. Без камера и фотоапарат не одат никаде, но не за да сликаат, туку за да бидат сликани. Затоа некој од друштвото со кое патува ќе мора да биде фотограф, а во кадарот цело време ќе биде лавот.

Девица

Овој воркохолик тешко дека воопшто знае како да се одмора. За до го достигне ова доживување, повторно му треба некое хоби или некаква занимација. Доколку идете на пат во друштво со некој роден во знакот девица, подобро за вас е воопшто да не помислувате на класичен одмор. Постојано ќе смислува начини за да ги ангажира луѓето околу себе. Најчесто се работи за некое хоби или за корисни лекции од стилот „бидејќи се наоѓаме во природа, ајде на набереме…“. Девицата ќе биде среќна ако нејзиниот одмор биде корисен, доколку научи нешто ново или доколку од таму донесе нешто што може да биде корисно.

Вага

За вистински да се опушти и одмори, потребно е вагата да постигне, чувствува и одржува рамнотежа. Обично станува збор за баланс помеѓу она што вагата го посакува и она што другата страна го сака, што за неа е најчесто најважно. Затоа успешноста на одморот на вагата, често не зависи од неа. Потребно е да биде целосно отворена и да ги препознава потребите на другите околу неа за да ги направи среќни. Доколку таа успее да ги усклади обете страни, тогаш одморот е неминовен. Сепак, доколку може да бира, попрво би отишла на некое фино место каде што луѓето живеат во склоп со природата.

Скорпија

Скорпиите се ѕвезди на летните ноќи. Затоа поголемиот дел од летните денови ги поминува спиејќи, полнејќи ги батериите за динамичните ноќи. Штом сонцето тргне да заоѓа, скорпиите се будат и тргнуваат во акција. Ноќите ги поминуваат без граници, имаат богат еротски живот, сакаат ноќни капења, играње до зори и заводливи погледи. Има и спортски типови кои ќе организираат одмор полн со предизвици. Тоа може да биде истражување на опасни предели во природата или рафтинг по брзи реки.

Стрелец

Овој вечен скитник, не познава граници. Му одговараат сите врсти на патувања и му одговара да ги посети речиси сите дестинации. Патувајќи, стрелецот се одмора. Кога ќе тргне на пат, неретко заборава да се врати дома. Превозното средство во суштина претставува неговиот вистински дом. А кога е во својот дом, тоа му е чудно. Лесно поттикнува и други луѓе да го придружат на патувањето. Не е важно каде оди, важно е да се движи. Најчесто ништо не планира бидејќи сака да биде спонтан и слободен. Стрелците се најдобрите консументи на „Last minute“ понуди на туристичките агенции, бидејќи не им е проблем веднаш да се одлучат кој аранжман ќе го одберат. Стрелецот ја сака и природата. Всушност, целиот свет е негов!

Јарец

Еден тип јарци сакаат да одат на планина и да уживаат во пејзажите и чистиот зрак. Таму се чувствуваат свои и лесно ги полнат батериите. Другиот тип јарци обожаваат море, бидејќи тежнеат за топлина и сонце. Медитеранот совршено им одговара бидејќи има многу карпи и камења, кои тој ги обожава. Утринските прошетки по нерамните карпи крај морето или долго седење на истите додека медитира, дефинитивно ќе го освежат јарецот. Понекогаш сакаат да бидат сами и да ги слушаат звуците на природата, особено бранувањето на морето. Сепак, доколку имаат семејство или барем партнер, ќе отидат на одмор заедно. Кога патуваат, сакаат да знаат каде одат, затоа обично добро се информирани пред да тргнат.

Водолија

Клучот за успешен одмор на водолиите е во ниеден момент да не им стане здодевно, а што е тоа нешто кое постојано ќе ги забавува, е веќе филозофија. Тешко е да се задоволат потребите на овие индивицуалци. Најчесто ги интересираат специфични мести. Својот одмор сакаат да го поминат на некое место, за кое никој не слушнал, но е единствено на светот според некоја специфика. Доколку немаат прилика да отидат на некое уникатно место, тогаш ќе имаат тотално несекојдневен стил на одмор. Најчесто, станува збор за некое непредвидливо хоби. Оние кои се во друштво на водолијата, треба веднаш да се помират со низа изненадувања или ситуациии, кои ни на сон не би можеле да ги замислат. Водолијата ќе ги создаде тие униканти моменти.

Риби

Рибите најмногу се релаксираат кога се излежуваат. Затоа ним им одговара класичен одмор на море, каде што работите ќе се одвиваат по одреден тек: ред за спиење навечер, ред за дремење на плажа, ред за пиење вино навечер на тераса во комбинација со пријатна музика, па повторно спиење. Некои поретки претставници на овој знак, ќе сакаат и да се размрдаат малку, пливајќи. Кога патуваат, најмногу им одговара патување со брод. На плажата ќе сакаат да собираат интересни камчиња или да градат кули од песок. Оние кои ќе останат дома во летниот период, слободното време ќе го поминат со далечинскиот управувач в рака, гледајќи романтична, информативна или спортска програма. Сурфање на интернет, може да им претставува премногу напорна активност, бидејќи со вклучениот телевизор имаат можност и да дремнат. Ако во моментот го немаат она што им е потребно– летен одмор, рибите ќе го измислат во нивната бујна фантазија.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2011 во 13:13
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Каде патуваат хороскопските знаци?

Стрелец

Стрелците се космополитски настроени. Патуваат често, дали во странство или во сопствената татковина, не е важно. Секаде се чувствуваат како дома, лесно се спријателуваат и одлично се ориентираат. Сакаат да разгледуваат цели земји како Финска, Австралија, Кенија, Перу и Шведска.




Точно , само не ми ги погодиле државите кои се наведени погоре.

Омилени земји во светот ми се Норвешка и Индонезија среќа
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 17:16
Ima samo edna vistina vo horoskopsko predskazuvanje na Mindy....SAKAM DA PATUVAMда.......ama preporaclivi destinaciiизненадување....da se mazram vo avion edno 7-8 casa za Njujorkизненадување.......daj nesto kaj moze da se stigne za saat vreme so kolaда
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 17:46
...a "poslednata" beshe ,..da ne prevzemash neshto vazno vo zivotot na ,..11-11-2010!изненадување
...glupo, glupo,...da glupjle nimoz' biti !да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 17:35
Originally posted by brza brza напиша:

aman!...i za toa li ...zodijachki gluposti?!изненадување
за жал човековата опседнатост со разни верувања и суеверија продолжува
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 18:31
aman!...i za toa li ...zodijachki gluposti?!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 15:06
Стрелец Ова се патниците и авантуристите во зодијакот. Ке расказуваат авантури и патешествија, ке расказуваат како тоа се прави во некоја си друга агенција и како водачот доволно не ги познава работите и она што го зборува, па ништо чудно овие луѓе да застанат пред микрофон и да раскажуваат надолго и нашироко за некои знаменитости при туристичките разгледи

Стрелец    Стрелците се космополитски настроени. Патуваат често, дали во странство или во сопствената татковина, не е важно. Секаде се чувствуваат како дома, лесно се спријателуваат и одлично се ориентираат. Сакаат да разгледуваат цели земји како Финска, Австралија, Кенија, Перу и Шведска.


Како ми погодиле
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 15:01
Каде патуваат хороскопските знаци?

Ако верувате во хороскоп, проверете дали во ѕвездите ви се запишани и вашите патувања и омилени дестинации.

Одредени знакови укажуваат на одредени специфични карактерни особини - во ова веруваат милиони луѓе кои редовно или барем повремено проверуваат што им е запишано во ѕвездите.

Овен

На патувањата секогаш се во акција и секогаш ја преземаат иницијативата за организација. Сакаат "живи" градови како Берлин, Марсеј, Непал, Камбоџа и Мексико.

Бик

Најмногу од се сака удобност. Не е подготвен на ризик и не се чувствува безбедно на непозната територија. Многу важни му се гастрономските настани. Биковите сакаат да посетуваат дестинации како Болоња, Даблин, Парма, Цирих, Крит, Мајорка, Монако и Израел.

Близнаци

Ценат различност, се движат, имаат тенденција да одат на едукативни патувања и к*рсеви за странски јазици во странство. Сакаат да запознаваат нови личности, па одлично се снаоѓаат во Лондон, Буенос Аирес, Египет, Данска, Норвешка, Тунис и Турција.

Рак

Што е поедноставо тоа е и подобро. Го фасцинира природата, а на патувањата сака да се чувствува како дома. Идеални дестинации за Ракот се Милано, Амстердам, градови кои лежат покрај море, Венеција, Аргентина, Сејшели, Тајланд и Виетнам.

Лав

Лавот бара луксуз. Тој сака да го третираат како крал, сака авантури и подготвен е на патување да потроши многу повеќе од останатите знаци. Најдобро се чувствува во големи и развиени градови. Совршена комбинација за уживање и забава можат да му обезбедат Лос Анџелес, Чикаго, Рим и Оман.

Девица

Девицата сака кога патувањата се однапред испланирани до детали и многу внимание им посветува на трошоците. Цени чистота, а најсреќна е кога со патувањето може да направи и добра работа за сопственото здравје. Преферираат прегледни градови како Базел, Бостон, Лион, Тулуз...

Вага

Ценат класична убавина, а особено важни карактеристики во патувањата им се природните обележја, културната понуда и атмосферата на улиците. Совршена понуда може да добие од Хонг Конг, Лисабон, Копенхаген, Шангај, Виена и на Нов Зеланд.

Скорпија

Шкорпијата бара таинствени локации и возбудливи ситуации, односно се што ја возбудува нејзината фантазија. Па затоа добро се чувствува во Ливерпул, Месина, Минхен, Токио и Вашингтон, како и Хрватска, Либан, Мароко, Шпанија, Унгарија и Кипар.

Стрелец

Стрелците се космополитски настроени. Патуваат често, дали во странство или во сопствената татковина, не е важно. Секаде се чувствуваат како дома, лесно се спријателуваат и одлично се ориентираат. Сакаат да разгледуваат цели земји како Финска, Австралија, Кенија, Перу и Шведска.

Јарец

Јарците не сакаат да патуваат. Тешко се одлучуваат да го напуштат домот, но кога конечно ќе се одлучат на тој чекор преферираат класични дестинации. На патувања одат ретко и тоа обично трае кратко. Им одоговараат Брисел, Москва, Оксфорд, Варшава, Република Чешка и Јужна Африка.

Водолија

Бараат возбудувања и градови кои никогаш не спијат. Тие сакаат разновидност, па затоа на патувањата комбинираат шетање низ улици, пикник во парк, разгледување на културни знаменитости, ресторани, концерти, претстави... Богатата понуда која Водолијата ја бара може да ја најде во Њујорк, Сан Франциско, Сиднеј и Русија.

Риби

Не можат да замислат летување без море. Ги релаксира поглед во далечината, мир, романтика, зајдисонце и природна убавина. Совршени дестинации се Сантијаго де Компостела, Севиља, Ерусалим, Бангкок, Португалија, Шри Ланка.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 14:05
 
.....изненадување...........хи,%20хи.................
 
Девица
Не се проблематични но можат да бидат здодевни за
возачот. ке го прашуваат за оддалеченоста од место до место, за
потрошувачката на гориво, па ке пресметаат во пари, па колкава е
заработувачката на агенцијата итн., за на крај да речат дека подобро е
да се оди секој во своја режија, но јас сепак догодина ке одам преку
агенција........вртење%20со%20очи

Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2010 во 14:01

Близнаци
Ако го имате во групата, патувањето ќе ви помине за час. Како да е
платен за тоа, ке ви раскажува вицеви, анегдоти, ке се пошегува на
нечија сметка, најчесто на возачот или водичот, но сето тоа ке биде со
стил. За овие луѓе (те за мене) не е важно каде ги носите, каде
застанувате и во каков хотел. Важно е да се дружат и добро да се
забавуваат.... ете.. баш сум злато за по пат... за близнаци од искуство се е жива вистина

tocnoсреќа


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2010 во 01:11
Originally posted by Mindy Mindy напиша:

Овен
Овенот е бунтовник на кој секогаш нешто му недостига. Најчесто седи
напред во автобусот и му објаснува на возачот како се вози, по кој пат
е поблиску или во краен случај со која брзина треба да вози. Секако
дека е најбучниот во целата група и е главен виновник за некои посети
или не посетувања на туристичките атракции.

Бик
Ако не го преспијат целиот пат, барем ќе го направат тоа во
половината од него, а во другата полоина само ќе вадат нешто од торбата
и ќе јадат како да се на норма. Не се бунат на промени во маршутата или
лошото возење на возачот, но секако дека се многу проблематични. Ќе
испијат премногу течности, па ќе мора да се застанува на секој паркинг

Близнаци
Ако го имате во групата, патувањето ќе ви помине за час. Како да е
платен за тоа, ке ви раскажува вицеви, анегдоти, ке се пошегува на
нечија сметка, најчесто на возачот или водичот, но сето тоа ке биде со
стил. За овие луѓе (те за мене) не е важно каде ги носите, каде
застанувате и во каков хотел. Важно е да се дружат и добро да се
забавуваат.... ете.. баш сум злато за по пат... за близнаци од искуство се е жива вистина

Рак
При патување, не одење не прават проблеми, но на враќање можат да
бидат проблем за некоја екстра посета каде штоо треба да се потроши
малку време. Кога се на пат за дома Раковите не ги интересира ништо
друго и сакаат што поскоро да пристигнат. Може да бидат и предмет на
чекање, ако ги оставите во некоја продавница за подароци.

Лав
Тој е вториот водич во групата или во одредени случаеви ке се
постави во функција на водач. Често успеваат да ја сменат маршутата или
планот на бодачот, бидејки има многу поважни работи да се видат од она
што тој го нуди. Посетата на музеј мора да биде во планот и се разбира
многу простор и време за шопинг.

Девица
Не се проблематични но можат да бидат здодевни за
возачот. ке го прашуваат за оддалеченоста од место до место, за
потрошувачката на гориво, па ке пресметаат во пари, па колкава е
заработувачката на агенцијата итн., за на крај да речат дека подобро е
да се оди секој во своја режија, но јас сепак догодина ке одам преку
агенција

Вага
Тешко ке биде ако не имс е погоди местото или е расипано седиштето.
Уште повеке ако хотелот во кој престојувате не е според нивната замисла
или според нивните норми. Се нешто ке им недостига и веднаш ке застанат
на страната на Овенот бранејки ги неговите ставови, поддржувајки го и
подбуцнувајки го. А ако се отвори жестока расправија, ке застане во
улогА На миротворец

Скорпија
Ако во автобусот има тв и видео, ке побараат некој еротски филм и
ке се исклучат на некое време. Ако дојде до проблеми нема многу да се
расправаат, но сигурно дека следниот пат ке ја променат агенцијата. Ако
пак се претера веке сте добиле непријател, кој кога и да е ке си го
наплати долгот и штетата што му е направена

Стрелец
Ова се патниците и авантуристите во зодијакот. Ке расказуваат
авантури и патешествија, ке расказуваат како тоа се прави во некоја си
друга агенција и како водачот доволно не ги познава работите и она што
го зборува, па ништо чудно овие луѓе да застанат пред микрофон и да
раскажуваат надолго и нашироко за некои знаменитости при туристичките
разгледи

Јарец
Најсериозниот и најодговорниот во групата. ги набљудува сите постапки и
негативности и замислува како ке изгледа неговата агенција кога тој ке
ја оформи. Ке се обиде да се здрузи со Девицата како би можел подоцна
да ги искористи нејзините анализи и пресметки. Избегнува посети на
знаменитости каде што се плака

Водолија
Овие луѓе се одлични сопатници од кои можете да побарате помош за
било каква работа. Друштвени се и секогаш во близина на Близнаците (до
мене до мене ),
надополнувајки ги во хуморот. Проблем можат да бидат ако се најдат во
близина на некој трговски центар за техничка стока. Ке мора да ги
чекате да соберат доволно каталози

Риба
Ова се најдобрите и најмирните сопатници. Целиот пат ке го поминат
без коментари,набљудувајки ги постапките на сите сопатници. Има луѓе
задолжени за расправии, за совети за хумор, па така овие луѓе нема
потреба во нешто да се мешаат. Следниот пат ке размислат дали ке
патуваат со таа агенција...
Овен
Овенот е бунтовник на кој секогаш нешто му недостига. Најчесто седи
напред во автобусот и му објаснува на возачот како се вози, по кој пат
е поблиску или во краен случај со која брзина треба да вози. Секако
дека е најбучниот во целата група и е главен виновник за некои посети
или не посетувања на туристичките атракции.voopshto ne sum jasизненадување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2010 во 22:46
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Вага
Вагите најмногу сакаат да патуваат во голема група, да се дружат попатно и на крајот да склопат многу пријателства. Најрадо би избрале некоја романтична и егзотична дестинација како Венеција или Прага.
 
Колку не сакам да патувам во група тоа чудо едноизненадување
Може да се нафатам на такво нешто доколку се работи за некои многу квалитетни тури и каде најдобар начин е искусен водич да презентира некои конкретни места, пр историски локалитети и сл.
А дестинацииве Прага, Венеција па и не умирам баш да ги видам.
Би тргнала секаде ако имам достатно пари и  Африка, Блиски и Далечен Исток, Јужна Америка.
Јапонија ме привлекува многу и егзотичните острови на Пацификот.

ccc..Si znaat vagiteголемо%20гушкање
Sega ke dojde i Renata da potvrdiголема%20насмевка
Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 18:22
Скорпија
Ако во автобусот има тв и видео, ке побараат некој еротски филм и
ке се исклучат на некое време. Ако дојде до проблеми нема многу да се
расправаат, но сигурно дека следниот пат ке ја променат агенцијата. Ако
пак се претера веке сте добиле непријател, кој кога и да е ке си го
наплати долгот и штетата што му е направена


Go TV , Go!!! голема%20насмевка
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.