|
КОКОШКА |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Јуни.2017 во 12:53 |
суматранска кокошка, Sumatra cock |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...полска кокошка ! секогаш со накострешена ,,фризура,, исто како однесувањето низ кокошарникот |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13926 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Феникс |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Душички . Копанчето ќе им изедам .
|
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можеби се премногу овие постови за живините, но сакам да ги запознаам луѓето со овој вид домажни миленичиња.
Нивното одгледување воопшто не е скапо како што се претпоставува, на пример да имаш 4-5 примероци за украс во дворот ќе трошат некои 750 ден за пченица на секои три месеци, по желба кај нашите ветеринари има витамини што може да одземат некои 100 или 200 денари на неколку месеци, и еднаш годишно вакцина која исто не е скапа. За возврат имаме здрави јајца (не многу) но исти како од препелица мали одлични за деца и прекрасни за Велигден. Чувам кокошки откако бев мал еве над 30 години, се надевам дека има луѓе што би чувале од форумов. Поздрав |
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Патуљаста кокинкина Поради богатите пердуви и ниското држење,примерокот од оваа раса изгледа како слатко пополнето топче. Во просек кокошката тежи 750g. а петелот 850g. Две третини од пердувите се меки и широки. Само предната третина се цврсти пердуви. Пердувите на прстите и бутовите ја заокружуваат округлата појава. Најдобрите претставници од оваа раса во форма се пополни имаат широк труп,ниски гради широк став и тело исфрлено нанапред. Густите пердуви од вратот им паѓаат по грбот. Имаат широк грб формата на телото е долга одлично пополнета со пердуви, опашот е долг и исправен. Главата е релативно мала. Кикиритката е едноставна и исправена со мало знаменце на крајот од тилот. Образите им се испупчени и румени. Имаат портокалови очи до црвено- кафени. Вратниот кикир е црвен кај петелот изразен а кај кокошката мал. Обетките им се мали. Кокошката изгледа уште потопчесто поради потполнетоста, седластиот грб и испакнатото тело. Кокинкината е обожувана раса и се повеќе се шири заради големата палета бои. Бела, црвена,црна,црно-бела (прскана), жолта,плава,граова,граораста, жолто-бела,еребичеста,брезова боја,темно сребрено - вратна, жолта колумбија, боја жито, боја сребрено житна,кафена прскана со црни полукружни линии. Нови бои се црвена и златовратна. При одгледување на овие птици различни бои се чуваат во одделни боксови за да останат чисти како раса и да дадат добри примероци за изложба. Патуљастата кокинкина е мирна и питома раса. Се чува на чист песочен под или мека трева. Тие се повеќе од економични а прекрасни украсни животни. |
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јапонска Свилена Кокошка
Овие се белите што ги постиравте слика од мојот пријател од Хрватска што сте ја виделе Свилената кокошка е една од многуте видови на украсна живина. Потекнува од Јапонија, а сега како миленик ја држат секаде низ светот. Има многу густи, растесени, меки свилени пердуви по кои го добила и името свилена кокошка. Пердувите и даваат многу декоративен изглед, но поради нивниот облик таа не може да лета. Тоа ја прави идеална за мали дворчиња, во кои можете да ја чувате без страв дека ќе прелета или избега некаде. Овие кокошки имаат мирен карактер и се добри дворни милечиња. Може да се чуваат повеќе петли без грижа дека ќе се тепаат меѓу себе.... Јапонки Кокинкина Првите чочин кокошки биле донесени во Европа, во Англија некаде околу 1860тата, од страна на војници кои се враќале од Кина. Овие кокошки тогаш го добиле името Пекинг бантам, и така се и сега познати низ Европа. Кај нас се наоѓаат под името коканкини или јапонки. Тие имаат многу густи пердуви по телото и нозете и тоа ги прави да изгледаат поголеми отколку што се. Тие се многу нежни, и со многуте бои во кои можат да се најдат често го пленат погледот на минувачите. Тие се најпопуларни од живините со пердувести нозе, и се одлични мајки. Сината боја е една од најретките во светот на живините, а јапонките можат да се најдат во цел спектар сини бои од светло бело-сина до темна (тегет) нијанса. Жива зараза.... |
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога имаат преживеано некој стрес или ако се затворени во тесен простор и не шетаат многу |
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве литература што собирав и преведував
БАНТАМ Тежина: петел 0,6 kg, Кокошката 0,5 kg Големина прстен: петел 11, кокошка 9 Јајце за насадување: 25 g Боја на лушпа: бела Носивост: 80-100 јајца: Oсобините на бантамот се темперамент , хармонично округла пропорција на телото, и впечатливи места на главата. Се бара телото да биде кратко и набиено. Држењето на опашот кај расната изложбена живина, е многу високо и право. Округлата форма е прекриена со убави перја. Градите им се видливо испупчени. Грбно-опашестата линија зема облик на „млада месечина“. Крилата и носи накосо а вратот му е краток. Рамената му се широки и има кратки нозе. Опашот на петелот се состои од округли широки пердуви. Пердувите на српот треба да бидат посебно широки така што полуокруглата форма на виножито му дава на опашот изглед на полн срп. Во целина опашот на петелот не е многу долг. Држењето на опашката кај кокошката е малку поплоснато отколку кај петелот. Целокупната форма на телото изгледа уште позбиена. Бутките се слабо видливи. Нозете се кратки со фини кожинки. Црвената кикиритка е издолжена со фини брадавици, се продолжува со форма на клин и се завршува со округол, долг и прав рог. Расната живина има исправен рог и добро пополнета кикиритка. Не е грешка ако формата на кикиритката е широка или тесна, ако рогот оди надолу, и ако се лупи по страните. Кожата на лицето треба да биде глатка, жарко црвена и по можност без пердуви. Важни е обетките. Тие се округли, месести, емајлирано сјајни во бела боја. Се признаваат 19 бои: црна, бела, жолта, плава, граореста, златновратна, плаво-златновратна, сребреновратна, плаво-сребреновратна, портокаливовратна, дива, брезова, хел, жолта колумбија, порцелан,тигреста, жолта со бели точки, цитрон порцелан, црвено седласта. Што се однесува до квалитетот најдалеку е стигната црната боја, сепак тоа им е изворната боја. Во одгледувањето доминираат Германците, кај кои можеме да ги најдеме најквалитетните грла далеку поквалитетни од оние на нашите простори. Одлична живина за одгледување,пред се заради својот темперамент и не баш тешкото одгледување, (што не може да се каже за некои новопризнати бои во професионалното одгледување). _____________________________________________________ ФЕДЕРФИСТ Федерфист или гаќареста кокошка,потеклото на оваа раса е Германија. Добиена е со вкрстување . Точниот датум на нејзиното настанување не е познат. Затоа многу автори наведуваат разни датуми. Со векови е позната во Европа . Со својата убавина и изглед и брзо ја освоиле Англичаните,и потоа целиот свет. Карактеристично за оваа раса е тоа што постојат варијанти во сите бои со или без бради. Денес исто така ја нарекуваат и гаќареста џуџеста кокошка. Ова име потекнува од богато обраснатите нозе со пердуви кои се украс за оваа раса. Во однос на телото, главата е мала.Очите мусе живи,а бојата зависи од бојата на пердувите. Има краток и силен клун, бојата на клунот му зависи од основната боја на пердувите. Кикирот муе едноставен исправен со средна величина истакнати се 4-6 реси во црвена боја. Лицето му е глатко црвена боја, подушњаците му се исто така црвена боја. Крилата му се кратки и малку висат, а опашката е со средна должина, широка во основата со густи пердуви со српест облик кои надвиснуваат над делот под опашката за неколку сантиметри. Што се однесува до боите најпозната е порцелан бојата, има единки кај кои тоа е основната боја рамномерно распределена а излегуваат точки црни, бели, плави, кафени и сл. Воглавно се чуваат следните бои: бела, црна, жолта, жолта со бели точки, црна со бели точки, пругаста. Изменето од toni72 - 05.Јануари.2014 во 00:06 |
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toni72
Нов член Регистриран: 04.Јануари.2014 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие беа мои, во мојот двор се сликани, не се сеќавам што се случи дали ги заменив за други кокошки Фала ти што ги покажа сигурно ти се допаднале Изменето од toni72 - 04.Јануари.2014 во 23:50 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |