|
Субфебрилна температура |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Shpela
Нов член Регистриран: 02.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 29 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Мај.2010 во 14:16 |
I posle DG G-35 - MS Ne sekoja konstantna temperatura vodi do ova, se razbira, ima iljada pricini. No, mojot slucaj e ovoj..
Изменето од Shpela - 12.Мај.2010 во 14:16 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И?? што ??? доврши..... |
|
Shpela
Нов член Регистриран: 02.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 29 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I jas pominav niz istiot problem Se sto mozese ispitav, doktorite pocnaa da digaat ramenici se e ok, a T okolu 37 5 meseci. I na kraj..otvoriv tema tuka :(
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти драга моја ninanana имаш некое жариште кое знае да спие , а знае да се активира секогаш кога ќе ти падне имунитетот......
а тоа секогаш ти го покажува со субфебрилната температура........телото реагира покажува...алармира....но дали некој може да го слушне поточно разбере... и како велиш ти се намалува ЛЕУКОЦИТИТЕ НАШИТЕ ВОЈНИЦИ кои се чувари во нашето тело при инфекции ..... напротив тие треба да ти се зголемени кога имаш некоја бактериска инфекција со температура ........ намалени се само кога има можеби некој вирус и ти го намалува имунитетот....многу е важна возраста, дополнителни тегоби што ги осеќаш ,а мислиш дека не се поврзани со ова.... дали имаш мачка дома??? или си дошла со контакт некако почесто?? велиш дека сите анализи се во нормала освен со леукоцитите..... што е со фолна киселина??зошто ти е препишана?? Јас имам едно правило ......во медицината за било која болест секогаш помисли на најлошото и нека биде појдовна точка таа , а после со испитување докажи го спротивното......и нека испадне дека е ништо Секогаш се иде обратно ...... не сакам да те уплашам .......тоа е само мое мислење......... но сепак .... ај почни од испитување на коскената срж...... Поради оштетената функција на крвните клетки, пациентите со склони кој инфекции, трески и високи телесни температури....Факт Кај пациентите е намален бројот на здрави бели крвни зрнца, поради што е зголемен ризикот од инфекции......Факт Кај пациентите е намален и бројот на црвени крвни зрнца( затоа ти препишаја фолна киселина), кои го пренесуваат кислородот во сите ткива и органи во телото. Пациетите се бледи, слабокрвни и чувствуваат замор и слабост......Факт Кога е намален бројот на крвните плочки во крвта, пациентите се склони кон крварење по кожата и во внатрешните органи.Кај акутната леукемија, симптомите се јавуваат и влошуваат нагло, додека пак кај хроничната леукемија, тие се развиваат постепено. Можно е пациентите со хронична леукемија долго време да немаат никакви симптоми, а кога тие ќе се јават, воглавно тие се слаби во почетокот, и постепено се интензивираат. Ова се некои од вообичаените, најчести симптоми и знаци: анемија (заради неможност нормално да се создаваат клетки од црвената лоза во коскената срцевина),треска, чувство на студ и други симптоми слични на грипот,инфекција или „настинка“ која трае долго и не поминува,чести инфекции, губиток на апетит и телесна тежина,покачена телесна температура,главоболка,ноќно потење,болки во коските и зглобовите,бледило,тешкотии во дишењето,надуеност на стомакот, кое е предизвикано од зголемувањето на црниот дроб и слезенката,отечени или болно осетливи лимфни јазли (особено на вратот, пазувите и препоните),слабост и замор,склоност кон крварење (крварење од носот, крварење од непцата, крварења по кожата),отечени непца и десни, кои често крварат. Леукемијата не е заразно заболување. Таа не може ниту да се добие, ниту да се пренесе на друг....леукемијата не се јавува фамилијарно. Преглед на коскена срцевинаПрегледот на коскената срцевина е лесно изводливо и евтино иследување кое може да се изведува амбулантски. Анализата е неопходна за потврда или за исклучување на хематолошко малигно заболување...Биопсија на коскена срцевина е неопходна во ситуација кога не се добива материјал со аспирација, а е од помош при неколку други состојби.Аспиратот од коскена срцевина има централна улога во иследувањето на хематолошките болести. Тоа може да биде единствен начин на кој се поставува точната дијагноза. Покрај тоа, нормалниот наод во коскената срцевина исклучува повеќе хематолошки заболувања. Понекогаш има прогностичко значење. Може да се користи за следење одговор на лекувањето, на пример по хемотерапија кај леукемијата.Дијагнозата на неколку хематолошки заболувања се поставува единствено или главно врз основа на преглед на коскената срцевина. Во оваа група спаѓаат мегалобластни анемии, леукемии, миелодиспластични синдроми, мултипен миелом, макроглобулинемија Waldenström, метастази во коскената срцевина и некои тезауризмози. Прегледот на аспират од коскена срцевина ја дополнува сликата кај неколку други болести, како што се апластична анемија, агранулоцитоза, идиопатска тромбоцитопенична пурпура и хиперспленизам. ПунктирањеКај возрасни вообичаени места за пункција се градната коска (стернум) и илијачната коска на карлицата.Биопсија обично се прави на задната криста на илијачната коска.Кај мали деца, од раѓање до возраст од 1-2 години, добро место за пунктирање е внатрешната страна на границата помеѓу средната и горната третина на подебелата коска на потколеницата (тибија).Кај постари деца место на избор е задната криста на илијачната коска. Оваа локација може да се користи и кај деца помали од 2 години. параметри на крвната слика:хемоглобин, хематокрит, MCV, средна концентрација на хемоглбинот (MCH), број на леукоцити и диференцијална крвна слика, број на тромбоцити. Доколку станува збор за анемија, корисна е информацијата за бројот на ретикулоцитите...... Изменето од bijonse1 - 01.Мај.2010 во 22:35 |
|
ninanana
Нов член Регистриран: 29.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неколку месеци наназад, па може и година, качувам температура во одреден период од месецот од 37,4 до 38.
Ги направивме сите анализи, на крв, на урина, бели дробови, ехо, гинеколошки прегледи, заби и нема ништо што отскокнува од границите на нормалата. Единствен проблем (ако може да се рече е тоа што бројот на леукоцитите паѓа до 2,8, меѓутоа со конзумирање на витамини се враќаат во нормала). По преглед кај хематолог, ми беше препишана фолна киселина, која ја пијам редовно речиси една година. Меѓутоа температурите се констатни (еднаш до двапати месечно)и без исклучок станува збор за ноќни температури, кои се најчесто придружувани со треска и траат само таа вечер. Меѓутоа и психички и физички ме истоштуваат и оптеретуваат. Овој месец за прв пат се случи да качувам температура по трети пат во текот на самиот месец. Ке ве молам да ми дадете совет или упатство, предлог каде да се упатам и кои анализи да ги направам конкретно. Дали да правам хормонални испитувања или било што друго? |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
viks13 , јас можам само ова да ти предложам според единствениот показател што не е во нормална граница според твоите анализи.... покачени лимфоцити..... значи таа подмолна мала ама необијаслива температура..... да го направиш тестот торч(TORCH). Во таа група спаѓаат токсоплазмата, рубеолата, цитомегаловирус и херпес-вирус. Зборчето "торч" во превод од англиски значи факел...... Испитувањата за токсоплазмата (што за разлика од другите вируси во групата е паразит), рубеолата, цитомегаловирусот и херпес-вирусот се вршат со рож-дијагностика. Техниката на испитување е заснована на докажување присуство на антитела......што во твој случај викс13 ја имаме присутна...... всушност, докажува присуство на вирусот во организмот, но со проучување на нивниот вид и квантитет може да се заклучи дали организмот има створено комплетен имунитет и дали вирусот е во активна состојба......... што значи викс13 можеби вирусот веќе ,, прошол,, т.е. не е активен. во тебе...Антителата чие присуство се одредува се од групата ИГМ и ИГГ поткоси на имуноглобулини. Кај рубеолата, на пример, ИГМ се создаваат во рана фаза на присуство на вирусот, а присуството на ИГГ-антитела значи дека организмот создал комплетен имунитет. Вирусот се пренесува многу лесно, но во најчест случај, тој успешно се прележува во раната детска возраст. Инаку, рубеолата едноставно кажано е најситната сипаница. Многумина не знаат дали имаат прележано, затоа што биле деца...... Рубеолата не создава никакви клинички последици ни кај децата, ни кај возрасните..... "Со квантитативното мерење на присуството на ИГГ, следено во тек на одреден период, е можно да се одреди стадиумот во кој се наоѓа евентуалната инфекција. Ова е особено битно кај токсоплазмозата која не може да се излекува комплетно, односно не може да се уништи, но е можно да се држи под контрола".... Тој паразит може да се внесе од недобро термички обработено месо, лошо измиен зеленчук и слично, а ја пренесуваат и мачките. Цитомегаловирусот спаѓа во групата хепатитни вируси. Иако претходното звучи опасно, речиси нема човек што како дете го нема внесено овој вирус во организмот затоа што се пренесува преку воздух. Најчесто антителата се создаваат уште тогаш...... Херпесите се вируси што прават проблеми не само кај бремените жени. Особено опасен е гениталниот херпес.........тие засекогаш остануваат во организмот, но имаат активни и неактивни фази...... вирусите се пренесуваат и преку допир, што значи не мора да се има сексуален живот, за да се дојде во контакт со вирусите и со паразитите......... Особено е зголемена опасноста во последно време, затоа што често се патува низ светот, околината е многу нечиста и слично, па вирусите се многу поблиску до нас. ....... затоа викс13 јас верувам многу како патоказ зголемени или намалени вредности на лабораториските анализи...... телото го покажува правецот.....важно е кој и како ќе го анализира тоа...... Изменето од bijonse1 - 23.Февруари.2010 во 18:33 |
|
viks13
Нов член Регистриран: 06.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хммм ке одам да ги направам уште овие дополнителни испитувања .
што се однесува до крвната слика ...мислам дека се ми е во ред , барем е во граници на нормалата тромбоцитите се 287 .....(140-340) леукоцити 8,3 Моно и неутро се ок , освен лимфо што се покачени . и цеп 10-ка , во граници на нормала ..но горна граница |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема што да мислам срце.....тоа е тоа.....
имаш покачен ИгМ........ сега толку ....а порано кој знае колку?? ти имаш тивко жариште некаде во тебе ..од таму ти е таа факинг температура..... те шара вирус.....а те лечат со антибиотик??? и имунитетот уште повеќе ти паѓа од него....а антибиотикот нема веза со вирус.....леле катастрофа........ај ќе се тешиме дека ти го давале за секундарните работи како бронхопневмонијата...... Вака......... постои лабораториско испитување.... Диференцијална крвна слика т.е.Леукоцитарна формула на леукоцитите Тој што си има знаење мора да ти направи таква лабораториска анализа за да добие правец што велам јас...... вака .... постои три главни врсти на леукоцити .. 1.)ГРАНУЛОЦИТИ (неутрофилни , базофилни и еозинофилни) 2.)МОНОЦИТИ 3.)ЛИМФОЦИТИ 1.)ГРАНУЛОЦИТИ Neutrofilni granulociti неутрофилните гранулоцити заедно со моноцитите го сочинуваат одбранбениот систем на човекот ..... така да срц ако овде имаме покачување (НЕУТРОФИЛИЈА) зборуваме за бактериски инфекции , трауми , опекотини, воспаление и инфаркт, а ептен покачени при болеста леукемија и метастазирани малигни болести...Кога имаме смален број (НЕУТРОПЕНИЈА) тогаш зборуваме за вирусни инфекци, бруцелоза, туберкулоза , реуматиден артрит , недостаток на вит.Б12 Базофилни гранулоцити се најмалку застапени леукоцити и учествуваат во алергискиот одговор на организмот..... кога имаме покачен број (БАЗОФИЛИЈА) зборуваме за вирусни инфекции, уртикарија , микседеми.... Еозинофилни гранулоцити учествуваат во одбрана од алергиски агенси и празитски инфекции.... Кога имаме покачен број (ЕОЗИНОФИЛИЈА) се сомневаме на астма , алергија , уртикарија, екцеми , зрачење и при опоравување од инфекција.Еозинофилија-миалгија е синдром кој се состои од болки на мускулите и зглобовите со покачена температура, осип по кожа,потекување на раката и високи вредности на покачен еозинофили.... 2.) Моноцити се најкрупните клетки и главна функција им е фагоцитоза како да речам ги ,,јаде,, изумрените клетки.... Кога имаме покачен број (МОНОЦИТОЗА) зборуваме за акутни и хронични инфекци , малигни болести..... 3.) Лимфоцити произведуваат антитела и учествуваат во одбрана на организмот од вирус... кога имаме покачен број ( ЛИМФОЦИТОЗА) зборуваме за вирусни инфекци Епстејн бар вирус и цитомегаловирус што ти ги посочив во погорниот пост , рубеола , токсоплазмоза , бруцелоза....итн.. додека намален број (ЛИМФОПЕНИЈА) имаме кога имаме лечење со кортикостероиди , аидс, примена на радио и хемотерапија и др.... Научи ги овие работи викс13 не се тешки и секогаш ке имаш правец што да обрнеш внимание.....коментарите на твоите доктори нема да ги коментирам .....тие се научени резултатот да биде до небо висок за да се загрижат , а како велиш ти се смееле.....срамота !! Јас пак ќе кажам човечкиот организам толку е идеална лабораторија што секогаш при испитување на лабораториските параметри ти кажува што му е....само проблемот е дали има кој да го гледа тоа... Ке ти кажам дека имаш посебно лабораториско испитување чисто за цитомегаловирус...направи го......!!! не ми кажа крвната слика т.е. ситуацијата на тромбоцитите ?? знајш дека драстично намалени тромбоцити се како последица од цитомегаловирусот??? Изменето од bijonse1 - 21.Февруари.2010 во 22:56 |
|
viks13
Нов член Регистриран: 06.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хмммм во ова последново и баш неможам да се снајдам .
што се однесува до имунолошкиот статус односно за ИМГ покачувањето ми е мало односно : дозволено од 0.4- 2.3 јас имам 2.5 а ИГА и ИГГ ми се во граница на нормалата . Мислиш дека ова мало покачување може да се должи на овој Вирус ...хмммммм?? Всушност сега гледам дека во лабараториските испитувања кои сум ги правела овие два месеци , единствено покачување имам ...баш кај тоа Лимфо , во еден случај од дозволено 0.21-0.25 (0.33) , а во друг случај имам (0.46) ама бидејки сите други параметри биде во ред , никој не обрнал внимание , посебно не докторите ...всушност и мојата матична и професорката од инфективно која ме водеше ми се изнасмеаа кога ги прашав од што може да биде тоа покачување |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Серолошки анализи за докажување на ревматични и автоимуни болести
2. Серолошки анализи за докажување на антитела на бактериски антигени во серуми на болните:
3. Серолошки анализи за докажување на антитела на вирусни антигени во серум на болни:
4. Серолошки анализи за докажување на антитела за антигени на паразити во серум на болните:
Изменето од bijonse1 - 21.Февруари.2010 во 02:48 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
леле ....ако го прочита внимателно горниот пост....... При првите симптоми на болеста се појавуваат IgM во EA и кон VCA. Расте и титарот на IgG кон двата антигена. IgM антителата крв VCA имаат дијагностички вредност за болеста. Тие исчезнуваат неколку месеци по оздравување. ќе разбереше дека е реакција антиген( напад)- антитела ( одбрана)..... со едне збор за да разбереш....значи ако имаме покачена анитела.... имаме антиген во нас ( вештачки внесен ( вакцина )или природно )..... Антителата се серумски гликопротеини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него. Антителата припаѓаат на гама глобулини. Тие се создаваат и секретират од активираните б- лимфоцити- плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточни простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити. Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM. Принцип
Одредување на концентрација на IgM со фиксно време преку фотометриско мерење на антиген-антитело-реакција
помеѓу антитела на хуман IgM и IgM присутен во анализа. Ecoline Имуноглобулин M е специфичен имуноесеј за хуман IgM што се должи на одбраните антитела...... Во принцип, на антитела "ИГМ" е индикатор на присуство на сериозна повреда и модерната во исто време кога инфицирана личност. Прикажи антитела "ИГМ" во почетокот на инфекцијата, а потоа исчезнуваат наскоро потоа. Антитела или "IgG" Се чини по исчезнувањето на антитела "ИГМ" и задржи подолго време, и често се чува за живот. Затоа, постоењето на "IgG" е показател на една стара повреда. Во случај на инфекција "CMV" ( или цито мегало вирус)и затоа многу луѓе можеби биле изложени на инфекција со овој вирус, бидејќи е распространета, тоа значи дека на антитела "IgG" може да се појави во анализата на крвта, но тие не се активни. Постоењето на "IgG" и "ИГМ" во анализата на крвта, тоа е показател за присуство на првичната повреда може да биде наследен од мајката, во случај на вирусот во новородено дете може да биде показател на инфекцијата пред да се анализа на неколку недели или месеци подоцна за возрасните. Анализата на "CMV" квалитетот на повредата и дали современиот или стари, активни или неактивни. Лицето со работата на друга анализа по првата анализа на околу 10 до 15 дена, или како што советува со вашиот лекар или лабораториска анализа............. Изменето од bijonse1 - 21.Февруари.2010 во 02:53 |
|
viks13
Нов член Регистриран: 06.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не немам такви симтоми .
почнав со испитувања на крвта .....имунолошки статус , се надевам дека ке дојдам до нешто , дека почнав на своја рака да си правам испитувања , бидејки престанав да верувам во докторите . дали некој знае што точно значи igm (од имунѕлошки статус ) , однсно не што значи колку што ме интресира што во случај да е покачен или намален ? |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако имаш повраќање и пролив, со стомачни болки провери да не имаш КРОНОВА БОЛЕСТ. Многу е ретка во РМ, ама тешко ја откриваат лекарите. Тоа е болест на цревата. |
|
Кој бара ќе најде.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инфективна мононуклеоза
предизвикувана од вирусот на Epstein-Barr (EBV), кој припаѓа на семејство Herpesviridae и се нарекува уште - Human herpes virus 4 (HHV-4). Претставува ДНК-вирус. Поседува бројни антигени - повреден антиген (ЕА), вирусен капсиден антиген (VCA), нуклеарен антиген (NA). EBV не е отпорен на животната средина. инфективни мононуклеоза се среќава често кај млади помеѓу 14 и 24 години.........заболување е познато уште како "болест на бакнежите. EBV може да се пренесува и преку трансфузија на крв, крвни продукти и др. Преку серологични студии е докажано дека околу 90% од луѓето во Европа имале контакт со вирусот и се негови здрави носители. Преку серологични тестови се откриваат антитела на нуклеарни антиген(NA), во раните антигени (ЕА) и кон вирусни капсиден антиген (VCA). При првите симптоми на болеста се појавуваат IgM во EA и кон VCA. Расте и титарот на IgG кон двата антигена. IgM антителата крв VCA имаат дијагностички вредност за болеста. Тие исчезнуваат неколку месеци по оздравување. За инфекзиозна мононуклеоза се карактеристични атипични лимфоцити во периферијата крв, кои претставуваат CD8 и CD4 Т-лимфоцити, а не вирусни заразените В-лимфоцити. Клиничка слика: инкубација период може да биде 10-14-50 дена. Може да се следат следниве симптоми: 1. Фебрилитет. Температурата е субфебрилна (до 38 ° С), но може да достигне и до 40 ° С Често постои фебрилитет во текот на 10 и повеќе дена до неколку недели. Може да има отпадналост, слабост, безапетитие. 2. Промени во грлото. Постои катарално воспаление на фарингсот, Кај дел од болните постои псевдомембранозна ангина. Тонзилите се покриваат со нежен, нечисти-сивкав налеп, кој лесно се отстранува.. со благи болки во грлото 3. Дишењето во носот е отежнато поради хиперплазија и ретроназалната лимфоидна ткиво. ..често има коњуктивит и оток на очни капаци. 4. Зголемени лимфни јазли 5. Кај некои болни може да има зголемен црн дроб и Слезенка. 6. уртикарија , болен од инфективни мононуклеоза прима Ampicillin или Amoxicillin, се појавува макулопапулозен - т.н. "ампицилиново морбили". Лабораториските испитувања: Постои левкоцитоза 10-20 х 109 / l. Во ДКК над 50% се лимфоцити, како што 10-20% се атипични лимфоцити. Серум трансаминази и алкална фосфатаза може да се зголемат 2-3 пати. Свежа инфекција со EBV се докажува со присуството на IgM анти-VCA. Компликации: Ретко може да се следат: 1. Хематологични компликации - автоимуни хемолитична анемија, тромбоцитопенија, панцитопенија. 2. Руптура на Слезенка. Манифестира со болки во стомакот, 3. Секундарни бактериски инфекции - секундарни стафиликокови тонзилити, отити, бронхопневмонии. Лекување: Дијагнозата се поставува по карактеристиката клиничка слика и Лабораториските промени. Се потврдува преку серологични реакции - докажува се присуството на антитела (анти-VCA, анти-EA, хетерофилни антитела). Лекување: се препорачува ограничување на физичката активност, течно-кашава храна. Етиологично лекување не постои - нема лек против вирусот на Epstein-Barr. Тек се симптоматично лекување. При висока температура се применуваат антипиретици. Под силно зголемени тонзили, при многу висока температура се препорачуваат кортикостероиди. Применуваат се антибиотици од групата на макролидите, за да се избегне инфекција со стрептококи. Превенција: Нема специфична превентивна. Одвивање и прогноза: Овозможено е поволна. Во повеќето случаи симптомите отзвучават за 2 до 4 недели, но неколку месеци по болеста може да има отпадналост, слабост, лесна замор. Остатоци лимфоцитоза може да има до 3-6 месеци........ мислам викс13 дека доста опширното излагање ќе ти помогне... Изменето од bijonse1 - 16.Февруари.2010 во 23:35 |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |