|
Како потона Титаник?? |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Септември.2015 во 08:39 |
Контроверзниот чамец за спасување „Бр. 1“ од Титаник криел тајнаРеткото мени од Титаник со списокот на јадења сервирани пред самото потонување на бродот, би можело на аукцијата кон крајот на септември да достигне цена до 70.000 долари. Менито го преживеало потонувањето на бродот во џебот на богат патник кој се спасил. Менито на копното стигна со патникот од првата класа Абрахам Линколн Саломон, кој ја преживеал трагедијата во контроверзниот чамец за спасување „Бр1“ познат како „чамец за пари“. На чамецот се спуштиле само 12 лица, богаташи и покрај тоа што неговиот капацитет изнесувал 40 лица. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имав 25 минути да се спасамРоуз Амели Икард е една од 745-те луѓе кои успеале да го преживеат страшниот бродолом. Починала во 1964 година, како Французинка која најдолго живеела од сите преживеани Французи од бродот Титаник. Нејзиното семејство ги продала нејзините писма на аукција и така нејзините зборови за прв пат достигнале до јавноста.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постојат повеке теории на заговор за потонувањето на Титаник но според една бродот е намерно потонат под палката на банкарските манипулатори од тоа време со цел да се елиминираат некои луѓе кои отворено им се спротиставија на нивните манипулаторни политики а "случајно" се наоѓаа на тој брод.
На времето се правеа диверзии на бродови ,возови...денес се ништат цели држави. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со години не убедуваат дека Титаник потонал, а тоа е лага
За најголемиот брод на светот Титаник многумина говореа дека не е можно да потонал. Сепак, на 15 април пред 100 години се докажало спротивното. Титаник удрил во лед и потонал, при што во големата трагедија животот го загубиле 1.517 лица. Сепак, изгледа не е се онака како што знаеме со години. Писателот Робин Гарднер објави нова книга за најголемата бродска трагедија во која тврди дека на дното на Атлантикот не лежи Титаник. Неговата книга говори за теориите на завера и тој вели дека се се совпаѓа со тоа дека Титаник не можел да потоне. - Преживеаните опишале дека шетале по палубата на бродот. Сепак, на тоа место според нацртите требало да има кабина. Тоа е така бидејќи ништо од ова не се одвивало на бродот. Тој вели дека патниците всушност биле на друг брод и вели дека замената на бродовите останала мистерија. Олимпик бил сестрински брод на Титаник, па затоа и било многу тешко да се воочи разликата меѓу нив. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е зошто толку доцна е разбрала баба ти ?
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
..врска немам,ама знам дека за потонувањето на Титаник баба ми разбра тек во 1985 година!...и тоа јас и кажав!...а таа се чудеше како можело толкав брод да има.. а дека имало македонци имало..4-5 души,гарант некој и се спасил,само им ги немам имињата. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОДРЖАНА МИСА НА МЕСТОТО НА ПОТОНУВАЊЕТО НА „ТИТАНИК“
„Балморал“ ја следеше рутата на „Титаник“
Патниците од британскиот прекуокеански брод "Балморал",кој се на специјално организирано крстарење по Атлантикот,во спомен на трагедијата на бродот "Титаник", одржаа помен на отворено море, за сите жртви,кои загинаа на денешен ден пред 100 години, јави дописникот на МИА од Лондон. „Титаник" потона на 15 април 1912 година,во 2:20 часот,само три часови по судирот со една голема санта мраз,во северните води на Атланскиот Океан,на околу 600 километри од Њуфаундленд. Вкупно 1517 лица,од вкупно 2228 луѓе колку што се наоѓаа на бродот ги загубија своите животи во оваа најголема поморска несреќа во историјата. Само 708 патници и членови на екипажот ја преживеаја несреката. На "Балморал" се одржа посебна црковна миса,а во океанските води беа фрлени дестина венци со свежо цвеќе од сите три палуби на бродот. Меѓу патнците на "Баломорал" се наоѓаа потомци на жртвите и на преживеаните од несреќата,туристи од дваесетина земји од светот,како и публицисти и историчари. Пригодни комеморации се одржаа и на копното,во Белфаст,во чие пристаниште беше изграден "Титаник",како и во Ирска,од каде имаше голем број патници кои патуваа во САД како имигранти и во потрага по подобар и побогат живот.Во Белфаст е отворен специјален музеј,најголем во Европа посветен на "Титаник",а во јужна Ирска,премиерот Енда Кени присуствуваше на отворањето на новоизградениот спомен парк,посветен на несреќниот брод,што е означен како чудо на тогашната бродоградба и потоа на своето прво патување. Пригодна комеморација се одржа денеска и во Саутемптон,од каде Титаник тргна на пат за Њујорк. Така дрндаа светските медиуми изминативе недели по повод 100 години од потонувањето. Инаку чичко Џејмс Камерун во соработка со NGC по дооолго истражување направи симулација како всушност потонал Титаник. Епа еве ја. |
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Титаник стана храна за бактериите
Остатоците на Титаник кои се наоѓаат на дното на океанот наскоро ќе исчезнат бидејќи се храна на новооткриените бактерии, тврдат канадските научници. Титаник, кој своевремено бил најголем патнички брод потонал на 14-ти април 1912 година за време на својата пловидба од Англија за Њујорк, откако удрил во санта мраз сред Атлантикот. Од вкупно 2.223 патници на бродот, само 706 преживеале. Хариета Ман, од Dalhousie University, тврди дека новиот вид бактерии толку брзо го јадат остатокот од бродот, што наскоро од него ќе остане само дамки од ’рѓа. - Ако опстане уште 15 до 20 години, ќе биде добро. На крај на океанското дно ќе остане само дамка од ’рѓа. Во 1995 година предвидов дека Титаник ќе опстане уште 30 години, но сметам дека многу побргу се распаѓа, вели Ман, која користејќи ја ДНК технологијата на остатоците на Титаник идентификувала нов вид бактерии. Професорката вели дека тоа е природен процес, рециклирање на железото и негово повторно враќање во природата. Точната локација на Титаник е пронајдена во 1985 година, 73 години по потонувањето и тоа од американско-француска експедиција. Остатокот од бродот се наоѓа на 3,8 километри под површината на океанот и на околу 530 километри југоисточно од Њуфаунленд, Канада. Со ова откриетие се потврдија претходните тврдења дека се преполовил, а двата делови од бродот меѓусебно се оддалечени околу 600 метри и се свртени еден спроти друг, но спротивен правец. - Во последните 25 години откако е откриен, Титатник забрзано се распаѓа, вели Ман. |
|
na oko
Сениор koj sum jas koj sum jas Регистриран: 25.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4866 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a ako beshe cak noris -brodot pod mishka i na kopno
|
|
na kamen shto se trkala mov ne se nafaka
|
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
my mnogu filmovi gledasdaj namali malku |
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako bese na brodot Brus Vilis mesto Leonardo di Kaprio sigurno site ke gi spaseshe.....
|
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
гледам ја вративте темава од мртвите; ако само така продолжете
|
|
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
|
gogic
Нов член Регистриран: 21.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 32 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se sopna na santa mraz
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
valjda shlup!!!
koga tonel Titanik kapetanot im rekol na patnicite imam edna losa i edna dobra vest losata e deka udrivme u santa imame uste 11 sati do potonuvanje dobrata e deka sme nominirani za 11 oskari Изменето од anakin - 23.Септември.2010 во 08:59 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |