|
Павел Шатев |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Април.2013 во 08:46 |
ПИСМО В ЗАЩИТА НА ПАВЕЛ ШАТЕВ
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е убаво , секој има право на свое мислење.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во тоа време, како што се знае, падна убиен од изнајмен убиец и најголемиот ум како национал-револуционер Ѓорче Петров, без да ги набројуваме имињата на сите останати отплатени жртви - видни легални и нелегални активисти во македонското национал-ослободително движење.
--- Мислех што Ѓорче Петров е контраверзна фигура - соработник на бугарскиот експанзионизам. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СПРОТИ ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПОСЛЕДНИОТ ГЕМИЏИЈА И ПРВ МИНИСТЕР ЗА ПРАВОСУДСТВО НА МАKЕДОНИЈА Биографијата за Шатев е напишана, ама неоткриена Kако разузнавачи и конспиративци Павел Шатев и Виктор Аќимовиќ со Морзеова азбука, со удари по затворските решетки се договараат тој што ќе преживее, по ослободувањето од затвор, да ја кажува вистината за другиот Предраг Димитровски „На 30 јануари се навршуваат 35 години од смртта на Шатев. Те молам за овој ден да купиш еден убав венец, а на лентата (црвена и широка) да стои натписот: На Павел, по повод 35 години од неговата смрт, од неговите пријатели. Јави колку ќе чини венецот, да ти испратам пари. Ти испраќам порцеланска фотографија на Павел и те молам да биде ставена на неговиот гроб. На гробиштата Св. Недела има мајстори за изработка на надгробни споменици, па тие нека ја постават над натписот на гробот (солидно).“ Објективот на Аќимовиќ насекаде присутен Виктор Аќимовиќ се приклучил кон Главниот штаб на НОВ и ПОМ во септември 1944 година и е еден од првите фоторепортери и фотодокументаристи. Покрај создавањето на весникот „Нова Македонија“, тој ќе овековечи значајни моменти од ослободувањето на македонските градови, настани и личности, како и судските процеси против предавниците на македонскиот народ и соработници на фашистичкиот окупатор. Поради судир со високи функционери на македонската држава, тој првите години по војната не работи како новинар во Македонија, туку е дописник на белградска „Политика“ и на други весници од тогашните југословенски републики. Излезе „Историја на Македонија“ од Шатев Kнигата „Историја на Македонија“ од Павел Шатев се појави кон средината на месецов како прв том од оставината на овој македонски револуционер, еден од солунските атентатори и прв министер за правосудство, чии трудови досега речиси воопшто не биле објавувани кај нас. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5391CB66367B5E49B082754D21B8FB3E |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гемиџијата Шатев не го сотреа ни Турците, ни Бугарите, туку нашитеПавел Шатев, легендарниот гемиџија, македонскиот национален деец, државник во првата македонска влада, единствена политичка личност со три полициски досиеја – бугарско, руско и македонско, почина осамен, напуштен и разочаран од новата македонска комунистичка власт. Тоа што не го сторија турските „едикулиња“ и „фејзани“ и бугарските участоци и логори, го сторија македонските власти со интернирањето во сопствената татковина, на која ѝ го посвети целиот свој револуционерен живот.
Револуционерната дејност на Павел Шатев е интегрално вткаена во најсудбоносните собитија на македонското национално ослободително движење како непосреден учесник и активен сведок речиси на сите етапи на македонското револуционерно минато. Неговата револуционерна дејност, главно, може да се подели на три периоди. Овој период од неговата најрана револуционерна дејност започнува од неговото школување во гимназијата во Скопје, каде се запознава со револуционерното движење од страна на истакнатите дејци на македонската револуционерна организација, Во овој втор период од револуционерната дејност на Павел Шатев по Првата светска војна, тој се јавува како политички активист во редовите на македонска емиграција во Бугарија. Како левоориентиран македонски национален деец, тој се приклучил кон Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО), прифаќајќи ја политичката платформа на оваа легална македонска организација за решавање на македонското прашање: „Создавање на Македонија во нејзините географски и економски граници во самостојна политичка единица како етапа за остварување на балканска федерација“. Како искусен револуционер и авторитетна личност во македонските емигрантски средини во Бугарија, Шатев ќе биде избран за претседател на Основачкиот конгрес на МЕФО, одржан на 4 декември 1921 година во Софија, и за претседател на Комисијата за „обединување“, односно за помирување и постигнување договор со Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија. Од средината на 1922 година Павел Шатев ќе стапи во контакт со претставниците на Советскиот Сојуз и со Коминтерната и со нив ќе го поврзе и водачот и член на ЦК на автономистичката ВМРО, Понатамошната своја револуционерна дејност тој ќе ја продолжи во раководните редови на ВМРО (Обединета), учествувајќи во основањето на ВМРО (Обединета), каде бил избран за заменик-член на ЦК и член на редакцијата и соработник во органот на ВМРО (Обединета), весникот Во април 1928 година Павел Шатев активно учествувал во одржувањето на Првата општа конференција на ВМРО (Обединета) во Берлин, во јули 1928 година. Застапувајќи ја национал-револуционерната струја на организацијата, тој се конфронтирал со Во јуни 1931 година Павел Шатев се вратил во Софија и до почетокот на Втората светска војна ќе се придружи кон антифашистичкиот сили, пројавувајќи се како голем патриот и антифашистички борец. Притоа, тој постојано ќе биде следен, приведуван и сослушуван од полицијата, ставајќи го својот живот повторно на големи искушенија во бугарските затвори и логори. Пред почетокот на војната, Павел Шатев е потписник на два апела – меморандуми за решавање на македонското прашање. Првиот, на 1 ноември 1938 година заедно со Во Софија Павел Шатев продолжил да соработува со претставниците на амбасадата на Советскиот Сојуз како професионален разузнавач, со своја радиостаница, но не како комунист и „партиен“, туку, како што тој самиот им изјавил, како „македонски национален револуционер, антифашист и демократ“. Во јуни 1941 година го предвидел нападот на Германија над Советскиот Сојуз и за ова ја известил Москва со телеграма. На 10 октомври 1941 година Шатев бил уапсен од полициските власти во Софија под обвинение дека „работел во минатото за создавање на македонска комунистичка организација“ и дека бил „во конспративна врска со чиновници од советската амбасада, од која што добивал инструкции за организирање и обединување на македонските-Бугарикомунисти од новоослободените земји“. Во ноември истата година бил испратен во логорот Крстополе, кај Ксанти, а потоа во логорот „Гонда вода“ кај Асеновград. Во јули 1942 година бил осуден на 15 години затвор, и покрај одбраната дека „со класна работа“ не се занимавал и дека работел „по македонска линија“. Бил затворен во затворот во Хасково, а подоцна во Ќустендил. Во овој трет и последен период од револуционерната дејност на Павел Шатев, тој се јавува како македонски политичар и државник, вклучувајќи се во државниот и политичкиот живот на новата македонска власт со членувањето во АСНОМ. По капитулацијата на Бугарија, Павел Шатев во септември 1944 година, заедно со уште 29 македонски револуционери и општественици, припадници на сите струи во македонското револуционерно движење (ВМРО, ВМРО-Протогеровистичка, ВМРО-Обединета и на БКП), се јавува како прв потписник на Во април 1945 година Павел Шатев бил избран за член на првата влада на Федерална Македонија и за министер на правосудството. Во мај 1946 година бил избран за потпретседател на Президиумот на АСНОМ и за сојузен пратеник во Уставотворното собрание. Во 1948 година бил сменет од политичките функции и поставен за советник, а на крајот на истата година пензиониран. На 16 јуни 1949 година Павел Шатев бил уапсен како сојузен пратеник во Загреб и 11 месеци бил држен во истражен затвор во Скопје. Бил обвинет од раководството на македонската политичка и партиска власт како Бил погребан на гробиштата кај црквата Св. Недела во Битола, во организација на Службата за државна безбедност, во присуство на неговата сопруга, која дошла од Загреб, и неколкумина негови пријатели. http://www.mkd.mk/93039/makedonija/gemidzijata-satev-ne-go-sotreba-ni-turcite-ni-bugarite-tuku-nasite/ |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (6)
Македонците беа меѓу првите, кои се насочија спрема СССР. За кусо време, беше воспоставен контакт со некои револуционерни фактори, организации и лица во СССР за да се бара еден нов пат за борба со сеопшта помош на новата веќе револуционерна, толку пространа држава. Изменетата општоевропска и општобалканска ситуација и прегрупирањето на општествените, социјални сили на Балканот уште повеќе помагаше да се постави одново рационалното разрешување и на македонското прашање, откако ќе започна една нова легална и нелегална борба, различна од таа во минатото, базирана врз нови методи и средства, и не само одделно во Македонија, туку и на Балканот. Уште првите години се започна со формирање, пред се, на еден општ македонски револуционерен фронт составен од сите дотогашни организации, групи и посебни лица, фронт кој ќе влезе во координација со подготвуваниот заеднички балкански револуционерен фронт во кој влегуваа сите социјал-револуционерни партии, групи и лица од сите балкански држави. Така се дојде до идејата за формирањето на еден општ револуционерен фронт во кој требаше да влезат ако не сите, барем мнозинството од тогаш постоечките национал-револуционерни и социјал-револуционерни организации, партии, групи и лица за заедничка координирана борба и на Балканот со моќната поддршка и сеопшта помош и содејство на новиот револуционерен фактор-Сојузот на Советските Социјалистички Републики, кој се повеќе и повеќе стекнуваше престиж и влијание како во Европа, така и во целиот свет. Како почеток на тој заеднички национал-револуционерен фронт, по една долготрајна подготовка и по долги, тешки преговори и иницијативи, во 1925 г. се формира ВМРО (Обединета) како посебна, нова македонска, општо револуционерна организација. Но, минатото го остави своето "наследство". Многу од старите националистички и милитаристички остатоци и предрасуди беа останати во главите и на лицата, кои влегуваа во разните легални и нелегални македонски организации, групи и лица. Некои од реакционерните фактори на Балканот се уште живееја со своите стари претстави и разбирања, се уште не можеа да ги изживеат своите заблуди, предрасуди и сфаќања, со оглед на своите класни, државни, партиски, династички или групни, сталешки интереси, и директно или индиректно ги побудуваа, поттикнуваа или им помагаа на останатите главно политички непросветени лица, кои тињеа по еден фатален пат кон нови потреси и државни и национални катастрофи. Наспроти околностите дека и последниот Македонец од искуството разбра и се убеди дека Македонија не можеше и нема да може да се ослободи по пат на војна, туку само по пат на револуција и тоа ако се бори не посебно, изолирано, туку паралелно без да се меша со останатите социјал-револуционерни партии, организации, групи и лица во сите балкански држави. Само национал-револуционерните и социјал-револуционерните организации, групи и лица беа и можеа да бидат природните сојузници во борбата на македонскиот народ за слобода, национално и социјално ослободување. Особено по убиството на Тодор Александров на 31. VIII. 1924 г., следењата, масовните и поединечни убиства се засилија, зачестија и се стигна дури до заемни братоубиствени борби, невидени и нечуени дотогаш. Пиштолот, бомбата, ножот, беа единствените аргументи. Дури, по улиците на Софија, Варна, Пловдив, паднаа сосема невини луѓе, убиени по грешка, само зашто на изнајмените убијци им се сторило дека лицето е истото што требало да се убие! Во тоа време, како што се знае, падна убиен од изнајмен убиец и најголемиот ум како национал-револуционер Ѓорче Петров, без да ги набројуваме имињата на сите останати отплатени жртви - видни легални и нелегални активисти во македонското национал-ослободително движење. Во период од 5-6 години беше убиена елитата на македонската револуционерна мисла - беа убиени повеќе од 1.000 души македонски револуционери. Многумина, кои случајно останаа живи, беа принудени да се сокријат, други да избегаат во странство - Европа, Америка и Цариград. Тоа беше една од последните низи на македонската мартирологија. Тоа е, можеби, најцрната точка во историјата на македонската национал-ослободителна борба или поточно од историјата на македонските братоубиства. ВЕЧЕР пренесува дел од капиталната прва Историја на Македонија", напишана од Павел Шатев. Изборот и преводот се на Предраг Димитровски кому ракописите во форма на микрофилм му ги предаде ќерката на авторот, Милка Шатева. Издавачи на делото се "Македоника" и Архивот на Македонија http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BCADA490C4F06A4DB0A2054D594D750E |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од mungos80 - 25.Јануари.2013 во 10:48 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (4)
Грција го зема најдобриот дел - повеќе од половина Македонија. Таа доби 2.145.000 души, што претставува 81 проценти од своето првично население, кое речиси се удвои. Нејзиниот дел ги вклучуваше најплодните полиња на Солун, Серес, Драма, Воден, како и островите Крит, Митилин и други, потоа големото пристаниште на Солун, вториот град на бившата Европска Турција, Јанина, Кавала итн. Притоа, загубите на различните војски за време на војната со Турците беа: Во Букурешт, довчерашните сојузници со Романија се собраа всушност само за да го поделат заедничкиот плен. Таму Македонија беше, како што рековме, распната на крст. И гордиот и амбициозен бугарски цар Фердинанд, во манифестот за демобилизација уште во истиот момент додека заседаваше конференцијата во Букурешт, отворено изјави дека бугарските војски ги превиткуваат своите знамиња за подобри денови, а со тие зборови декларираше дека Бугарија ќе бара реванш! |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ламсдорф, веќе цела година министер, со своите идеи како балтички гроф е обожавател на германските области и е противник на секаква револуција. Уште во декември тој испраќа телеграма во Софија дека "царот не одобрува какво било толерирање од страна на бугарската влада на револуционерните движења" и дека сака растурање на Комитетот, а во Цариград дека никогаш нема да одобри какво било револуционерно незадоволство во Македонија. За него Македонците се повеќе непослушници, а не Словени.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" (3) Целосна автономија на Македонија (Солунски, Битолски и Косовски вилает) Македонија постојано се искористува од страна на Турција. Двата извора за нејзините приходи добиваат друг тек: даноците и глобите, финансиите и судниците се исто бојкотирани. Тогаш, особено од 1895 г., почнуваат прикриените методи за репресии: султанот ја повикува својата подвижна жандармерија од башибозуци (цивилна жандармерија), т.е. Албанците. Тие, откако ќе влезат во некое село, ограбуваат, колат или го одвлекуваат населението. Така, провинцијата Стара Србија во еден период од 20.000 души останува со 2.000. Најпосле, од Мала Азија се испраќаат резервисти (редифи), кои речиси гладни ги разграбуваат и опустошуваат трите вилаети - Македонија. Велат дека од 1902 г. биле напуштени 172 села, а во планините имало околу 180.000 Македонци-бегалци А, во самата Македонија, во Солун се формира во 1893 г. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) со програма за автономија на Македонија, следствено сосема различна од целта и задачите на Македонскиот врховен комитет во Бугарија. ВМРО поделена на посебни, тајни секции (реони) почна да се заштитува од Албанците, кои Абдул Хамид ги поттикнуваше на истребување на Словените, а истовремено со тоа сметаше дека ќе го разреши и аграрното прашање, откако ќе ги притеснат беговите, големите сопственици на чифлиците за да сопрат со издавањето на земјата под умерен наем. Организацијата ги регрутираше своите истомисленици меѓу сите Македонци, без разлика на вера, народност и јазик. Во неа влегуваат како сите Словени, така и Власи и Грци. Раководителите се главно учители и свештеници, а, исто така, и адвокати, лекари, офицери. Таа има и свој (надворешен) орган во "Л, Еффорт" што излегува во Женева на француски јазик. ВМР Организација е една, суштински, тајна влада, чие централно раководство никој не знае каде е (според уставот, секаде и никаде). 180.000 МАКЕДОНЦИ-БЕГАЛЦИ Македонија постојано се искористува од страна на Турција. Двата извора за нејзините приходи добиваат друг тек: даноците и глобите, финансиите и судниците се исто бојкотирани. Тогаш, особено од 1895 г., почнуваат прикриените методи за репресии: султанот ја повикува својата подвижна жандармерија од башибозуци (цивилна жандармерија), т.е. Албанците. Тие, откако ќе влезат во некое село, ограбуваат, колат или го одвлекуваат населението. Така, провинцијата Стара Србија во еден период од 20.000 души останува со 2.000. Најпосле, од Мала Азија се испраќаат резервисти (редифи), кои речиси гладни ги разграбуваат и опустошуваат трите вилаети - Македонија. Велат дека од 1902 г. биле напуштени 172 села, а во планините имало околу 180.000 Македонци-бегалци. Една афера, меѓутоа, ќе и наложи на ВМРО да ја смени својата тактика. Во ноември 1897 г. турските власти откриваат во с. Виница, близу до бугарската граница, еден магацин со оружје и муниција. Од тогаш Внатрешната организација ја менува својата тактика. Започнуваат отворената борба и терористичките акции. Од 1898 до 1903 г. дошло до 130 судири со турската војска. Бугарската влада се обидува да ја искористи ситуацијата во Македонија. Таа бара берати за организирање на неколку нови бугарски митрополии - во Битола, Дебар, Кукуш, Мелник. На 20 април 1897 г., три дена по започнувањето на грчко-турската војна, за да ја принуди Високата порта, заминува за Берлин, бара "компензации", реформи, бугарски митрополии и училишта. Од Берлин се дава совет да се отстапи и се издаваат берати за уредувањето на три митрополии (Битола, Дебар, Струмица) (месец ноември). Кнез Фердинанд, меѓутоа, се уште стравува од развојот на македонското движење и постојано набљудува. Тогаш Софија има 70.000 души население, од кои 20.000 Македонци. Тој се обидува да го диригира движењето. Во 1898 г. видниот македонски револуционер Борис Сарафов е на чело, претседател на Македонскиот врховен комитет, кој има спогодба со ВМРО, и настојува да го засили со други поумерени водачи, попослушни и поисполнителни. Таа бугарска иницијатива и напори почнува да ги обеспокојува Австрија и Русија. Муравиев се среќава со Голуховски во Виена (21-25 октомври 1898 г.). Се предвидува војна меѓу Турција и Бугарија. Турците не треба да влезат во Софија, ниту, пак, Бугарите во Цариград. А бугарскиот дипломатски агент во Виена е лошо примен, откако бара согласност од Австрија за создавањето на Сан-Стефанска Бугарија. Бугарија со меморандум до Високата порта сака автономија на Македонија, со престолнина во Солун и губернатор од "владејачката нација" (јануари 1899 г.). Тоа беше вистинска бомба. Од друга страна, Англија и Италија ургираат кај султанот да се реши да воведе реформи. "Ново потхранување на револуционерните интриги и игри", јавува Бјулов од Берлин, новиот државен секретар. За да се избегне една колективна постапка на силите, рускиот пратеник во Цариград добива наредба да го повика султанот да преземе мерки и христијаните во Македонија да бидат заштитени и да им се подобри положбата (февруари). Пред својот германски колега тој признава дека мирот во Македонија е од суштествено значење, но без колективна интервенција (26 март). Австриската политика, толку јасна и определена во своите цели, е побрутална во средствата и методите. Таа е цврсто решена да не дозволи Русија да дејствува и на тој начин да ги принуди да мируваат малите балкански држави, кои само чекаат погоден момент. Во Берлин, Голуховски му соопштува на Бјулов (4-6 мај 1900 г.) дека Австрија нема да и дозволи на која и да е сила да навлезе во Албанија (се визира Италија), ниту обединување на Србија и Црна Гора, како и влегување на Русија во Цариград. А пред Еленбург, германскиот пратеник во Виена, изјавува: "Ние едноставно ќе ја прегазиме Србија ако се усложни ситуацијата на Балканот и Србија се осмели да води друга политика освен таа што ние ја посакуваме" (6 јануари 1901 г.). Што се однесува до Бугарија, таа се следи од Романија, која во случај на една бугарско-турска војна се заканува дека ќе ја окупира Јужна Добруџа (1 февруари). Македонското востание се разгорува. Тоа е најголемиот бунт од 1876 г., соопштуваат конзулите. Во сите планински месности се формираат чети - на Запад и Исток од Костурско до Штип. Најголемите се на Пирин и во Малешевско, крај бугарската граница. Оружје и чети се префрлуваат од Кнежевството на турска територија. Тие комити, во октомври 1902 г., ја заземаа Кресненската клисура по течението на реката Струма и ги изолираа северните македонски околии. Во Софија друга, двојна игра. Фердинанд менува на власт ту русофили, ту русофоби и ту ги протежира, ту ги апси видните македонски дејци, раководители. Борис Срафов бидува уапсен (април 1901 г.) и Фердинанд го заменува со свој пријател, генерал Иван Цончев. Гроф Игнатиев, поканет да присуствува на Шипченските прослави, апелира Бугарите да ја реализираат Сан-Стефанска Бугарија (1902 г.). МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НЕПОСЛУШНИЦИ Во Петерсбург и во Виена наоѓаат дека договорот од 1897 г. е непрецизен, недоволен и негативен. Положбата во Македонија се смета како навестување, како почеток на криза во Отоманската империја и сите се обеспокојуваат. Францускиот конзул во Солун, Луј Стег, нуди програма за практични реформи: Наместо наемници, локални стражари, наместо прекупување на десетокот, негово прибирање преку монопол (28 октомври 1902 г.). Во Цариград, германскиот пратеник го поттикнува султанот на противдејство: Единственото средство против револуционерниот вриеж, му пишува тој на Бјулов (7 октомври), така како што се наметнува од Бугарија во Македонија, сигурно не се реформите, туку само воената репресија. Да се принудува султанот да воведува реформи, тоа значи да се потпалува пожарче на Балканот. И Високата порта се задоволува со формирање комисии, со кои ќе претседава Хилми-паша (1 декември). Првокласен погреб, како што се изјасни Маршал. Франција претставува една општа промеморија: "Апсолутно е неопходно без задоцнување да се подобри положбата на населението во Македонија" (9 декември). Од Лондон, Лансдоун испраќа еден попрецизен план: Целосна автономија на Македонија (Солунски, Битолски и Косовски вилает) што се однесува до судската област и жандармеријата, назначување на еден губернатор христијанин, една контролна комисија, што ќе биде составена од конзулите (9 декември). Русија се вознемирува: Апсурдно е, изјавува Зиновиев, руски пратеник во Цариград, кога говори за англискиот проект. "Многу полесно е да се уништи целото турско владеење". Ламсдорф, веќе цела година министер, со своите идеи како балтички гроф е обожавател на германските области и е противник на секаква револуција. Уште во декември тој испраќа телеграма во Софија дека "царот не одобрува какво било толерирање од страна на бугарската влада на револуционерните движења" и дека сака растурање на Комитетот, а во Цариград дека никогаш нема да одобри какво било револуционерно незадоволство во Македонија. За него Македонците се повеќе непослушници, а не Словени. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=577867F8B0144F42BA215B933C83AC34
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕКСКЛУЗИВНО: ФЕЉТОН ОД "ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА" ОД ПАВЕЛ ШАТЕВ (2) Мис Стон плачела 6 дена Четниците сакаат да се претстават како обични разбојници од разни народности, а жените мислејќи дека навистина паднале во рацете на обични разбојници непрекинато плачат 5-6 дена. Најпосле, Јане Сандански им ја открива вистината и тие се успокојуваат. Веста за запленувањето брзо се рашири од двете страни на океанот и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимаваше со сензационалниот настан. Околу "разбојниците" и животот на двете запленети дами во планините се создадоа легенди. ...На 21 декември ноќта, во една винарска визба крај с. Србиново, госпоѓа Цилка, наспроти сите тревоги, бранувања, неудобности, помогната од две жени, кои војводата ги повика од селото, среќно се ослободи од бременоста и доби бебе од женски пол - "здраво и живо", како што уверува Ј. Сандански Доаѓањето на Гоце Делчев во втората половина на ноември, проследено со реализација на важни иницијативи и со едно решително и смело расчистување со предавниците и шпионите, го раскрили духот и ја прероди Организацијата, па Костурско почна да се посочува како пример за стегнат, дисциплиниран и вооружен реон. Тоа можев и самиот да го видам со сопствени очи во првите денови на август 1902 г., кога се најдов во Костурско и ги затекнав Г. Делчев и костурските раководители исполнети со задоволство и гордост од блескавите резултати на своите напори. Недостигот од парични средства е вечната болка и на Организацијата во Македонија и на комитетите во Бугарија. За изнаоѓање поголеми суми се мисли постојано и се прават разни планови, за некого дури и фантастични. Во внатрешноста едвај има реони каде немало обиди или речиси да не се замислени грабежи за пари. Неостварливи во 99 од 100 случаи, тие обиди ја чинеа понекогаш скапо и Организацијата и населението. Запленувањето на грчкиот лекар Керемедчиолу во Лозенград, во мај 1900 г., создаде цела афера и фрли во затвор околу 70 души. Четата на Сл. Мерџанов и П. Соколов заплени за откуп едно Турче, но откриена, опколена и нападната од пешадија и коњаница од Одрин, таа ќе биде совладана по неколкучасовна херојска борба на 4 јули 1901 г. Загина целата чета од 11 души, а самиот Сл. Мерџанов, ранет и заробен, ќе биде обесен во Одрин на 27 ноември истата г.. Мислата за крупен плен не престана да го соблазнува Гоце Делчев за целиот негов револуционерен ангажман. Тој направи најмногу и најризични обиди. Два од нив извршени со ретка смелост и искуство се овенчаа со успех. Но и во двата случаја запленетите, кои не биле чувани со неопходната строгост, успеале ноќно време да избегаат од рацете на четата, тогаш кога откупните суми (3.000 и 600 лири) биле веќе испратени да се предадат на Г. Делчев. МИС СТОН И БРЕМЕНАТА ЦИЛКА Нема да се занимаваме со другите, толку многубројни настани од таков вид за да можеме да се задржиме повеќе врз гласната историја по запленувањето на американската мисионерка мис Стон. Во летото 1901 г., Јане Сандански дошол на идеја да го зграби протестантскиот мисионер д-р Хаус, откако со помош на локалните протестанти од с. Банско ќе го најави неговото доаѓање од Солун. Од разговорот со протестантите тој дознава дека штотуку пристигнала во Разловечко мис Стон. Го напушта планот за Хаус и се насочува кон примамливата жртва - жена, притоа поданичка на земјата на доларите. Христо Чернопеев, кому Сандански му го открива планот, дава согласност и на 21 август, приквечер, една специјално за таа акција подготвена чета, облечена во аскерска и друга турска облека, на патот меѓу Банско и Горна Џумаја , кај "Потпрената скала", фаќа три жени: мис Стон, нејзината другарка Цилка, бугарска протестантка, и една бабичка. Еден Турчин се здава при запленувањето, пука кон четата со револвер, но бива убиен. Четата ја ослободува преплашената бабичка и ги поведува двете жени кон планината. Четниците сакаат да се претстават како обични разбојници од разни народности, а жените мислејќи дека навистина паднале во рацете на обични разбојници непрекинато плачат 5-6 дена. Најпосле, Јане Сандански им ја открива вистината и тие се успокојуваат. Веста за запленувањето брзо се рашири од двете страни на океанот и неколку месеци по ред печатот од целиот свет се занимаваше со сензационалниот настан. Околу "разбојниците" и животот на двете запленети дами во планините се создадоа легенди. Интересната положба на госпоѓата Цилка и очекуваното нејзино ослободување поради бременоста во една крајно оригинална "комитска" ситуација, односот на "разбојниците" спрема двете жртви на анархијата во Турција, енергичната реакција на американската влада и преговорите за откуп - сето тоа правеше од запленувањето на мисионерката една историја колку романтична, толку и актуелно политичка... На 21 декември ноќта, во една винарска визба крај с. Србиново, госпоѓа Цилка, наспроти сите тревоги, бранувања, неудобности, помогната од две жени, кои војводата ги повика од селото, среќно се ослободи од бременоста и доби бебе од женски пол - "здраво и живо", како што уверува Ј. Сандански. 14.000 ЛИРИ ЗА ОТКУП Преговорите за откуп се водеа во Цариград и Софија. Улогата на посредници ја одиграа рускиот дипломатски агент во Софија, Бахметов, и неговата служба, која лично ја познаваше мис Стон. Тие воспоставија врска меѓу пратеникот на американската легација во Цариград, Дикинсон, и пратениците на четата Кр. Асенов и Хр. Чернопеев. Директни преговори околу откупот и предавањето на жените внатре имаше и самиот Сандански со д-р Хаус, истиот кого што најпрвин имаше намера да го заплени. Бараше една сума од 25.000 лири. Но акцијата беше спроведена со непланирани потешкотии и големи ризици, а и многу се одолговлечи. Турците ја гонеа четата, измачувајќи го притоа, по обичај, месното население, ја вознемируваа и органите на бугарската власт покрај границата, ја прогонуваа и четите на врховистите, со кои во тоа време борбата се разгоруваше. Пред Цилка да се породи, четата беше нападната во селото Тросково од врховистичкиот војвода Дончо Златков со 78 души. Престрелката траела цели 10 часа и заврши со повлекување на четата, заедно со жените, кон с. Лешко. Сето тоа ги спречи пленителите да ја намалат сумата за откуп на 14.000 лири. Договорено беше предавањето на парите да биде извршено внатре. Парите, златни лири, во сандаче, беа однесени во Банско од д-р Хаус, во придружба од 250 души аскер. Требаше и четата да се подготви за преземање на парите, откако ќе се ослободи од жените. Д-р Хаус, кој не им се доверуваше и на војниците и го чуваше сандачето во својата соба, се согласи со барањето на четата - тајно, во џебовите, да го изнесе златото и да го однесе во една протестантска куќа во Банско, а наместо него, во сандачето да стави олово. Се се заврши: сумата беше земена и беше изнесена од Банско, Чернопеев ги ослободи двете жени во Струмичко, а војската, заедно со д-р Хаус, продолжи со придружбата на сандачето со олово дури до Сер. Таму веќе, Американецот им откри се на Турците. Долготрајноста на пленувањето и блескавото финале се должат како на упорноста на пленителите, така и на совршенството на месната организациска мрежа. Дел од сумата беше поделена меѓу окрузите во внатрешноста, но поголемиот дел од "мисстонките" беше потрошен, како што признава и Ѓорче Петров, за борба против врховистите. Пленувањето на мис Стон има и добри и лоши резултати. Меѓу добрите треба да го споменеме и тој дека американската мисионерка се приврза кон идеалите на кои им служеа нејзините пленители и по ослободувањето, во Америка држеше конференции во полза на македонското ослободително движење. На тој начин, еден дел од американското општествено мнение се запозна со Македонија и нејзината ослободителна кауза. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5BA9807FCB45594DB6904E2F881B2EF5
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тие одделни, делумни иницијативи, за да не одат во крајност или за да не тргнат по еден погрешен пат се наложило да се основа на една општа македонска легална организација, која ќе ја води и насочува борбата за подобрување на положбата во деловите на останатите под турско ропство земји со бугарско население.
Изпаднало е некаде по патот определението "словено" останало само "бугарско" |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шатев: Солун е главниот град на Македонија
Тие одделни, делумни иницијативи, за да не одат во крајност или за да не тргнат по еден погрешен пат се наложило да се основа на една општа македонска легална организација, која ќе ја води и насочува борбата за подобрување на положбата во деловите на останатите под турско ропство земји со бугарско население. Се формираат одделни групи, студентски и офицерски друштва и мали добротворни братства. Така, во 1890 г. во Софија се формира од постоечките околу 20 братства општ македоно-одрински комитет со претседател, познатиот учител, писател, поет и општественик Трајчо Китанчев, еден од најпочитуваните, чесен Македонец родум од Ресен, Македонија. Сите посвесни лица, главно селска и градска интелигенција и офицери, се групираат околу тој Комитет на чело со такво авторитетно лице како Трајчо Китанчев. "Првите пионери на ослободителната идеја во Македонија, вели Христо Силјанов во "Ослободителните борби на Македонија", том И, стр. 4, не вложуваат дури труд да ги видоизменат и приспособат кон македонските услови готовите обрасци, оставени од организаторите на револуционерната борба во Бугарија. Во своите Спомени, од 1891 г., Дамјан Груев, подоцна еден од создавачите на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација, говорејќи за целите и задачите на македонското студентско друштво "Дружба" при софиската Виша школа, вели: "Сметавме да дејствуваме во насока да се издејствува примена на чл. 23 од Берлинскиот договор. Мислевме да создадеме организација по примерот на револуционерната организација во Бугарија пред ослободувањето, да дејствуваме по примерот на Христо Ботев, Васил Левски, Бенковски и др. Бевме ја проучиле таа организација. Белешките на Захари Стојанов, на пример, ни беа влијаеле и воопшто долгогодишната револуционерна литература."1.) Имавме во рака еден том од "Белешките" на Захари Стојанов и од нив го земавме за пример уставот на Бугарскиот револуционерен комитет", пишува во Спомените, д-р Христо Татарчев (стр. 9). Го задолживме Петар Поп Арсов врз основа на тој устав да подготви проект за нашиот устав. На организацијата и се даде името "Македонска револуционерна организација", а на солунскиот Комитет - "Централен македонски комитет" (Ц.М.Р.К.), со претседател д-р Христо Татарчев и секретар-благајник Дамјан Груев. Изменето од mungos80 - 22.Јануари.2013 во 18:46 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |