IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Сакаме промени, а несакаме да ги менуваме навиките
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сакаме промени, а несакаме да ги менуваме навиките

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сакаме промени, а несакаме да ги менуваме навиките
    Испратена: 05.Јуни.2010 во 14:50
zoshto mutacii?изненадување...ne be,..ednostavno,...vikash ,..Da imame stabilen praven sistem, nepartisko zagaduvanje na site institucii
(od obrazovanie, do nauka i zdravstvo), itn itn..."
...................i seushte nataka!намигнување


e pa,..nemame...jas vikam!

zatoa i rekov,... i babata da imala ..
sosema isto e....u druga ambalaza!голема%20насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 14:41
hahaha...velis, do MUTACII stignavme? голема%20насмевка
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 13:58
Originally posted by Kali Kali напиша:

...................

Paradoksot e sto, navistina imame sposobnosti i potencijali.
Samo sto prilikite ne im dozvoluvaat da se razvijat, tuku se POTISNUVAAT, OBESHRABRUVAAT.
Da imame stabilen praven sistem, nepartisko zagaduvanje na site institucii
(od obrazovanie, do nauka i zdravstvo), itn itn... i toa kako kje se pokazat realnite kapaciteti na Makedoncite, SEGA I TUKA.

.................
sigurno saka da kaze deka ...prilikite,..(t.e...hromozomite!) i na babata ne i dozvolile,...

inache ,...da imashe taa ,....ziher ke staneshe dedo !да


Изменето од brza - 05.Јуни.2010 во 13:59
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 09:06
Nema samodoverba kaj nas. Realno cuvstvo na vistinska vrednost.
Zatoa lesno narodot se lepi za trogatelen patriotizam i anticki golemini, koi mu davaat nekoe zanesno cuvstvo, ama samo cuvstvo ( bidejki realnosta e daleku pogruba), na vrednost.

Paradoksot e sto, navistina imame sposobnosti i potencijali.
Samo sto prilikite ne im dozvoluvaat da se razvijat, tuku se POTISNUVAAT, OBESHRABRUVAAT.
Da imame stabilen praven sistem, nepartisko zagaduvanje na site institucii
(od obrazovanie, do nauka i zdravstvo), itn itn... i toa kako kje se pokazat realnite kapaciteti na Makedoncite, SEGA I TUKA.
Poentata e sto so antickovo ludilo, nasive drzavnici ni poracuvaat: vasata vrednost e vo minatoto, nego slavete go.

Promenite nema da se slucat samo zatoa sto ocajno ni se potrebni i gi posakuvame, isto tolku ocajno. Tuku, treba da se menuvaat nestata.
Od osnovno samopocituvanje, i pocituvanje kon drugite, do se drugo. 
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 16:10
....samo balkancive gi kazav,...inache ima mnogu drugi egzemplari vo svetov!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 16:08
Originally posted by brza brza напиша:

do koga?!.збунетост..se dodeka na zborovi ste silni,...ama koga ke dojde neshto realno fizichko,...de ke zavrnelo,...pa , se stemnilo,...ili mozebi ke vrne,..i site opashkite pod ...gazot....dodeka ne se ..."razdeni"!смеење!alal da im e na ,,....rumunite,..srbite,...slovencite.........hrvatite....

Не за џабе е песната ситна роса зароси, ситно ветре завеа неможев да дојдам...Инаку и Грците за тоа се О.К.
Како и Турците...
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 15:50
do koga?!.збунетост..se dodeka na zborovi ste silni,...ama koga ke dojde neshto realno fizichko,...de ke zavrnelo,...pa , se stemnilo,...ili mozebi ke vrne,..i site opashkite pod ...gazot....dodeka ne se ..."razdeni"!смеење!

alal da im e na ,,....rumunite,..srbite,...slovencite.........hrvatite....
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 15:45
Го прочитав написот во колумната од весник, и навистина ја подржувам во целост.Но ретко кој се однесувал како политичарите во Европа.ЗАТОА СМЕ РАЗЛИЧНИ ОД НИВ - еве веќе 20 години.До кога вака?
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2010 во 11:14
Nekoi momenti ODLICNO ilustriraat kolku e Makedonija daleku od evropskite vrednosti.
I toa, onie vrednosti koi OCAJNO ni se potrebni za da pocuvstvuvame iskra na dostoinstven zivot vo nas.
CUVSTVO NA MORAL, MORALEN INTEGRITET
CUVSTVO NA ODGOVORNOST
KOLEKTIVNA SVEST, VIZIJA ZA IDNINATA, svest za celi nad egoisticnata materijalna dobit.

Sakam da gi zamolam onie koi se so partiska opredelba, baska i sprotivna opredelba od doticnata licnost, da se obidat da go procitaat tekstot so edna NEUTRALNA NAIVNOST. Toa bi ni bilo korisno, za promena.

Оставки

Кај нас министрите и директорите со конопи се врзани за своите функции и нема сила, ниту критика што може да ги натера самоволно да заминат. Ќе се понижат, ќе погазат се' што ветиле, ќе заборават се' што кажале... ама, да се откажат од привилегиите нема шанси

Никогаш не сум гледала толку телевизија како последниов месец. Не се секирајте: не дозволив да бидам „отруена“ од репризите на говорот на Груевски („газиместански“ по содржина, но „минхенски“ по реакциите на публиката) ниту од прекумерните дози на едни те исти вести што не „маѓепсуваат“ од 16 до 23 часот. И така, секој ден личи на претходниот: вооружени пљачки, политички скандали, празна каса, уште една жртва што ја плаќа цената на распаднатиот здравствен систем... и да не заборавам: премиерот, кој не' убедува дека се' тече според планот.

Наместо тоа, во паузите помеѓу одличните документарци (за жал, многу ретко на некоја од нашите телевизии), далечинскиот ме „шеташе“ и на некои од светските информативни канали. Помеѓу вестите за новите тензии на Корејскиот Полуостров и, оние поновите, на Блискиот Исток - впечаток ми оставија две оставки за кои денес сакам да пишувам.

Во два дена, неотповикливи оставки поднесоа германскиот претседател Хорст Келер и британскиот прв човек на државната каса, Дејвид Лос. И двајцата се искусни економисти (Келер беше поранешен шеф на ММФ, а Лос имал долга и успешна кариера во Лондонски сити како потпретседател на ЈП Морган на нецели 30 години!), ценети и во својата професија, но и во својот политички ангажман. Келер стана претседател на Германија во 2004 година со поддршка на речиси сите крупни партии претставени во германскиот Бундестаг. Неговата функција е повеќе протоколарна, но неговиот „минат труд“ му ја зацврсти позицијата и му обезбеди и втор мандат минатата година. Иако предложен од ЦДУ на Ангела Меркел, тој ги уживаше поддршката и почитта и на другите главни играчи на германската политичка сцена како и висока поддршка на германската јавност. Не се либеше да врати назад закони кои сметаше дека имаат сомнителна уставна основа, ниту и' додворуваше на Владата со чија поддршка беше избран. Мала дигресија: мислам дека Иванов имаше една средба со Келер. Штета што ваквиот политички интегритет не е заразна работа!

Британецот Лос, од друга страна, е поизразен „zoon politikon“: го напуштил банкарството за да се приклучи на либералдемократите и тоа во период кога никој не можеше да претпостави дека тие ќе имаат шанси да станат дел од британската власт. Со формирањето на новата коалициска влада во Лондон, Лос ја доби една од најважните и најтешки функции: да се справи со високиот британски дефицит, без да ја загрози владината политика и економското заздравување.

Значи, важни луѓе на уште поважни позиции. Нималку случајни. Нималку неискусни. Што се случи?

Пред извесно време, германскиот претседател даде интервју во кое говореше за учеството на Германија во воените операции во Авганистан (инаку, прилично непопуларно помеѓу германските граѓани). Воедно, тој споменал дека за земја како Германија чија економија зависи од големиот извоз на стоки, воените ангажмани се „неопходни... за да ги одбраниме нашите интереси, како што се на пример коридорите за слободна трговија“. Иако подоцна неговата канцеларија тврдела дека со овој коментар тој се осврнал на патролите за заштита од пиратите околу бреговите на Сомалија, најголемиот број од слушателите тоа го разбрале како одбрана на мисијата во Авганистан. Следела серија на критики во јавноста која го обвинувала дека со ваквата изјава и штети на Германија бидејќи воените акции ги претставува како одбрана на економските интереси на земјата, а не како обид за поддршка на светскиот мир. После неколкунеделната дебата на овие теми, претседателот Келер ги изненади сите (особено канцеларката Меркел) и поднесе оставка како морален чин. Без лутина, без гнев, без обвинувања. Чесно и достоинствено, со зборовите дека му било „чест да биде федерален претседател на Германија“.

Оставката во Лондон беше нешто поконтроверзна. Не поминаа неколку дена по поднесувањето на предлогот за кастрење на дефицитот подготвен и претставен токму од Лос, кога во јавноста излезе информацијата дека секретарот, додека бил пратеник во претходниот Вестминстерски состав, користел државни пари за да си ја покрие рентата за сместување во Лондон. Дотука нема ништо спорно - тоа е право на сите пратеници кои не живеат во главниот град. Но, во случајот на Лос се откри еден ситен „детал“: тој плаќал соба за сместување во месечен износ од 950 фунти (што, споредбено со другите пратеници, е мал износ), но рентираната соба била во станот на неговиот партнер! Британските правила се јасни: државата не плаќа доколку пратеникот или неговиот партнер/ партнерка имаат стан или куќа во Лондон. Лос тврди дека морал тоа да го направи за да не ја обзнани својата хомосексуална врска и за да го заштити својот партнер од медиумски интерес, но се согласува дека тоа не било во согласност со правилата за финансирање. И затоа веднаш го повлече потегот и даде оставка. Претседателот на неговата партија и премиерот Камерон изразија жалење што губат таков човек и надеж дека повторно ќе се врати во политиката. Никој во јавноста не се потресуваше околу веста дека и овој секретар е хомосексуалец (ниту конзервативците во кои се „крстат“ нашиве хомофобични квази-десничари); за прагматичните британци главната тема беше дали правилата за финансирање биле прекршени и дали парите на даночните обврзници биле непотребно потрошени. Две „да“ и Лос одлучи да си замине. Без да чека антикорупциска, без да обвинува за заговор против него од страна на „мафијашки структури“, без да се бара милост од своите шефови.

Има многу разлики помеѓу овие двајца политичари, но нивните оставки говорат во еден глас. Говорат за одговорноста и личните принципи кои не се жртвуваат на олтарот на политичките кариери. Говорат дека во политиката е неопходен поголем, а не релативен морал. Говорат за одговорноста за секој изречен збор, за секој потез, секоја одлука и потпис. Говорат за силата на јавноста пред која секој политичар мора да „ведне глава“. Говорат за сите овие непишани правила кои во Македонија не ги почитуваме дури и кога ќе ги запишеме.

Кај нас? Кај нас министрите и директорите со конопи се врзани за своите функции и нема сила ниту критика која може да ги натера самоволно да заминат. Ќе се понижат, ќе погазат се што ветиле, ќе заборават се што кажале... ама, да се откажат од привилегиите нема шанси.

Кога ќе се сетиме на тие наши „јунаци“ кои не знаат да понесат одговорност ниту за погрешна политика, ниту за лоши одлуки со катастрофални последици, а да не зборувам за недоветните изјави со кои се срамат себе си, но и државата... сфаќаме зошто Македонија уште долго нема да биде европска држава.

Радмила Шекеринска



Изменето од Kali - 04.Јуни.2010 во 11:16
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2010 во 00:59
...имаме ли навики!?...промени, промени,...што ќе менуваме?.....ни на европратеникот не му е до менуивање!?... а и што да се менува!?....магарето остана на мостот!....дали за пари... или за идеологија!?....
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 21:32
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

<!-- Start Member Post -->
<DIV ="BBquote">Originally posted by mamamdИ гледајки ги денеска ’’езерата’’ во Пелагонија и Струмичко Поле и поплавените жита и раноградинарски култури САМО заради тоа што 40 години не се одвојувале, а не се одвојуваат ни сега пари за чистење на каналите на човек мора да му е драго што се гради плоштадот на метрополата.

Не мамамд, не се работи за одвојување на пари туку за немање свест а ниту доволна контрола...За каналите не се потребни пари да се чустат туку едноставно снекој си чисти пред својата нива...Така функционирале пред 40 години и тоа било успешно решение...Но за жал бедата и алчноста на нашиот народ доведе до ситуација каде од година во година луѓето проширувајки ги своите ниви навлегоја во каналите буквално ги затрупаа , после каналите на ред дојдоа и земјените патови па така од некогашните патишка кои беа и по 10 метра широки денес има патеки каде што неможат два трактора да се разминат... Ти благодарам што го даде овој пример кој покажува дека и ЗЛАТНА влада да имаме ако не си ги реформираме МОЗОЦИТЕ никогаш нема да мрднеме нанапред... И сега знаеш што ќе се случи после ова, ќе се обесат пред владата и ќе барат ненормални оштети... Тажно навистина кога јас би бил власт уште многу поодмана би се прошетал по сите полиња во Македонија и би им лупал огромни казни на сите оие кои узурпирале канали и патишта а ги има безброј... Мислам дека конечно треба да сватиме дека НИЕ сме МАКЕДОНИЈА и не е ВЛАДАТА за се крива...А твојот пост е во контекст „ВЛАДАТА ЗА СЕ Е КРИВА„ па ајде тогаш да дојдат и по дома да ни чистат и дворовите да ни ги средуват од владата..


БАНДАТА која себеси се нарекува ВЛАДА  Е НАВИСТИНА ВИНОВНА ЗА СЕ’ ............... не знам и не можам да сватам кој има образ да е брани и покрај сето што се случува во нејзините настојувања да профучка 200 МИЛИОНИ евра буџетски пари на ГЛУПОСТИ како што се оние кои се најавуваат ? .............



Која влада? Сегашнава или сите?

Јас не видов разлика во владеењето на СИТЕ влади!!! Можеби само начинот е друг.

Изменето од Buggyman - 27.Мај.2010 во 21:33
Homo homini lupus est...
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 21:28
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:




Originally posted by mamamd mamamd напиша:


....НО нивната  етика и моралзбунетост
нивната етика и морал...ги доведоа до тоа да живеат...со далеку повисок стандард од нашиот...да имаат каде каде подобри услови за нормален живот...да си ја сакаат сопствената држава...да не се замараат со тоа...дали да се зачленат во онаа или оваа партија...дали е овој или оној министер, премиер, претседател... дали ќе треба да дадат мито на инспекторот за градба во општина...за да им издаде дозвола која и онака мора да ја издаде...да платат мито на некој е*** бирократ по државниве шалтери за да извадат било каков најобичен документ...да плаќаат највисоки сметки за телефон и интернет...да мораат да купуваат нови коли зошто старите не смеат, нели ќе биле крш...да се плашат поштено да опцијат некој мајмун кој вози 200 на саат по улица и проаѓа на црвено, затоа што таа будала е син на некој уште поголем мајмун, па може да го истепа или не дај боже прегази и потоа да се извлече за тоа како ништо да не било...да...уште да набројувам...???и уствари ваљда и ова е во контекст на темава...чиј наслов јас додуша би го сменил..а истата би ја нарекол...сакаме да се е****, а несакаме да ни влезе...П.С. Длабоко се извинувам за нишката на вулгарност...која патем не е наменета кон никого посебно...и е само одраз на нашиот менталитет...и народна мудрост...


КРАТКО И ЈАСНО!

БРАВО!

Изменето од Buggyman - 27.Мај.2010 во 21:29
Homo homini lupus est...
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2010 во 11:00
Sakam da spodelam so vas edna kolumna-spored mene, epten na mesto...
Citajte, i ako sakate, komentirajte:)

Grazie Горан

Пак останав без глас. На оние што ме познаваат веќе не мора да им ја објаснувам причината што моите гласни жици на неколку дена ја изгубија способноста да произведат нешто поинакво од звук сличен на шиштење на расипан телевизор. Знаат. Имало фудбалски натпревар. Уф, и тоа каков фудбалски натпревар!

За некој чија страст кон фудбалот никогаш не завршувала со залепен постер на вратата од детската соба, собирање сликички пред светските првенства, понекоја пролеана солза по победа или пораз на омилениот тим, слушање на првиот национален меч со мини-транзистор на час кај најстрогата професорка во најстрогата гимназија во 1993-та, или со организирање бегството од часови на целиот клас за да биде на првиот домашен меч на репрезентацијата - саботата што измина беше повеќе од празник: Македонецот Горан Пандев како дел од шампионскиот Интер го искачи нашето знаме повисоко од сите јарболи што една држава може да ги изгради - на врвот на Европа.

Два дена потоа, со потсмирени емоции (и се' уште зарипнат глас) се обидувам да го анализирам феноменот Горан Пандев.

Беше крајот на 90-тите години кога заедно со еден колега, спортски новинар, отидовме во Фудбалската федерација и ги замоливме да ни дозволат да ги гледаме видеокасетите од натпреварите на тогашниот второлигаш Беласица. Бевме чуле дека во струмичкиот клуб се родила генерација на фудбалски бисери. На аматерските снимки направени за потребите на Федерацијата (секој натпревар се снима заради проверка на судењето), восхитено гледавме како по калливите второлигашки терени неколку одвај 16-годишни момчиња прават виртуозни акции и не' обземаше претчувство дека во калта се создава нешто вредно и магично. Тоа ми беше првата средба со магијата на Пандев. Набргу, тој стана дел од младата репрезентација, па бидејќи ревносно ги следев собирите на националните тимови, имав можност да го видам и надвор од теренот. Се изненадив. Борбено бикче на натпреварите, бестрашен и дрзок во дуелите, надвор од него беше повлечен, скромен, речиси незабележителен. Денес, 11 години потоа, кога со едвај наполнети 27 години веќе стана фудбалска легенда, осамен на врвот на листата со најдобри стрелци за Македонија на сите времиња, сопственик на уникатна фудбалска магија во која уживаат негови фанови низ светот, можам да се уверам дека ништо не се променило во неговиот карактер на теренот и надвор од него. Головите и дриблинзите го направија добар фудбалер, но личноста и начинот на кој дојде до успехот го прават феномен.

Вистина е дека настапите на нашиот магионичар изминативе години ни станаа островче на национално задоволство, изворче на национална самодоверба, мевлемче врз раните што ни ги отвораше секојдневието. Ги чекавме викендите заради патриотските тахикардии што ни ги предизвикуваше возбудениот италијански коментатор кој извикува Una magia di Macedone. Но, мислам дека Горан Пандев не е македонски феномен затоа што ни ја потхрануваше националната гордост, туку зашто е олицетворение токму на сето она што мнозинството Македонците не сме. Тој, всушност, ни покажа што не сме правеле сите изминати години за да го постигнеме неговиот успех, да ја освоиме Европа. Тој е работлив на теренот, скромен надвор од него. Погледнете што правиме ние: на работните места сме главно мрзливи, гледаме како да забушиме и да фатиме кривина, а надвор од нив се удираме в гради и ломотиме за големи работни победи. Горан е тимски играч, се жртвува за успехот на колективот. Какви сме ние? Индивидуалци заслепени од желбата за личен профит, кои кон заедничкото се однесуваат како кон туѓо. Горан трча еден километар повеќе од останатите за да биде конк*рентен во екипата. Ние сакаме да влеземе во европската екипа така што некој друг ќе ни ги истрча километрите до Брисел, а и во микросветот што не' опкружува се владееме според правилото „турни ме да кинисам“. Горан до успехот стигна скала по скала - Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер.... Ние изградивме систем во кој е нормално на државниците прво вработување да им е премиерското, на младите дипломати прво работно место амбасадорското, секој гледа преку ноќ и без капка пот да стигне до врвот. Горан успеа сам. А овде во Македонија царува непотизмот, династии се нижат од врвните академски установи, преку болниците и судовите, до последното јавно установче, а таму каде што тато и мама не можат да помогнат, единствениот клуч што ги отвора железните порти е - партискиот. Успехот на Горан се базира на знаење, вештина, талент. Во Македонија знаењето доживува дефлација како никогаш претходно, неталентираните гледаат да ги уништат талентираните, неспособните да се опкружат со уште понеспособни за да бидат најдобри... И, конечно, Горан не се чувствуваше помал од другите затоа што е Македонец. Иако за местото што му го одреди неговиот португалски тренер Мурињо мораше да се бори токму со Португалецот Кварежма и со италијанскиот миленик Балотели, тоа не го обеск*ражи, тој не се самоизолира и не се заплетка во мрежа од имагинарни заговори. Македонија не само што не се отплеткува од таквите мрежи туку - постојано плете нови и нови.

Grazie Пандев. Grazie што си поинаков од нас и што ни покажа како се стигнува во Европа. Можеби денеска кога ќе се вратиме на работните места и кога гласните жици полека ќе ни се вратат во нормала, некои од нас, понесени од твојот успех, ќе сфатиме дека магијата е во тоа напорно да се работи, не за себе, туку за тимот, за заедницата, за државата, дека секој треба со личниот пример да придонесе македонското знаме повторно да се искачи на врвот. Само така ќе направиме успехот да тежи повеќе од златото на градите и пехарот во рацете на нашиот фудбалски маестро.

Сашо Кокаланов
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2010 во 22:19
Повторно поединци забегаа и отидоа и далеку и надвор да бараат виновници за нашиве маки.Не дека не ги има но дали ние нешто правиме за да станеме-почесни,поработливи,поисполнителни,подостоинствени,да лажеме помалку,да не учествуваме во митото и корупција,да се цениме повеќе како луѓе.
Од една страна фалбаџиско однесување а од друга питачко и полтронско.Каде е вистината за вољата да бидеме всушност подобри и за околината и за себе.
Да се менува единката е тешко но е неопходно за да биде ценета - се разбира доколку ги прифати доблестите кои се на цена.
Ударањето в гради не значи дека со тоа ќе убедиме некого дека сме во прво.
А за демократијата во друга прилика.Во Европа ја има малку а кај нас ниту малку.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.