|
Темпларство |
Внеси реплика |
Автор | |
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Јануари.2010 во 15:17 |
ајната на Темпларите, легенди и митови
Кога на 21 јануари 1793, на плоштадот Конкорд во Париз на гилотина беше егзекутриран кралот Луј XVI, а неговата одсечена глава џелатот високо ја подигнал држејќи ја за косата, еден човек скокнал на платформата и ги брцнал прстите во крвта на мртвиот крал извикувајќи: “Жак Де Молеј, сега си осветен”. За името на Жак Де Молеј врзана е уште една легенда која вели дека додека горел на кладата, ги проколнал кралот и Папата дека многу бргу ќе се појават пред Божјиот суд. Така Папата Климент V починал само еден месец, а кралот Филип IV убавиот седум месеци подоцна. Папата Климент V. Целото постоење на Темпларите е обвиткано со мистерија, па можеби затоа околу нивната моќ има толку многу митови и легедни. Со право многу историчари се прашуваат: Каква тајна криеле Темпларите што им овозможила толку брз економски и воен развој? Многумина тајната на нивниот успех ја поврзуваат со митот за Светиот грал и ковчегот на заветот. Имено, кога Крстоносците стигнале во Ерусалим, некои од нив ги пронашле тајните списи според кои Исус Христос бил обичен човек, кој во бракот со Марија Магдалена имал потомци што до ден-денес се живи. Така Темпларите кои ја чувале тајната за гробот на Марија Магдалена, биле во позиција да ја уценуваат црквата, па токму оваа тајна била причината за нивната брза политичка и економска моќ. Другата легенда вели дека Темпларите го пронашле вистинскиот Свет Грал и го пренеле во Шкотска при нивното бегство во 1307 година. Логото на Слободните ѕидари - масони. Можеби најневеројатната легенда е онаа која Темпларите ги поврзува со пронаоѓањето на една друга голема света реликвија, ковчегот на заветот, во кој Мојсеј ги донел Десетте Божји заповеди. Според оваа легенда, Темпларите биле заслужни за пренесувањето на ковчегот на заветот во Етиопија каде се чува во најстрога тајност и денес. Неретко името на Темпларите се поврзува со уште две моќни организации кои сѐ уште постојат: Слободните ѕидари - масони и Сионскиот приорат. Според некои историчари, Темпларите ја откриле тајната на градењето на масоните, па изградиле многу храмови по нивниот урнек. На ова се надоврзува блискоста во организацијата на Редот на Темпларите и масоните, како што е хиерархиската поставеност на чело со Голем мајстор. Поврзаноста на Темпларите со Сионскиот приорат се должи на веќеспоменатиот мит за потомците на Исус Христос и Марија Магадлена. Сѐ уште има различни толкувања на прашањето дали Сионскиот приорат навистина постоел или сето тоа е само обична измама. Откако биле протерани и речиси уништени, Темпларите според некои теории, тајната за потомците на Исус Христос му ја предале на чување на Сионскиот приорат, кој постои до ден-денес. Ова најдобро може да се согледа во романот на Ден Браун, Кодот на Да Винчи. Извор:Википедија Изменето од Македон - 27.Јануари.2010 во 17:38 |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како Редот на витезите Темплари, основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во Средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сѐ до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал.
На чело на Темпларите се наоѓал Големиот мајстор. Прв Голем мајстор бил основачот Хуго де Паен, а последен Жак де Молеј, кој во 1314 година бил спален на клада. Витезите Темплари биле поделени на неколку сталежи (братства): * o Витези, припадници на високата класа, вооружени како тешка коњаница. o лесна коњица, припадници на пониска класа на витези o феудални старешини кои управувале со имотот и земјата на витезите o Свештеници, задолжени за духовниот живот на витезите. Иако хиерархиски биле организирани како свештенички ред и строго ги почитувале правилата на Цистерцијанскиот ред, витезите Темплари биле едни од најдобро извежбаните воени сили во тој период. Секој витез имал најмалку 10 помошници во својата придружба. Нивната слава била надалеку позната, а нивната облека лесно препознатлива по големиот црвен крст кој го носеле на својата облека и на штитовите. Сите витези кои сакале да станат дел од Редот на Темплари, морале да поминат низ одредени церемонии за да се оцени нивната храброст и верност кон редот. Најважното правило кое безусловно морал секој витез Темплар да го почитува било мотото – нема предавање. За основоположник на овој ред се смета витезот Хуго де Паен, кој во периодот кога во Ерусалим, 20 години откако завршила Првата крстоносна војна, собрал група од 9 витези кои биле задолжени да се грижат за безбедноста на многубројните аџии. Од цела Европа, христијаните постојано патувале во Светиот град, но на својот пат често пати биле напаѓани од групи разбојници, одметнати крстоносци и од Сарацените. Така Хуго де Паен со својата група витези, добил задача лично од првиот Крал на Ерусалим, Балдвин Болоњски, да се грижи за безбедноста на патиштата и животот на аџиите. Хуго и неговите браќа воопшто не се вклопувале во вообичената представа која денес ја имаме за витезите. Името го добиле по местото кое им било доделелно за своја тврдина, место каде некогаш се наоѓал Соломоновиот храм, иако наскорo целиот свет ќе ги запомни под скратеното име Темплари (од англскиот збор „temple“ - храм). На почетокот немале никакви финансии, носеле облека која им била подарена, па дури и по двајца јавале еден коњ што ќе остане забележано на многу гравури, печати и цртежи од тој период. Сепак, во следните десет години, Темпларите ќе станат голема економска, политичка и воена сила. Иако војувале најчесто на Светата земја, нивното богатство и силната економска моќ биле сконцентрирани во Европа. Финансиската моќ на Темпларите За да се стекне таква моќ и сила, во период кога црквата имала огромно влијание врз политиката во сите европски држави, несомнено била неопходна помош од првиот човек на црквата - Папата. Тој во период од 1139 година до 1145 година издал три були со кои на Темпларите им е дадена речиси апслоутна моќ и право за своите постапки да му одговараат единствено на Папата. Наскоро нивната репутација станала толку голема што многу аристократи кои престојувале на Светата земја им подарувале имот и пари, а многумина од нив своето богатство им го давале на чување. Всушност, нивната дејност била многу поголема од она што била нивна првенствена задача – контролирање и одржување на редот и мирот на патиштата. Постепено создале систем на кредитни хартии, со чија помош парите, кои им биле оставени на чување во некоја од нивните добро обезбедени тврдини, можеле да се подигнат во друга, а притоа било доволно само да се покаже нивната кредитна хартија. Многу историчари се сложуваат дека ова биле првите чекови, а Темпларите се сметаат за основоположници на првите европски банки. Францускиот крал Луј VII бил првиот европски владетел кој од финансиска пропаст бил спасен со подигање заем од Темпларите. Постепено дури и Папите станале финансиски зависни од Темпларите, бидејќи крстоносните војни финансиски ги исцрпиле. Каматите за нив станале преголеми, па за многу европски владетели финансиската моќ на Темпларите и презадолженоста биле закана за постоењето на нивната држава. Токму тоа била причината кралот Филип IV убавиот во XIV век да започне прогон на Темпларите, а нивниот последен Голем мајстор Жак де Молеј да го прогласи за еретик и да нареди негово спалување на клада. Падот на Темпларите Жак де Молеј, последниот Голем мајстор. Кога во 1292 година за Голем мајстор бил избран Жак де Молеј, Европа била потресена од повеќе немили настани. Светата земја била повторно во рацете на муслиманите и на повидок била нова крстоносна војна. Се повеќе преовладувало мислењето дека една од причините е несогласувањето помеѓу трите најпознати Редови: Тевтонскиот, Болничарскиот и Редот на Темпларите, и дека е неопходна нивна реорганизација и соединување во еден единствен Ред. Истовремено, неколку витези биле неправедно обвинети за хомосексуалност и ерес, па темпларите станале предмет на истрага од страна на Папата Климент V. Иако Папата сѐ уште не бил подготвен за конечна прерсметка со Темпларите, така не мислел францускиот крал Филип IV убавиот. Тоа октомвриско утро, петок 13, 1307 година, (оттука верувањето дека петок 13 е несреќен ден) неговите агенти ги уапсиле сите Темплари на територијата на Франција под сомнение за ерес, содомија, кривоклетство и негирање на Исус Христос. Залудно било објаснувањето на Големиот мајстор пред црквата дека во позадината на обвинувањата е финансиската презадолженост на францускиот крал и дека сите обвинувања се најобична лага. Под притисок на закани и мачење, наскоро самиот тој, но и неговите витези ги признале обвиненијата. Ова било доволна причина Папата да даде проглас со кој започнале апсења на Темпларите во цела Европа. За нивна среќа, некои од европските кралеви не ја послушале наредбата на Папата, па во своите држави им пружиле засолниште на пребегнатите Темплари. Така голем дел од нив пребегнал во Шкотска и Португалија каде основале нови Редови и каде пренеле добар дел од богатството. Уапсените Темплари, изложени на невидени мачења, ги признале недокажаните обвиненија и речиси сите биле живи спалени. Изменето од Македон - 27.Јануари.2010 во 17:35 |
|
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |