|
Приколка... |
Внеси реплика |
Автор | |
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Мај.2010 во 02:29 |
....Odlicno napisano...Poucno....
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
уфффф, колку е тешко во малиот багашник да се собере се што ни треба После неколку драсканици на фарбата и после неколку неуспешни обиди да товарам тоа што ми треба во багашникот, се повеќе почнав да размислувам за приколка....
Вртев огласи, прашував, читав и еве го сето тоа најосновното што треба да го знаете и вие доколку решите да набавите една... Најпрво.. ич не ставајте на памет приколка без светла и жмигавци, за да не ви се качи некој моторцилкист или велосипедист ненадејно внатре потоа, димензии на приколката. Мора да биде доволно голема - барем 1,26м широка и 2,01 м долга, тоа се стандарди за приколка, ако нејзината носивност е поголема од 750 кг мора да има и сопирачка. Исто така сопирачка е потребна ако планираме да развиваме брзина поголема од 100 км/ч, Да се купи нова не е секогаш исплатливо, но и половните приколки се поприлично скапи и барани На што треба да обрнеме внимеание при купување половна приколка: 1. Спојувањата и варовите да не бидат напукнати. Тоа покажува дека е многу користена и неодржувана. Иако може да се завари и повторно да биде добра, најпрепорачливо е да ја одбегнете. 2. ако некои нитни на плеховите недостигаат- ништо страшно. Можеби се оштетени при товарање. Можат да се заменат без проблем и повторно ќе биде како нова, а на тоа можете да извлечете добра цена кај продавачот. 3. проверете правец - приколката не смее да плива лево-десно и да бега во страна. Со таква приколка никој не ви гарантира дека товарот ќе стаса безбедно до посакуваното место. Колку и да е добра цената на приколката со ваква мана, немојте да ве излаже. 4. Проверете ги сите стоп-светла, жмигавци и позиции... иако не е скапа поправката, може да ве кошта мнооогу време и живци 5.Проверете ги каблите и спојките. Дали се напукнати, дали се кородирани каблите, дали се оштетени пластиките , склопките 6.ОБАВЕЗНО ПРОБНО ВОЗЕЊЕ... не е ништо тешко.. само запнете ја приколката на кола, вклучете ги каблите и свртете едно кругче (натоварена и празна количка)... 7. пневматици. Проверете ги за секој случај , иако за 500 денари се најдува половен добар пневматик не е лошо да бидат исправни на неа за да можете добро да ја проверите А што се однесува на приклучокот... 1 6 2 5 3 4 Вака се распределени пиновите на приклучокот. 1 - лев жмигавец 2 - светло за магла 3 - маса 4 - десен жмигавец 5 - приклучно десно светло 6 - стоп светло 7 - приклучно светло лево. Ова е добро да го имате колку за да знаете каде да го барате кривецот ако не функционира некој потрошувач И на крај.... кога ја товарате приколката за подолг пат, правилно распределете го товарот за да не се случи возилото да се дигне на задните тркала Најдобро може да се провери со вага. Напред на приклучокот тежината треба да биде помеѓу 50 и 100 кг. Тоа е тоа у главном.... ако ве интересира уште нешто - пишете, ќе ви кажам |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |