![]() |
|
Зодијачки влијанија |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | |
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 20.Јануари.2010 во 18:30 |
Знаеш најмногу ме буни што сите викаат дека не веруваат во Зевс, Хера, Аполон, Тифон и „нивна дружина“... а веруваат во нивните влијанија
![]() Под „нивна дружина“ ги подразбирам: Мерк*р, Венера, Марс, Геја, Јупитер, ... И кога веќе веруваме во нечива митологија, зошто веруваме баш во грчката, зар тие најпаметни биле, зошто не веруваме во кинеска, индиска, египетска ... (римската намерно не ја спомнувам, затоа што е речиси идентична со грчката, но со различни називи). |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да ти се приклучам Сани во дружината?
![]() Според мене Хороскопот и Астрологијата се чисти глупости.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се’ уште не можам да разберам како може планетите да ни ја „диктираат“ судбината, а уште повеќе карактерот
![]() ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ќе кажеме, ќе кажеме...ехееееееее, колку има да се каже овде.
Планирам и посебна тема-Планетарни типови, тек тука колку има да се кажува... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
sexy bitch ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1188 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
a ke ni kaze li nekoj vlijanijata i na drugite planeti koi karakteristiki gi imaat?
![]() |
|
Sex is like tennis... If you play with worse, you play worse :)
|
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога сме кај Марс, го имам баш во прво поле, конјукција со Сонце-сето тоа на асцедент
![]() ![]() Не сакам да кажувам за себе каква сум ![]() ![]() ![]() ![]() Што сакав да кажам...легендите се исткаени за нештата кои луѓето не можеле да си ги објаснат или просто, да им дадат значење според она за што веќе имале претстава, но “нештата“ постојат пред легендите измислени за нив. Па така и со соѕвездијава и планетиве. Пример, Венера е планета на љубовта, убавината, кога ќе транзитира во поле на љубов нешто се дешава, луѓето со Венера на асц. и одредени аспекти се вакви и онакви-но Венера е земена баш како симбол на она што веќе било планетарно влијание. Сите коцкички во мозаикот наречен Универзум се таму како една рефлексија на она што ни се случува или какви сме (со ова се сложувам со Мајкл). И верувам дека Бог не ги расфрлал тукутака тие каменчиња без ред, значење... инаку...со што ќе се занимаваме? ![]() |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
E богами сакам ![]() ... Во врска со Регулус (Крал) или како што уште се нарекува Stella Regina (Кралска ѕвезда), понекогаш се среќава под името Cor Leonis, што значи Лавовско срце, имињата се поврзани со положбата на оваа ѕвезда, која е речиси на самата еклиптика. Како шо реков и порано денешниот хороскоп води потекло од Птоломеј... целата таа „филозофија“ е од него ... до денес скоро и да нема претрпено измени ... натални карти се правеле и тогаш, дури и пред него, со таа разлика што доколку положбата (тогаш наклонетоста) на некоја планета (тогаш бог) не им била наклонета, се принесувале жртви кон тој бог, се изведувале разни ритуали со цел да се придобие наклонетоста... и денес е тоа останато... внимавај имаш предиспозиции за ова, ова и ова ... И да денес не може да речеме (само за пример) Ареј (Марс - син на Хера и Зевс - персонификација на борбата и војните, еден од 12-те Олимписки богови) не ти е наклонет, ама затоа викаме планетата навлегла во тоа и тоа поле... луѓето чија планета им е Марс се борбени, вистинки воини ... Не можам да сфатам како тоа луѓето не веруваат во богот Ареј (МАРС), ама затоа во планетата (т.е. влијанието на планетата) веруваат? А ете истите карактеристики ги имаат и тогас ко бог и денес ко планета ... ![]() ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа ТЕБЕ Лавот може да ти наликува на глушец, но зарем сакаш да ти биде нацртан вистински Лав на небото за да соѕвездието ти личи на Лав? Па небото не е Роршархов тест па секој да си ги толкува соѕзвездијата како сака, ниту пак е пак филџан кафе ![]() Главната ѕвезда во Лав е Регулус. Зависно од тоа на кој степен е сместена во наталната карта (да, и зодијачките степени се посебна приказна), односно дали прави аспект со некоја планета, сo Сонцето пред се допринесува да од редовите на Лавот произлегуваат најмногу кралеви. Зар мислиш дека тоа е случајно? ![]() http://www.partnersinrhyme.com/soundfx/animals/animals_sounds/BigCats_sounds/lion_lion6_wav.shtml Изменето од maria_magdalena - 10.Декември.2009 во 08:39 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Немај гајле Сани јасно ми е она што треба да го знам во врска со ова.
Само мене ме чуди како луѓето во 21 век се уште веруваат во Астрологија и слични глупости. Добри објаснувања изнесе Сани во врска со Зодијакалната или подобро речено Вселенска прашина. Не знам каде читав имаше податоци за количината на прашина која паѓа на земјата и беше страшно голема бројка изразена во милијарди тони на годишно ниво. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
fiks се согласувам со твојот пост дури и со „Додека некој да ме убедува дека некоја главна ѕвезда во соѕвездието Овен делувала врз мене на далечина од 100 светлосни и повеќе години е чиста глупост.“ во контекстот на кој алудираш...
... арно ама од таа ѕвезда и од другите „3одијачки“ ѕвезди ние имаме Зодијакална светлина ...Впрочем зодијакалната светлина го покрива целото небо и таа е одговорна за 60% од целата ноќна светлина при ноќи без Месечина. ... Значи има некое влијание ... не е дека е за џабе ![]() ... зе метеопатијата велиш „Метеопатијата се јавува поради нагли промени на климата кои се случуваат во брз временски рок,значи доаѓаат и си одат.“ ... што е апсолутно точно... Ама за да нема заблуди ... Прашината од зодијачкиот облак е главна причина за процесот на затоплување. За време на Земјината ротација околу Сонцето меѓупланетарната прашина постојано навлегува во Земјината атмосфера. Честичките прашина учествуваат во процесите на формирање на облаци. Тие облаци подоцна рефлектираат дел од сончевите зрачења назад во космосот, со што доаѓа до директно влијание на зодијакалната прашина врз промената на климата на Земјата. Постои определена периодичност во движењето на изворите на меѓупланетарната прашина. Главно поради променливата честота на кометите во Сончевиот систем. Бројот на кратко периодичните комети се менува под гравитациско влијание на сите планети и астероиди. Поради движењето на Сонцето околу галактичкиот центар тоа повремено навлегува во галактичките ракави (спирали) во кои материјата е погуста и има гравитациско влијание врз Ортовиот облак предизвикувајќи исфрлање на долгопериодични комети. И ај да не забегувам офф-топик ... се надевам дека објаснав на што мислев дека зодијакот влијае на метеопатите ![]() за крај еве ви една убава слика од зодијакална светлина ![]() ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Влијание некое може да има само од поблиските вселенски објекти,што би се рекло планетите во сончевиот систем во вид на гравитација.
Тука најголема заслуга има Месечината која на земјата делува како еден вид стабилизатор при ротација околку оската и во одредувањето на плимата и осеката. Метеопатијата се јавува поради нагли промени на климата кои се случуваат во брз временски рок,значи доаѓаат и си одат. Додека некој да ме убедува дека некоја главна ѕвезда во соѕвездието Овен делувала врз мене на далечина од 100 светлосни и повеќе години е чиста глупост. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
уххх... за исто ли збориме
![]() во однос на делот од мојот пост за влијанието на расположението ... постои и те како... денес тоа модерно се вика метеопатија, нели... ![]() а зодијакалната прашина и те како влијае на климата на Земјата, но не само зодијакалната, туку воопшто целата меѓупланетарна прашина... ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
|
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Значи нивното влијание по однос на земјата е повеќе од јасно... јас не сум согласен за горенаведеното ако се однесува на човекот... тоа нема ама баш никакво влијание на расположението на човекот и слично...
Човекот тоа многу пати го има потврдено ... а ако работите ги гледаме преку компијутер или со современиот начин на живеење - да не кажам - современата адова монотонија што го обзела денес човекот... тогаш не ме чуди ништо... но би додал дека тука не се работи за здрава и стабилна нормална личност... а за нешто недефинирано, неопределено... или поскоро би го дефинирал како “нешто изгубено“ или “нешто што трага“; нешто што бара “нешто“... треба да сме на јасно - што е Личност а што Индивид, што е Колективна, а што Индивидуална свест... за да се разбереме корекно... п.с. за секогаш и за се постојат изроди... и тоа е непобиен факт... тоа треба секогаш да го имаме предвид... за секоја работа. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
![]() |
|
Sunny ![]() Сениор ![]() ![]() Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да сме на јасно ... не мислам ДА за небесните објекти во смисол на судбински влијанија... туку на нивните директи и индиректни влијанија како врз Земјата, така и врз човекот ... тука мислам на плима - осека ... сезонските разлики... зодијакалната светлина... годишните времиња (кој се јавуваат како последица на непоклопувањето на Зодијачката (еклиптичката) рамнина и Екваторската рамнина)... влијанието на зодијакалната прашина врз климата - со што има директно влијание на метеопатите, а со тоа и на расположението ![]() |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |