|
Дали само Македонците провоцираат? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Ноември.2009 во 15:11 |
Зошто Албанците никогаш до сега не признавале православни,католици туку се страмеле од нив?
На секаде се прикажваат како муслиманска земја а ако ископат уште малку ќе станат како Бугарите и Грците и од нив ќе настани светот! Зошто досега не тврделе дека Јован Бигорски бил Албанец? Зошто немат одговор на словенските топоними во Албанија? |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се подготвува антологија „Албанска Македонија“ Изданието „Албанска Македонија“, во кое ќе се третираат личности и настани од историјата на Албанците во Македонија, ќе биде одговор на погрешниот третман што тие го имаат во македонската историографија. Ова го најавува Нијази Мухамеди, првиот човек на редакцискиот одбор на делото чија промоција ќе се одржи кон крајот на месецов во Тетово, а е подготвувано последниве месеци. Тој наведува дека изданието ќе претставува антологија на текстови чија главна цел ќе биде да се докаже дека Албанците се автохтон народ во Македонија, каде што имало значајни настани и личности за албанската историја. - Ова книга треба да даде одговор на македонската историографија која 55 години има за цел да ја поништува албанската историографија. Круна на сето тоа беше „Македонската енциклопедија“. Тоа се истите автори кои во 80-тите години од минатиот век ги менувале албанските презимиња во македонски, кои ги менувале албанските топоними и уривале високи ѕидови околу албанските куќи - објасни Мухамеди, кој пред повеќе години беше заменик-директор на Македонската радио-телевизија. Тој вели дека во првиот том од 400 страници ќе бидат претставени оригинални документи на албански, англиски и француски јазик на познати историчари, албанолози, патеписци од 16 до 19 век, од кои се гледа автохтоноста на Албанците во Македонија. Последен период што се обработува ќе биде 1944 година кога, според Мухамеди, се случиле посебни проблеми во НОБ поврзани со Албанците. - Нема никаква заднина во терминот „Албанска Македонија“ и не очекувам тоа некому да му пречи. Во записите на патописци има документи што наведуваа дека ова територија некогаш се нарекувала „Илирска Македонија“ и ние заради континуитетот го користиме тој термин - објаснува тој. На насловната страница на книгата ќе се најдат мотиви на манастирот „Свети Јован Бигорски“, „Свети Наум“, Бурмали џамијата, на Тетовското теќе, бидејќи тие, според Мухамеди, биле албанско културно богатство што е преземено од страна на македонската култура. - Постојат многу документи што покажуваат дека Бигорски е дел од албанското културно наследство. Овие цркви се разликуваат од црквите во другите делови на Македонија, а постојат и слики од Бигорскиот манастир со мотив на орелот. Во една преписка во 1939 година еден поп од Бигорски и' пишува на Архиепископијата во Тирана на албански. Зар тоа не кажува доволно чиј е манастирот и кој народ таму се молел - вели Мухамеди. Според него, посебно ќе бидат третирани православните Албанци во Македонија, кои „со премолчен декрет на тогашната влада“ се прогласени за Македонци во 1949 година. Дел ќе биде посветен и на проблемите на Албанците од католичка вероисповед во Македонија. (Б.Ѓ.) превземено од весникот дневник |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тежат и печат зборовите кои ни се упатуваат кога си ја кажуваме вистината.
Ако тоа некој го смета за провокација нека добро се преиспита. Па зар малку се провокаците упатени на сметка на македонскиот народ се само со цел да се прикаже искривена вистина за нас. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“ не е лоша идејата секој етнос во МК да си напише сопствена енциклопедија, па сите тие да се сублимираат во една “
тоа ќе наликува на сценарио за хорор филм ....... не на енциклопедија ...... истото што го пишува секој сам ќе го напише во “ заедничката “ ........ што мислиш , албанците ќе прифатат дека сме потомци на аце а тие не се на илирите и така натака ? ......
замисли , на состаноците за сублимирање ќе треба да одат со панцири
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сме навистина зрела правна држава, ваквите „излети“ на не баш така наивните претставници на „автохтохтониот“народ, треба да се сосечат во корен.
Верувам дека водечките луѓе во МВР знаат дека ова министерство не е институција само за фаќање криминалци (шверцери со дрога, крадци ...), туку треба да се борат за заштита на суверенитетот и интегритетот на државата, а со ваков наслов на едно дело („Албанска Македонија“) токму тоа и се има намера да се стори - Македонија да се претстави како албанска. А во контекст на постот на Попи, би додал дека не е лоша идејата секој етнос во МК да си напише сопствена енциклопедија, па сите тие да се сублимираат во една, која ќе се нарече „Македонска Енциклопедија“. Да видиме дали тогаш ќе се намират духовите! Или повторно ќе им пречи она „Македонска“! |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo konteks na prethodniot text; NEMOZHE nieden etnikum da pishuva POSEBNA istorija od negovo gledishte i za niv samite vo bilo koja drzhava, osven nekoja kako posebna biografija za toj narod vo taa zemja, so naslov, na primer; Albancite vo/od Makedonija, Vlasite vo/od Makedonija, Turcite vo/od Makedonija…ili pak Makedoncite vo/od Amerika, Makedoncite vo/od Avstralija….zatoa shto taa istorija NE E istorija na drzhavata vo celost, tuku samo na nekoi poedinechni ethnikumi – mnogu ednostavno, i dokolku istoto se razbere takvo kakvo shto e, nema da ima separatisti ili nepotrebni izbrzani navredi i provokacii. |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Албанска Македонија“ одговор на „Македонската енциклопедија“
Првиот том на изданието „Албанска Македонија“, која, како што се наведува е одговор на „Македонската енциклопедија“ се очекува да излезе од печат на крајот на овој месец. Ова го јави албанската новинска агенција Балканвеб, која ја пренесува изјавата на првиот човек на редакцискиот одбор на „Албанска Македонија“ новинарот и аналитичар од Тетово Нијази Мухамеди. Во првиот том од 400 страници ќе бидат претставени оригинални документи на албански, англиски и француски јазик на познати историчари, албанолози, патеписци од 16 до 19 век, од кои се гледа автохтоноста на Албанците во Македонија, рече Мухамеди, за Балканвеб. Тој нагласи дека изданието ќе биде силен одговор на „Македонската енциклопедија“. оваа вест е од а1 инаку оваа не е провокација така |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се запрашаме, од кога почнаа да испаѓаат овие новокомпонирани националистички, фашисоидни ... песни, памфлети, провокации ... од страна на македонците? Дали нив ги имаше пред 20-тина години? Нели е симптомаптично што овие појави се појавија со осамостојувањето на Македонија (зошто?) и се повеќе се интензивираат со развојот на политичката ситуација во МК? И повторно, зошто?
За тие што не можеа да го разберат горниов текст. Дали од страна на македонците ќе се јавеа реакции кон грците и албанците ако едните не сакаа(т) да ни’ го сменат името, ако другите (засега сеуште тајно и срамежливо) не сакаат (кон)федерализација на Македонија (со тенденција за целосно отцепување)? Некаде во претходните постови прочитав: „Само мртов шиптар е добар шиптар“. За жал, оваа националистичка или фашистичка или како сакате наречете ја парола, е само плагијат на онаа познатата: „само мртов индијанец е добар индијанец“. Да, за жал таа „мисла“ потекнува од денес најразвиената „демократија“ во светот, па... гледајте до каде стасаа ... |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали само Македонците провоцираат?
- Нека се направи ретро на навредите, нека се пребројат, за да се види точно кој и како нанел навреди кон некого. Живееме во општество со предрасуди “до коска“ и ниту една страна не е подобра. Разликата е само во слободата која некој некому му дозволил вака да постапува. Ако според законите поттикот на верска, национална или .... е казнива, зошто полицијата тоа не го спречила до сега? Полицијата нека си ги следи нивните обврски, секоја “песна“ која потикнува на насилство, расна омраза, и истиот/те бидат осудени на затворски казни, такви инциденти нема да се случат. Анастеа, ме знаеш... која е разликата меѓу “македонско девојче (верзијата)“ ... и “ни на небо ни на земја....“ и други, како да ги наречам? песни... Само закон луѓе, па нека пеат во Идризово или некоја друга рехабилитациона установа.... |
|
Homo homini lupus est...
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Tochno taka, treba VEDNASH da se reagira na vakvi namerni "propusti" za istite isto taka vednash da se smenat. Dokolku se ostavi samo na zboruvanje, takvite "propusti" ke se povtoruvaat a so toa i toponimite menuvaat.
Eve eden primer sega jas nakratko ke vi raskazham vo vrska so ovie namerni "greshki".
Za vreme na 2001 i zategnatata situacija so Albancite vo MK, imashe dosta obidi i tuka vo Avstralija, da se podmetnat i smenat iminjata na MK gradovite vo Albanski...ili na primer istaknuvanje na ""Albanskata maka" a zanemaruvanje na Makedonskata - zboruvam za izjavi po medijata. Pri eden takov javen "propust" na eden TV kanal ovde, vo vestite za koi zboruvaat za situacijata vo MK namesto da rechat Skopje, rekoja Shkupi. VEDNASH im se javiv direkno na taa TV kuka i LOM gi napraviv. Vo istite vesti ama veke vecherni (gi chekav da dojdat slednite), VEDNASH istoto beshe smeneto i beshe pravilno napishano SKOPJE!
Imam ushte nekolku vakvi slichni sluchki...ama tie drug pat ke vi gi raskazham.......koga ke asocira nekoja tema na tie ili slichni sluchki. Poentata mi e, znachi SEKOJ mozhe neshto da napravi za da neshata se promenat i ako site barem po malku doprinesuvame, ke bide super za nashata idnina.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индикативно е што весникот Сега,Време и телевизијата А1 се за негација на македонскиот народ
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде се сега дебатите?
Во туристичкиот водич што минатата година го издаде општината Тетово името на скицентарот Попова Шапка на албански е запишано како КОДРА Е ДЈЕЛИТ, што во превод би значело СОНЧЕВА ДОЛИНА, кованица што беше намерно смислена во радиото Тетово во време кога таму беше директор извесен Абдилнасер Синани И самите Албанци дотогаш без проблем тоа место си го викаа онака како што му е името. Сега сите го викаат по новото име. Значи, тоа е стратегија за постепено менување на топонимијата во западните делови на Македонија. Ова е, да потсетам, сосема спротивно на законот во Р. Македонија. Топонимите не смеат да се менуваат! Тоа што е уште пострашно и за кое некој одговорен треба да биде сериозно казнет е тоа дека во англиската верзија на истиот туристички водич преводот на Попова Шапка е доследно СУННЅ ЊАЛЛЕЅ (од Сончева Долина, а не од Попова Шапка). Она што изостана е било каква реакција од Македонците (и органите на државата) било на локално или државно ниво. Медиумите молчеа исто така. Во меѓувреме се појави и „граѓанска организација“ ИЛИРИКУМ ЛИБЕРТАС која јавно, јасно и гласно, постојано на своите прес конференции без ама баш никаков историски доказ или показател, повторува дека (само неколку примери) Александар Македонски бил Илир по потекло, дека манастирот „Св. Јован Бигорски“ бил албански манастир, дека свети Наум бил Албанец и така натака... Ние Македонците (кои сме дојдени од зад Карпатите) сме биле узурпатори на туѓа територија, туѓи културни наследства и објекти. Претпоставувам мислат дека узурпираме културно наследство на тие што после 18 век дошле тука и се пребоиле во Илири... На несериозниот лидер на таа „граѓанска организација“ дури и му беше отстапен простор во емисијата „Студио 2“ на А2 телевизија, кога во истата се фрлаа дрвја и камења против Македонската енциклопедија, од причина што таа ги навредувала Албанците. Во емисијата истиот искажа навреда до навреда, лага до лага за Македонците и Македонија, без притоа да биде на било каков начин демантиран ниту од водителот Борјан Јовановски или пак гостинот во истата емисија, Бранко Героски. Заклучок е значи дека, кога Македонците се навредувани тие треба да молчат, а кога Албанците се чувствувале навредени, не само што тие не премолчуваат, туку и самите ние се натпреваруваме кој повеќе да застане на нивна страна, без разлика каде е вистината. Пред неколку дена пред Шарената џамија се постави повеќејазична табла на која наместо Шарена џамија пишува ПАШИНА ЏАМИЈА. Директорот на републичкиот конзерваторски центар Бехиџудин Шехапи кажа дека, замислете, во народот таа била попозната како Пашина, а не како Шарена!? Па кого тој мисли дека излажал? Сите, ама баш сите таа џамија ја викале и ја викаат Шарена. Освен тоа дека таа била наследство на албанската и отоманска култура (што и тоа да му значи на него), тој ама баш редовно заборава да каже дека таа е насликана од МИЈАЦИ од дебарска тајфа на зографи-копаничари. Претпоставувам, за да не испадне дека таа е всушност наследство но османлиско-македонска култура. Истите негови фрази до збор се напишани и во новата брошура „Тетово - порта на цивилизацијата“ издадена од општина Тетово оваа година, каде меѓу другото пишува и дека тетовската позната МЕНАДА била од „времето на Илирите“!!! И самите свесни дека не можат да го претстават Тетово како илирски град во антиката освен ако и очигледните античкомакедонски артефакти на овие простори не се „поилирчат“ некако. Да се разбереме, и на сосема наивните историчари им е јасно дека менадите се ритуални танчарки на култот кон богот Дионис и се исто така поврзани и со музите на Пиер (во денешна источна и Пиринска Македонија)... Какви Илири има тука? Поентата е следна: Зашто сега кога гледаме очигледно крадење на нашата македонска историја, по националните медиуми (и македонски и албански) не гледаме исто таква осуда како за енциклопедијата на овој феномен? Зашто не гледаме Македонци кои го напаѓаат сето ова и Албанци кои исто така ги напаѓаат своите сонародници за крадење и навредување на своите сограѓани Македонци??? Па не е ли јасно зашто?.. Автор: Дарко Ристоски, Тетово |
|
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па не е важно толкоз што пишува во нетот, по важно е дали като минеш границата да идеш на Црно море или во Охрид да не те гледат като душманин а да те почерпат со една жолта!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Танас, такви мразачи да ги наречам ги има секаде за жал, па и кај вас, не сте ни вие исклучок.
Ги има таквите поединци и цели групи кои својата омраза и нетрпеливост кон некој народ ја искажуваат на ваков примитивен начин, впрочем како што било и досега, само што сега со интернетот се е достапно и до пошироката јавност. По нетот навистина се пишува се и сешто, јас имам читано одвратни работи за Македонците и на бугарските и на грчките сајтови. И тоа не е само наш проблем, туку по принципот на сврзани садови се шири насекаде наоколу. |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |