![]() |
|
Биологија |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 5> |
Автор | |||
благојче ![]() Нов член ![]() Регистриран: 04.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 05.Јануари.2011 во 09:24 |
||
Биолошки организации на живите организми:
1.прокариотна организација -прокариотните клетнки немат морфолошко дифренцирано јадро -наследниот материјал е расфрлан низ цитоплазмата и се нарекува хуклеид -клетката има: *клеточен ѕид *мембрана *цитоплазма(рибозоми-учествуваат во синтезата на протеините;мезозоми-учествуваат во клеточното дишење) 2.еукариотна организација -има морфолошки дифренцирано јадро -повеќето еѕкариотни клетки функционираат самостојно како што се протоза(амебата,еуглената...) *разликуваме два вида на клетки -животинска клетка -растителна клетка |
|||
![]() |
|||
hermiona ![]() Сениор ![]() Регистриран: 04.Април.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 564 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Хибернација е состојба кога при ниска надворешна температура се намалува енергетскиот метаболизам како и телесната температура на животните при што тие престануваат да се движат,да се хранат а им престануваат и сите други активности меѓутоа тие остануваат во живот.Некогаш температурата кај поикилотермните животни паѓа до 0 ۫C.Ваквата состојба е позната како анабиоза.Меѓу цицачите пред се меѓу глодачите ,има такви кои во текот на зимата паѓаат во т.н зимски сон.Пред да паднат во летаргија овие животни се обезбедуваат со резервна храна(масти и гликогенски резерви) кои ги користат како ендогена исхрана така што на тој начин тие ја преживуваат зимата Бројот на отчукувања на срцето и дишењето се намалува, а температурата опаѓа. Во оваа состојба, на животните им треба многу малку храна. Сите потребни материи ги добиваат од мастите во своето тело, и не треба да јадат ништо друго во текот на целата зима!Меѓутоа има и такви животни кои во текот на зимата се будат се хранат и потоа повторно паѓаат во зимски сон.
За појава на зимскиот сон има повеке причини помеѓу кои можат да се спомнат најважните како: -ниската температура на надворешната средина -слабо развиената физичка терморегулација (крзно , влакна) и -сезоната(есен-зима) Зимскиот сон покажува сличности со спиењето меѓутоа тоа значајно се разликува и тие разлики се состојат од следново: -неактивност -напуштање на хомеотермната состојба -намалена телесна температура При паѓање во зимски сон последна се исклучува активноста на хипоталамусот во однос на другите делови од мозокот и значајно се зголемува присуството на серотонин. Овде можат да се забележа успорени бранови на ЕЕГ меѓутоа нема типичен РЕМ сон. Постојат 2 вида на зимски сон:природен и вешта чки зимски сон.Експериментално вештачкиот зимски сон се добива кога животното се доведува во хипотермија.Постои разлика помеѓу природниот и вештачкиот зимски сон по тоа што тие кои се во природен зимски сон се многу почуствителни од тие во вештачки зимски сон. Меѓу најпознатите и најдобро проучените презиму вачи е текуницата потоа мрмотот,ежот,хрчкот, лилја кот, мечката,верверичка и др. Ладнокрвните животни мораат да хибернираат таму каде што надворешната температура се спушта под точка на смрзнување. Еднакво на хибернација за време на лето е естивација. НЕКОИ ПРЕЗИМУВАЧИ Во умерената зона сонливците хибернираат во ладниот период, сон кој трае околу 6 месеци. Поради оваа особина го добиле своето име. Верверичките живеат во дупки на дрвјата или копаат дупки во почвата со многу тунели,отвори и различни соби наречени комори.Тие ја собираат храната ја носат во засолништата и во текот на зимскиот сон тие се будат на секои 10-14 дена и имаат “закуска ”. Возрасните мажјаци паѓаат во хибернација кон крајот на јуни а возрасните женки тоа го прават кон крајот на јули.Младите остануваат преку летото меѓутоа во есенските месеци кога веќе ќе нема храна и тие паѓаат во хибернација.Повторното излегување од хибернација е во март или април т.е во почетокот на пролетта. Во есента големи групи на лилјаци бараат засолништа за во зима.При хибернацијата тие висат наопаку и ги повлекуваат своите крилја и опашки до телото за да тоа може да се задржи топло.Лилјаците хибернираат од октомври до април и се будат еднаш месечно во среде ноќ. Жабите хибернираат на дното на потоците и езерата каде што водата не замрзнува.Шумските жаби пак наоѓаат засолништа под лисја и нечистотии.од хибернација се будат на почетокот на пролетта. Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска хибернација. За време на вистинска хибернација, температурата на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби (уринирање и дефекација). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња.Повлекувањето на мечките гризли во своите дувла најчесто е после првата снежна бура. Во регионите каде што живеат, тоа се случува во октомври. Мечките одбираат заштитени пештери или дупки во кои ќе ја поминат зимата. Пресметано е дека овие животни поминуваат половина од животот во состојба на псеудо-хибернација. Псеудо-хибернација е состојба во која гризлито не е во длабок сон, туку лесно може да се разбуди доколку има некаква опасност. Дивите поларни мечки иако го маат истиот хормон за хибернација како и останатите мечки тие не ја преспиваат зимата освен бремените женки. ЗНАЧЕЊЕ НА ХИБЕРНАЦИЈАТА Во услови кога е потешко да се најде храна во текот на зимата,паѓањето во зимски сон значи и можност за преживување. |
|||
![]() |
|||
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Значи не се регенерираа?
Фино. -.- Иван исцелителот лечи од “искинати неурони“ -така пишува во неговата “книга“. ![]() |
|||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|||
![]() |
|||
sanja-a ![]() Сениор ![]() ![]() Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Нервните клетки, т.е. невроните се основните единици во градбата на нервниот систем. За разлика од другите клетки во телото, невроните се карактеризираат со надразливост, осетливост и спроводливост. Овие карактеристики се во согласност со нивната специфична функција.
Најголем дел од човечките неврони се создаваат одприлика во првити три месеци од интраматеричниот живот.По раѓањето,невроните не се делат и ако некој нерв е изгубен од некоја причина тој не се заменува со друг,што е главна причина за релативно ограниченот закрепнување од сериозни мозочни и 'рбетни повреди. Секој неврон се состои од: * Тело на нервната клетка или neurocit * Дендрити * Нервни влакна или аксони (neurit-и) * Шванова клетка,која лачи миелинска обвивка * Везикули * Неврофибрили * Нислови телца * Пигментни гранули. Човековиот мозок содржи 10 на 11-та неврони и 10 пати повеќе глија клетки. |
|||
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|||
![]() |
|||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Vo ovaa tema slobodno mozhe da se zboruva i za fiziologija i anatomoja oti neli biologija e nauka za zhivite organizmi a nie sme zhivi.. i to
![]() |
|||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Многу комплицирано ова е Зајцеф,мене ми требаше поедноставно но во меѓувреме се снајдов,сепак фала што пиша на темава.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Абе јас фикс ти препорачувам да си ја најдеш на нет(ако разбираш англиски)и да си ја симнеш gray's anatomy-од хенри греј(по оваа книга е именувана серијата)напишана е во 18ти век а сеуште ја користат студентите по медицина во западните земји,најубавите илустрации од анатомијата што сум ги видел,еве дел од нив:
![]() ![]() ![]() Е сега за темава-ептен сакав биологија(посебно во основно-во најдобрите бев)нај интересен дел ми е човечката анатомија-дури и за медицински факултет размислував.Ама после се запишав во гимназија и по биологија ми предаваше(и уште ми предава)една стока што неможам ни човек да ја наречам и од неа ја замразив биологијата. Сеуште потчитнувам по нешто ама не е тоа што беше-иначе сега едвај 2ка имам биологија... Изменето од Zajcef - 29.Декември.2009 во 22:31 |
|||
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|||
![]() |
|||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Форумџии ај некој ако знае добра страница посветена на Човечката Анатомија да пушти линкче тука?
![]() Не мора да е во детали,само основни работи ми требаат. Пример некој орган,градба,функција и слично. На Вики има ама Македонската Вики е многу сиромашна во однос на ова,некоја друга страна специјализирана ако постои. ![]() |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
![]() |
|||
VTZ ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 20.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Многу важно е да се знае хранливиот назив на животните. Бидејќи се исхрануваат хетеротрофно, со друго име ѓи нарекуваме, а и се нарекуваме консументи |
|||
![]() |
|||
VTZ ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 20.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Мора да има некоја грешка во горе наведените есенцијални амино киселини. Постојат 22 аминокиселини од кој само 7 се есенцијални, а другите не. Есенцијални аминокиселини се: лизин, леуцин, аргинин, фенилаланин, триптофан, хиланин, метионин. ![]() |
|||
![]() |
|||
ВАЖНА ![]() Сениор ![]() ![]() Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти. Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без‘рбетници и ‘рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата. Животинската клетка, како и растителната, е изградена од универзалните органели: клеточна мембрана, цитоплазма, јадро, рибозоми, митохондрии, ендоплазматичен ретикулум и други. Меѓутоа, за разлика од растителната клетка, животинската не е толку компактна поради отсуството на клеточен ѕид. Исто така, во животинската клетка не се сретнати вакуоли, сферозоми и пластиди. Кај животните се разликуваат четири основни видови на ткива: епително, сврзно, мускулно и нервно. Покрај овие ткива, некои клеточни наслаги во телото на животното се одликуваат со посебен изглед и имаат специјални улоги. Тие, според своите морфолошки белези, не би можеле да се наречат ткива, но, сепак, се ткива. Тоа се половите продукти, крвта и лимфата. Половите продукти од половите жлезди стојат во тесна врска со епителот (герминативен епител), а крвта и лимфата како телесни сокови со неповрзани клеточни елементи, обично се доведуваат во врска со сврзното ткиво (иако можат да бидат толкувани и како посебни творби). Органските системи се доста добро развиени кај животните. Всушност, секој орган во животинскиот организам не функционира самостојно, туку секогаш е во некаква врска со други, слични по форма или функција органи. Се среќаваат неколку органски системи:
|
|||
![]() |
|||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Посебно интересно е тоа за месојадните растенија, мора да си најдам едно такво. ![]() |
|||
![]() |
|||
ВАЖНА ![]() Сениор ![]() ![]() Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Хехе да
![]() Астрономијата е многу интересна наука па и биологијата исто но сега зависи за кого како...тебе ти е интересна мене не баш...но сепак ќе учествувам во темава можеби ќе ми стане интересно ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Благодарам за учеството на темата. Ќе направиме од тебе биолог ВАЖНА, биологијата не е толку тешка наука. ![]() Само пред тоа треба од мене астроном да се направи. ![]() |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |